Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
01.03.2012, 18:39

Мислења

Благодарам, aмбасадорe Волерс

Тодор Пендаров

Разочарувачки – тоа е најблаго што може за изјавите на претседателот Иванов

И така, по речиси деветнаесет години (од 1993 кога станавме членка на ОН) требаше да излезе актуелниот амбасадор на САД во Македонија и да ни каже дека ако сакаме да бидеме членка на НАТО (а по аналогија, тоа важи и за ЕУ) мораме да го решиме спорот со Грција околу нашето „уставно име“. Со други зборови, Резолуцијата на ОН, Привремената спогодба и најновата пресудата на Хашкиот трибунал можеме веднаш да ги заборавиме.

Амбасадорот Волерс како искусен дипломат притоа искажа цел куп пофалби за значењето на Меѓународниот суд во Хаг како многу респектабилна институција која е дел од Обединетите нации. Ама, потоа, истиот Волерс во стил на позната американска дипломатска доктрина на „стап и морков“ истакна дека нам не' ни треба самит на НАТО за да станеме членка, туку треба со Грција да најдеме заедничко решение, а потоа и без самит стануваме членка. Се надевам дека по ова на сите ни е јасно дека и под референцата ФИРОМ не можеме да станеме членка на НАТО (а по аналогија нема да добиеме ниту датум за започнување на преговорите со ЕУ),

За жал, ваквата изјава на Волерс, потоа потврдена и од генералниот секретар на НАТО, како и од портпаролот на француското министерство за надворешни работи и некогашен амбасадор кај нас, Бернар Валеро (кој рече дека за Македонија нема план „Б“), само потврдува дека грчката дипломатија уште еднаш успеа да ги оствари своите (непринципиелни) интереси. Во суштина сега веќе не можеме да речеме дека Грција ни става вето, туку НАТО како алијанса ни стави вето кое ќе трае се' додека не го решиме спорот со името. Волерс појасни дека пресуда на меѓународниот суд не може на НАТО да му налага како да се однесува. И токму тоа е она што се вика „реална политика“ која Американците уште од времето на Вудворд Вилсон ја спроведуваат како политика на „стап и морков“.

Тоа што НАТО како асоцијација е формиран врз основа на Повелбата н�� ОН поточно глава 7, или тоа што НАТО за своите „мировни акции“ низ светот бара да добие зелено светло од Обединетите нации не е битно во нашиот пример.

САД поаѓајќи од својата реална моќ често пати покажувале најблаго речено игнорантно однесување до ОН, нејзините одлуки, документи и резолуции. Само да потсетам, Вашингтон не дозволува нивни граѓани или странци кои работат за нив да бидат кривично процесирани пред Меѓународниот кривичен суд ако тие некаде во светот во текот на својот ангажман го кршеле меѓународното хумано или воено право. А судот е дел од системот на ОН. За тоа да го оствари Вашингтон токму преку својата политика на „стап и морков“ потпиша цел куп билатерални договори со многу држави со кои обезбеди овие лица ако бидат фатени на територијата на нивните држави наместо да бидат предадени на Меѓународниот суд во Хаг ќе бидат предадени и процесирани во САД. Таков договор САД има потпишано и со Македонија. Тоа значи дека ако утре на наша територија се открие американски државјанин кој се бара од страна на Судот во Хаг ние нема да го предадеме на Меѓународниот суд туку на американската амбасада во Скопје.

Да биде трагикомедијата уште поголема ако такво лице се фати во Грција или во која било друга држава членка на ЕУ, тогаш тоа ќе заврши во Хаг. Ова нам ни го забележа и Европската комисија па така, ако еден убав ден, ги започнеме преговорите со Брисел ќе мораме со посебен закон овој договор со Вашингтон да го поништиме. Не би сакал ова сега да се сфати дека јас го злоупотребувам просторот на нашиот „Утрински“ или пак вашето време почитувани читатели и го истурам својот гнев против САД и меѓународната заедница, која грубо ги крши меѓународните норми. Напротив, лично ми се допадна изјавата на амбасадорот Волерс бидејќи за прв пат без дипломатски речник беше јасно кажано каде сме во сета оваа папазанија која ја започнавме со прифаќањето на привремената референц�� ФИРОМ, со што дефинитивно го изгубивме нашето уставно име. Тоа го мислев и пишував и пред 18 години и сега.

И што понатаму? Ако судиме по првата изјава која ја даде претседателот на државата изгледа дека ние и понатаму остануваме да се повикуваме на Пресудата од Хаг и на Привремената спогодба. Ова веќе не пали и за домашна употреба. Тоа што ме изненади беше фактот дека претседателот Иванов со ниту малку дипломатска вештина изјави дека НАТО мора да ја почитува одлуката на Судот и го обвини Вашингтон дека тој е гарант на Привремената спогодба и тој мора да ја реализира. Дури јавно се праша дали САД ја менуваат својата политика кон Македонија. Демек Грција на последниот самит на НАТО ги излажала државите членки а тоа ете го потврди и Судот во Хаг, па затоа сега на претстојниот самит во Чикаго НАТО, под палката на Вашингтон, треба да си ја поправи оваа грешка.

Разочарувачки – тоа е најблаго што може да се рече за ваквите изјави.

Од друга страна комични се оние патриотско настроени новинари кои се обидуваат да направат глупава паралела со постигнатиот договор помеѓу Белград и Приштина, па предлагаат со некаква „фуснота“ Скопје и Атина да го решат спорот и ние да станеме членка на НАТО на престојниот самит. Македонија со своето уставно име е во „фуснота“ во сите документи на НАТО, бидејќи така бара Турција, која беше и остана наш вистински принципиелен пријател.

Други не' плашат со радикализмот на албанската опозиција (ДПА) и тоа го поврзуваа со најновата иницијатива во парламентот на Косово за здружување со Албанија. А притоа како да забораваат дека уште мадам Олбрајт јавно се праша „зошто би се плашеле од голема Албанија“. А во меѓувреме ете и Србија доби кандидатски статус. По се' изгледа и идниот претседавач со Генералното собрание на ОН ќе биде од Србија, а исто така Србија наскоро треба да го превеземе и претседавањето со ОБСЕ. Арно ама нашиве северни соседи не прават од ова циркуси и фала богу ја напуштија теоријата дека тие се небески народ и затоа никој не ги сака. Ние остануваме папокот на светот.

(Авторот е државен службеник и изразува свои лични ставови)

Наш став

Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде моќен и влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат некои од нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на друга политичка личност или личност од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 3683 пати.

Испрати коментар



Разум место раздор
Убивам за ништо Гринго
Чудна тишина
Фудбалски нокаут



Alek, 02.03.2012 00:31:09
Todore, Todore, ne ja kopiraj Mirka. Mislam deka vece vo narednata kolumna ce se koregirash, tokmu kako i Mirka. A kolku toa ce go chini Grujo, vie si znaete.
xcfhjiop, 02.03.2012 00:38:12
Jas sum dlaboko i tesko razocaran sto nekoj vprocem kako i site drugi vo horot, trosi tolku mnogu prostor a propusta da bide na nivoto i vo stilot na posoceniot primer na klinicka vistina i realnost pa namesto nebulozna lazna nadez da kaze i kade i kako Makedoncite sami se osakatija od moznosta za asociranje so referencata koja so presudata od Hag definitivno ne e vo kolizija so ustavnoto ime a kamo li da go brisi, deka toj koj treba da se moli ne treba da se luti i deka treba dobro da se razmisli za hipotezata: ke mozese li i ova dosega da se postigne bez pragmaticnost i diplomatija uste pred 15 godini? Ako se zalazuvate samite i gi lazete tie okolu vas, ne znaci deka ke gi lazete i tie sto imaat doblest na vistinata da i poglednat vo oci. Insistiranjeto na Gorge I e neumesno i nevkusno i pod nivoto i na vakvite kolumni.
jovan, 02.03.2012 00:59:10
Za Ivanov i negovite izjavi e nepotrebno da se komentira. Ima edna izreka ;kako guska vo magla;. Koj svati, svati. Sto se odnesuva do presudata od Hag, tamu pisuva deka ne e obvrzuvacka, sto znaci ne e presuda, nego obicno SOVETODAVNO MISLENJE. A mislenje mozam i jas da dadam, no nikoj nema obvrska da go primenuva. Za i okolu FYROM. So FYROM vlegovme vo eden ring vo koj trebase da se izborime za drzava koja ke ja identifikuva Makedonija. Ako bevme mudri, mozebi nemase da se izborime za celokupna primena na imeto Rep.of Macedonia, no mozese da se iznajdi model kade ke mozevme da se identifikuvame kako Makedonija, a da imavme i nekoe drugo ;oficijalno ime;. Ako togas vo devedesetite ne prifatevme da vlezime vo ON (pod FYROM) do sega ke ne nemase. Ova sto denes ni se slucuva, e obicno naivno prokockuvanje na seto ona za sto go imame izboreno vo poslednive stotina godini. Da se baraat sega krivci kaj Amerite, kaj Volers, kaj ;komunjarot; Kiro, e cisto lecenje frustracii na onie koj ja upro
USA, 02.03.2012 01:34:36
Во нашиот Устав гласи Република Македонија. Документ број 1 за секој македонец.
nepismen, 02.03.2012 06:24:30
se gleda deka si trup i nepismen. slep li si pri oci. vo svetot na politikata GOLEMATA RIBA JA JADI MALATA. kakvi sudovi, kakvi bakraci. koj svati svati. koj ne - ce go jadi stapot.
Mirko do Pendarov, 02.03.2012 07:28:16
Sega eden po eden kako polzavi posle rosa ke izleguvate i ke branite nesto sto ne se brani a ke gi napagjate tie sto postojano ni davat podrska za da staneme definitivno drzava ama po se izgleda na Gruevski i Ivanov so nivnite najbliski ne im odgovara pa zatoa si najdoa ovie 6 g zabava i drzavata ja svatija kako svoja imovina i pocnaa so menuvanje na istorijata prvo po sekoja cena sakaat da ne prikazat deka sme potomci na Aleksandar pa taka namesto Makedonci stanavme Anticki Makedonci.E sega da te prasam tebe Todore koj mene mi go menuva identitetot Amerikancite ili Gruevski.Todore koga ke se otvori prasanje doma koj sme i sto sme dali toa nee pottik za site od nadvor da recat Pa ovie sami neznaat sto se i koj se.Todore za ovaa bez izlezna sostojba ne ja krivete Grcija EU iSAD krivicata e vo portokalovata revolucija vo cii redovi si i ti,Todore zosto 2005 ne smetase FIROM Todore zosto na Grujo mu smetase FIROM a moli da ne primat pod FIROM komu prodavate m... za bubrezi Todore.
Razmisluvac, 02.03.2012 07:54:28
A, sto mislevte VMRO-ovci, ke javate na Bukefal do Brisel? Koga ke sletate na aerodrom da ve doceka Aleksandar? Sram da vi e i araaam. I na Srbite im go vidovme grbot. E vo Prilep ne se uci politika. Ovaa mladina ke ve pameti kako fasistiii, I Hitler sramno zavrsi. Aj zasremete se a,ne pari za kolumni da zemate.
posmatrac, 02.03.2012 08:50:45
Sfakjate li sega kakva usluga ni napravi SAD koga vo 2004 ne prizna pod ustavno ime? ja isturka teritorijalnata podelba po merka na Albancite i ja iznervira Grcija so koja sporot bese marginaliziran. I uste nesto. Kako toa ambasadorot bara promena na imeto koe negovata drzava go prizna?
Македонец, 02.03.2012 09:08:06
Ги читам некои „коментатори“ и се чудам колку адвокати на Атина сме имале тука, во Македонија. Што толку сте запнале за НАТО и ЕУ, па има држави кои не се ни во НАТО, ни во ЕУ, а таму се живее уште подобро. Зарем не разбирате дека за тоа што го бараат - ТРЕБА ДА СЕ ИЗБРИШЕМЕ КАКО МАКЕДОНЦИ !!!
od balkanski, 02.03.2012 09:25:07
mislam deka Jovan treba da go predlozime na slednite izbori za predsedatel na Makedonija,mnogu pameten decko
Rezzilov, 02.03.2012 09:28:47
Грешката не е до изјавите на Претседателот или Премиерот туку до п р и ф а ќ а њ е т о на референцата “поранешна југословенска Република Македонија“.За трагедијата да биде поголема и сами си ја стегаме јамката користејќи го грчкиот акроним “ФИРОМ“ на што наседнал и авторот.
Леонид, 02.03.2012 09:37:09
Биди креативен Тодоре. Кажи го решението? Дади предлог? Поентава ти се сведува НАТО ни кажа дека не го почитува мислењето на Хаг и не ја почитува времената спогодба, го критикувам Претседателот Иванов што инсистира на принципиелност од нивна страна а не водење на политика на двојни аршини? Што е тука спорно господине? На народов треба јасно да му се соопшти дали сакаш да ти се смени името за целосна употреба и да евентулано влезеш во НАТО и ЕУ како теирторија, не и како народ или не? Тоа е изборот?
citatel, 02.03.2012 09:45:49
Не Вудворд Вилсон, туку Вудро Вилсон
globalizam, 02.03.2012 10:31:13
Prvo pravilo e vo ovoj svet nema pravda po sekoja cena,a silata e prirodna pojava vo celiot ziv svet. Zakonite,sudovite megjunarodnite dogovori se da ja kontroliraat silata. Ima edna izreka kaj e sila pravda nema,a izgleda pogolema sila ima Grcija.
девичанецот, 02.03.2012 12:13:58
Почитуван Тодоре! Во дипломатијата често има ниски удари...или пак треба вистината да се каже отворено. Во политиката нажалост не е така. Отворено напиши брат: САД не почитуваат ниедна светска институција. Преку формата Нато.или човекови права..рушат држави, убиваат мирно население, Судот во Хаг не го признаваат, Тие пресудуваат смртни пресуди за свои граѓани, а другаде се борат против смртната казна.. Од друга страна помилуваат или смешно осудуваат свои војници кои убиваат мирни луѓе, се изживуваат над нивните мртви тела... ете дури им дозволиле на своите војници да имаат секс со животни. Со други зборови, ние како држава и нашите раководители, што подалеку треба да бидат од САД, без разлика дали е таа најмоѓжќна држава.
gragjanin, 02.03.2012 12:20:40
G-ot Pendarov pochna dobro i na krajot, se gleda, deka nema kapacitet na dobar analitichar za dobar zakluchok na kolumnata i zatoa napravi papazjanija od tekstot. G-ne Pendarov, vie vo 90-te si uzhivavte vo Slovenija koga nie bevme BLOKIRANA nepriznata teritorija so 2 embarga! Shto trebashe da pravime? Da goltneme zhaba i da prifatime privremeno NADVORESHNO ime ili da dozvolevme da ja SNEMA Makedonija kako drzhava? Lesno e od deneshen den da se filozofira.Rabotite se gledaat vo istoriski kontekst, koga se sluchile, a ne od kafic na ul. Makedonija
respekt, 02.03.2012 14:22:04
Благодарам господине Пендаров.Па штом сега ти стана јасно дека дури ни под референцата ФИРОМ нема да станеме членка на Нато и ЕУ --кажи им го тоа на твоите шефови. Попатно, шепни им на истите дека нашите дипломати џабе плата земаат.Како што одат работите, Грците ке издејствуваат и ФИР да се викаме. Поарно не зборувај за комични новинари. Старите велат, се насмеал црепот на шутарот. А Претседателот? Мора малку да прелистаме во историјата. И Калигула му е епитет.
realist, 02.03.2012 14:39:01
Ili sme glupi ili se pravime ludi .Sto pati ni e kazano da moramo da smenime imeto i na kraj toa ke bide ili nema NATO ni EU, i pazi ve molam nie sme iznenadeni ,koj kogo laze koga e se kazano ,ali na nas trebase uste ednas zosto mislime da imat zaboraveno sto ni kazali.
cernomirdin, 02.03.2012 15:47:17
авторот неспретно се труди да направи аналогија на случувањата во НАТО и ЕУ по однос на македонското прашање.каде поставува една антитеза дека-НАТО била основана од повелбата на ОН параграв 7.каде манипулираќи со недоволно информираните читатели намекнува една алузија дека ОН е основач или коосновач или во некаква врска со НАТО...Поголем АПСУРД не сум слушнал....!!? -еднострано е правото кое си ја дава Алијансата за придонес во т.н светски мир,но ни од далеку не треба да има ни најмала алузија дека ОН во некаква основа на НАТО --И НА КРАЈ жалосно е т.н интелектуалци со изминат скоро цел работен век во јавните медии да не научиле ни нај елементарни работи,кои пак от своја страна ја потврдуваат СЕРВИЛНОСТА на авторот како најголем квалитет , а не квалитетен образуван новинар кој ќе ја провери својата сторија затоа што држи на својот ПИШАН ЗБОР,додека во случајов тоа не е така.за жал на годините.. П.С..еве глава7 /ОН-http://www.un.org/en/documents/charter/chapter7.shtml
do jovan, 02.03.2012 17:12:38
I da e presudata od Hag sovetodavna,spogodbata od 1995 g. ne e sovetodavna.Obvrzuvacka e,no juzniot sosed i SAD iako e garant ne ja pocituvaat.Vo spogodbata jasno e napisano deka juzniot sosed nema da se protivi Makedonija da stanuva clenka so referencata poranesna jugoslovenskarepublika Makedonija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Делумно облачно

Четврток
Локални грмотевици со дожд
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |