Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
01.03.2012, 18:41

Си велам

Убивам за ништо Гринго

Ерол Ризаов

Полицијата лесно посегнува по животите на невини луѓе

Некој убива за жена..., некој убива за пари..., јас убивам за ништо Гринго.
Сцена од шпагети-вестерн.

На нашиот запад во Гостивар пред три дена се убиени двајца млади луѓе за ништо. Во каубојските филмови пресметката и меѓу отпадниците кои го зеле законот во свои раце има непишани правила, убива кој побрзо ќе го повлече колтот и нема да промаши. Во Гостивар немаше пресметка меѓу бандити и криминалци. Чуварот на законот го извади пиштолот и уби двајца голораки невини луѓе за банална кавга. За погрешно паркирање. Полицаецот го направи тоа среде бел ден, точно напладне, на очиглед на голем број луѓе и на ужас на својата ќеркичка која штотуку ја зел од градинка. Сурова животна сторија која може да се случи насекаде во светот и која вообичено завршува со брз и праведен судски епилог, бидејќи нема големи непознатости за истрагата.

Во Гостивар работите се многу покомплицирани, бидејќи убиецот и жртвите се комшии со различна етничка и верска припадност, што предизвика опасност од меѓуетнички и меѓуверски судири, продлабочување на недовербата, нетрпеливост и омраза. Особено стана тензично кога низ чаршијата брзо се прошири веста дека е извршено брутално убиство на невини луѓе од страна на полицаец кој има насилничко досие и за тоа е осудуван. Атмосферата се вжешти до точка на вриење кога гостиварци препознаа обид за прикривање на вистината. Првото соопштение до јавноста од надлежна државна институција беше дезинформација што стана мошне вообичаено и индикативно кога полицијата во Македонија нешто соопштува во драматични ситуации. Беше соопштено дека полицаецот бил нападнат од четворица и пукал во воздух како предупредување со јасна алузија дека убил силеџии во самоодбрана. Тоа ги отвори ширум вратите за протести: кога се виде дека ѓаволот ја однел шегата, уследи ново соопштение до јавноста дека полицаецот не пукал во воздух, туку во расправијата го извадил пиштолот и ги убил Бесник Шехапи (26) и Имран Мехмеди (30). Се' уште неизгаснат жарот од струшко-вевчанските карневалски огнови, во Гостивар пламна нов силен пожар кој лесно може да предизвика дестабилизација од пошироки размери ако не се дејствува брзо, праведно и смирувачки од сите релевантни политички структури, но и од надлежните институции. Во извештаите на дописниците од Гостивар во македонските медиуми и на социјалните мрежи нема податоци дали на протестите присуствуваат и Македонци, сограѓани и соседи на убиените. Таков гест може да ги спречи политичките и партиските злоупотреби на трагичниот настан и да ги ублажи тензиите.

Она што посебно загрижува и во овој случај се повеќе недозволиви работи кои повторно ја осветлуваат темната страна на македонската полиција. Очигледно не се извлечени никакви поуки од убиството на Мартин Нешковски на скопскиот плоштад, крвав чин што се случи на оддалеченост од само 50-ина метри од премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, при прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ кога и Мартин сакал да слави и да се радува на бината на неговата партија. Наместо да се радува, заврши на обдукција како неидентификуван и со лажни соопштенија до јавноста и прикривање на убиството кое ги направи соучесници сите што знаеја за крвавиот чин, а молчеа. На крајот под удар на правдата се најде само непосредниот извршител на убиството. Другите ќе се соочуваат со совеста, ако ја имаат. Претходно, Трајан Беќиров го загуби животот, исто така, во близина на скопскиот плоштад кога „алфите“ го сотераа момчето во Вардар како да се во потера по дивеч, а не на човек.

Бесник Шехапи и Имран Мехмети во Гостивар ги уби полицаец кој е осуден два пати на условна казна поради тешка телесна повреда, а во второто кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка. Чудни некои условни казни, а уште почудно што вакви луѓе работат во полицијата во региони каде што чуварите на редот и законот мора да имаат посебни обуки за одржување на меѓуетничката рамнотежа и при најмал инцидент, а не тие да убиваат недолжни луѓе и да пресудуваат на линч и делат своја правда по улиците и плоштадите на македонските градови.

Убиствата на невини луѓе од страна на силеџии-полицајци и лесно потегнување по огнено оружје и при најмали инциденти покажува колку македонската полиција е осилена, колку во неа се инфилтрирани разни насилници, човечки отпад, шљам, кој го урива авторитет на најголемиот дел од полициските кадри кои професионално ги извршуваат своите деликатни и тешки работни обврски. Чистењето на полицијата од пробисвет, разни рекетари, дилери и криминогени структури може успешно да се изврши само со нејзина департизација. Министрите за внатрешни работи брзо забораваат дека една од нивните најважни улоги е токму да ги сопрат злоупотребите и пречекорувањата на овластувањата на полициските структури. Во Македонија станаа посилни од министрите полициските шефови и началници, оние типови со тркалезни глави и дебели вратови кои ги гледате секоја вечер на ТВ околу нашите највисоки функционери. Нивните двојници се страв и трепет во македонските градови. Тие воведуваат нивни данок и арач кој не е рамен, туку според потребите. Ги контролираат сите бизниси и никој не им може ништо. Тепаат, газат луѓе, палат дуќани, даваат заеми со лихварски камати, вистински башибозук. Имаат обврска само кога ќе дојдат избори да припомогнат малку ако нешто тргне наопаку. Потоа до следните избори се раат, никој не им се меша во работата.

Три прашања до министерката за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкулоска: Уште колку невини луѓе треба полицајците да ликвидираат за да почувствувате лична и морална одговорност? Дали и натаму мислите дека со изведување на убијците-полицајци на суд како непосредни извршители вие сте ја завршиле вашата работа? Кога од македонските градови и од вашата непосредна околина ќе исчезнат оние sверови со бричени глави кои сеат страв и нели е конечно време за државна високопрофесионална полиција место партиска?

Се надевам дека ќе ги добијам одговорите на кои со сета сериозност ќе им обрнам внимание. Доколку министерката, пак, смета дека овие прашања не заслужуваат внимание, се надевам дека вие, драги читатели, ќе можете да одговорите што предлагате како да се сотре ова зло што не' тероризира на очиглед на целата јавност.


Статијата е прочитана 8190 пати.

Испрати коментар



Разум место раздор
Благодарам, aмбасадорe Волерс
Чудна тишина
Фудбалски нокаут



Krste, 02.03.2012 00:27:23
Kako moze vakvi novinari se uste da pisuvaat ? Barate odgovornost ??? Bi sakal vie da dojdete da ziveete vo Gostivar pa vas licno da ve napadnat huligani pa demokratski da se odbranite i vaseto dete isto taka. Kako ne vi e sram da ne gi komentirate povicite sto denes gi upatija Albancite Radikali na protestite kako SMRT NA MAKEDONCITE i sl. Ili za vas toa ne e vazno. Sramno mi e sto i vie ste zitel na ovaa drzava
jovan, 02.03.2012 00:30:46
Se slozuvam deka policijata ni e slabo obucena i so mnogu nizok standard na profesionalnost. No isto taka nikade vo svetot nema tolku slucaevi na napad na policajci. Sekoj den za banalni raboti (obicna soobrakajna kontrola) se napagaat policajci, im udiraat tupanici, kinat uniformi, a retko koj od nasilnicite (skoro nikoj) ne lezi zatvor za toa. Obidete se vo America ili eve ovde vo London da skinete makar edno kopce od uniformata na policaecot. Ne vi ginat minimum 3 godini. Dajte malku porealno da gi sogledame rabotive okolu ova sto se slucuva so policijata. I oni preteruvaat, no i niv ne im e lesno sekoj da gi omaluvazuva, navreduva, napaga, pa duri i da im go zagrozuva zivotot, a odgovornosta za toa da e bukvalno nikakva. Otisol policaec da asistira isklucuvanje na struja i bil napadnat so sekira. Na sto lici toa. Pa vo America na lice mesto ke te zastrelaat za takvo nesto, bez oko da im trepne. Ovde samo bil priveden, i potoa nedostapen za Sudot.
граѓанин, 02.03.2012 00:41:52
Наместо да трошат огромни суми пари на крајно идиотски медуимски кампањи преку кои со хипнотички пораки ни ги мијат мозоците за да се убедиме колку ни е убаво во оваа земја под нивната власт, тие пари можат да ги потрошат во практични акции - нови темелни психофизички тестирања на полицајците со изотрени критериуми - да речеме слично како тестирањата за прием на специјалци во САД - зошто да не? За разни глупости викаат струњаци од странство за советодавци, па и за ваков проект може да вклучат и некој реномиран странски стручњак. Не само тестирање туку и дополнителна редовна обука во поглед на употреба на оружја на полицајците (не мислам само на нивните вежби во гаѓање, туку обука за превентивни техники). Да се изостри и правната регулатива во врска со тоа. Да нагласам дека вакви проекти треба да се спроведат и за телохранителите и чуварите, (и сите кои имаат оружје), бидејќи се почесто се случува чувари кои би паднале и на осредни психолошки тестирања, да изигруваат тексашки каубои.
OD MENE, 02.03.2012 00:47:28
Erol aj da te vidam tebe kako ke reagiras ako dojdat cetvorica da te tepaat pred semejstvoto,a ti da go cuvas pistolot za sekoj slucaj (da ti se najde za vo zlo doba )stavi se vo taa situacija i razmisli, pa posle soli pamet po vesnici
xcfghyuio, 02.03.2012 01:00:08
Namesto da dadam odgovor vo ist nizok stil na pottiknuvanje niski i temni strasti, jas bi se zaprasal dali nekoj tolku lesno i za nisto posegnal po pistolot, osobeno sto e slikan so povredi na liceto, potocno bi socekal za toa da se rasprasa istrazniot sudija a namesto pritisok vrz sudot so krsenje na prozorcite bi ja socekal presudata. Inaku osven analogijata so slucajot na plostadot vo Skopje postoi i analogija na slucajot so momceto ubieno dodeka igralo kosarka, kukavicki bez povod i isto taka od glutnica agresori i bez presuda iako istragata celosno go rasvetli zlostorstvoto so predumisla motivirano od etnicka netrpelivost i antisemitizam.
Marioec od Azija, 02.03.2012 01:06:20
Zalosno e da se slucuvaat vakvi raboti,i se proleva nepotrebno krv.Tocno e deka Policaecot reagiral nepropisno,no dali zrtvite so nivnoto ponasanje ne doprinele da izreagira na takov nacin.Koi se tie da delat pravda so sila,sekoj ima pravo da si go zastituva svojot i zivotot na negovite najbliski.Ne e greskata vo Ministerkata nego vo domasnoto vospituvanje na istite.Tie kako vozrasni ludje treba da se svesni za svoite postapki.Dali e kriva ministerkata i za pretepuvanjeto na momceto vo Avtobus od 10 Albanci.Ili tie se predodredeni da tepat,ubivat i siledjiski da se odnesuvaat bez da bidat sankcionirani i nim nesmee da im se vozvrati demek sozivot koj go nema nikade kaj sto se tie mnozinski.Mislam deka e vreme istite da si go ispitaat ponasanjeto dodeka ne bidi prekasno i za niv.Ako nekoj treba da podnese ostavka toa e gradonacalnikot na Gostivar i potpaluvacite na ogan okolu nego zaedno,a mozete i vie da zemete primer od niv,samo so uvodot vie ja sirite omrazata kako novinar.Objavete.
USA, 02.03.2012 01:07:43
Сите, ама баш сите се против вакви ѕверски испади. Вклучувајќи ме мене, тебе и министерката Јанкуловска. Што ќе беше било кој друг да беше министер или подпарол и истото да се случеше?? Дали трба и може да се биде во кожата и главата на нерационални личности и да се спречи еден момент? Ако сме законска држава еднаква за сите и некој направил нешто незаконско, не треба да дава оставка, туку треба кривично да одговара. Се друго е политика.
arso petrov, 02.03.2012 01:11:21
Според исказот на приведениот полицаец Јаким Трифуновски даден во истрагата, тој тргнал да ја носи 10 годишната ќерка кон училиште, кога видел дека едно лице седело потпрено на задниот дел од неговото возило Хјундаи, а друг стоел до него. Други тројца се движеле по тротоарот. Едниот од нив го познавал, живеел во близина, а другите двајца ги видел прв пат. Трифуновски се обидел да го стави ранецот на ќерка му на задното седиште,кога лицето што било потпрено на возилото му рекол: „Уште еднаш ако го паркираш, ќе ти го искршам !“ Полицаецот ништо не одговорил. Тогаш пришол тој што живеел во близина, го фатил Трифуновски за јакната и му рекол: „Знаеме кој си, знаеме дека си полицаец , те знаеме многу добро. Немој во иднина да го паркираш возилото овде зошто ќе ти го искршиме и тебе ќе те убиеме“. - Знаејќи дека ќе дојде до тепачка, се завртев и ја ставив ќерката на совозачкото место и со нога ја затворив вратата. Тогаш тројца почнале да го удираат со боксови и клоци,а Тр
gimi, 02.03.2012 01:12:45
Најнапред полицаецот кој го изврши убиството е примен на работа во 2002 год. кога на власт беше друга политичка гарнитура.Потоа зошто верувате на верзијата што ја кажуваат опозициските партии од албанскиот блок , а ја подржува и СДСМ со цел политизирање на случајот? Што барале убиените момчиња да седат на автомобилот од полицаецот и да започнат расправија и тепачка со него(четворица против еден).Не верувам дека полицаецот без причина пукал во момчињата ако не морал, едноставно затоа што со самото пукање и нанесол доживотни трауми на сопствената ќерка.На крај спомнете нешто за убиеното момче Трајан Беќиров кој во времето на СДСМ беше убиен од алфите и фрлен во Вардар,а за тоа до ден денес никој не одговарал.Овде има убиец кој е во притвор и кој ќе биде осуден,а сепак барате пропусти и давате поддршка на протестантите и опозицијата која тоа го користи за собирање на по��итички поени.
Realen, 02.03.2012 02:20:48
Erole , se odalecuvate ,od konkretniot nastan.Ova ne e pukanje, od policaec na dolznost, vo nevini gragani.Mu teknalo na Policaecot (koj sto ne bil na dolznost) i bum, utepal dvajca ,zosto mu se moze,i toa za ic nisto. Dobivam vpecatok ,deka taka sakate da go prikazete!A za maloumnite nasilnici ,so briceni glavi i debeli vratovi ,koi sto ,se nekompetentni za rabotata sto ja obavuvaat,a se vo sluzbata,a mentalniot sklop im e na nasilnik,isfrustrirani ,bolni tipovi.Covekot bil napadnat od strana na dvajca ,vo prisastvo na negovata 10 godisna cerka.Jas bi go napravil istoto.Odbrale po pat na sila ,vo prisastvo na dete ,da se presmetuvaat so covekot,I jas bi go napravil istoto ,ako nemam izbor!
JORDAN GOSTIVAR, 02.03.2012 03:26:37
Efendio od avion se gleda deka gi podrzuvas tvoite BRATUCEDI ARNAUTITE . da tocno je TETOVO .GOSTIVAR.DEBAR. se gradovi vo makedonija a od 2001 se pod ALBANSKA OKUPACIJA gradovi vo koj nemozes da zabelezis niti eden NARODEN I DRZAVEN SIMBOL podpolna OKUPACIJA a narodot zivee sekoj den PONIZUVAN MALTRETIRAN I UCENUVAN od ALBAMSKITE OKUPATORI.A sto se odnesuva do ubistvoto na dvajcata albanci od strana na POLICAEC od HRISTIJANSKO POTEKLO toa sekoj neka go TUMACI po svoja svest.A pravda nema da ima nikogas zatoa sto se sudi POLITICKI a nepo drzavni SUDSKI zakoni i propisi.
od mene do mene, 02.03.2012 06:20:46
A ti da ne bese tamu pa vide deka nekoj go napadnal policaecot pred deteto?!?! Ako si bil tamu prijavise dobrovolec ocevidec i mestoto ti e vo sud pa prikazi go toa sto si videl a ako sudis od iskazot na ubiecot togas ti si nacionalist zosto zimas iskazi samo od ednata strana.Slikan e so povredi a sto ako ne gi dobil povredite togas imal porano povdredi.A sto ako on prvo go go napadnal deteto i go udiral pa koga dosle i drugi on videl deka nemoze sam i pocnal da puka.Sega em sakas pravda ama kako tebe ti lici pravdata.Covekot ubil dvajca pukal 7 kursumi vo samoodbrana ne se pukaat 7 kursumi.Eden kursum vo vozduh moze da da rasturi tolpa od 100 luge ama nego ne mu bila namerata da gi rasturi ako su ga napadnale nego namerata bila da ubije luge.Toa e krivicno delo ubistvo so predomisla i nisto drugo.
policaec, 02.03.2012 07:25:26
ne go opravduvam kolegata mozel da puka vo vozduh da gi isplasi ili vo noze bidejki i nego veruvam mu bil zagrozen zivotot,no toa se sekundi koga kerkickata vi vristi a vie ste vo panika.Da ne se obvinuvaat site pripadnici na policijata,a ministerkata pod itno da si odi zatoa sto parite gi frla na gluposti a na obuki i oprema na policijata nula i dozvoli narodot da nema den da ne gine covek nesposobna i arogantna.
stema, 02.03.2012 07:31:19
xcfghyuio - Конечно нормален коментар. Престанете поради политички поенчиња да лупате глупости. Зошто бре, кога убија дете во Тетово додека играше кошарка со другарите, никој ништо не рече? Наредна недела очекувам текст за нередите во Гостивар коишто настанаа од мирниот протест... Ај, баш да видам што ќе се каже тогаш...
Itar Pejo, 02.03.2012 07:40:36
Neznam dali e legalno istrazniot sudija arso petrov da go objavi rezultatot na istragata na 02.03.2012 vo 01:11:21 i toa kako komentator vo Utrinski. Bidejci ovaa istraga e zavrsena predlagam da mu se doverat i atentatot na Gligorov i smrtta na Trajkovski. Ce gi rasvetli do ponedelnik.
Mirko do gimi, 02.03.2012 07:44:14
Gimi velis primen od druga politicka partija najverovatno mislis na SDSM.E tokmu so toa go pokazuvas mentalniot sklop na site portokalovi patrioti,a jas ke te potsetam za ovaj i Bekirov.Prvo na rabota e primen vo Juli 2002 izborite bea na 15 9 2002 do 1 11 2002 na vlast bese tvojata partija VMRO.Vtoro zboris za Bekirov pa zamoligo Sitel i neka ti dade podatoci kako Gruevski se penjavese sekoj den so Najcevska po televiziite i sto zborese,i si go kacuvase rejtingot,duri i ne veruvaa vo nasite doktori pa vodea BUGARSKI da dokazat deka Bekirov e ubien a ne udaven.Treto sve dodeka se ponasate deka od denot koga ke stanete od toj den vi pocnuva vladeenjeto taka ke bide i tesko na RM.Vie imate cipovi koj vi brisat sve sto se desilo vcera i zaboravate deka veke celi 6 g ste na vlast.Nemozete prijatele da se isperete od glupostite sto gi napravivte i gi pravite.Pogledaj uste ti i eden USA ostanavte da si gi branite honorarite.Utre kazi koj gi amnestira borcite na ONA sto ubivaa nevini Gragjani
