Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
04.03.2012, 15:35

Интервју: Груевски оправдано е песимист

Денко Малески, професор и поранешен шеф на дипломатијата

Љупчо Поповски


Знае ли нашава политичка елита како се води политиката на европско ниво (да не речеме светско). Понекогаш македонскиот политички вокабулар изгледа екстремно рудиментирано.

Вокабуларот е само одраз на умот. Ако оние кои ја водат надворешната политика на една држава не ја знаат нејзината азбука, погрешно ќе ја читаат меѓународната политика. Меѓународната политика не може да се чита без да се разбере анархичната структура на општеството на држави во кое нема светска влада која би ги решавала вашите проблеми; меѓународното право не почива врз субординација, како во домашното право, туку врз координација на волјата на државите; без да се разберат интересите и моќта како фактори кои доминираат над правото и правдата, без да се разбере начелото на самопомош на државите; без да се разбере начелото на приспособувањето на сите а особено на малите држави; без да се разбере дека одбраната на интересите на членките е примарната задача на сојузите, па оттаму и консензусот како начин на одлучување...

Овие работи политичарот треба да ги знае во почетокот на мандатот. Ако, во почетокот формулирате погрешна политика и го поведете народот во таква насока, вие и вашата држава станувате заробеник на таа политика. Ќе се соочите со ситуација кога не можете напред, а не можете ниту назад. Тогаш е веќе доцна да ја учите азбуката на меѓународната политика, зашто се' што ќе прочитате ќе ви каже дека сте во голема неволја. Еве, прашајте се. Каде ќе најдете излез како политичар ако сте одлучиле на посилниот грчки национализам, чија држава е членка на НАТО и на ЕУ, да му парирате со тип на македонски национализам кој тие го доживуваат како кражба на нивните митови и нивната античка историја. Никаде.



Професоре, секој сака да го претставува својот проблем како најтежок. Можеме ли од овде да видиме што значи за Србија да ја прифати таа фамозна фуснота која го означува почетокот на официјалното простување од Косово.

Ние не треба да се занимаваме со туѓи проблеми. Доволни ни се нашите. Дебатите колку се слични или различни проблемите меѓу балканските држави се некорисни за решавањето на нашиот проблем. Нас треба да не' интересира само фактот дека постои една заедничка цел, членство во ЕУ и во НАТО, и дека политичарите од регионот носат тешки и непопуларни одлуки за да стасаат до целта. Значи, вистинското прашање е што ти правиш за да го решиш твојот проблем и да стасаш до целта.



Кандидатскиот статус на Србија, преговорите на Црна Гора, подготовката на Косово за европскиот пат, означуваат ново мапирање на Западен Балкан. Во ова регионално прегрупирање Македонија влегува во сивата зона.

За Западот е најважно ние на Балканот да не почнеме повторно да се убиваме. Тоа што некој оди побргу, а некој побавно кон целите го припишуваат на способноста или на неспособноста на политичките елити да ги повлечат своите народи кон евроатлантските интеграции. Ако вие му речете на некој странски дипломат дека нашиот проблем е тежок и дека треба време да се реши, тој ќе крене раменици и ќе се согласи. Ако се случи ние да останеме на крајот од тој процес, тоа нема да ги потресе: конечно, некој мора да биде последен. Ако никогаш не влеземе во НАТО и во ЕУ и се расцепиме под вкрстени притисоци од надвор и од внатре – ќе речат: па, боже мој и тоа се случува. Знаете, ми вели амбасадор на една многу важна земја пред неговото заминување од Македонија, ова што се случува на Балканот е „историски процес“. Така тие гледаат на нашите проблеми.



Премиерот Груевски во две интервјуа покажа нагласен песимизам во врска со проблемот со името. Дали неговиот поглед на распоредот на силите е демотивирачки или, пак, студено рационален.

Мислам дека оправдано е песимист. Не може да се рече дека е рационален, затоа што по исправната дијагноза за реалностите на светската политика нема соодветна терапија. Причината зошто ја разбира реалноста, но не може да најде решение, е во тоа што денес веќе не се работи само за разграничување меѓу државата Македонија и грчката провинција Македонија. Денес се работи за идентитетска расправа околу митот на Александар Велики и правото на античкото наследство. Грците ќе инсистираат финалето на таа идентитетска расправа да биде разграничување на македонските идентитети од двете страни на границата. Грчката држава денес е спремна да ни го признае словенскиот македонски идентитет ако се откажеме од античкиот кој го сметаат за дел од грчката историја и митологија. Само пред дваесетина години и ова беше невозможно. Меѓутоа, по сите усилби на нашето политичко водство со помош на античката македонска митологија да се зајакне нашиот идентитет, кои дојдоа и како испровоциран отпор на брутални��т притисок на грчката држава, наглото повлекување би предизвикало паѓање на владата заедно со паѓањето на моралот на народот. Затоа, засега, назад нема. Дилемата станува типично античка: „Со штитот или на него“.



Ден по изјавите на американскиот амбасадор Пол Волерс и генералниот секретар на НАТО, Расмусен, претседателот Иванов ги повика НАТО и САД да се изјаснат зошто не се почитува одлуката од Хаг. Претседателот не ги слуша до крај изјавите, не сака да ги слуша или не ја разбира политиката.

Тоа е повторно истата ситуација. Политичарите кои ја водат државата реагираат вака затоа што знаат дека од нив се бара, откажувајќи се од својата националистичка идеологија која е во судир со грчкиот национализам, да извршат политичко самоубиство. Денес решението на проблемот е можно само ако се прифатат ултиматумите на грчкиот национализам. Но, тоа ќе значи изгубени избори, исчезнување од политичката сцена, губење на угледот... Затоа, попуштање нема. А нема ниту решение.



Очигледно е дека стратегијата за Чикаго, со која во папките се носи одлуката од Хаг и референцата БЈРМ, е неуспешна. Може ли нешто да промениме до самитот на НАТО или ќе го дочекаме како херои-маченици.

Политичарите кои во овој момент ја водат државата немаат друг избор освен да демонстрираат пред народот дека прават се' за да влеземе во НАТО со одлуката на Меѓународниот суд на правдата. Времето и парите вложени во тригодишниот труд мораат да се оправдаат пред народот. Дури и кога странците ни велат дека во НАТО не се влегува со одлука на суд туку со консензус меѓу членките. На крајот, маченици ќе бидат граѓаните, кои со неисцрпните резерви патриотизам ќе им аплаудираат на своите херои - политичарите.



Во целата оваа драма Грција е поштедена од притисокот на моќните за конечно да се осмели и да подаде рака за договор. Од Скопје тоа изгледа многу нефер. Даниел Сервер неодамна и' препорача на Македонија да и' понуди нешто на Грција што таа тешко ќе може да го одбие. Каков предлог би можел да биде тоа.

Никаков. Премиерот при една средба со Папандреу рече, а мрзеливата македонска јавност не го прозва детално да објасни, дека грчките барања се такви што ниту една влада во наредните сто години нема да може да ги исполни. Што бараат Грците? Бараат да престанеме да ги имитираме и да се откажеме од античка Македонија. Значи, тие би се согласиле ние да бидеме „Нова Македонија“ ако ние се согласиме тие да бидат „Стара Македонија“. Тие би се согласиле ние да бидеме „новите Македонци“ ако ние се согласиме тие да бидат „старите Македонци“. Тоа, пак, би значело ревизија на новата национална идеологија, со сите последици по нејзините носители. Она што е неповолно за нашата политика на „антиквизација“ на македонскиот идентитет, е дека доминантната светска историографија пишува за словенството како наш базичен идентитет и за грчкоста на базичниот идентитет на Александар Велики. По кој критериум? По јазикот. За да бидат работите полоши за нас, во оваа традиција се воспитани и западните политичари кои носат политички одлуки во меѓународните односи.



Можете ли да претпоставите каде ќе биде и каква ќе биде Македонија во 2020 година?

Балканот полека се стабилизира и се развива благодарејќи на интеграцијата во НАТО и во ЕУ. Со НАТО се решава безбедносната дилема во регионот. Со ЕУ се отвора перспектива за благосостојба преку производство и трговија, каква што не сме искусиле во историјата на балканските народи. Не треба да заборавиме дека НАТО е најуспешната воена организација во историјата на човештвото, и дека никогаш во целата историја на човештвото, човечки суштества не живееле во поголема безбедност и благосостојба од онаа во која живеат народите на ЕУ денес. За овој толку несовршен свет, ова не се мали достигнувања. Затоа, и кога овие две организации би се распаднале утре, ние денес треба да станеме членки за потоа заедно да се соочиме со новите предизвици, а не да чекаме во коридорите да ни соопштат што одлучиле за нас.

Значи, поаѓам од претпоставката дека во наредните осум години платформата наречена Балкан, на која е поставена нашата држава, ќе биде стабилна, затоа што ќе биде интегрирана во НАТО и во ЕУ. Точките на нестабилност, кои сепак нема да можат да ја превртат целата балканска платформа во случај на внатрешни конфликти, ќе бидат Босна и Херцеговина, Косово и Македонија. Причините за таа нестабилност е нивната внатрешна композиција, сите три држави се етнички поделени општества, но и меѓународниот статус, сите три држави, од различни причини, се и ќе бидат надвор од НАТО и од ЕУ.

Македонија во мандатот на сегашната влада и на сегашниот претседател нема да го реши проблемот со Грција, кој веќе го објаснив. Имено, цената е сегашната политичка елита „да се откаже од себеси“. Значи, во наредните три до четири години овој проблем нема да може ниту да се отвори сериозно, а камоли да се разреши. Велат никогаш не вели никогаш во политиката. Секогаш постои шанса за свртување во услови на криза или силен надворешен притисок или, пак, постепено редефинирање на нашата нова национална идеологија. Ова е можно особено поради фактот што врвот на владејачката партија на македонските националисти, античката приказна не ја раскажува од убедување, туку како проект кој го мобилизира населението и носи гласови.

Стратегијата на западните држави ќе биде поддршка на демократијата како израз на волјата на народот, каква и да е, па тие и натаму нема да поддржуваат уривање на демократски избрана влада заради решение на грчко-македонскиот проблем и заради членство на земјата во НАТО и во ЕУ. Тие и натаму нема отворено да му се спротивставуваат на растењето на македонскиот национализам, зашто во него гледаат еден вид баланс на теренот. Американскиот претседател, генералот Двајт Ајзенхауер има еднаш речено:„Ако не можеш да го решиш проблемот, зголеми го“. Тоа кај нас се случува на дело.

Ставено во македонско-грчкиот контекст, ова стратешко размислување би значело парирање на апсурдите на грчкиот национализам со апсурдите на македонскиот национализам, постепено соочување на народите со тие апсурди и постепено барање решение надвор од тесните националистички рамки. Но, да нема дилеми, иако и грчкиот национализам ќе ја добие својата лекција, на крајот од денот, како официјална државна политика, ќе мораме да се откажеме од овој тип македонски национализам и од нивните протагонисти. Во меѓувреме, во потрага по нови политики, да отвориме една цивилизирана расправа, за да не ја оставиме македонската држава без излезни алтернативи. Да отвориме „дебата помеѓу патриотите на двете страни на дијалогот“, како што тоа убаво го кажа Обама неодамна околу жестоката расправа во Америка за воениот ангажман во Ирак.


Статијата е прочитана 5957 пати.

Испрати коментар



Продолжуваат политичките препукувања во Општина Карпош
Црвенковски
За грчката јавност средбата во Брисел како и да не се случила
„Маѓар телеком“ да и' плати и на Македонија
Месечниот буџет доволен само за сметки и за храна
Македонски студенти на брифинг во НАТО и во ЕУ
Половина Скопје е во црковна сопственост



jovan, 05.03.2012 00:20:17
Potrosivme vreme, potrosivme premnogu pari nepotrebno, a ispustivme i nekoj sansi, pa sega Makedonija moze samo da se trudi da ne se udavi vo svetskite slucuvanja koj sekoj den nadoagaat se poveke i poopasno, i da se moli nekoj da i pomogne. Ima periodi koga vistinata i realnosta udiraat silno po glava i veke ne mozes da se lazes nitu sebe si nitu drugite. Nie sme veke vo eden takov moment, silno tresnati po glava. Sega ni ostana da se snaogame kako znaeme i umeeme. Narodot *kolku-tolku* ke se snajde nekako (ke zeme Bugarski , Srpski, Romanski....pasosi, ke bara azil po svetot....ke jade korenja, a ima i dosta treva) no za opstanokot na drzavava/nacijata veke se potrebni pravi realni vele majstori koj ke znaat kako ponataka. Dali imame takvi i dali se realni...???
EU, 05.03.2012 01:38:49
E da imavme poveke umni, obrazuvani i nezavisni misliteli kako prof. Maleski. Ama nemame. A kaj ke ni bese krajot, i tie, malkumina, da gi pocituvavme. Kako i da e, opustete se, uzivkajte vo gips-barokot, splavovite ( Piratite od Karibi) na bezvodniot Vardar, investiciite od Indija sto ke ne relaksiraat, no najvece vo mirisot na lipite sto naskoro ke se pocustuva.
Nova Makedonija, 05.03.2012 01:54:20
Ako sluchajno go menjame imeto, nedaj Boze, ama sudejci spored se ce morame, togaj najprifatlivo e tokmu Nova Makedonija. Koj smisli Severna? Pa nie i sever sme isto shto i Balkan i Skandinavija. Gorna na Ljubcho dabeter. Na referendumskoto izjasnuvanje, pokraj osnovnoto prashanje (da ili ne), dopolnitelno (ili vtoro livche) da se stavat i iminja za glasanje. Kolku e nefer da ni poedinci menjat ime, ushte povece e da novoto ime go isto oni birat. So nadez deka sepak ce ostaneme Republika Makedonija, pozdrav!
dedo dimo, 05.03.2012 04:10:04
zalosno e da se zboruva vakvi Gluposti od poraneshen Minister ,koga i toj samiot znaj podobro da razmisli.Prashanje e moe da kazi a kade otidoa tie ANTICHKI MAKEDONCI koj nikogash ne se osekale Heleni a ni malku Grci.Za Denko Malevski Makedoncite isto kako Maite preku nok izcheznaa od svoite ognishta a samo Grcite ostanaa. Izgleda Chovekov e kratkovidliv da svati deka jazikot ne samo vo Makedonija tuku vo cel svet so vremeto se menuva a dodeka Krvta na lugeto od eden narot so drug e poinakva .So prifakanje da se zboruva za imeto vie Komunistite e zagrozivte drzavata ,zatoa shto sami se predstavivte pred svetot deka ne znajme koj sne i shto sne .
Marioec od Azija, 05.03.2012 04:37:56
Profesore kako se perete za vasite greski i propusti,toa e nevozmozno.Zosto ednas ne kazete,da so privremenata spogodba napravivme greska i sega da videme da najdeme nacin toa da se nadmine.Kakva antikvizicija kakvi bakraci,toj e izum na vasata druzba.Koj ti garantira vlez pa i da go smenis imeto.Jas vi kazuvam i se kladam so sekoj,deka so menuvanjeto na imeto Makedonija ce se izbrisi za sekogas od kartata,nema da postoi nigde ni narod ni ime Makedonec i Makedonsko.Moze da ponudite samo Republika Makedonija(Skopje),koe Grcite nema da go prifatat,zato sto tie sakaat da nema nisto Makedonsko isto kako i Bugarija,a potoa da se pobara priem pod pravoto ime ne sramnata Referenca sto ja izmislivte vie so Frckovski,za mene najgolemiot vinovnik a ne Branko.
cucukstana, 05.03.2012 07:02:11
Ne se slagam deka na Zapadot mu e najvazno da ne se ubivame,vsusnost mu e seedno, a od naseto bezumno ubivanje Zapadot profitirase kako politicki taka i ekonomski, barem sto se odnesuva do industrijata za oruzje. Sto se odnesuva do mantrata EU i NATO: EU e ubava ako ziveete vo nekoja od etabliranite drzavi, za drugite se smeni samo tolku ,kolku da mozat polesno da odat da si pobaraat rabota tamu, odnosno da pecalbarat, nesto sto i ne e taka novo za nas. Za NATO odgovorno tvrdam deka e luzerski klub koj mnogu cini, a gubi smisol na postoenje. Za konfliktot so Grcija: namesto inateenje,predlogot za novo ime treba da potekne od nasa strana i so toa veke da se stavi kraj na ovaa groteska, no , tuka e vo pravo, takva nepopularna odluka e politicko samoubistvo.
Marjan, 05.03.2012 07:07:15
Obicen politicki instruiran diletant.
pameten, 05.03.2012 07:25:59
Дилемата станува типично античка: „Со штитот или на него“. Vo pravo ste profesore, no shansata svetot da prifati sovremenna Republika Makeodonija kako naslednik na antichkoto Makedodnsko carstvo =0. Ovo e klasichen sluchaj na bezizlez. Zoshto se okazhavme vo ova katastrofalna sostojba? Poshto Slovenskiot Makedonski identitet ushte vo 90-te beshe gotov. Nema podatoci vo Sredniot vek i vo Prerodbata da postoel Slovenski narod koj shto se narekuval Makedonski. Dilemata beshe soochuvane so vistinskata istorija - deka del (Sloveno)Bugarskiot narod evuluiral vo 20 vek vo poseben Makedonski narod (i ovo gi reshavashe site sporovi so site sosedi) ili ludiloto na Antikvizacijata. Za zhal emociite go pobedeja umot!
пријател, 05.03.2012 07:30:42
Можда до доаѓањето на Груевски на власт,имавме некаква шанса да го зачуваме името како македонци од словенско потекло,запишано и на кирилица и на латиница како МАКЕДОНИЈА/MAKEDONIJA,но никогаш нема да бидеме признаени и примени во НАТО и ЕУ како macedonian потомци на Александар Велики и со име МАКЕДОНИЈА/MACEDONIA.Сега, со политиката на Груевски,не е можно,а ние ќе мора да прифатиме додавка на името,порано (под зголемен притисок од меѓународната заедница) или покасно (под ваков константен притисок).Сигурно постои шанса за зачувување на името,но за тоа треба откажување и од украдената античка историја и од Груевски.
jimmy1, 05.03.2012 07:52:17
Vo greska ste gospodine Maleski. NATO ne e najgolemata voena organozacija, NATO e najgolemata teroristicka organizacija vo sklop na Amerika. Ako NATO e voena organizacija za da odrzuva mir nema da vrsi napadi i da ubiva nedolzni gragani i toa se po greska. Konfliktot bese vo Kosovo a NATO e bombardirase cela Srbija, beja granatirani fabriki, vozovi, svadbi, traktori, pazarista i red drugi mesta kade sto nema voeni celi. Istoto go pravi i vo Avganistan, ubiva civili pa duri i mali decinja, i se samo nekakvo nivno glupavo opravduvanje po nekakva si greska. Amrika e taa sto vrsi teror nasekade niz svetov, a NATO e nivni krilo vo Evropa koi seka se borat protiv nekakov si terorizam sto tie go sozdadoja.
nacional-patriot, 05.03.2012 08:16:35
Ne e tocno mislenjeto na Maleski deka Atina bi go priznala makedonskiot identitet,dokolku Makedonija se otkaze od antickite iminja na objektite i spomenicite.Atina ne bi priznala Makedonci duri i Makedoncite da kazat deka imaat samo slovensko poteklo.Atina ne saka Makedoncite da bidat Makedonci bez razlika dali ke prifatat samo slovensko,anticko ili dvete zaedno.Atina saka osven dodavka na imeto na drzavata i dodavka na imeto na narodot kako Severnomakedonci,gornomakedonci...,a toa e obezlicuvanje.Maleski veli deka vlasta ne afirmira antika od ubeduvanje,tuku poradi glasovi.Dali Maleski cita misli? Se afirmira antikata iskreno.Ne moze R.Makedonija da bide Nova Makedonija,bidejki R.Makedonija e na antickata i orginalnata etnicka teritorija.Nova mozese vo Amerika da se imenuva nekoja oblast,kako Nova Anglija od angliskite iselenici na teritorijata na SAD.Porano koga mnogumina mislea deka ke ima dogovor,jas pisuvav deka nikogas nema da ima kompromis so Atina i kako sto ocekuvav pogodiv.
aleks, 05.03.2012 08:23:44
mi se gadi veke od vakvi tipovi kako ovoj sto samo solat pamet a dobro znaat sto znaci promena na ime deka so toa po default se otkazuvame od se drugo za koe nekoj ginel od nasite predci i sto se se fatile site kako slep za stap za taa EU i Nato bil li nekoj vo Bugarija ili romanija odkako gi primija vo EU da vidat kako ziveat ceni duri 1000 % povisoki siromastija kolku sakas.
BRISEL, 05.03.2012 08:57:17
ZASTO NE ,..NIE STARI ,...TIE NOVI , MALESKI NEE VO PRAVO, ISTO KAKO GORGIEVSKI,CRVENKSKI..BLAZE RISTESKI I KOMPANIJA SL. KOJI GLEDANO NA DOLGA RELACIJA , ...SO SEVERNA ,GORNA ILI NOVA MAKEDONIJA , SAMO STO KE JA PRETOPOAT MAKEDONIJA VO NOVA BOSNA ,..ALBANCI,SRBI, BUGARI,ROMI,BOSNJACI,MUSLIMAN...I SEVERNI MAKEDONCI -OEZGLAVENA NARODNA MASA DOJDENA OD NEKADE ,NEMA BEZ JAZIK, RELIGIOZNA BEZ CRKVA , PISMENA BEZ PISMO,..TURKANA NA SITE STRANI DODEKA EDEN DEN NE ISCEZNE. FALA NA BOGA NE MISLAT SITE TAKA .JAS JA OPRAVDUVAM POLITIKATA NA GRUEVSKI KOJ KE PROBAT DA SE SPASIT STO MOZE DA SE SPASIT, OD PRETHODNITE UJDURMI NA PRETHODNITE VLADI.
toso, 05.03.2012 09:35:47
Grcite baraat promena na imeto na drzavata za da ne go priznaat makedonskiot identitet, da ne se vikame makedonci, makedonski jazik i t.n. Zatoa nema resenie, nim ne im e vazno imeto na drzavata, ne sakaat da postoime. Osven toa, Grcija nisto ne gubi ako ne se resi problemot so imeto i zatoa ke go odolgovlekuva. No jas smetam deka ne znaci katastrofa akone sme vo EU i NATO, pa 75% od svetot ne se tamu pa zarem propagjaat? Naprotivm Kina, Rusija, Indija, Brazil se idnite velesili, a i nie poleka ako rabotime pametno ka se razvivame samostojno i ekonomski i vo sekoj drug pogled.
Vremenata Spogodba da se raskine, 05.03.2012 09:52:35
Nema potreba da pominuvame Sovetot za bezbednost i ostanuva da primenime strategija na Igor Janev.Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON.Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON.Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON.Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasnat Za.
observer, 05.03.2012 10:04:27
SO JAZIKOT!!! kako kriterium. Moj dragi profesore mozebi politika/diplomatija za vo amfgiteatar znaes, no linguistika ne znaes!!! za pocetok da se obrazuvas malku na taa tema nee loso da procitas kamenot na rozetata, pa da vidis so koj jjazik zborubame nie a so koj Aleksandar!! Nie ne ja krademe grckata istorija, no si zemame nazad ona sto Grcite so iljadnici godini go kradele od nas!! RAZLİKATA e taa!! Ti ne razbiras deka se dodeka postoi MKD toa e opasnost za grckata istoriska laga da izleze na videlina, kako sto izleguva!! A vo 1913 sto se sluci, vo Bukurest!! Nie ke si ja barame Egejska Makedonija nazad, vo 2013, bidejki na toa imame pravo!! Taa e nasa!! A grcite neka se zanmavaat malku so Turcite i Kipar!! So vakvi MKD patrioti kako tebe ne ni treba grcki nacionalisti!!!
odgovor, 05.03.2012 10:08:33
Ne mozam da ne komentiram na eden vakov napis na proflMaleski kogo go pocituvam. Jasno ni e na site treba da se promeni imeto na drzavata ona Nova Makedonija mi izgeda kako vesnikot Nova makedonija. geogravskite dodavki ne me bendisuvat ama koga mora MORA. Ova so antickoto nasledstvo treba decata vo osnovno da ucat deka Aleksandar makedonski bil makedonec ama ne sloven.
naumce srbinoski, 05.03.2012 10:31:48
Na prasanjeto, kakov predlog da i ponudime na Grcija, koj sto taa ne moze da go odbie, Denko Maleski ne dava, ne dal i ne mislam deka ima odgovor na toa prasanje. So toa, i nego iako e profesor, mozeme da go frlime vo korpa kako neupotrebliv politicar.
igor, 05.03.2012 10:47:12
eden den ke se smeni imeto sakale nie ili ne ,bez resenie nema ni napredok osven ako ne se svrtime kon istok kon azija ,za vo EU i NATO jasno e sto treba da se pravi i zatoa ako sme za vo EU ,NATO sto pobrzo se resi toa podobro da ne se gubi vreme bidejki premnogu se izgubi i dosega
pile, 05.03.2012 11:33:10
Nesomnena e ulogata i zaslugite na prviot minister za nadvoresni raboti vo pocetokot na formiranje na veke megjunarodno priznatiot subjekt,nezavisna R.Makedonija G-din Denko Maleski.Drug isto taka Golem Makedonski sin pred priblizjno 4 godini za eden nedelnik izjavi,,ke dojde vreme Grcite ke ni se izvinat za toa sto ni go pravat.Od sto li se rakovodese vizionerot, za da bide negirana tezata deka nema predlog koj Grcite nemozjat da go odbijat, iznesena od G-din Server.Radikalno odobrovoluvanje od strana na R.Grcija, so ureduvanje na odnosite na dvete zemji na nivo na odnosi so EU,so garancii za nemanje teritorijalni pretenzii od strana na R.M., garancija za nepokrenuvanje na tuzjba za nadomest na steta za neosnovanoto veto pred MS,i prioritet na izveduvaci i investitori od sosedna Grcija za kapitalni investicii vo R.M.,od oblasta na energetikata.Makedonsklite gragjani se na Evropsko tlo,ja sakaat R.Makedonija i baraat da ja zjiveat Evropa so Evropski resenija, a vo mislite so SAD.
Mileva, 05.03.2012 11:40:15
Pa koj ne go znae toa?
sam, 05.03.2012 13:10:03
MK: Македонија = Makedonija BG: Македония = Makedoniya GR: Μακεδονία = Makedonia/Makedhonia International: Македонија = Macedonia Ново име: „Република Македонија„ т.е. „Republic of Makedonija Со тоа ќе се разликуваме од другите (1) во зборот „Republic. Не постои друга Македонија која е република и (2) Makedonija не постои друга Македонија којашто во латинична транскрипција се пушува со „ј“. На тој начин никој ќе нема ексклузивитет врз името „Macedonia т.е. овој назив ќе ја означува историската тереиторија на античка Македонија. При овој предлог станува збор само за името. За јазикот и идентитетот не треба да се зборува т.е. тие си остануваат „македонски“ т.е. macedonian!
zxdcfghyuio, 05.03.2012 14:06:52
Pocnuvam so perfektnata ocenka od =Marjan=. Zapadot zivi gi kasapese makedonskite braniteli i kupuvase covecki organi tuku glavniot interes na zapadot e Balkancite od SFRJ pak da ne pocnat da mislat so svoja glava. Objasnuvanjeto sto go dava za problemot moze da se cue vo sekoja birtija na cie nivo e. Apsolutno postoi nesto sto Grcija nema za nisto na svetot da go odbie. Ako problemot bese vo demarkacijata na identiteti toa ke se izvrsese so priznavanje od makedonska strana deka kreator na problemot so imeto e makedonskata nacionalna i politicka svest koja pak treba nekoj da ja ima za da toa go razbere. No problemot ne e vo demarkacija no za toa kako i za ona sto Grcija nikako ne bi go odbila nema da se izjasnuvam. Moe viduvanje na problemot moze da dadam na baranje na vesnikov povikuvajki se na proklamiranata sloboda na izraz koj kaj drugite mediumi zatai. Vo prasanje apsolutno ne e nadomest.
Песимист, 05.03.2012 14:08:15
Тешко ке оди деантиквизацијата, од било која влада во иднина. Премногу напор, пари, пропаганда е вложено во тоа, за наеднаш да се напушти. Во една скорешна анкета 20% го доживуваат Александар како татко на нацијата, а 45% како битна личност во историјата. Тоа е вкупно 65 проценти, колку што изнесува и процентот на етнички Македонци, според пописот. Значи,скоро сите се заразени, помалку или повеке со вирусот на Антиката. А, вакцина тешко ке се најде...
bitolchanec za Makedonija, 05.03.2012 15:08:03
Profesore, Prva organizirana antichka drzava e Makedonia. Elinite, Atina, Sparta, Teba, bea gradovi koi vladeea so odredeni oblasti kako Atika, Beotija,.... Filip II gi pokori Elinite 338 god. p.n.e, i prema site od togash navedeni Elinski izvori nametna tiranija. Filip nikogash ne beshe prepoznaen kako Elin. Po ubistvoto na Filip II, negoviot sin Aleksandar III na zalost na Elinite ja prodolzuva tatkovata politika. Razlika megju dvajcata e vo toa shto vo bitkite koi toj gi vodi, posebno so Persija, vo redovite na negovata vojska ima i Elini, no kako nisko plateni naemnici. I Persija pred toa koristeshe nisko plateni Elini za svoi bitki. Okolu 168 god. p.n.e Rim ja okupira taa oblast. Potoa idi Vizantija, pa Osmanliite, pa Bugarija, pa Srbija, pa Republika Makedonija (na edna tretina od istoriskata teritorija). Makedonia za grcite voskrsnuva 1988. Za site Elini imeto Makedonia beshe zabraneto 23 veka. (nezavisni izvori na angliski i francuski).
БОЈАН ЗОГРАФ, 05.03.2012 15:15:09
Професорот или не ја заслужил дипломата или лаже од лукративни причини. Господинот Малески тврди дека проблемот е во тоа што Груевски ја ,,антиквизира, Македонија и тоа е главниот проблем?! Киро Глигоров јавно, во Тирана, полека, со прости зборови рече дека ,,денешните Македонци се Словени дојдени во шестиот век и немаат никаква врска со Античка Грција,,. Тоа беше во 1993 Година. До 1995 траеше блокадата, Црвенковски беше Премиер а тој легетимен Претседател, и со Андов беа своевиден триумвират кој ја имаа апсолутната власт во државата се до 1988 Година. Зошто не го решија проблемот? Сите тројца и тогаш беа, а и денес се подготвени да прифатат дека сме Словени и дека немаме ништо со Античка Грција.
До Малечки, 05.03.2012 17:21:01
Дали Македонија беше грчка пред сто години. Дали Грција има дејци или познати свои херои од Македонија. и на крај Малечки дали си свесен дека во македонскиот дел во Грција нема ниту еден човек антички Македонец ама Грк. Твојата логика е логика на свиткан рбет на грчкиот фашизам со перфидна политика.
oceski, 05.03.2012 18:58:06
gi citam komentarite i se cudam na del od niv. Eh profesore, komu kazuvate nasoki koi se izlez za zemjava i graganite. Pa ovaa vlada namesto da go velici ilindenskiot i osobeno antifasistickiot period koga i e formirana makedonskata drzava, taa kako da e pdplatena i da raboti za nekoi tugi interesi uporno forsira nekoja anticka glupost sto i mene kako makedonec me vrega. Kako namerno da se igra na grckata karta. Pa cel svet uci deka toj varvar aleksandar veliki bil i se borel za helinisticki-grcki interesi i neznam zasto se sprotivstavuvame na celata priznata svetska istoriografska nauka i uporno se afirmira antickata glupost. . Profesore dodeka na vlast ne dojdat lica koi ja svacaat i politikata i realnosta kako vas, mestoto i znacecenjeto na denasna makedonija vo megunarodnata konstalacija na odnosi, drzavava i narodot postepeno odat vo nepovrat i se poblisku sme do isceznuvanje. Pilistari i golemi nacionalisti samo za kafani i fbk ne vodat drzava.
Mitra, 05.03.2012 20:59:53
Profesore sosema ste vo pravo,samo koj moze da ve razbere, ovoj narod saka da bide lazen, da zivee od mitovi i legendi, drug da odlucuva za nego, silen i hrabar e samo vo pesnite i vo meana, osobeno ako drug plaka. Se plasam deka vo potraga po slavna istorija i minato ke ostaneme bez geografija, se izgubivme i vo prostorot i vo vremeto. Zosto molci MANU, kade se intelektualcite,i zemjata i narodot mu gi prepustija naeden covek i na tajfa nedouceni naakani momci koi si igraat drzava,vremeto za budenje izminuva.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Претежно облачно

Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Среда
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |