02.03.2012, 17:56 Едиторијал
Точка на Хаг
Слободанка Јовановска
Баравте, гледајте - е поентата од првата билатерална средба на нашиот премиер Никола Груевски со грчкиот премиер Лукас Пападимос. Иако очекувањата на двете страни беа мали, тие сепак се сретнаа, се ракуваа, се запознаа и се договорија пак да се сретнат и да продолжат да преговараат. Двајцата во исти бои на костими, кошули и вратоврски, и двајцата видени како политичари технократи во своите земји, и двајцата во ситуација кога ужасно им гори под нозе. И двајцата немаа проблем да ја одиграат улогата што се очекуваше од нив.
За разлика од средбите со екс премиерот на Грција Јоргос Папандреу, овојпат барем немаше претходни хипотеки, па не можеше да има ни меѓусебни сопки. Главната вест е дека средбата отвора шанса за нов почеток во преговорите и за ново градење на доверба меѓу лидерите, но реално таа е и почеток на крајот на едно поглавје во кое верувавме дека Грција е многу слаба и раштимана и дека тоа ќе биде добар изговор за Македонија да бара други решенија надвор од преговорите во ОН.Премиерот Никола Груевски во Брисел практично си потпиша пораз зад Хашката пресуда, иако реално до самитот во Чикаго од тој политички и правен аргумент со сигурност нема да се откаже. Без оглед што тој ја иницираше средбата и што ќе ја користи како потврда дека е конструктивен и бара решение, неговата позиција како македонски преговарач беше послаба од досега, бидејќи тоа што требаше да ни биде успех последниве недели се претвори во најсилно оружје против нас самите.
По изјавите на генерал Андерс Фог Расмусен и на амбасадорот Пол Волерс, дека никој нема да застане зад Хашката одлука во Чикаго и дека Македонија не може да се надева на прием под БЈРМ туку само ако го реши спорот за името, на Пападимос му е кристално јасно дека ја завршил работата околу самитот на НАТО. Дека колку повеќе нашиот државен врв се труди да најде сојузници за правната разврска на спорот, толку повеќе добива цврсти пораки дека така не ќе може. Па, ако и во Чикаго се повтори заклучокот од претходните самити, а според Расмусен и Волерс тоа ќе се случи, Македонија натаму ќе треба да ја води битката не против еден, туку против четири Букурешти.
Неколку други елементи првата средба на Груевски со Пападимос ја направија исто така политички истрошена и пред да се случи. Пред се' тоа е фактот дека никој во Грција не знае до кога политички ќе трае Пападимос и дали во прашање се недели, месеци или години. Никој во Грција исто така не може да предвиди каде ќе се пресели вистинската политичка моќ и кога, со оглед на тоа дека за две недели ПАСОК ќе избира нов лидер, а од надвор има силни притисоци главните партии да соработуваат и во новиот кабинет. Ниту државниот врв во Грција, ниту нашиот не веруваат исто така дека има услови за преговори за името, и што е најважно никој не може да прогнозира кога воопшто ќе ги има, бидејќи Атина има други проблеми, а нашата влада има други концепти за излез од блокадата, барем до самитот во Чикаго.
Иако никој не очекуваше дека спор што не можеше да се реши речиси дваесет години ќе се помрдне со една средба, целта ќе беше задоволена ако таа најавеше барем нов тренд во односите меѓу двете држави и нов пристап кон спорот што ја гуши Македонија.Тоа што Пападимос и Груевски успеаја да договорат ист текст во соопштенијата од пет реда и што не си лепеа квалификации пред и по средбата е новиот квалитет во овие билатерални средби. Но, за волја на вистината така почнаа и разговорите со Папандреу, во кој кај нас се полагаа многу политички надежи, а завршија со најостри меѓусебни обвинувања. |
|
Статијата е прочитана 1349 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 03.03.2012 00:37:34 | Zavrsnicite na vakvite razgovori/pregovori, dsredbi, veke preogaat vo dosada. |
| od Avstralija, 03.03.2012 09:04:51 | Hag beshe populizm i toshene na pari pa rezultat 0 !So antikvizacija i gruivizcija se odi koj deformacija !Taka |
| Dime, 03.03.2012 09:22:50 | 20 god. se vrtime vo krug.A politicarite: Klati vrata, zemaj plata!, vo Brisel pojdi, so prazni race doma dojdi. 20 god. rezultat nula!. |
| od ostrijot, 03.03.2012 09:41:03 | ako ne drugo barem se slika a i toa e nesto. |
| Ајван Доктор®, 03.03.2012 10:37:28 | Навистина интересна средба!Две исти одела,две вратоврски,и двајцата видени како технократи,и на двајцата им гори под нозете...Само едниот доаѓа навреме,другиот постојано доцни!Едниот дипломиран физичар во Масачусетскиот технолошки институт,магистер на електротехнички науки и доктор по економија (уште од 1978),другиот едвај завршил на факултетот во Прилеп,а магистрираше откако стана пwемиеw!Првиот во Голдман-Сакс и неколку други светски банки,член на Академијата во Атина,член на Трилатерална комисија,визитинг професор на Харвард,вториов министер на финансии и пwетседатеу на ВМWО!Првиот со неколку издадени дела на теми од макроекономијата,функционирање на финансискиот пазар,монетарна анализа и политика,теорија на хаосот,финансиската стабилност и нестабилност на економската политика во ЕУ,вториов едвај писмен - со флаер!Првиот премиер на „пропадната“и „банкротирана“држава,вториот некwунисан кwау на „најпросперитетната“и на „економскиот џин“во светот - Кралството на Мизеријата! |
| Makedonec, 03.03.2012 10:57:53 | G-go Jovanovska ili koja i da si...Ako si spremna da si go smenis imeto i idendtitetot odma da si se otkazes od drzavava odi kaj sakas i pravi sto sakas. Ostavete go veke ovoj narod na raat da zivee!!!! SRAMOTA |
| До ајванот доктор, 03.03.2012 20:29:33 | Да го испратевме и Бред Пит или Ајнштајн на средба со Пападимос, мислиш грците ќе попуштеа? Кралството на мизеријата во Македонија го направи твојот крал на криминалната приватизација, кога го погреба целото македонско стопанство, а сега заедно со грците сака да не избрише од постоење. Уште ли не разбирате, ситни души - не ни треба ни НАТО, ни ЕУ, ни држава, кога нема да постоиме како народ. |
| deko, 03.03.2012 21:57:57 | Od kaj iskacaat site ovie kolumnisti se edno te isto,nie sme krivi sto ne sme go smenile imeto,identitetot itn.a drugata strana kolku e fina,kulturna i ni nudi samo ubavini a demek nie prostite ubavinite ne gi prifakame.Nekoi nasi novinari mi licat kako da se grcki noinari i beter od kade takva mizerija od luge.Demokratsko pravo e da pisuvate sto sakate no nemate pravo da ne ubeduvate da go smenime imeto itn.ako vas ne vi se dopaga kako se vikame zemete pasos i odete da ziveete vo GR ili bilo kade, nas ne ne ubeduvajte sto sme. Dosadni ste be luge ne davame nisto sto e nase rodeno pravo i nemame pravo da go dademe toa sto sme go nasledile.Aj odgovori mi na edno prasanje,kaj se desilo vo svetot eden narod sam da se otkaze od sebe,da se izbrise so moliv,kako nikogas da ne postoel.A ti toa uporno go baras. |
| Ljubotan Trade Name, 04.03.2012 06:20:52 | Jas potpolno se soglasuvam so komentarot na Dr, na Veterina- negov Asume Name,,Ajvan Dr,,. Pa, ubavo ni ja izrecitira biofrafijata na ovoj ,Grcki Kredabilitet, i e, Pogolem od Celiot Balkan! Toj,Grkot- navistina ima Rogovi - so Priateli. Samo negovata Biogravija kazuva kakvi poznastva i uticai ima! A ,ovoj drugiot -makedonski Sut,sto mu odgovara na Dr po vetierina, se brani so SDSM. Pa, SDMS e Istorija. A ovie vo Skoppje;Betonski monumenti ,Glavi, Heroji,Konji,Lavovi,Konjanici i bakarni tvorestva cii se.Pa,zarem i ovie se na SDSM??????? |
| Marioec od Azija, 04.03.2012 08:14:02 | Mozebi Grijo e nepismen kako sto tvrdi doktoro,jas neznam i ne se zanimavam so toa,ama posto nego go izbral narodo a ne DR mr,toj ce se srecava so kolegite negovi.A Dr sto ne uspeja da js zavrsi rabotata porano koga bese na vlast nego go ostavi Grujo da resava,pa sega necinit,tolku znait.I pokraj kufer so pari,Roleksi,artefakti i dr povolnosti sto mu gi nudese na Kirca ne uspea da go smeni imeto pa sega vo ovaa vreme negledam kako ce uspee Grujo da go napraj istoto bez da go prasa narodo,ili toa se resava so tel povik,alo pustete go Ramce i odblokirajte mu ja smetkata ko sto barase eden bivs Pretsedatel.Dr dajte ni predlog da videme mozebi ce go prifati narodo. |
| Лисав, 04.03.2012 08:31:00 | Кога го читам Ајван Доктор се ми е јасно . Се чудам на овие другиве типови кои убаво се сместиле и цицаат ли цицаат , па секоја промена е за нив ново лигушење. Абе останавме без НАРОД. Какво име какво презиме ,а идентитетот и да сакаме не можеме да го смениме . Со што ке го смениме? Со барокните фасади или со спомениците. Абе економија гледајте ,ама кога само се гледа за својот интерес е.еш држава , е..еш право и ПАТРИОТИЗАМ. Сега му е времето . Додека си некој и нешто ( за мивките и подпросечните тое копуците што во школо беа единичари) направи богатство да има да трошат и внуците. И после држава ке сме правеле,абе ајде ти се молам. |
| do ajvandoktor, 04.03.2012 09:31:50 | A be prijatele narodecov nas ne moze da te razbere,dzaba ti e trudot. |
| mitko/doktor, 04.03.2012 11:36:25 | ovoj ajvan doktorot e vistinski ajvan |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Претежно облачно
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C
|
Среда
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
|