alek, 02.03.2012 07:47:26
pred 5-6god eden moj prijatel,inaku roden caircanec se iseli od cair vo kiselva voda, i go prashuvam sho taka i so solzi vo oci mi vika: porasnaa decata, nemozam povece da gi nosam i zimam od iskacanje, premnogu se nasilni brakava, nemozam da gi ostavam sami. Fakt e deka brakava premnogu stanaa nasilni, pogotovo posle taa 2001. Mora da se smirat strastite ednash za sekogash, i da bideme site lugje, sivilizirani.
bt, 02.03.2012 07:50:26
Mizeren tekst.
Гими, 02.03.2012 08:06:00
Гими , мора да си ептен млад.Не знам кога е примен полицаецот на работа,но од 1998 до 2002 на власт беше ДПМНЕ.Изборите беа на 15 септември 2002 година, што значи до нова влада дошло најмалку месец дена подоцна,не порано од 15 октомври.Не верувам дека за месец и пол баш на СДСМ му дошло да вработува полицаец!Тое и не е важно , но по втор пат се случува Котевски да истрчува со изјави , кои подоцна се покажуваат невистинити.Сега треба да се смират страстите , а институциите на системот да функионираат како треба.
Богомил, 02.03.2012 08:19:58
Протестот во Гостивар е испровоцирам наводно од несмасната, да речеме и некоректна изјава на полицискиот портпарол, кој априори досуди дека убиството е извршено во самоодбрана. Вие господине отидовте подалеку и од него, па тврдите дека се убиени ,, двајца голораки невини луѓе,,. Зарем Вашето тврдење не би требало да е повод за реакција од гостиварски тип кај Македонците. Не господине Ерол, ако полицаецот што стрелал беше Албанец, а Вие на страниците од Утрински ја пласиравте истава теза, Албанците во Гостивар ќе ја изведеа истата парада на гнев насочен кон неалбанскиот етникум. Во Гостивар се репризира Струга од пред дваесетина дена. Епилогот од протестите (дивеењето на антимакедонска основа) ја потврди само уште еднаш, и тоа дебело, реалноста, дека меѓуетничкиот соживот е спуштен на тенка гранка. Бруталноста на полицијата и шминките за божемна демократска власт, се сосема друга приказна.
Секого, 02.03.2012 08:25:05
Тој небеше убиец. Туку стана убиец. Зошто? Дали полицаецот (постојано верглање) беше во униформа или не? Ако бил е сосема друго. А ако небил, тој не е полицаец. Фрустрирачки се методите на гласниците. Се чини дека нема крај. Но крајот може да биде на крај.
Jordan, 02.03.2012 08:25:31
Se gleda deka Erol e Erol!Ne moze Erol da bide na strana na Makedoncite!Samo prodolzuva da negira se sto e Makedonsko!Samo neznam do koga?Dodeka i nas ne ni pukne kako sto mu pukna na policaecot filmot!
Mite, 02.03.2012 08:27:34
Voopsto ne veruvam deka ubienite bile nevini!. Gi ima premnogu takvi histericni nasilnici koi premnogu lesno gubat kontrola i kako po pravilo se albanci i nikogas ne se sami tuku vo grupa. Zalno e za covekot na koj ke mu go unistat semejstvoto dodeka e toj vo zatvor. Edno e sosema sigurno - da bea zrtvite makedonci (pa makar isti takvi histericni nasilnici) nemase ni priblizno da ima vakvi megjuetnicki tenzii. Taka e sekogas : Onie sto nikoj ne smee da gi pipne sekogas trubat deka se ugnetuvani.
B. Betinski, 02.03.2012 09:00:19
Tvrdite deka prvoto soopstenie na policijata bilo dezinformacija vo koja imalo, duri, skriena poraka (aluzija, kako sto velite) deka covekot se branel i ubil - nasilnicia (?!). Nastrana faktot sto, na toj nacin, se delat lugjeto na onie vo koi moze da se puka po svoja volja i na onie na koi ne smee da se puka (rezultat na aluzijhata), stanuva jasno deka edna dezinformacija od ovlastena (represivna) institucija moze da dovede (kako sto doveduva) do socijalna eksplozija po namera ili nekadarnost tokmu na taa institucija. Stanuva, isto taka jasno, deka na toj nacin mnogu nesta so taa institucija ne se vo red i baraat urgentni, radikalni promeni. Za pocetok, treba da se trgnat od funkcii site onie koi si poigruvaat so javnosta. Ako ne se vo sostojba sami da go stoprat, na poteg e premierot. Ako i toj ne go stori toa, rizikuva odgovornost da bide prv generfator na krizi.
КИРО, 02.03.2012 09:02:33
На каков начин се вработени на таков начин и завршуваат, партиски спискови и партиски глупости,нема разлика во работењето помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ
Rasomon - da sumirame, 02.03.2012 09:02:48
1. 4 na 1, zagrozen zivot, dete so tebe, no ne dava opravdanie da povleces pistol na goloraki momcinja, no i jas bi povlekol.... 2. Ne bil vo uniforma iako vo malo mesto sigurno znaele deka stanuva zbor za policaec, no denes nema nikakva pocit kon policajcite 3. Znaeme deka nasite sogragani ALB se osobeno silni koga se poveke na broj 4. Protesti na ulicite vo Gostivar, se palat MKD dukani, se obrakaat do MVR na MKD a se veat isklucivo albanski znaminja. 5. Ubav e momentot sto dadoa podrska i MKD i ALB vo Skopje na mirni protesti 6. 4 zagubeni zivoti do sega, ministerkata sedi seuste vo svojata fotelja, toa e otsustvo na moral i eticnost 7. R.Osmani uziva vo sitni politicki igri i potpaluvanja, podrzuva grupi od srednoskolci i go terorizira MKD naselenie vo svojot grad.... ZA ZAL NEMAAT KRAJ OVIE NABROJUVANJA
Rezzilov, 02.03.2012 09:06:29
Убиството не е оправдано но и ваквите написи кои долеваат масло на огнот,не се оправдани.Никој не пука тук-така.Нека заврши истрагата.
Joco, 02.03.2012 09:07:33
Драг колумнисту,еве неколку мои размислувања,дел директно поврзани со темата,дел индиректно поврзани со темата. Прво,секое убиство е погрешно и треба да се направи се што може да се избегне.За жал, во животот има такви ситуации кога неможе да се избегне одземањето на живот.Второ, хеколку прашања кои заслужуваат внимание: дали полицаецот им паркирал на НАПАЃАЧИТЕ во двор?Какво право имаат тие да се грижат кој каде се паркира?Дали можеш да потврдиш дека таму била присутна и неговата ќерка?Понатаму,ако барате правда и протестирате,каде е барањето правда и протестирањето за мавровските работници или можеби за затворените вентили за вода кои го држеа народот во Куманово жеден со недели?За нив неважат правилата затоа што се од друга националност или затоа што сега седат во Парламентот или во Влада и земаат народни пари,меѓу кои и пари од најблиските на сите погоре спомнати??? Затоа,за да останете доследен или барајте правда за сите или МОЛЧЕТЕ и не поттикнувајте национална нетрпеливост!!!
Каде е одговорноста на ДУИ?, 02.03.2012 09:09:43
Полицијата е вон контрола. Преторијанската гарда на ДПМНЕ смее да тепа и убива без да се плаши од последиците. Како може едно службено лице со службен пиштол да убива цивили? Нели процедурите во такви случаи велат дека треба да се повика зајакнување, да дојде заедничка полиција. Ме интересира зошто демонстрантите во своите плакати не ја спомнуваат и ДУИ? Заменик министерот за внатрешни работи е од ДУИ. Дали тој е само дакорација на Јанкуловска?
elena, 02.03.2012 09:11:38
vie g-ine preteravte koi nevini lugje, tepaci posegnuvaat po zivot na maloletno dete, treba da se zasramite.dojde vreme da g-ine nam ni kazete deka ne smeeme da se branime?koj ste vie vsusnost?zastapuvate idea na kriminalci?proverete ja intelegencijata na tie sto gi branite nemaat gram pamet nitu razum, i tokmu takvite gi polnat zatvorite vo EU. i tokmu poradi takvite ne mozeme da mrdneme od nulta tocka.ako imaat gram mozok sto se slucuva na kosovo edna golema crna dupka.ziveat od prostitucija, droga i oruzje, mafijaski zanaeti. razacarana od vasiot neobmislen stav.
Мирко, 02.03.2012 09:26:38
Како можеш да напишеш такво нешто Во Гостивар немаше пресметка меѓу бандити и криминалци. Чуварот на законот го извади пиштолот и уби двајца голораки невини луѓе за банална кавга. Зарем е можно Ерол Ризаов да напише нешто вакво? Немам зборови да те опишам Ероле Ризаов. Нит беа невини, нит тоа тоа беше банална кавга, туку човекот го тепале пред неговата ќерка. Дали имаме мерач да гнев за да знаеме дали можеби и би го убиле пред ќерка му? Дали ти Ероле Ризаов во твојот ум ја спомнуваш малата ќеркичка? Жалам за изгубените животи, Бог нека ги прости, но те жалам и тебе Ероле Ризаов.
Леонид, 02.03.2012 09:28:05
Почитуван Ризаов, не знам дали случајно или намерно мешате две прашања со различен карактер. Едното прашање е прашањето на внатрешната контрола и прашањето на полициската бруталност на одредени припадници на МВР, а другото прашање е прашањето на случајот во Гостивар. Во Гостиварскиот случај според она што може да го заклучам и познавајќи ја менталната матрица на Албанското малцинство се работи за класично убиство во самоодбрана што во САД не е кривнично дело, а истото треба овдека кај нас да се докаже во судска постапка. Во однос на бруталноста и селекцијата на припадниците на МВР можам да кажам дека и јас не сум задоволен и барам психолошки тестови за структурите на УЧК интегрирани во полицијата. Јас не сум сигурен дека оние што ги направија маскарите во Вејце, Карпалак и што го рушеа уставниот поредок ќе се грижат за редот и поредокот во оваа земја, дали Вие се сложувате со ова? Следното прашање е протестот и неговата инстументализација од страна на СДС и соработката со Разбуди се...
Филип, 02.03.2012 09:31:46
Ајде Ве молам Господине Ризаов новинар сте, работете малку.Извадете една статистика колку убиства, колку инциденти со огнено оружје имало во МК, колку предизвикале македонци, колку албанци,колку напади има на македонци врз албанци а колку обратно.И на крај поделете го тоа по глава на жител и се ке ви биде јасно.А сега протестираат против насилство и извикуваат СМРТ НА КАУРИТЕ!!! Абе ајде Ви се молам. Доколку напаѓачите го убиеа полицаецот или не дај боже ќеркичката ќе протестираше ли некој против ниното насилство.90% од насилството во МК го предизвикуваат албанците, а нивните политички лидери секогаш застануваат во нивна одбрана, па макар и да е тоа најголемиот пробисвет на камера снимен како прави криминал.
sime, 02.03.2012 09:34:24
Erole ti simnuvam kapa. Zalam za gubitokot na mladi albanci koi po mene se kolateralna steta na nasata tranzicija. Za siledzii ne im e mesto vo policija i ne im se dava oruzje.Odgovornosta e na nivnite pretpostaveni i samo na toj nacin moze da se resavat vakvite propusti.
zoran, 02.03.2012 09:53:54
E po glup tekst nemam procitano. Ovoj Error zivee vo oblaci ili pod zemja, i se uste ne konta deka vojnata na religiite e pocnata (hristijani vs muslimani). Za brzo vreme ke treba da odbere strana. Za zal, se ostvaruvaat prorostvata na Nostradamus.
Mudrec, 02.03.2012 10:16:42
Pravda za Jakim ! I jas da bev na negovo mesto, isto ke izreagirav. Steta sto pobegnale dvajca.
Прашање до сите што го напаѓаат авторот, 02.03.2012 10:46:44
Министерката Јанкуловска вчера даде изјава дека станува збор за б анална расправа. Дали за банална расправа полицаец треба да убива. Дали правите разлика на убиствата што гио извршиле криминалци и насилници, од оние што ги извршиле полицајци пречекорувајки гои своите овластувања. Срамно е да се напаѓа новинарот поради својот шовинизам и албанофобија. Тоа ли е патриотизам. Ако е тоа тогаш тешко на сите, без разлика на вера и нација. денес едни мајки ке носат црни шамии уте други, како на Нешковски и Беќиров. Зборувам за тие што настрадале од чуварите на законот и редот.
respekt, 02.03.2012 10:55:50
Oвоа што ни се случува е нормална рефлексија од состојбите во државава.Одамна во државава вредностите се ипревртени.Никој не ги знае првенците во своите генерации а сите ги знаат силеџиите во тие средини.Можеш да бидеш со пет факултета и познавање на ред странски јазици тешко ке дојдеш во близина на Груевски а такви како Урко, се одма до Премиерот со популарност и привилегии. Е сега млади бирајте,ке одите сто чекори или ке кљаскате цел живот. Изборот е ваш.
Гостиварчанец, 02.03.2012 10:57:57
Ероле, Алах (извини ако си атеист, како што би те личело:) нека ти е на помош ако навистина ги мислиш глупостите што ги напиша во текстот... Со оглед дека не престана да измечаруваш на неокомунистите, искрено би те замолил за еден твој текст за причините за масовното иселување на илјадниците мекедонски Турци со сесрдна подршка од комунистичките власти во средината и крајот на педесеттите години од минатиот Милениум ! Само пази да не ти се налутат нивните наследници.
Mark-do Mudrec i drugite glupaci, 02.03.2012 11:09:26
Takaa be mudrec, da gi ubieme Siptarite, eve ti kolku si spremen da ubies od niv? A be serko eden malecok, ti i takvite ko tebe, gimi, mimi, jas, gaz i site jaki ubijci-imate doktor ili da vi pratam? Eve jas sum Makedonec, pogolem od site vas zaedno, pa se gadam od toa sto vasite bolni umovi blujat vo vesnikov! Otrueni ste od anticka-portokalova omraza!!!
nezavisen, 02.03.2012 11:12:48
MVR go opravda i rece samoodbrana. A ti Erole od kade utvrdi deka se tie nevini. nemoj te molam pak da ne izlezat na protesti albancite oti zaemas strana , prejudiciras i vlijaes na ishodot na postapkata.
Pejo Glupaviot, 02.03.2012 11:20:07
Gi citam komentarive i kosata mi se kreva. Rasizam i sovinizam i prostakluk kako vo Srbija vo vremeto na Milosevic. Se mi se cini deka za da ovaa zemja da trgne nepred ce bide neophodno nekoj da ja bombardira. Ama neznam dali nekomu toa mu se isplati da si gi trosi bombite za da vrazumi bagra.
Dejan, 02.03.2012 11:20:46
Luge begaat se selat od svoite vekovni ognista poradi se pocesti i pogolemi provokacii i zakani od strana na albancite (toa e nepobiten fakt koj go znaat samo oni koi ziveat na takvi mesta). A sto ako tije go ubija nego, dali ke protestirase nekoj da gi stiti graganite i policajcite od albancite ?
Трпе, 02.03.2012 11:22:42
Грешката на нападнатиот полицаец,ако бил вистински полицаец со пиштолот да ги онеспособи напаѓачите.Тоест да им пука во нозе.Така го советува полицајци мојот пријател на кого му ги украдоа гулабите.Иако мојот пријател поседува легално оружје.Полицајците му рекоа дека ако ги видел крадците на лице место, нема право да пука да ги убие може да им пука само во нозе да ги рани за да не можат да побегнат додека да пристигне полицијата.
seirdzija, 02.03.2012 11:39:24
Kakvi nastani treba da se ocekuvaat vo drzava koja pred samo nekolku meseci sakase da prikrie ubistvo,koja amnestirase zlostornici???So ogled deka storitelot bil so maloletno dete ili bil totalno lud ili navistina bil staven vo situacija da reagira vo samoodbrana.Vistinata e vo ovie dve krajnosti,pa ke vidime ponatamu sto ke se slucuva okolu slucajot.No da bil policaecot kvalitetno obucen za svojata rabota toj verojatno bi pukal da gi onesposobi napadjacite(uslovno kazano),no ne i da gi ubie.Ama kako i za skopskiot slucaj,taka i za ovoj ne veruvam deka Jankulovska ke podnese ostavka,oti taa i ne mu sluzi na narodot,tuku na Nikos Grujos i Sasos Mijalkos,inaku zosto bi potpisala menica za lojalnost???Uste kolku li samo nesreci ke ja snajdat Makedonija so vakva nesrecna vlast i predsedatel i dali voopsto Makedonija ke uspee da gi prezivee site ovie nesreci????
чудо, 02.03.2012 12:13:40
Катастрофа новинарска. Пишува, пљука, суди, пресудува, а ни знае, ни појма има што точно се случило. Да даде господ секој ден во ваква банална расправија и твоето дете да запаѓа... Гледа господ, кај и да е и тебе ќе те награди.
Silvester, Sidnej, 02.03.2012 12:43:26
Aaaa Efendi Erole...ashkolsum...Znaci i ti si eden bezobrazen bednik. Znam musliman si. Te boli za svoite. Ama profesionalnosta i logicnosta te izdadoa. Pisuvas kako ti da si bil tamu i da si Gospod Bog pa vednas osuduvas. Demek mladite Shiptari taka bile zastrelani za nisti od nekoj umobolen policaec, more arno site cetvorica sto ne gi ubil... Znaes sto???? Aj sikter i ti.
perica, 02.03.2012 14:14:12
Ubivam za nisto samo ako si mi prijatel.
Трајче, 02.03.2012 14:17:47
Мислам дека залудно загубените човечки животи се плод на сејачи на магла и на подгревачи на секаква нетолерантност од типот на написот од новинарот. Мора сите да сфатиме дека треба и мора да живееме сите заедно без разлика на вера, национална припадност...Уште еднаш жално е за загубените млади животи, жално е и за човекот кој бил испровоциран да го направи тоа. Останува на Нас како граѓани на Р.Македонија сите да дадеме придонес никогаш повеќе да нема конфликти и убиства...Новинарот нека се преиспита за кавга се потребни двајца, за соживот сме потребни сите ние . Сторителот да одговара за направеното недело и никогаш да не се повтори ваков инцидент.
Gandi od Gostivar, 02.03.2012 14:31:43
Dragi sogradjani, eden policaec od specialna edinica sto gi vikal poginetite KOMSII, mislam da ne mu trebalo vatreno oruzie da razjasni banalen problem a za komentarite sto se metnati pred mene: Vie mi donesofte BLISKIOT ISTOK vo Makedonia; nie sme jadni, nemame kako i kade a drugite nationalnosti moraat da odat vo pecalba ili vo albania turska itd. bruka da vie. kako sakate da debatirate za satirno-informativen Text od Kolumnistot!
Kriminalne tekst...Erol da odgovara za ova!, 02.03.2012 14:35:38
Avtorot Ereo Rizaov padnal na najniski granki vo zivotot. Konstrukcija od tekst za provokacija samo go eksponira i samiot se soblekuva po gakji! Ne moze vekje da se krie zad nisto, se razgole do gola koza! Etnickoto cistenje na Makedoncite, genocidot vrz Makedoncite prodolzuva nekazneto! Slucajkot vo Gostivar e SERDAROT, koj sto ne dozvoli da bide ubien od Gegite! Roza Park, Martin Luter King Jr....se primeri od istorijata koi mu prilegaat poveke...da ne recam Vajat Erp, Dok Holidej...a mozebi i Dzeronimo...od kogo ete nikoj, a najmalku Erol Rizaov ne neucil nisto. Rasizmot, fasizmot, iredentizmot i site drugi izmi go ugnetuvaat miroljubiviot Makedonski Narod, no i site drugi koi ne se solidariziraat so nacistite! Deka rabotata e poveke od seriozna, deka Makedonija e pod okupacija kako za vreme na Vtorata Svetsa Vojna...se gleda i od avion a i od preku okenanite..! Ne go opravduvam ubivanjeto no toa vazi za site, a ne samo koga se vo prasanje okupatorite !
bitolchanec za Makedonija, 02.03.2012 14:53:39
Erole, nemoj kardash da se sekirash. Kako sho ti napishav pred nekoja nedela I DODJU TAKO NEKA VREMENA, e toa ti e, takvi se vreminjata. Nemozish da go kazish svoeto mislenje bez nekoj da ne te navreduva i ispleti celi prikazni i mitovi zoshto taka mislish. A za onie koi se nafrlia na Erol, NIKOJ NIKOJ NESMEE DA ODZEMI ZIVOT NA DRUG. Da mu go odzemi toa shto e najskapo i nepovtorlivo, toa sho mu go dala majkata i Gospod Bog. NIKOJ. I pod nikakvi okolnosti. Bilo toa Makedonec ili Albanec
citatel, 02.03.2012 15:01:43
Spored mene avtorot na kolumnata e vo pravo no neverojatno kolku omraza predizvikuva kaj onie citateli koi smetaat deka ne e vo pravo.Taka sto ne veruvem vo zaednicki zivot no ne samo zosto albancite se agresivni, makedoncite se istotolku polni so gnev i omraza i vo toa svoe slepilo dozvoluvaat da se slucuva ova sto se slucuva.Smetam deka osnovniot problem e sto vo imeto na dobrite i losite nacionalnosti se zaborava toa sto i avtorot go potencira, nekompetentnosta na lugjeto sto rabotat kako cuvari na redot
Toso, 02.03.2012 15:45:20
Erol, Erol... Kako ke reagiras da te napadne banda huligani? Ke ostavis da te ubijat, a posle e lesno, amnestija, politika.. Razmisli malku i pravi razlika, se e so pricina i posledica, osobeno kako sto velis vo gradovi so mesan sostav. Zalam za zrtvite, no sekoj treba da bide svesen deka nasilstvoto nosi nasilstvo. Namesto vakvi napisi, treba da se deluva na zblizuvanje na lugeto bez ogled na vera i nacija, da se kaze zbogum na oruzjeto, pa site da se custvuvame bezbedni sekade!
за трите прашања, 02.03.2012 16:07:17
Прошетавме низ светот.Се наслушавме жалопојки од браќата.И едните,a i drugite.Кога во еден ареал како збирна распространетост,ќе се случи рассеана,(во свеста,се разбира)различните карактери,од таа помешаност,ако не се сочуваат традиционалните вредности што сме ги имале во нашиот стар збирен,може да го разнишаат целиот воспоставен системем на соживотот.Различните мерила за злосторствата а со тоа е казните,одскокнуваат драстично во една таква состојба.Во иднина ќе немаме доволно ниту партии,ниту личности како алиби за оправдување на едната или другата страна.Стануваме ли Див Запад,како во вестерн филмовите.Ако е така,државата треба да обзнани дека правдата ја прерпушта во рацете на народот.Чуму тогаш,Акое е...така,државата.Станаа ли таквите идеали пртестилка на софрата,кошкањето главно јадење на трпезата,оружјето,звоно на вратата преку кое се најавува добредојдето,а Боро и Рамиз две кутри мачернца под софрата,лелекајќи по трошка леб.
Кристијан, 02.03.2012 16:52:32
Просто зачудувачки е да се прочита вака малоумна тенденциозна колумна со поддршка на агресивни улични дивјаци кои, во суштина, се жртви на недостаток на домашно воспитување и вградена идеја да мразат се што е македонско. Господине Ризаов, треба да се срамите од вашето „дело“!
Курто, 02.03.2012 16:56:31
Каков аргумент - зошто би ги убил туку-така, сигурно имал причина. Епа ајде тогаш никој да не одговара за ниедно убиство, пошто сигурно имал причина. Друга работа, во двете тепачки во последниве години за што бил осуден полицаецот, исто да не си ја бранел „ќеркичката“. Како станавте сите наеднаш сентиментални за „ќеркичката“, а тоа што татко и одзел два живота пред нејзини очи нема да ја истрауматизира, нели? Друга работа, дури ни самиот полицаец во изјавата не спомнува дека ќерка му била мета на убиените. Саката да одбраните убиец само затоа што убил Албанци, а се жалите дека Албанците се насилни. Секој одговара како граѓанин пред законот, не како Албанец или Македонец.
Qani Limani, 02.03.2012 17:00:59
Erol, eden od najobjektivnite novinari vo makedonskoto novinarstvo, dosegasnite negovi kolumni i si velam , ne se oboeni so nacionalizam i sovinizam, tuku redovno e vo ramkite na sozivot i daleku e od diskvalifikacii na verska i rasna osnova. Vistinata boli, no e vistina, a ona sto go naveduva vo napisot, dovolno govori za onie sto treba da se borat za sozivot i dobrobitie na site gragjani vo ova nasa drzava, a ne da dopustat da voveduvaat red i mir Kaubojci, delikventi i polcajci osudeni na uslovna kazna za nanesuvanje na teski telesni povredi. Komentatori ne dolevajte maslo vo ogin.
Ајван Доктор®, 02.03.2012 17:41:22
Ирелевантно е дали пиштолот бил службен,дали полицаецот бил на должност,или не!Два млади животи се згаснати!Секогаш оставам простор за две страни на медалот!Една верзија за настанот вели дека 4-те млади момчиња го нападнале полицаецот и се обиделе насила да ја изнесат неговата ќерка од автомобилот,а еден човек од Вруток (Албанец) тврди дека тој е од чесно и почитувано семејство!Можно е момчињата да ја качиле тензијата,сосема реално во денешново општество,кога врие од мачо-типуси кои се силни само со послабите од нив!Изгледа и полицаецот,но и останатите учесници,четворицата,можеле да го спречат и решат целиот настан на мирен начин,а не го сториле тоа!За осуда е полицаецот кој можел да ги рани,наместо да ги убие!Можна е и друга варијанта на приказната,но останува фактот дека полицаецот употребил оружје пукајќи во (можеби) невооружени лица!За секоја осуда се и младите (преку 25 години,не многу помлади од полицаецот),ако кавгата била заради паркинг-место,или само заради националноста!
Gringo, 02.03.2012 18:07:52
Ovoj ne bil makedonche! Naime, ne go chuval pishtolot za nedaj boze, nego go upotrebil. Momentot ne e za ovakvi komentari, obichno se najdobro za pokojnicite, ama mislam da bi bilo pozelno da se kaze i nivnoto dosie. A za demonstraciite ??? Tie kazaa se, prvo za sozivotot, a posle i za ubistvata i mnogu drugi raboti. Chest na izuzetoci i sochustvo do semejstvata.
Кадавер, 02.03.2012 18:31:17
мене друго повеќе ме загрижува: сум бил 92,93 и 94 на одмор во Турција, а од 2006 одам во Албанија. Гледам дека и таму полека навлегува агресивна исламизација. Посебно можам да ги приметам промените во Албанија бидејќи често одам. Несе толку драстични, но ги има. Дали тука кумува и влијанието на агрресивните албанци од З.Македонија и Косово, или се реактивира потиснатиот( за време на Енвер Оџа) исламизам, незнам. Но н.пр.влавот каде летував го продаде комплексот апартмани во Валона на албанец муслиман, и се исели; можеби не многу далеку, во Химаре или Саранда, но можеби и во Грција...едино што ме утешува е дека албанците муслимани од Албанија се многу покултурни и подисциплинирани од нашите, сепак има таму силна држава и полиција, на која не и се врзани рацете.
Petar, 02.03.2012 18:55:48
Абе зошто скокате. Пе невини биле убиените. Самоодбрана е само ако те нападнет 10 на еден (обично во таков сооднос храбрите ни браќа и напаѓаат). Четири на еден не е самоодбрана ?!?! И убо викат Ерол, требело во Гостивар и Македонци да протестираат. И самите да си ги кршат стаклата од дуќаните. Поддршка за Јаким Трифуновски. Ајде нека извади жиро сметка, да уплатиме средства за да може да се издржува неговото семејство.
Saso, 02.03.2012 19:21:39
Почитуван Г-дине Ризаов, досега воглавно се сложував со Вашите колумни но денешнава каде велите двајца ненаоружани биле убиени, зошто не кажавте и зошто тие двајца и уште двајца го нападнале полицаецот и неговата ќерка, извинете ама без разлика кој и да е да ме нападне а уште повеќе и ако до мене има мое дете нема да ми е грижа дали е македонец, турчин, албанец, влав или србин, ќе се одбранам на секој можен начин вклучувајки го и она што го направи полицаецот повторувам било кој и да ме нападне не мешаме политика ниту етничка припадност.
EU, 02.03.2012 19:39:21
Citajki gi komentarite, cest na malubrojnite isklucoci, ispolneti so omraza, sovinizam,navredi po nacionalna i verska oosnova ,i, bez elementarno custvo za pravda i covecnost , veruvam deka samo cudo moze da ja izvlece Makedonija od kalta vo koja se poveke se zadusuva. Nadvor e od umot nekoj da moze da opravda gubenje na dva mladi zivoti za parking mesto.
Vesso, 02.03.2012 19:52:00
Za razlika od tekstopisecot Erol,ne znam tocno sto se slucilo.Moze policaecot bil sosem lud i pukal tek taka.Ta neli e obvinuvan i porano.Ova po Erol.No sto ako e sosem poinaku.Vo SAD kojznae kolku pati policajcite pukale i ubile luge koi samo si brknale vo geb ili i po predupreduvanje,trgnale kon policaecot.Osobeno toa im se slucuva na luge so potemen ten.Vo SAD sekoj moze da puka ako mu e zagrozeno semejstvoto i imotot.Ama nie makedoncite sme prokleti nacisti ,gi desetkuvame albancite i drugite muslimani.Pa i ne sakame da se otkazeme deka sme Makedonci od Makedonija.Erole,stvarno sme gadovi nie makedoncite.Neli?
issa, 02.03.2012 22:00:16
--citam i is mislam(komentarite)..sto im e na ovie ludje komentirat no ne znat zoosto ja branat samo ednata strana.ova ili ona eden realen drug ........ a nekoj ne kazuva nesto shto ke mu lici .dojdov do toa da go kazam ona /GOSPODE PROSTI IM NE ZNAT STO CINAT da deteto bilo prisatno se spremal za na skollo ko i site deca ...pokojnite dvajca so kollata drugiot komshija odel od pazar i nikoj zhiv vo ulicata (se prasam kade bile drugite skrieni vo sudkata zgrada? mozhebi)koj gi izmisli..covekot doshol po dokumenti od svajcarija i nosel parai teskozarabotenni vo svajcarija na drzhavata da se potroshat tuka mozhebi vo ribniot restoran na ubiecot (taka go narekov so pravo bil policaec vo granicna policia da ne se zbunite mazdraca nosel pistol ima pravo! no....no.... sluzhbeno lice znae kako se upotrebuva pishtol i koga ! posebno koga se ubiva ili se puka da se ubiva.........se sramam od nedolicni komentari nedolicno odnesuvanje duri nikakvo...gospode tolku dole padna ludjeto.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Делумно облачно

Четврток
Локални грмотевици со дожд
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |