Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
18.07.2012, 17:16

Посма - Мрачната историја на црните чети на Тодор Александ��ов


БлагоЈ Гајдов, Скопје

Многу граѓани беа изненадени со поставувањето на споменикот кој беше најавен претходно, но не беше прецизирано за која личност се работи, а секако дека најмалку се веруваше дека тој долгоочекуван коњаник ќе биде токму озлогласениот „револуционер“ од македонско потекло Тодор Александров.

Мене ми беше јасно дека оваа гарнитура „преродбеници“ ќе оди до крај, бидејќи претходно се направи восочна фигура во музејот со образложение дека „заедно ќе ги прикажеме и жртвите и егзекуторите“. И навистина тоа го направија. Во светот е вообичаено да се величаат жртвите или тие што направиле нешто за татковината, но не и егзекутор или крвник кој убивал безмилосно, кој во исто време бил и судија и извршител.

За да го осветлам ликот на „Коњаникот“ ќе се послужам со податоците од „Енциклопедија Британика“, Бр.1, страница 46 каде е напишано: „Член на десното реакционерно крило на ВМРО. За време на младотурскиот режим 1908 година организирал терористички чети и атентати, станувајќи најизразен претставник на терористичките методи на борбата; во 1911 година е избран за член на ЦК на десното крило на ВМРО. Со својот одред учествувал во Балканските војни на страна на Бугарија, а потоа емигрирал во Бугарија. По Првата светска војна раководел со вметнување на терористички чети од Бугарија во Македонија. Како експонент на реакционерната влада со окружните чети учествувал во задушувањето на револуционерното движење во Пиринска Македонија и Бугарија во 1923 и 1924 година“.

Александров е убиен од неговиот наследник Иван Михајлов, кој исто правел крвави злодела во Пиринска Македонија. Споменикот на дотичниот „Војвода на коњ“ сите не' прави магариња, барем тие што знаат нешто за македонската историја, а за него досега се напишани купишта материјали. Во тие документи тој е негативен за секој чесен Македонец, бидејќи Александров и покрај тоа што е роден во Штип, се' до неговата ликвидација во 1924 година мислел и тврдел дека во Вардарска Македонија живеат исклучиво Бугари. Друга негова специјалност, како што пишува и британската енциклопедија, е испраќање на казнени чети и таканаречени црни тројки кои се бореле на наша територија со преостанатите илинденци, бидејќи негова основна идеја била автономна Македонија под капата на царска Бугарија. Бидејќи нашите комити биле исклучиво за самостојна Македонија биле мета на неговите чети и тројки. Нападите завршувале со колежи и ликвидирање на се' што е остаток од Илинденското востание.

Како најеклатантен пример на неговата активност е убиството на нашиот горски цар Јане Сандански, кој иако бил советуван да не оди сам на состанок со џелатот, а на повик на царскиот двор од Софија, отишол сам, сметајќи дека Пирин Планина е негов дом влегол во заседа и е убиен од луѓето на Тодор Александров. Сум видел слика во бугарски весник како Тодор ја става десната нога преку мртвиот Јане. Зошто е убиен Јане? Затоа што целиот негов живот го посветил на идејата за самостојна Македонија, но не под бугарска капа. Оваа сторија, претпоставувам, ја знае и градоначалникот на Кисела Вода, господинот Марјан Ѓорчев.

Црните чети на Тодор, во зимата 1916 година го убиле и мојот дедо Никола Бога, наречен Влавчето од Велес, кој бил комита од 1895 година, односно цели 20 години и бил во опкружувањето на Сандански во Солун. По убиството на Јанета, тој се засолнил со двајца другари во едно село на планината Беласица, но „црните“ го нашле и го заклале како и неговите другари. Селаните коишто ги криеле, исто така, настрадале. За овој настан кај баба ми Домника (Никола и' бил брат) во Велес дошол еден од неговите другари, донел писмо и раскажал за колежите што ги правеле луѓето на Александров.

Оваа слика била била иста низ цела Македонија, особено низ Битолскиот револуционерен округ, каде што имало најмногу илинденци. Затоа верувам дека ќе дојде посветла иднина, па ќе го урнеме коњаникот кој нема никаква заслуга да стои таму и да не' иритира со неговата мрачна историја.


Статијата е прочитана 645 пати.

Испрати коментар



Брисел-лукс изненадување
Робови на минатото
Сивите зони на Ромни
Прв проблем



Itar Pejo, 19.07.2012 00:18:03
Interesna e ideata na vladata: da gi prikazeme i прикажеме и жртвите и егзекуторите! Me interesira da li e predvideno i na ubijcite od zelezarskoto ezero da im se napravat po edna statua narecena Ubiec na konj?
ФЕЛИКС, 19.07.2012 07:03:30
Г-дине Гајдов се е така како што пишувате како за мене така и за поголемиот дел од народот.Но што правиме со помалиот дел кој се згрозува од вашиот опис на историските нешта.Па така по мене требаше ова да биде ,,отворено писмо,, како до владата а уште повеќе до благонадежниот преселувач. Владата невешто се крие зад ,,војводата на коњ,, додека благонадежниот преселувач жестоко реагира оти споменикот е на анонимец а не на неговиот идол.Како и да е овој непотребен споменик е во низата непродуктивни споменици кој ударнички се инсталираат низ Скопје во овие ,,волнени,, економски времиња.
Od Makedonec, 19.07.2012 09:38:22
Почитуванч Бо потполност се сложувам со Вашиот напис-писмо. Пишувате:“Во тие документи тој е негативен за секој чесен Македонец,..“ Такa е! Но не го поставија споменикот македонци туку луѓе oд владејачката партија (многу се)кои не се чуствуваат македонци и кои сакаат по секоја цена нашиот македонски идентитет да го уништат и претворат во идентитетот на источниот сосет. Жално! И ја се надевам дека еден ден ке го тргнеме од таму или пак поарно е со големи букви на него да напишеме и ке напишеме „ОВА Е КРВНИКОТ НА МЕКЕДОНСКИОТ НАРОД“ па нашите поколенија да плукаат по него а со тоа ќе плукаат по луѓето кој го поставиле. П.С. Чудно е што нема ВМРО-ВСКИ коментар!
jovan, vlada @, 19.07.2012 10:58:34
Епа почитуван г-дин Гајдов, сите сте се фатиле за Тодор Александров како црно петно на македонската историја како на човек кој ни името нетреба да му се спомене нели. Мислам дека со тоа што сте го напишале писмото сте сакале малку сентименталност да внесете и да ја подгреете омаразата кај народот кој размислува исто како вас но заборавате и на другите посебно оние кој во време на комунизмот (која цела ваша фамилија од голтари ги направи газди и егзекутира небројни жртви патриоти македонци по род и свест затоа што биле за самостојна држава) беа индоктринирани и со измиени мозоци како вашито, и за крај да не бил случајно вашиот дедо еден од предавниците на организацијата па го убиле? Поздрав и веќе престанете со вакви фрустрации и небулози, реалната историја и непристрасна анализа ќе покаже кој е кој, и кој е величан како личност а не заслужува да го плукне човек во лице. Поздрав
весна, 19.07.2012 15:52:24
Со тие пари Ѓорчев ќе направеше детско игралиште со лулашки во Усје, за кое жителите очајнички цел мандат го молат; да има каде да ги прошетаат и изнесат дечињата и внучињата.Очигледно коњи се поваѓни од деца!!!
bezanec, 19.07.2012 15:53:25
До Јован и како него што мислат! Би ве прашал дали во Германија има барем еден споменик на Хитлер? Имало и грешници кога се стварала ова држава,но тие не биле ни за твоите блгари,ни за грците а најмалку за србите,туку за самостална,федерална единка во рамките на СФРЈ.
do Makedonec, 19.07.2012 17:39:26
Znaes li deka SDS pravi koalicija so Ljubco koj ne se cuvstvuva Makedonec?Znaes li deka SDS saka da go smeni imeto?Vo vlasta ako imase sto ne se Makedonci,dosega ke napravea kompromis so juzniot sosed.Ovaa vlast go odbi predlogot od istocniot sosed koj bese nepovolen za Makedonija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 18°C

Недела
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 7 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |