Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
23.07.2012, 19:17

МНР го стега и ременот и „јамката“ за дипломатите

На амбасадорите им се скусува мандатот и им се заканува отповикување ако за една година не го научат јазикот на земјата каде што се, макар бил и арапски

Слободанка Јовановска

Македонските амбасадори и пониски дипломати ќе учат кинески, арапски, јапонски, норвешки, шведски, холандски...Ова е една од обврските предвидени со измените на Законот за надворешни работи, кои се во процедура и на одобрување пред Владата.

Отсега, не само што нема да може да се оди во дипломатија без знаење англиски или друг светски јазик и без да се документира тоа со меѓународно призната диплома место усна гаранција, туку нашите дипломати ќе мораат да го учат и јазикот на земјата во која што служат - и тоа не на државна, туку на своја сметка.

Ваквата измена е само една од најрадикалните што ги воведува Владата, па оние што нема да се вклопат во неа ќе треба да научат јазик за една година, колку што е поправниот рок, или ќе се вратат назад да бидат дипломати, ама во Македонија. Тоа значи дека наредните дванаесетина месеци нашите дипломати масовно ќе мораат да посетуваат училишта за странски јазици, а тие што по партиски клуч влегоа во МНР а немаат соодветни квалификации - или ќе го фатат чекорот со останатите, или ќе си седат во Скопје.

Измените на Законот, за кој требаше над една деценија да биде донесен а оттогаш постојано се менува, содржат и други изненадувања кои во темел ќе ја стресат македонската дипломатија. Владата, со претседателот на државата и МНР задолжително еднаш годишно ќе ја оценуваат работата на шефовите на нашите мисии во странство и генерални конзули, и за неа тие можат да добијат оценки од единица до четворка - од „задоволува“ до „не задоволува“, при што тие што ќе ја добијат првата оценка ќе добијат од 10 до 30 отсто награда зголемување на платата до три месеци, а другите или ќе ги казнуваат или ќе бидат отповикани од функцијата. Она што е најинтересно е дека врвен критериум за нивната работа ќе биде економската активност па дури потоа политичката и раководењето со претставништвото, нешто што ќе важи и за конзулите што е парадоксално, а ќе направи од дипломатијата „роад шоу“ , т.е. економски промотори.

МНР предлага исто така да се намали мандатот за амбасадорите на три години место постојните пет, иако светското искуство покажува дека најисплативо од аспект на трошоците, па и резултатите е тој да биде четири. Како последен удар на професионализацијата на МНР , во измените се бара државниот секретар да биде политичка а не стручна функција и тој да одговара прво пред Владата, па потоа пред министерот.

Иако непознавањето и неучењето јазици е слабата точка на македонските дипломати, а се користеше од заслужните партиски кадри да добијат фотелја во некоја од соседните земји каде може да се пројде со познавање на српскиот јазик, испаѓа дека сега и во Србија нашите дипломати ќе мораат да зборуваат англиски, што може да доведе до бран повлекувања наредните месеци. Наспроти тоа, и многу поголеми и подобри дипломатии од македонската имаат свои претставници во Македонија кои не зборуваат македонски, па освен американските и кинеските дипломати, кои се поревносни во однос на учењето на јазиците, другите не би се квалификувале за наши мисии.

МНР не им ја стега само јамката околу „вратот“ на амбасадорите туку им го стега и ременот, па отсега додека преземаат должност во странство и бараат стан можат да спијат само во хотел со три звездички, а за тоа каков стан ќе земат ќе решава комисија од три понуди. Досега на дипломатите двапати им беа намалени платите, а за ноември се шпекулира со ново намалување, но со оглед на трансфер списоците што циркулираат во Министерството, повеќето гледаат спас во одењето во странство. Имено, меѓу двеста дипломати што деновиве добиле понуда за трансфер во други институции има и такви што биле повикани од Центарот за управување со кризи, од Агенции за метеорологија или градобијност, па испаѓа дека многу екс амбасадори не се стручни за дипломатија, но се стручни за правење временски прогнози или да не' спасуваат од суши, поплави, нуклеарни несреќи или пожари.


Статијата е прочитана 999 пати.

Испрати коментар



Бан Ки-мун со јапонска агенда во Македонија
Милчин ќе го лустрираат втор пат
Популизмот стана најсилно политичко оружје
Градоначалникот на Кочани се оградува
Санадер се богател и од Македонци
Обвинетите негираат измами на патарините



Kosta Stoimenovski, 24.07.2012 08:13:13
Нема сенс во државава дека ни треба дипломатија. Брзините се одамна измешани, па така министер за странски инвестиции е малтене министер за надворешни. РМ е само статист и објект во меѓународните односи, расплакано детиште, кое само кука и плаче. Таква е перцепцијата за нас, сакале или несакале да признаеме. Дека инвестиции во земјава ќе дојдат затоа што некој македонски дипломат добро ќе испрезентира е трагично и нема спас доколку некој навистина верува во тоа. Наивно и почетнички. Луѓето кои инвестираат не се хоштаплери. Со лага кај нив се проаѓа еднаш, но вториот пат те ставаат на црна листа и со тебе е готово. Ова што и се случува на македонската дипломатија е жално и трагично!!!
stevo, 24.07.2012 08:45:21
Tie diplomati sto vo poslednive godini vlegoa po partiski kluc, a so kvalifikacii za kelneri, vozaci i slicno, kako revnosni psartiski vojnici bi trebalo prvi da se dadat vo ispolnuvanje na partiskata direktiva. Ostanatite, iskusni diplomati ke gi zatvaraat vo gluvi sobi i ke gi ponizuvaat na sekakov mozen nacin, dodeka samite ne resat da si odat i ne mu otstapat sloboden prostor na vrhovizmot vo diplomatijata. No, metlata ke zaigra i ke letaat perduvi. Samo cekam da gi vidam koga provincijalcite i seljacistata ke se pakuvaat i ke se vratat vo opinci.
Aleks, 24.07.2012 09:57:45
Стево 50 % од вработените не само на вмро туку и на сдсм не се со потребни квалификации, има и писатели, поети, глумци, се само не дипломати. Ако веќе се средува нека се среди за сите, а не МНР на функционира на база на кодошење што е случај.
dolapite, 24.07.2012 13:11:25
Vo MNR veruvam deka postojat i vistinski profesionalci ,no toj sto treba da gi prepoznae dali e obucen ili poducentreba da se prasame?Ima primeri na vistinski Ambasadori procitavme (za zal samo nekolku pati) po dopisite od drugi zemji.
Kоста Стоименовски, 24.07.2012 15:37:01
Коментарот кој е потпишан со мое име и презиме не е мој! Го молам оној што ги крши правилата за заштита на личните податоци да престане да го злоупотребува моето име и презиме во противно ќе бидам принуден да поднесам кривична тужба против сторителот на кривичното дело!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |