Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
01.03.2012, 18:37

Мислења

Чудна тишина

Гордан Георгиев

Ниту една партија нема ексклузивитет да ги менува улиците во Скопје без да ги праша граѓаните. Посебно не на крајот на мандатот

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

Чудна тишина се надвиснала над Македонија. Во секојдневната неподнослива политичко-медиумска врева ми се чини дека е најгласна тишината. Шест месеци од формирањето на старо-новата Влада, се чувствува огромен замор и немање на концепт за работа кај владејачката коалиција. Тоа се чувствува и од нивниот дефанзивен настап во парламентот, од немањето капацитет на мнозинството да поддржи барем едно законско решение на СДСМ кое е во прилог на подобрување на економската состојба на граѓаните.

Оваа анемичност и штедрост на власта се гледа и по ставовите на премиерот за клучните прашања околу перспективите на Република Македонија. Или сите биле против нас, или сите не' мразат, или бараме калимеро правда... па се' до последниот бисер дека пет или повеќе години немало Македонија да влезе во НАТО. Браво премиере, навистина им давате надеж на македонските граѓани. И затоа да не се чудиме што одеднаш ни се појавуваат теми кои служат единствено да го дефокусираат вниманието на граѓаните од вистинските теми.

Се отвора на голема врата „нова истрага и нови докази околу падот на ’кингерот‘“, па лустрацијата ќе се проширела и надградела, па фронтален напад кон градоначалниците на СДСМ со илјадници клевети и местенки. Во меѓувреме, масовно се менуваат имињата на улиците и булеварите.

Оваа последна иницијатива за рамковна, можеби и територијална, поделба на улиците и сокачињата на Скопје е неверојатно погрешна. Повторно на мала врата, како ноќни крадци, владејачките партии си се договориле нешто. Се договориле да им ги украдат имињата на улиците на граѓаните на главниот град, да ги обезличат улиците, да ги обезличат граѓаните, да ја избришат меморијата, да создадат нова историја, нов Македонец, нов идентитет. Да се пазарат за идентитетот.

Овие иницијативи претходно започнаа во Велес и во Битола, со јасна тенденција да се избрише еден битен, можеби најбитен елемент од македонскиот национален идентитет: историското значење на НОБ. Партизаните, борците, осамостоју��ањето на македонската држава, Охридската архиепископија, кодифицирањето на македонскиот јазик. Се' во пакет да го однесе виорот со само една одлука на Советот на градот Скопје.

Тврдам дека мнозинството од граѓаните на Скопје се против промената на имињата на улиците и тоа не само поради дополнителните трошоци што ќе ги има секој од нас, туку и поради нашата емотивна поврзаност со некоја улица, булевар, сокаче, плоштад. Поради нас самите, поради нашето минато, нашата биографија, нашиот личен идентитет.

Ниту една политичка опција која добила четиригодишен мандат нема ексклузивитет на ваква иницијатива без да ги праша граѓаните. Посебно не на крајот на мандатот. Груевски секојдневно се повикува на волјата на граѓаните и референдуми. Еве му ја можноста, нека се провери и себе и волјата на граѓаните на Скопје. Затоа, градоначалникот Коце Трајановски треба или веднаш да ја повлече оваа иницијативата или Градот Скопје нека распише референдум на кој скопјани ќе имаат можност да го кажат своето мислење. Ниту една политичка опција која добила четиригодишен мандат нема ексклузивитет на ваква ин��цијатива, без да ги праша граѓаните. Посебно не на крајот на мандатот.

Ваквите неразумни апансас иницијативи дополнително покажуваат дека владејачкото мнозинство е во тотален хаос, дека ДПМНЕ веќе нема капацитет да ги затвори или контролира напластените проблеми кои самите ги отворија. Овој хаос што го произведуваат, покрај тоа што прави секојдневни краткорочни и долгорочни штети за македонските граѓани, упатува и на уште еден заклучок: дека ДПМНЕ полека, но сигурно се подготвува за во опозиција. Можеби звучи прерано или премногу чудно да се констатира вакво нешто на само седум месеци од формирањето на новата влада, но доколку се направи мала анализа на крупните стратегиски предизвици кои натежнале над сегашната Влада, логично е да се заклучи дека многу брзо владеењето ќе им стане неподносливо. Се разбира, поединци, секако, ќе го искористат овој момент да раскрчмат повеќе од парите на граѓаните. Тоа е тажната приказна на ДПМНЕ, така беше и последната година од владеењето на Љупчо Георгиевски, така ќе биде и овој пат.

Се' си мислам дека сите прозивки кон опозицијата ќе и' се вратат како бумеранг на власта. А денот, верувајте, ќе дојде кога етикетите за „безидејност“, „криминал“, „приватизација“, „предавници“, „с’скачи“ итн. ќе станат заштитен знак на сегашнава влада. Чудно како историјата на ДПМНЕ циклично се повторува.

ДУИ заслужуваат едвај еден пасус. Оваа партија покажува невидена неспособност и ситногранапџиска логика глумејќи последен вагон во расипаната локомотива на чело со Груевски. Албанската партија на власт едноставно нема ниту политика, ниту платформа, ниту една идеја како да се справи со проблемите што ги имаат граѓаните на Македонија. Оваа левичарска „социјалдемократска“ партија која речиси никогаш не била во опозиција нема понудено ниту решено ниту еден економски, социјален или политички проблем. Единствената агенда со која ги мамеа своите гласачи (НАТО/ЕУ) ќе се скрши како кристален лустер во мај оваа година, а министрите за одбрана и за евроинтеграции, секако, ќе одат курбан. Од друга страна, политиката кон Албанците, или нивната „кауза“, ја доведоа до таков апсурд да имаме ситуација во која речиси 90 отсто од етничките Албанци во Македонија имаат негативно мислење за Никола Груевски, постариот брат на Али Ахмети.

Хм, чудна некоја тишина. Ќе бидеме внимателни децата да не се „преиграат“. Знам дека и нашите пријатели однадвор се многу внимателни.

(Авторот е пратеник и потпретседател на СДСМ)

Наш став

Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде моќен и влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат некои од нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на друга политичка личност или личност од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.




Статијата е прочитана 3118 пати.

Испрати коментар



Разум место раздор
Убивам за ништо Гринго
Благодарам, aмбасадорe Волерс
Фудбалски нокаут



jovan, 02.03.2012 00:36:59
Ovaa cudna tisina e nesto kako ona, koga velime, zanemev od vcudonevidenost. Nas poleka zabludite pocnuvaat da ne udiraat po nos, pa zatoa doprva ke se cudime i toa vo tisina. Nema da znaeme sto da kazeme. Iako veke podolg period jasno bese kade odime i sto ne ceka.
bitolcanec, 02.03.2012 00:40:26
Promenata na iminjata na ulicite e cin za brisenje na edeno svetlo minato, period vo koj se ustanovi drzavnosta na R.Makedonija, se izgradija kapitalnite objekti (ulici, avtopati, mostovi, bolnici, ucilista, REK Bitola....). Da se zastani na patot na vlasta da se vmroizira opsestvoto. STOP za brutalnoto brisenje na kulturata, tradicijata i istorijata na gradovite!
Но, 02.03.2012 01:01:52
Но комент мај френд. За секоја изјава треба да се има и политичка тежина, што за некои луѓе претставува мислена именка.
USA, 02.03.2012 01:24:03
Добро!!!! Кажа зошто се тие полоши. Сега кажи зошто сте ВИЕ подобри, па може и ќе ве гласаме. Калимеро референц��та се спомнува во 4-5та колумна или напис. Оркестрирано или??? Од кој центар???
nacional-patriot, 02.03.2012 05:58:42
Gordan Namestaljka Georgiev tolku e nestrpliv,sto kako da pocnuva da halucinira.Saka da veruva deka vlasta se sprema za opozicija,no ima eden golem problem za nego.Mnozinstvoto od narodot ne saka SDSM da se vrati na vlast,zatoa sto ke ja obezlicat drzvata,ke go obezlicat Makedonecot,ke ja federaliziraat Makedonija...Za iminjata na ulicite srce go boli i sakas mislenje od narodot,sto e vo red.No za imeto na drzavata uvo te zabole i do skoro ne sakavte da go pocituvata mislenjeto na narodot,a mozebi i se vrativte na stavot da ne go fermate mislenjeto na narodot.Nekoi komentatori se slobodni i ne se vo partiskite kandzi.Megju niv sum i jas,a nekoi komunjarski komentatori koi prozivaat za partiska pripadnost,tokmu tie se so zarobeni umovi.Onoj jovan(so mala bukva)izgleda ne e od partija no e so mal defetisticki um.Toj smeta deka brojot na muslimanite se zgolemil vo Makedonija.Poisot ne gi popisuvase onie sto ja napustile drzvata pred povekje od godina i zatoa muslimanite se namaleni.
Ратко, 02.03.2012 08:52:58
Ние во Кавадарци имаме центар на градот кој се вика Маршал Тито, улици кои уште си ги носат имиеата на ЈНА, Едвард Кардељ, Иво Лола Рибар, Вељко Влаховиќ, Бошко Буха, Сутјеска, Неретва и сите офанзиви, дивизии, секретари и Скоевци, а нашиот градоначалник и советот на град Кавадарци мува не ги лазе.
od balkanski, 02.03.2012 09:29:43
GORDANE zaboravas koj ja prodade Makedonija kolku opstini prodadovte a sega vi smetaat promenite na ulicite,Jovane da ne imas amnezija ili taka ti odgovara
doobjasnuvanje, 02.03.2012 10:09:31
Mojot komentar e deka anglicanite imaat ustav i zakoni od viktorijansko doba. Darvin ja izmisli evolucijata a taa uci toa sto e dobro treba da se neguva i cuva,a toa e tradicijata.
Mudrec, 02.03.2012 10:30:52
I jas sum protiv imenuvanje na ulicite. Sepak, licemerno e SDS da zbori za otstapkite kon albancite, isti go..a (ako ne i pogolemi) te so VMRO po toa prasanje. A krajot posebno me isprovocira. Do koga ke chekate pomos od nadvor? Izgleda samo toa vi ostana, znaete deka ne ste omileni megju narodot.
od citatel, 02.03.2012 13:50:26
aftoro e pismen razbran sto vo vamarovcite tova go nema i zato na nekoi my smeta gordane sedete vo opozicija zato tesko so ova drzava dase izlezi na nekoj kraj nasata ybava drzava makedonia e -50 stepeni kako godinasnava zima nikogas bas nikogs nema da bide drzava nikoi poveke nema da e napraj dase zevee normalno vo nea zalosno
регенерација на умот, 02.03.2012 16:36:38
Повторувањето громогласно на фуснотите што ни ги дале пријателитена дар.Ставањето на тацна,пред нас,на сето цензурираноод минастото.Нашата светост,нашиот манифест,за кој ќе се жртвуваме ако треба,како нашите предци,кои гинеле заради негацијата на истиве.Тоа ли е нашата иднинДУИ заслужуваат едвај еден пасусИнтересно.Значи ли дека при нееквиваленцијата при трансформацијава на умот,виновен е само еден,заслугата исто така на еден?Ќе дозволуваме ли и понатаму некои да не навистина преигруваат.Толку ли станавме неук во дешифрирањето на морзеовите пораки.
Tamara, 02.03.2012 18:36:14
Bice rata, kazu svi! Samo ne znam koj so kogo i protiv kogo. Makedonci protiv albanci, hristijani protiv muslimani, antichki protiv slovenski makedonci, patrioti protiv predavnici, vnatresni protiv nadvoreshni ili sekoj protiv sekogo, pa kud puklo da puklo. Pozdrav!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 11°C, Мин: -1°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 11°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |