Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
02.03.2012, 17:54

Анализа

Петта брзина

Радмила Шекеринска

Со големо задоволство ги примив добрите вести за нашите соседи. Со голема доза тага и разочараност се потсетувам дека и на овој Европски совет пак бевме премолчени. На нашите ној-полковници одамна нема кој да им пише

„Компромис е колачот да го поделите така што секој ќе мисли дека го добил поголемиот дел“

Ниту една трка не се добива без добар финиш. Еве како (според најтиражниот белградски дневен весник) изгледаа фуриозните десет дена по кои Србија веќе никогаш нема да биде иста.

Среда, 15 февруари – Извори блиски на француското Министерство за надворешни работи најавуваат писмо до сите членки на Европската унија во кое ќе се заложат да се одржи ритамот на европското проширување и на Србија да и' се додели статусот на земја-кандидат. Потврдуваат дека писмото го работат заедно со Австрија.

Четврток, 16 февруари – Од Европскиот совет, конечно, стигнува потврда дека во вторник е закажана долгоочекуваната нова рунда преговори помеѓу Белград и Приштина.

Петок, 17 февруари – Американската државна секретарка, Хилари Клинтон, и високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, на заедничка прес-конференција во Стејт департментот изјавуваат дека силно го поддржуваат дијалогот Белград-Приштина и истакнуваат дека иднината на Србија и Косово е во Европската унија.

Во исто време, во Белград пристигна заменикот на Хилари, Вилијам Брнс, кој порача дека САД силно ја поддржува кандидатурата на Србија за членство во ЕУ и дека таа цел на Белград му е на „дофат на раце“.

Сабота, 18 февруари – Брнс доаѓа во Приштина. Инсистира колку е важно да се постигне договор околу регионалното претставување, кое ќе биде најважна точка на состанокот во вторник.

Недела, 19 февруари – Додека Белград и меѓународната заедница се на иста линија, Приштина и понатаму е сомничава. За возврат бара опиплива потврда за сопствениот напредок кон ЕУ. Белградскиот тим најавува свое доаѓање во Брисел, но Приштина се' уште не се изјаснува. Европскиот совет потврдува дека на состанокот ги очекуваат обете страни и додава дека ќе знаат да ги ценат вложените напори од обете страни.

Понеделник, 20 февруари – Европејците го започнуваат финишот на дипломатската офанзива. Кетрин Ештон, заедно со министрите за надворешни работи на Шведска и на Велика Британија, бара од премиерот на Косово да направи отстапки, кои ќе ја олеснат европската иднина на неговата држава.

Вторник, 21 февруари – Неизвесноста расте. Спротивно на најавите, деветтата рунда разговори, сепак, не започнува во предвиденото време. Делегацијата од Приштина цел ден не пристигнува официјално поради „доцнење на авионот“. Шефот на српската делегација претпоставува дека станува збор за „важни дополнителни консултации“.

Среда, 22 февруари – Тимовите се во Брисел и рундата започнува. Европски извори велат дека почетокот не бил напнат, дека атмосферата е позитивна, но дека претстои многу работа.

Истовремено, Франција и Австрија, на кои во меѓувреме им се придружи и Италија, го испраќаат писмото за поддршка. Министрите заклучуваат дека Србија ги исполни поставените услови. „Треба да ги испочитуваме нашите ветувања од декември, да оддадеме признание на зголемените напори и посветеност на Србија и да и' го одобриме статусот на кандидат“, стои во писмото упатено и до Ештон.

Четврток, 23 февруари – Вториот ден од дијалогот поминува без договор. Од канцеларијата на Роберт Купер се слуша дека „долго се разговара за иста работа“. Српскиот преговарач истакнува дека ставот на Приштина е „непроменет, тврд, неконструктивен и негативен“.

Попладнето во Белград, ненајавен, пристигнува министерот за надворешни работи на Германија, Гидо Вестервеле. Неговата изјава за многумина претставува изненадување по студениот туш кој Меркел му го приреди на Тадиќ во Берлин. Вестервеле со нов тон - порачува дека во Белград е од две причини: да и' оддаде признание на Србија за сето она што го направи досега и истовремено да упати гест на охрабрување за последните метри кои се пред неа.

Петок, 24 февруари – Конечно, договор. Српскиот тим вели дека договорот значи асиметрично претставување на Косово на регионалните средби. Косовскиот, пак, дека конечно ќе настапуваат самостојно, а дека фуснотата со време „ќе се стопи како снегулка“. Ама, договор има – дури и кога се чита различно.

Речиси истовремено, шефовите на дипломатија на Чешка, Унгарија, Бугарија и на Словачка се обраќаат до Ештон и до комесарот Филе, барајќи на Србија да и' се додели кандидатски статус поради остварените меѓународни обврски...

Ова беа десетте дена во кои се „кршеше“ иднината на Србија. Како што спомена еден српски дописник од Брисел, во финишот „се вклучивме во петта брзина“ и се стигна до посакуваната цел.

Нејзините политичари знаеја дека Денот Д за нивната земја не е 27 февруари (кога заседаваа ЕУ-министрите за надворешни) ниту 1 март (кога одлуката во свои раце ја презедоа премиерите). Знаеја дека деновите на одлука се една недела претходно – кога Белград и Приштина седнаа на маса, свесни дека мора да се договорат.

Српските лидери знаеја дека одлуката ја потпишуваат Европејците, но дека таа мора да ја напишат Балканците. И ја напишаа. Го пресекоа Гордиевиот јазол. Знаејќи дека не е последниот, но дека од некаде мора да се почне. Различни им беа почетните позиции. Драматично различни. На прв поглед беше невозможно да се најде компромис со кој ќе живеат и двете страни. Но, го најдоа.

Се' останато беше фолклор. И дилемата дали фуснотата е „напишана на камен“ или ќе испадне „снегулка“. И фалбите и критиките во Белград и во Приштина. И тешките зборови со кои бомбардираат радикалите од двете страни на границата.

Се сеќавам колку големо беше разочарувањето во Белград минатиот декември кога пропаднаа нивните надежи за кандидатски статус. Пораката од Берлин беше безмилосна – без договор со Приштина нема да направите ни чекор понапред. Разочарувањето личеше на нашето кое трае веќе шест години.

Ситуацијата беше слична, но лидерите различни. Наместо да „плачат“, во Белград решија да дејствуваат. Не ја веднеа главата, ги бранеа сопствените интереси – но, оние најважните: државни, а не партиски. Водеа битки за рејтингот на државата, а не на лидерот. Како што рече еден од нив: „Не ја ставивме главата во песок и не се скаравме со сите оние што го држат клучот на решението“. Затоа, денес со право слават.

Историјата ќе напише дека во 2012 година првите луѓе во Белград и во Приштина избраа на своите народи да им понудат решенија наместо оправдувања. Да им понудат нови шанси наместо стари кавги. Да им понудат модерна верзија на иднината наместо изветвена реприза на минатото.

Србија го доби кандидатскиот статус, а Приштина место на регионалната маса и физибилити студија од Европската комисија за идна Спогодба за стабилизација и асоцијација.

Со голема доза на задоволство ги примив добрите вести за нашите соседи. Со голема доза на тага и разочараност се потсетувам дека и на овој Европски совет повторно бевме премолчени. На нашите ној-полковници одамна нема кој да им пише. Сите ние сме нивна колатерална штета.

(Авторката е пратеничка и членка на СДСМ)


Статијата е прочитана 2175 пати.

Испрати коментар



Точка на Хаг
Суштината на Путин
Ќе биде ли забранета опозицијата?
Клопчето „Телеком“
Урбанизација на охридски начин



Vo Evropa se ceni silata, a ne placenjeto i spustanjeto gaci, 03.03.2012 00:27:16
Secerinsks, Evropa i Vasington gi ceni onie koi imaat muda da kazat i ne, koi se silni, koi ne se ligusi kako nas Makedoncite, koi se sakame nekoj drug za nas nesto da storiNa Balkanot silni se Srbite i Albancite i zatoa gi cenat vo EU i SAD.
jovan, 03.03.2012 00:55:37
Pred se da im cestitam na Srbite, iako skapo platija, no toa e veke druga tema. Mozeme i nie da ubacime vo peta, pa i vo sesta i da finisirame i slavime kako Srbite, no i nie i Srbite mozeme da ubacuvame vo koja sakame brzina za vakvi kratki finisiranja, no problemot e sto i nie i oni imame slab motor. Ne e se do menjacot i brzinite.
toso, 03.03.2012 03:50:40
Tokmu taka gospogjo Sekerinska,fusnotata ke se stopi so vreme, a i nasiot identitet ke ima fusnota pa so vreme ke bide svernomakedonci, severnomakedonski jazik i t.n.,a tokmu toa i go saka Grcija, da ne sme Makedonci. Dvete strani sednaa na masa na isto nivo, i dvete imaa interes da se dogovorat. Kaj nasiot problem ednata strana ama nema bas nikakov interes za dogovor, ama bas nisto ne gubi ako ne se dogovori. Ajde neka izkeze Grcija od EU i neka ja uslovat za povtorniot vlez samo ako se dogovori soMakedonija. E pa togas ke nema Erga Omnes. Arno ama Vie toa gospogja Sekerinska ne go razbirate.
USA, 03.03.2012 05:31:48
Кој ќе победи на следните избори во Србија и ќе остане на власт долго време? Погодувате?
analiticar, 03.03.2012 06:35:46
zosto vie ne napravivte kompromis koga go menuvavte znameto,ustavot,tablickite na kolite,referencata i sto uste ne,napravivte tolku ostapki,kako i vo vladite,se mu davate na albancite a ne barate ni zakon da postovaat,bitno e da glasaat za vlada ta sds ta dpmne se edno zlo kriminalno za MAKEDONIJA.
P.Petar, 03.03.2012 07:13:16
Integraciite sekogas treba da se pozdraveni! No CENATA e isto tolku vazna!Zamislete scenario da morame da ja priznaeme Zap. Makedonija za samostalna so edna nevidliva fusnota. i da go smenime imeto zaradi priem vo EU i NATO??Razlikata e sto Kosovo i bese ODZEMENO na Srbija SO SILA! Zosto drugarkata Sekerinska nigde vo tekstot toa nasilstvo ne go ni spomenuva??Znaci ,sto bilo,bilo,istorijata da ja frlime vo kanalizacija ,i da se borime za nekoja kremenadla poveke bez cuvstvo na samopocituvanje??Mozebi i jas ne sum vo pravo bidejki zaradi reorijata sila boga ne moli dojde vreme da se crtaat novi geopoliticki karti!!
Bole, 03.03.2012 08:24:09
Draga damo, Vas nepravedno ve smenija navodno kako moralna odgovornost, a samite gazea po ist toj moral. Vie ste edinstvenata hrabra i nekorumpirana politicarka. Grujo i Branko ne upropastija. Ostanavme posledni na svetot. So niv, ne samo imeto tuku sigurno i drzavata ke ja zagubime. Videte shto moze da napravi eden Tadic za Srbite.
Patnik, 03.03.2012 08:43:15
Ma kakvi brzini?! Nie Vozime vo ler, za koga ke stigneme sred selo, da imame benzin da go turirame motorot sto poglasno, za selanite da ne vidat i cujat.
Леонид, 03.03.2012 08:45:20
Не гледам што е толку храбро да се направи нешто што од тебе го бараат големите сили, а не е согласно на твоите национални интереси? Тоа што ти го дефинираш како храброст и визионерство за мене е предавство и кукавичлук? И тоа се покажува во реалноста. И за рамковниот договор во чие што потпишување лично партиципиравте ни велевте дек е храбар чин, па денес добивме параспур држава и етнички чисти територии и населби. Чим вие за нешто викате дека е исправно, делувај спротивно нема да згрешиш.
Janakiev Nikola, 03.03.2012 10:03:40
Kole 3.3.2012god. Gosp.Sekerinska jas mislam nija pogresivme so privatizacijata i vo pocetoko imafme mrki politicari vo vladata,ne postavi zdravi granici,i napravi siromasni Makedonci.Ako nebese taka ke bevme so Slovenija zaedno.
Od sl 500, 03.03.2012 10:48:04
Gladna kokoska sonuva proso jas imam i sedma brzina ali ne ja upotrebuvam ................
Jordan, 03.03.2012 11:31:35
Zasto ne kazes kako bi vlegle vo eu i nato!So promena na imeto!Ne fala , blagodaram prijatno!Edno te isto zboruvas za da se promeni imeto!Procitana si vise i zatoa nema nikogas da se vratis na vlast!
sime, 03.03.2012 11:45:34
Rado te pocituvam i go cenam tvojot entuzijazam,da na Srbijja i dadoa sansa,i eden covek Tadic go zede siot tovar vrz sebe,no svesen e deka dolg e patot da se dostigne nivoto na zapadnite drzavi(sto vazi povece i za nas),vo sekoj slucaj da se nadevame.
девичанецот, 03.03.2012 13:06:46
Радмила! Не пребрзувај многу. Србија во преговорите ќе си ги брани своите интереси, државните интереси. Нема да се однесува како нашата опозиција. И предвидувам, дека тие преговори ќе траат многу долго, нешто по примерот на Турција. А знаеш ли колку време е Турција земја со кандидатски статус? Е дотогаш ЕУ ќе се распадне, оти незадоволството на земјите членки во ��нијата расте.
citatel, 03.03.2012 13:24:47
drugarke od sdsm ili kako i da e! toa sto gi sporeduvas problemite na belgrad i pristina ili hrvatska-slovenija kako nekoi tvoi pajdasi ne ti dolikuva na imeto sto si go nasledila od pradedovcite- MAKEDONKA. za belgrad i pristina toj dogovor i ne e dogovor nema nikogas da bide sproveden,odnapred e osuden na poraz.
Mark, 03.03.2012 15:54:42
G-gjo Sekerinska-site normalni lugje vo drzavava se za Evropskite vrednosti od koi edna od najbitnite e kompromisot! Tuku drugo me buni-sto VIE kako opozicija pravite? Do sega-almost nothing! Salonski debati, kolumna-dve, drn drn...Podmirisuva draga pratenicke deka Vasiot i Nivniot kako da si se razbiraat, neli?!?
Православен Македонец, 03.03.2012 20:42:16
Г-ѓо Шекеринска, оставете го Белград и Србија. Место да се радувате за нив, треба да се борите за Македонија. Уште ли не ви е јасно, вам од СДС, дека не ни треба ни ЕУ, ни НАТО, па ни држава, ако го прифатиме тоа што го бараат грците - да престанеме да постоиме како народ. Уште ли не ви е јасно дека било каква промена на нашето име ќе значи токму тоа - крај и за Македон��ја и Македонците. Тоа ли го сакате???
Ace, 03.03.2012 23:03:58
Најпрво искрени шеститки за Србија за добиениот кандидатски статус...Се прашувавме сите што е разумен компромис. Па еве го добивме одговорот директно од Белград. Како и да завртиш за да дојдеш до решение мора да седнеш и да преговараш. Малку јавно, уште повеќе тајно, ама само така можеш да дојдеш до решение. Е, и да, да создаваш пријатели кои навреме ќе ти јават дека спремаат писмо со кое добиваш награда. И да лобираш на сите страни...А тоа најдобро го покажа токму Г-ѓа Радмила во 2004 и 2005 година кога така го устрои СЕП и успеавме да добиеме кандидатски статус (допаѓало му се тоа некому или не, ама тоа е вистината). Зар и ние не направивме серија компромиси во интерес на државата, за да го задржиме ова парче самостојна македонска држава... Па тука ни е клучот, пред очи, и за проблемот со Грција. Само, треба некој својот личен рејтинг да го заложи во интерес на државните интереси. И да знае на преговарачката маса да избоксува што повеќе поволности.
Tale, 04.03.2012 00:13:48
Mozeme da se vrakame nazad i da naogame greski i propusti sto sigurno gi imase.No sepak, statijata e realna i predupreduvacka.Ako i ponatamu se cukame vo gradi, ocekuvajki propast na zapadna evropa, ke pomineme kako indijancite - bea vo pravo no zaginaa.A nie polega se iseluvame, zemame bugarsi pasosi a vo bliska idnina srpski i albanski....
bivshi struzanec, 04.03.2012 01:28:10
Bravo Mrs Secerinska.Fakt e mozes magare do na reka da go donesis ama so sila voda ne mozes da go napies. Takvi se komentarive od site partiski vojnici sto so tri rala naocari pet prsti pred oci ne mozat da vidat. Zalosno , gospod da vi pomozit na site zosto izgleda samo taa opcija vi ostana
bitlas, 04.03.2012 02:51:50
abe rado , rado (so mala bukva). Ne ja znaes razlikata ili taka se pravis. Koja od dvete strani vo sporot megju Srbija i Kosovo moze da nastapi od pozicija na sila ? Koja moze da i stavi veto i da ja zloupotrebi svojata polozba na zemja clenka na koja i da bilo meguunarodna institucija ? Pateticni ste. I na nas neopredelenite ne ni davate izbor veke. Sakale, nejkele se dodeka ja navreduvate intelegencijata na sopstveniot narod ke si sedite vo opozicija.
Димитар, 04.03.2012 10:36:15
Од лидери во регинот,и далеку понапред од Србија,денеска ние сме во друштво со БиХ и Косово.Неверојатен е фактот како оваа власт успеа сето она што беше сработено да го уништи.Благодарејќи на антиквизацијата,нивниот лажен патриотизам придонесоа да ги загубиме своите позиции, нашите пријатели и сојузници.Никој не им даде за право да ни ја крадат европската иднина!
citatel, 04.03.2012 11:53:35
Se dodeka mislime deka golem lider e toj sto gi tera negovite sledbenici da se ubivaat za golemite idei namesto toj da ja prevzeme odgovornosta i napravi izlez po pat na dogovor , kje stoime i mozeme samo da nazaduvame .Bidejki lider na drzava znaci toa: covek koj kje ja nosi odgovornosta za drzavata i nejziniot prosperitet i koj e spremen da bide prozvan ili kako heroj ili kako izdajnik(istorijata ke sudi)
cd, 04.03.2012 16:31:42
vo koja przina se dvizevte vie koga vo race gi nosevte defterite i ni obekafte evropa i nato vo rok od 6 meseci ???????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Делумно облачно

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Вторник
Ведро
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |