05.03.2012, 17:46 Патот до Индија - очај или визионерство
Тимот на Груевски вчера од Њу Делхи го започна походот по инвестиции во Индија и во Малезија. Груевски ги повика индиските бизнисмени да ја посетат Македонија и да инвестираат
Маја Томиќ
По многуте роуд-шоуа на Владата во изминатите неколку месеци низ повеќе европски земји, како и Турција, Сингапур и Јапонија, на дневен ред дојдоа и далечните Индија и Малезија. Од завчера тимот на премиерот Никола Груевски е во потрага по инвеститори во овие две далечни земји. Вчера во Њу Делхи Груевски упати повик до индиските бизнисмени да ја посетат Македонија и да ги искористат сите предности за инвестирање. Како и досега, тој им вети максимална поддршка од институциите и деловна соработка со македонски компании, а потсети и на веќе присутните индиски инвестиции во земјава.
„’Митал стил’, ’Самвардана Мадерсон груп‘ и ’Бинани групацијата‘ се индиски инвестиции во Македонија кои имаат одлични искуства во водењето бизнис“, изјави Груевски на бизнис-форумот во Њу Делхи, организиран од Конфедерацијата на индиската индустрија, Асоцијацијата на стопански комори на Индија и Федерацијата на стопанските комори за трговија и индустрија, на која присуствуваа над 100 индиски компании. Премиерот ги запознал бизнисмените со даночните реформите, со економските показатели и макроекономските резултати. Министерот за финансии Зоран Ставрески, пак, зборувал за зголемувањето на конкурентноста на економијата, за фискалната политика, регулаторната гилотина и можностите за инвестиции во инфраструктурата и енергетскиот сектор. Министерот за странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, во детали ги запознале индиските бизнисмени со деловното опкружување и нашите предности за инвестирање, а биле остварени и директни средби со некои индиски компании. Било споменато и дека индиската економија во изминатите две децении се зголемила за 20 пати, а за два пати е поголемо учеството на извозот на стоки, како и на извозот на капитал.
Освен во Њу Делхи, Владата ќе лови инвеститори и во Бомбај и Пуне, како и во Куала Лумпур во Малезија. Пуне е центар на автомобилската индустрија, ��а која Македонија досега изгледа најпривлечна за инвестирање, ако се имаат предвид постојните компании, американската „Џонсон контролс“ и британската „Џонсон Мети“, како и очекувањето на стартот на италијанската „Технохозе“, американската „Кемет електроникс“ и на индиската „Мадерсан груп“. Сите тие во зоната „Бунарџик“ ќе произведуваат разни делови за потребите на автомобилската индустрија.
Според неодманешната изјава на Мизо за „Утрински“, на средбите во Индија и во Малезија ќе се разговара со компании кои се веќе присутни на европскиот пазар, а бараат локации за доработка на своите производи и нивни пласман на европскиот пазар.
Какви ќе бидат конкретните ефекти и колку инвестиции навистина ќе дојдат во земјава, останува допрва да се види. Според податоците од Народна банка на Македонија, лани во земјава влегле речиси 300 милиони евра странски инвестиции, што е подобрување во однос на претходните две години, но се' уште недоволно за да се крене позначајно економскиот раст и да се намалат високата невработеност.
Поделени се мислењата за ефектите од владините роуд-шоуа.
Според Владо Бучковски, поранешен премиер, мала држава како што е Македонија нема потреба да троши толку пари за економски промотори, кога претставници на големи компании од големи земји имаат можност да се сретнат лично со премиерот.
„Основани се аргументите дека во време кога Европа се соочува со должничка криза, ние, во поглед на инвестирањето, треба да се свртиме кон новите економски џинови, меѓу кои е Индија. Не сум за тоа од старт да се критикува. Информациите говорат дека роуд-шоуто во Турција било успешно. Да почекаме да видиме какви ќе бидат ефектите од ова патување, бидејќи искуствата покажуваат дека од моментот кога ќе ги заинтригирате потенцијалните инвеститори до реализацијата на одредена инвестиција треба да поминат од 15 до 18 месеци“, вели Бучковски.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, пак, смета дека патувањата на Владата се смешна работа. „Ми личи како Владата да е пред избори и како да сака да го прошета светот и да посети повеќе егзотични места. Кој може да верува дека инвеститори од Индија ќе дојдат во Македонија. На големите индиски компании Балканот им е мал, а не Македонија.
Нема ништо посебно што да им понудиме, ниту поевтина работна сила. Проблемот е во тоа што Владата троши пари на граѓаните за шетање низ светот. Ако некој сака да инвестира кај нас, не мора лично премиерот да го информира за поволностите, тоа може сам да го дознае. Доколку имаше нешто сериозно, однапред ќе се кажеа имињата на компаниите“, вели Хајредини.
Средба со премиерот Манмохан Синг
Премиерите на Македонија и на Индија, Никола Груевски и Манмохан Синг, оценија во Њу Делхи дека двете земји имаат одлични политички релации и заемна соработка во рамките на ОН.
„Индија веќе подолг период ја именува Македонија под уставното име во билатералните односи. Имаме склучено договор за заштита на инвестициите, а сега инициравме и склучување договор за избегнување на двојното оданочување“, изјави премиерот Груевски по средбата со својот индиски колега.
Средбата, посочи тој, била комбинација од политички и економски теми. Станало збор за повеќе теми од меѓународната политика, но и теми поврзани со Македонија и со состојбите во Индија. |
|
Статијата е прочитана 2354 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 06.03.2012 00:10:15 | Zemji kako sto se Indija, Brazil, Malezija..... se vo podem i se zainteresirani za sorabotka. No ne so goltari kako nas. Takvi kako nas gi imaat vo site gradski periferii kaj niv tamu, nezaposleni ili so plati kako nasive. Niv gi interesira sorabotka so drzavi kako Germanija, America, kade sto mozat da *kupat* tehnologija, da ponudat rabota za visokokfalifikuvani kadri, inzinjeri, agronomi.... Nie ni toa nemame. Inaku i ovaa cirkuzijada ke zavrsi kako onaa so Japonija, Singapur..... Katar i dr. Edna nedela ke slusame po mediumite kako bile zainteresirani, kako ke otvarale 100-200 iljadi rabotni mesta i slicni lagarii sto gi imame iznaslusano, i od Ponedelnik-se ke se zaboravi. |
| Стефанов, 06.03.2012 01:20:20 | Не се согласувам со мојот поранешен колега Хајредини дека овие активности на премиерот не се корисни. Напротив, мислам дека без вакви и слични активности тешко можат да се привлечат инвеститори од странство. Привлекувањето странски инвеститори е многу тешка и макотрпна работа, долг е патот до реализација, а во денешни глобални економски (не)прилики доколку се ефектуираат само 2-3 проценти од првичните иницијативи може да се смета за голем успех. |
| delchev, 06.03.2012 01:57:21 | Dobrodojde vo Hunzia brate antichen UDBAsh! |
| USA, 06.03.2012 03:47:09 | Само гласно размислувам: Која ли е врската на Владата со Високи функционери на Индија?? Сигурно индиските компании во Македонија. Дали го прават тоа од некој очај, не знам. Или можеби од искуство? |
| Tode, 06.03.2012 05:48:58 | Dali go zimaa Amdi Bajram so niv? |
| Tina, 06.03.2012 07:03:41 | Nasiot Premier trebase da e oblecen vo Makedonskata nosija, ako ja representira nasata zemja i nasiot identitet. Pa odma ke se vidi od kade poteknuvale nasite predci. Dok Indija si gi pocituva nijnite koreni, nie sme se pomodernizovali kon Evropa. Sepak, ne gi sakam obicajite od Indija po religija, oti kao i sekogas, se gleda kolku mizerija gi maci siromacite, iako tie ne gi upotrebuvat govedata za ishrana, tie ziveat miroljubivo i so gluvci i so epidemiji, pa ako tie dojdat vo Makedonija, nedaj Boze, da ne tuzat vo EU za ubijanje na gluvci i uzivanje na jadenje na meso od Bivol ili drugi mesni proizvodi.
I togiska se prasuvam, sto Indija ocekuva od nas?
Ozbilno, sto? Mer ne ni e dosta veke od etnici, |
| igor, 06.03.2012 08:24:41 | ova vlada vekje neznae sto pravi...mizerija nevidena se!!! |
| Liljana, 06.03.2012 09:20:19 | Lele, uste tamu ne se mlatnal. Bre za greota covekot, ovoj ili se seta na nasa smetka pa ne raboti site kako bavca deka baral investitori ili pri kraj e so pametot pa ne znae sto da pravi. Bruka nizaedna, ajde sega fati za Tanzanija moze tamu ke najdes nekoj investotor. |
| Po pastekite na Marsalot, 06.03.2012 09:40:50 | Marsalot na poranesna Jugoslavija patuvaste po tie negovi omileni destinacii , ama so brodot Galeb i cela flota na pridruzni voeni brodovi. Dobro bese i Grujo da zemese nekolku brodovi od Ohrid i onaj gliser na granicnata policija , pa da trgnese na pomorska avantura vo lov na investicii vo Indila , malezija, Burma( Mijan Mar) Indonezija . a mozese i da go obnovi i restavrira Dvizenjeto na nevrzanite zemji, pa decata na uciliste ce pisuvaa sostavi za nevrzanite , Grujo i miroljubivata koegzistencija. |
| sega, 06.03.2012 10:20:11 | Pristapot kon privlekuvanjeto na stranski investicii od zemja do zemja e razlicen.Ovaa vlada mislam deka nepotrebno trosi pari bidejci nieden investitor ne metka badijala pari pred da investiraat pravat fixibilite studii i zgora na toa zemaat vo predvid za koja zemja stanuva zbor.Nakratko koja e Makedonija dva milionska drjava,ne reseni mecusosedski odnosi Grcija,Bugarija...,ne e clen na NATO,EU....,nereseni mecuetnicki odnosi,sekoj den ubistva po ulicite,selektivno pravo (Fijat Canovski)mislam na urivanjeto na Kosmos.Premiere prvo sredigi rabotite doma pa potoa izlezete po komsiite.Vaka samo ste dobar potosuvac na narodnite pari za sto veruvam deka toa sekoj gracanin moze da go pravi. |
| omg, 06.03.2012 10:26:59 | gotovi sme.. |
| Mudrec, 06.03.2012 10:55:15 | Poddrska za premierot, taka se raboti. Minatata godina imavme rekordni stranski investicii ako ne se smetaat prodazbite na drzavnite monopoli. Ovaa godina ocekuvame uste podobri rezultati. |
| попај, 06.03.2012 11:00:15 | до стефанов:
ако бевме успешна нација секој ќе дојде да инвестира овде-дури и ќе молат како ние сега што се мољакаме по светот за некоја ситна инвестиција која ќе ја прикажуваме како инвестициско чудо. затоа господо од владата посвете те се повеќе на домашната економија и подршка на домашниот бизнис па инвеститорите сами ќе дојдат доколку имаме што да понудиме. инаку со вакви шетања само трошоци и ништо друго |
| kabadaja, 06.03.2012 11:15:11 | Абе демагози и циници, како нешто позитивно не видовте во било која активност на Владата... |
| Makedonalds, 06.03.2012 11:25:22 | Господинe Груевски, срамота. Да бидете толку близу и да не отскокнете да ги видите нашите и ваши омилени македонски принц Мир Газанфар и македонска принцеза Рани Атика и да не побарате од нив инвестиции. Тоа е безобразие... |
| od ostrijot, 06.03.2012 11:29:32 | mozebi od ova poseta keima nekoj korist ama ne i narodot. |
| Трпе, 06.03.2012 11:45:14 | Кога ке пристигнат инвеститорите од Индија ке мораме да ги истераме овие другите кои дојдоа последните 6 години.Мора да обезбедиме работна сила за новите компани.Само што треба уште малку да осиромашиме за да бидеме примамливи за индиски инвестици.Но нашиот пастир и ова со програма го прави.Овој народ по се ова сам си го заслужи.Пастирот не преродува.На нашиот народ и да му нацрташ неможе да разбере.Лесно е да се раководи со ваков народ. |
| Alan Ford, 06.03.2012 11:46:48 | Da,da,golem vizioner.Majkata ni ja rasplaka so svoite vizii. |
| Jug, 06.03.2012 13:34:55 | Se bega od regionot samo zaradi toa sto nieden ne e kadaren da gi sredi odnosite so sosedite. Evropa i megjunarodnata zaednica se vo pravo koga velat da se raboti regionalno kvalitetno za brza integracija i vo Nato i vo EU. Ocigledno go pravime sprotivnoto.
Emirot od Katar dojde se raseta , si zamina i tolku treba za da ne zaboravi. Drzavickava ni e 200 x 200 vo kilometri ,,,za saat i polovina si od eden kraj na drug. Mala e ,no moze da se sredi ako se saka,,,ama so inaet ne biva. Vo staro vreme se velelo na odja pezevenk ne se vika .
e nie toa go pravime sega |
| Logicen, 06.03.2012 13:46:14 | G-dine Gruevski kade se videlo i slusnalo premier da odi da privlekuva investicii za svojata zemja,pa vo kapitalizmot toa go pravat korporacii i firmi vo privatna sopstvenost a vladata igra uloga koja gi opredeluva pravilata na igra vo slucaj nekoj da ne stane alcen i gi prekrsi .Zar Obama ili Angel Merkel setaat po Indija ili Singapur da privlecat investicii nekoj da investira vo Germanija ili America,pa toa e toa e rabota na t.n.entrepreneurs luge koj se zanimavaat bidejki vo slucaj na neuspeh drzavata ne smee da gi vraka parite od nie sto plakame danok tuku korporacijata go prezeme rizikot.EJ pa sto ke ni e logika ah??? |
| miki, 06.03.2012 14:19:28 | Не гледам големо визионерство кај Премиерот, ама гледам дека носот му е се подолг................ |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Слаби снежни врнежи
|
Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: 1°C
|
Петок
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 2°C
|
|
|
|
|
|