Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
23.07.2012, 19:07

Санадер се богател и од Македонци

По повлекувањето од политиката, поранешниот хрватски премиер станал консултант

По повлекувањето од премиерската фотелја, Иво Санадер богато ги наплатувал своите советнички услуги. Во 2010 година, поранешниот претседател на ХДЗ, отвора консултантска фирма. Работи маркетиншки услуги, го истражува ИТ-секторот, ги советува банките, решава проблеми со недвижности, дава ПР-услуги за развој на културата, посредува во финансирање соларни проекти, ангажиран е на проекти за создавање кинески Холивуд, испорачува компјутери, договара средби меѓу челните луѓе на одредени држави, а заедно со италијанскиот магнат Силвио Берлускони се обидува да го продаде фудбалскиот клуб „Милан“. За една година наплатил половина милион евра, а меѓу фирмите што ги користат неговите услуги е и скопската „Паком компани“, која му исплатила 99.000 евра.

Ова се детали од најновата афера поврзана со Санадер, која вчера ја објави загрепски „Јутарњи лист“. Инспекторите, кои го чешлаат работењето на хрватскиот експремиер биле вџашени од сите негови активности.

„Неговиот вистински живот би бил навистина добра подлога за возбудлив криминалистички роман, само да знаевме каде исчезнаа нашите милиони и на Хрватска да не и' нанесеше толкава штета“, пишува „Јутарњи“ без заддршка за некогашната икона на хрватската политика, против која, сега, се водат неколку судски процеси.

Според пишувањето на весникот, Санадер по заминувањето од политиката, ги основа фирмите „Алиа советување“ и „Пербујац“, подигнувајќи банкарски кредит од околу 800.000 евра. Купува огромен бизнис-простор во загрепската населба Трешњевка. Работи се' и сешто. Лобира кај Силвио Берлускони, Борис Тадиќ, а најмногу кај црногорските функционери. Патува во Брисел, Виена, Рим, Цирих, Тирана, Белград, Подгорица и Америка. Најзанимливиот дел од истрагата е сознанието дека на Берлускони му помагал да го продаде гигантот „Милан“ на богати Евреи.

„Да. И тоа го работел. Со италијанскиот премиер се наоѓа во римската резиденција Палацо Грациоли. И во неа, како и во останатите вили што ги поседува, богатиот италијански бизнисмен, наводно, организирал разуздани забави. Но, тема на средбата со хрватскиот експремиер не се дамите на ноќта, туку продажбата на еден од најуспешните фудбалски клубови на светот“, пишува „Јутарњи“.

Наводно, продажбата на клубот се проценила на 300 милиони евра, од кои Санадер би добил десет проценти поради посредништвото. Тие пари требало да ги исплати богато еврејско семејство од Лос Анџелес, со кои Санадер создал добри односи додека бил премиер. Но, бизнисот пропаднал. Дали проблемот бил во незадоволството на Берлускони со високата провизија на Санадер, или, пак, купувачите се премислиле, истражителите не утврдиле. (Г.А.)


Статијата е прочитана 810 пати.

Испрати коментар



МНР го стега и ременот и „јамката“ за дипломатите
Бан Ки-мун со јапонска агенда во Македонија
Милчин ќе го лустрираат втор пат
Популизмот стана најсилно политичко оружје
Градоначалникот на Кочани се оградува
Обвинетите негираат измами на патарините



pile, 24.07.2012 11:48:32
Za mnogu kratko vreme foto albumot na poranesni visoki i megalomanski vladeteli ke bide zbogaten i nadgraden so karakterno slicni mesii od balkanot i posiroko, koi imale mandat od narodot da go pravat toa sto go pravat,, nad sopstveniot kakov takov narod, i togas navistina ke im se potvrdi tezata gore visoko dolu dlaboko,no i deka imalo kraj i na nivnata despotija.Sakale ili ne organite za progon od drzjavite na Balkanot dali poedinecno ili vo zaednicka sorabotka da go gonat organiziraniot kriminal vo visokite strukturi na vlasta, potrebata od takvata borba ke mora da ja diktira Obedineta Evropa, koja negativnost bese istaknata vo posledniot Izvestaj za napredokot na R.Makedonija za 2011 godina.Foto sesijata ke bide prosirena i nadgradena, a narodot veli, najgolema kazna e ,,da imas pa da nemas.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |