Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
05.03.2012, 17:20

Бучно го донесоа, а тајно го изнесоа

Методи Смиленски беше донесен со многу помпа, а мистериозно протеран од земјава во Австрија

Љубиша Станковиќ



Сопственикот на „Експорт-импорт банка“, Методи Смилески, од пред три дена е на слобода. Како дојде до тоа Смиленски да го напушти затворот и со авион да замине за Австрија, засега никој официјално не соопштува. Но, како што стојат работите, тврдењата на дел од неговиот адвокатски тим дека Смиленски се држи зад решетки спротивно на законот, се покажаа како точни.

Она што зачудува во случајот на Смиленски не е само неговото експресно и инкогнито излегување од затвор, но и од државава, туку и начинот на кој е изведено тоа. Како што неофицијално се дознава, за чинот на ослободувањето на Методи Смиленски, наводно, знаел само близок член на неговото потесно семејство. Според истите неофицијални сознанија, на излегувањето на Смиленски од затвор присуствувал неговиот син, а потоа двајцата заедно го фатиле првиот утрински авион за Белград, а оттаму заминале за Австрија, чиј државјанин е поранешниот сопственик на 40-ина македонски компании.

„Не можам да кажам ништо повеќе за заминувањето на Смиленски од државава. За неговото заминување во деновите од викендот бев известен од негов близок роднина. Малку сум изненаден од начинот на кој Смиленски е протеран од државава, но зачуден од фактот што јас како еден од неговите бранители не сум известен за неговото ослободување“, вели скопскиот адвокат Серјожа Марков, од Адвокатската канцеларија „Чукиќ-Марков“.

За бранителите на Смиленски претставува изненадување молкот на државните институции, кои пред нешто помалку од пет години со многу помпа го реализираа неговото спроведување во затворот во „Шутка“. По цела една година мината во притвор во Србија, екстрадицијата на Методи Смиленски се случи на граничниот премин „Табановце“, а оттаму конвој од полициски џипови и други службени возила се упатија кон затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

„Веројатно јавноста ќе се присети на моите зборови во случајот на Велија Рамковски, односно кога и во завршен збор го споменав случајот на Методи Смиленски и неговото држење во притвор. Сега кога тој е надвор од државава можам да кажам дека за неговото заминување бев известен вчера, и тоа од член на неговото семејство“, вели адвокатот Донче Наков.

Како се случи Методи Смиленски да биде протеран од државава, вчера побаравме мислење и од Управата за извршување санкции. Оттаму ни беше кажано дека директорката Лидија Гавриловска е зафатена со состаноци и дека треба да се надеваме дека во првата можна пригода Министерството за правда ќе каже нешто повеќе за овој случај.

Официјален одговор вчера не дојде ниту од скопскиот Кривичен суд, каде што се водеше еден од најголемите судски процеси насочени против Методи Смиленски. Станува збор за случајот со откуп на обврзници од Лондонскиот клуб, односно за откуп на државен долг преку негова фирма и неговата „Експорт-импорт банка“.

За овој случај скопскиот Кривичен суд, во февруари 2008 година, најде вина кај Смиленски и ексгувернерот Љубе Трпески и им изрече затворска казна во траење од по 4,5 години. Со истата пресуда тие беа задолжени да и' вратат на државата 22 милиони долари, иако Обвинителството сметаше дека висината на направената штета е 41 милион долари.

На овој се' уште незавршен судски процес, во првиот обид, во својство на сведоци се јавија и неколкумина поранешни министри за финансии, Љупчо Георгиевски и премиерот Никола Груевски.

На повторениот судски процес, кој се водеше за случаите со фирмите „Снитекс“ и „Картонтекс“, некаде кон средината на јули 2008 година, светиниколскиот Основен суд, поради застареност, му изрече ослободителна пресуда на Смиленски. Тој беше обвинет дека со фалсификувани документи го префрлил имотот на „Картонтекс“ на неговата „Индустрипластик“ со седиште во Виена, а дека од сметката на „Снитекс“ биле пренесени два милиона евра на неговата компанија „Макотрејд“.

Само една година порано светиниколскиот суд за истото дело на Смиленски му изрече затворска казна во траење од една година, но токму на барање на овој суд и дојде до негова екстрадиција и притворање. Финале на случајот со Методи Смиленски беше формирање на судски предмет во кој тој беше обвинет со Ванчо Пеловски, ексдиректор на Бирото за стоковни резерви, за наводни малверзации.


Статијата е прочитана 4229 пати.

Испрати коментар



Мистериозна смрт на девојка во битолско Древеник



bb, 06.03.2012 07:39:27
cudna e ovaa nasa zemja makedonija
zrak, 06.03.2012 08:27:30
ne razbiram kako ovie arami sekogas izleguvaat nevini ili delata mu se zastareni,izgleda ni nema spas od organiziraniot kriminal;politicariaramiisudii;
NG, 06.03.2012 08:38:45
Долна работа
Sveti NIkole, 06.03.2012 09:49:11
Gruevski se obiduva samo minimalno da gi prikrie glupostite sto gi pravese so spektakularnite apsenja, celta bese sto podolgo na vlast da se odrzi. Definitivno na detskata grsdinka(sto bi rekol Todor Petrov segasen vraboten vo opstina Gazi Baba) i se blizi eden mnogu los kraj, so nesogledivi posledici.
bezanec, 06.03.2012 10:10:45
На тие патот е лизгав,ќе се откријат соучесниците.
odgovor, 06.03.2012 11:17:22
Toj ne e proteran tuku debelo nagraden.
od prilepcanec, 06.03.2012 12:07:15
sega uste i osteta cemu platat
snajper, 06.03.2012 12:20:03
haha proteran, pa nemozevte drugo zborce da smislite..? osloboden i pusten da odi nazad kade sto se kriel.. se prekrsuva zakonot vo Makedonija na naj mafijaski udbaski nacin.. se potvrduva kako funkcionira koalicijata sdsm-dpmne.. vas narodot nema da ve oslobodi, nitu eden udbas i predavnik na celo so branko i grujo
Jug, 06.03.2012 12:58:48
Sakame Nato? Sakame EU ? Znaete koj e kriv za se neli ! ( GR ) EEE ke sonuvame a i na son nema da ni dojde . Tuka kontinuirano vo MK 20 godini na angro se krade. Djabe opozicijata go narekuva GRUJO diktator i on izgleda e nemoken da go iskoreni grabalizmot vo zalnata Makedonija. Pocnuvam da se plasam samo od edno mozno scenario sto e se poverojatno deka ke se sluci. Za zal pametot gi napustil site sto se vo politikata .

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Слаби снежни врнежи

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: 1°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |