05.03.2012, 16:45 Мое ќоше
Не лути се човече
Ерол Ризаов
Знаат ли претседателот и премиерот да играат „Не лути се човече“
Не верувам дека децата денес во ерата на фантастичните можности што ги даваат интернетот, компјутерите, игротеките се' уште играат една игра која ми беше омилена, кога бев дете. Се вика „Не лути се човече“. Убеден сум дека повозрасните читатели ја знаат. Оваа игра, со оглед на возраста, би требало да ја знаат претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и премиерот Никола Груевски. Ако не ја знаат, можат да ја научат за пет минути. Тоа би било добро во ова време на фрустрации. Многу е поучна.
Слушам дека во некоја варијанта ја има и на глобалните мрежи. Нејсе, играта навидум е многу едноставна, ама не е баш така. Се фрла зар, коцка, со бројки од еден до шест, и кога ќе ти падне шестка, излегуваш од дома и тргнуваш на пат да стасаш до одредена цел. Патеката е зададена и нацртана, не можеш да ја менуваш, а можеш да се движиш само по неа. На патот не си сам. Обично играат четворица. И така во зависност од среќата, но уште повеќе од стратегијата, која кога ќе ја изградиш, треба сите твои фигурички да стасаат до целта. Ако си прв, победуваш. Дали ќе имаш повеќе или помалку пешаци во исто време на патеката или само еден, ти одлучуваш. Тактиката самиот ја одбираш. Проблемот е што сите играчи одат по истата патека. Ако некој фрли зар со бројка која се поклопува со местото каде што стоиш, има право веднаш да те урне и да те врати дома. А ти пак мораш да фрлиш шестка, оти само така можеш се појавиш на патеката и да учествуваш во играта. Ако не фрлиш шестка, ќе бидеш само нем посматрач на другите играчи. Најдобро е во исто време да имаш повеќе твои играчи на патеката. Така ќе можеш и ти некого да урнеш, а ако те урнат, имаш други можности. Најтешко е кога си пред самата врата на целта. И тамам треба да влезеш, некој ќе те урне. Тогаш бесот и детските солзи тешко се запираат. А, другите играчи со смеење извикуваат: не лути се човече.
Нашата патека до Брисел каде што е седиштето на ЕУ и НАТО ми личи на патеката од „Не лути се човече“. Тамам треба да влеземе, некој ќе не' урне. Нашите играчи почнуваат да плачат како деца. Само што ќе се до��лижиме до целта, а некогаш не' начекуваат и на половина пат, или само што сме излегле од дома, оп, ќе не' клоцнат. И пак одново. Постојано тргнуваме од почеток. Чекаме шестка. Поминуваат години, никако да откриеме дека не е само до среќата. Ни треба подобра стратегија и тактика. Постојано на патеката сме само со еден играч. Тој од почеток брзо се движи напред. Обично е прв пред сите. Ама е сам. Штом ќе го начекаат пред соседните врати, веднаш ни го уриваат. Додека пак чекаме шестка за да влеземе во игра, поминаа шест години. Другите откако излегоа на патеката со двојки, тројки, четворки одат полека напред. Крајно време беше да научиме дека треба повеќе наши играчи да има на патеката. Многу е важно кој, кога и со колкава брзина ќе се движи напред. Ако некого начекаме, треба итно да го урнеме. Досега никого на сме урнале, а нас кој како ќе стигне не' урива. Уште ниту еден наш пешак не стасал до целта. Веќе и играчите што играат со нас се сомневаат дека не сакаме да стасаме до целта или навистина ептен не не' бидува. Еве последниот пат во Букурешт само што стигнавме пред целта, кога ни направија иле. Ги тужевме. Во Пал��тата на правдата во Хаг пресудија чесно и праведно. Ни кажаа дека патот оди преку нив и дека ни е отворен. И оп тргнавме ние преку Хаг, не за Брисел, туку право во Чикаго. Ами како. Им велиме сега ние на другите играчи онака малку одозгора, со чалам, ќе видите вие сега. Имаме посебна пропусница. Судска тапија. Никој не смее да не' пипне. Само што тргнавме од дома, не' начекаа пред врата и не' урнаа. Велат тапијата ви е добра, ама во оваа игра не важи. Претседателот Иванов и премиерот Груевски се расплакаа и бога ми страшно се налутија. Со право бесни се развикаа по сите други играчи. А, тие идиоти се скинаа од смеење и викаат: не лути се човече.
И сега што. Ништо. Ќе фрламе зар додека не падне шестка за пак да тргнеме од почеток. Друг пат, освен Европа, немало. Така велат сите значајни луѓе во државата. Така велат секој ден и премиерот и претседателот. Ах да, ќе заборавев, премиерот уште рече дека за шест години шестка нема да падне.
А да фрлеше некој друг. Со посреќна рака. Или не ќе да е до среќата. |
|
Статијата е прочитана 2933 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 06.03.2012 00:23:15 | *Igrata so stapot i morkovot ke ja prekinat. Ke igrame ne luti se covece*. Naslovot na ovoj tekst me podseti na edna izjava na eden Srpski politicar dadena uste pred godina dena. Niv tokmu toa im se sluci so onaa fusnota i zvezdica. Ne luti se covece. Nesto ke ima i kaj nas od toj tip. I onaka celo vreme samo stapot go jademe, a morkovot ne go ni doprevme, pa ne luti se covece mozebi ke bide podobra kompenzacija. |
| greda vo okoto, 06.03.2012 00:52:32 | Propusteno e osven licnata strategija so cetirite pesaci da se analiziraat i odnosite megu igracite i nivnite koalicii odnosno zaveri protiv eden od igracite odnosno negovite figuri. Vo makedonskiot slucaj se raboti tokmu za takva zavera, toj i toj filan igrac da ne uspee da pobedi.I tolku. Od zaslepuvacka ljubomora i nelojalna konkurencija ne gledaat nisto poveke. Ne znam zosto e toa taka vo Makedonija? I ne e samo vo provinciite kako sto mislev. A nekoj odozgora gleda i vraka za takvata necesna igra. Tokmu koga golemite igraci kako sto se poimaat pomislile deka ja zavrsile najgolemata rabota so isfrlanjeto na zaednickata greda vo ocite. |
| Ne jezi se!, 06.03.2012 01:30:06 | Izborot na ovaa poznata igra so cinichen naslov tokmu vo ovoj moment, povece mi se chini eleganten odgovor na neochekuvano ljutite komentari od prethodnite dve teshki kolumni, odoshto oslikuvanje na vlastodrzcite vo spravuvanjeto so situacijata. Mada, poln pogodok e tokmu za niv, bidejci pogolemiot del od niv se i navistina deca, nekoi po godinite, nekoi po pametta i ponashanjeto, a nekoi i po ednoto i po drugoto. Za razlika od niv, novinarot e navistina pameten i seriozen chovek i odlichno znae kako da se spravi so problemite. Pozdrav Erole, i sekoe dobro. |
| Libero, 06.03.2012 02:39:32 | Isdsm igrase ne luti se covece pa nisto samo nasive igraci ne stradaat od nato ili eu tiku od domasnite tie gi kutkaat |
| Vineam Makedonski, 06.03.2012 02:59:24 | Mnogu interesna igra e neljuti se covece no po interesno e koga nekoj te gleda vo oci i te laze veter i magla toa e vistinata i toa me raduva gos. Rizaov dali po 6 ili 60 godini ne e vazno vazno e deka veke ke nema veter i magla razmisli malku na druga tema zosto premierot i predsedatelot zboruvaat vistina i ne davaat lazni vetuvanja pa napisi eden tekst i za taa tema i ne ljuti se covece ... |
| USA, 06.03.2012 03:11:17 | Во политиката нема ништо на среќа. Предпоставувам текстот требаше да биде духовит, ама ако сакаш да збориш за играчки и плачки, прашај ги германците како поминуваат со најпалавото дете во Европа..... И тоа за многу пари од кои повеќето се нивни. Ние не го правиме ова за ЏАБЕ, туку без пари за чист опстанок. |
| toso, 06.03.2012 04:09:29 | Erole a ti mislis deka vo EU ne ceka balgosostojba? Pa tie samite ne znaat kade im e glavata a ne pak da primaat drugi clenki. Ubavo kaza eden evropeec deka EU ne ni pomisluva za novo prosiruvanje vo narednite 20 godini. Zatoa ne treba da frlame sestka, treba da si vrvime po nasiot sopstven pat, ke uspeeme sigurno, samo ako imame volja i ako rabotime pamettno. A i ponatamu ke si ostaneme Makedonija i Makedonci. A sto deka Grcija e clenka na NATO I EU, ne zaglavo so 500 milijardi evra dolg i e pred bankrot? |
| pameten, 06.03.2012 06:23:04 | Igrata e rivalitet duri megju prijateli. NATO i EU se drushststva na sojuznici. Rivalitetot megji sojuznicite mu steti na celoto drushstvo. Ako Makedonija saka da vlezne, taa treba da gi ubedi site chlenovi deka so nea tie kje bidat pomokjni. Ako bara chlenstvo za da si gi zacvrsti poziciite sprema durgi chlenovi, logichno taa nema da dobie pokana. Ako sakame pokana ne treba da mislime so kakva strategija kje gi pobedime Grcite, a kako mozheme da staneme sojuznici. Ovo odi preku erga omnes otkaz od pretenzija za vrska so antichkoto Makeodonsko carstvo. |
| nacional-patriot, 06.03.2012 07:12:55 | Ne luti se Erole covece.Ti pocnuvas da se frustriras bidejki izgleda ti stanuva jasno deka nema da ima promena na imeto na drzavata.Ti pisuvav porano deka godinite ke si pominuvaat,no nema da ima dogovor so Atina.I koga ke se penzioniras,a i podocna nema da ima promena na imeto.Ti pisuvav deka pogresno si go razbral premierot posle intervjuto vo eden vesnik,koga ti bese vo zabluda mislejki deka realizmot na premierot ke znaci polzenje.No sega bi trebalo da ti e jasno deka toj negov realizam znaci ne po sekoja cena vo NATO i EU.Site clenovi na tie organizacii se tamu so nivnite ustavni iminja,no prevedeni na angliski jazik.I Makedonija treba so ustavnoto ime da bide dokolku stane clenka tamu,prevedeno na angliski jazik.Znaci so imeto Macedonia.Vlasta vo Makedonija mora da prekine so baranjeto priem vo tie organizacii,ako i ponatamu birokratite prodolzat so ucenuvanjata.Vo 13 vek,ohridskiot arheiskop Homatijan napravil zapisi kade sto potvrduva deka i togas postoel makedonski narod. |
| Miki, 06.03.2012 07:49:09 | Нашата коцка има само единици, нема шестки. И така можеме да си фрламе колку што сакаме - осигурено ни е местото - ДОМА |
| Rezzilov, 06.03.2012 08:05:35 | Сите меродавни во светот тврдат дека Македонија ги исполнила условите за пристапни преговори.ЕК тоа го потврди во последните три извештаи.Единствен услов е промена на името за кое здушно се залага и авторот во своите коментари.Добро што го пикнаа “в ќоше“. |
| Комар, 06.03.2012 08:13:32 | Ерол!
Супер ти е метафорава, а мене ме потсети на една друга игра од моите детски денови, од која може исто да се направи добра приказна.
Играта се викаше “Српска белешка“, (од каде името, појма немам)!
Играта се состоеше во следново: На земјено полјанче се цртаа две белешки на 5-6 чекори растојание. И сега играчите застануваа на едната црта и фрлаа паричка кон другата. Кој ќе беше најблиску до цртата ги збираше сите парички. Следното фрлање е по редослед на постигнатото.Е сега, тој што фрла прв, фрла со најтешка(највредна паричка), и така до последниот! Него му останува да процени што може да направи. Ако има шанса за победа, фрла со вредна пара, ако не, ќе фрлеше тенекиено динарче!Ризикот е поголем ако фрли тешка пара, а зијанот е помал ако фрли лесна! Радоста беше неизмерна, кога со бело тенекиче ќе им ги собереше жолтите петбанки на другите! |
| PAVLE ALIMASKA, 06.03.2012 08:15:27 | Ероле,колку повеќе се обидуваш да ни продаваш демагогија,а од друга страна и сам си свесен дека не си во право,туку сето ова го правиш со цел некому да се умилкуваш,се повеќе заглавуваш и ги губиш оние поддржувачи кои те поддржуваа и кои мислеа дека без разлика на верата и нацијата си реален,објективен и добронамерен.Ова истото пред некое време си го покажа и еден врвен универзитетски професор,кого верските чувства го совладаа и избега од рамнотежа.Затоа се помалку го има во јавноста |
| Коневски, 06.03.2012 08:29:23 | Ако може една сугестија до коментаторите и до одговорните во Утрински!
Дали би сакале да пишувате со кирилично писмо? Едноставно е! Притиснете само altShift и толку, или пак со курсорот променете го она ЕN во МК (кај часовникот , долу лево).
А администраторот да објавува текстови само на кирилица. |
| До Ерол, 06.03.2012 08:34:46 | Честитки. Се надмина себе си. |
| Detska igra, detska strategija, 06.03.2012 09:51:54 | Igrata ne luti se covece jaigraat voglavnom deca, a i nasata strategija koja ja gradevme za vlez vo NATO izgkleda ja gradea deca, pa zatoa i ima vakov zavrsetok .A za onaa tapija od Hag . Pa site koi i malku se razbiraa od medjunarodnoto pravo i koi gi znaea nadleznostita na sudot od Hag znae deka taa tapija ne vazi za NATO i EU.Edino samo nie sto imavme moralna satisfakcija i se poraduvavme., Sustinata na sporot ne e cisto praven , no e povece politicki , pa i istoriski, etno-nacionalen i sl. A za toa nema sudovi koi mozat da donesat presuda koja zadolzitelno ce se sprovede. |
| Gorgi, 06.03.2012 10:28:55 | Za zal ova e nasata vistina. Ni Ne luti se cove ne znaeme da igrame , a tie sto za nas igraat nikako od doma da izlezat. Mora da se baraat novi igraci so pobednicki duh.
l |
| Mark, 06.03.2012 10:36:22 | G.Rizaov, iako znam deka toa ne vi e glavnata intencija, sepak uzivam vo nemirot sto go predizvikuvate kaj prerodenive! Toa se razbira kazuva kolku ja pogoduvate vistinata-a taa gi plasi i nervira mnogu, kako temjan necestiviot! I da se nadevame, kaj da e ke namine Golemiot Egzorcist, da ne otarasi od zloto... |
| zng, 06.03.2012 10:41:52 | не е лесно да си ги криеш роговите цело време,бодат од внатре и кога тогаш мораш да со ги покажеш
|
| Трпче, 06.03.2012 13:10:10 | Овде има многу, а не само еден со греда во окото...да немаа греда во очите, можеби, само можеби, ќе го разбереа она што им го кажува Ерол. Завера и заслепувачка љубомора? Секако, на сите им пречи преродбата, затоа што станавме регионална економска сила ... па имаме споменици, нови, високи, убави, сега Коце директно од плажите со палми ќе не качи на брод и правец - фри-шоповите на Цацко, мислам беа некаде во Демир Капија, зашто така ќе бидеме поблизу до ЕУ. Ако претходно Гордана „све по закону“ не не убие, па да ни каже дека било грешка, ама таа не е виновна... Мислам дека навистина имаат зошто да ни љубоморат: само кај нас криминалците се на власт и никој ништо не им може, зашто опозицијата се плаши да се појави на улица и политички, или ако сакате - партиски да им каже на министрите кои кријат убијци дека така повеќе не може ... господ да ја чува Македонија, зашто овие ја растурија ... |
| Ангел, 06.03.2012 13:40:47 | Мислам дека поадекватна паралела би се направила со некоја друга игра,кога неколку играчи ја ставаат во ,,маказ,, жртвата. Сепак ,сугерираш на размислување,кои се ,,маказерите,, на македонскиот народ ?Сите
околу нас кои се заинтересирани порано да стигнат до целта.Затоа и ,,маказите,, работеа. Атентат на претседателот, вооружено востание и тн.Сега Љубчо е најголем агитатор за компромис.Кога и Албанија ќе ги почне преговорите со ЕУ, ќе има уште еден маказер помалку. А кога и Србија ќе ги почне преговорите најголеми поборници за промена на името ќе бидат Латас и Миленко.Поздрав, |
| Vinci, 06.03.2012 14:44:33 | Vo kontekst na tekstot, ,,sestka,, za Erol!!, ama dali ke ja razberat metaforata zakoravenite polupismeni podrzuvaci na rezimot.Pa neli gi gledate postojano site promasuvanja i mizerii koi ni se slucuvaat pod ovoj rezim!!!!!!!!!!! Kako da Vi se objasni kade ne vodat ovie niskorazredni igraci, a ne tuka da verglate kako EU se raspaga, Grcija bankrotirala (odete vo Solun da vidite raskos od ,,bankrot,,), ne sme bile polosi od ovie okolu nas vo opkruzuvanjeto (a do vcera kade bea tie, cuknete go toj akal ako voopsto go imate) i koi sve ne dr, dr, jarinja.Se dodeka ima vakvi zadoeni anticki podrzuvaci, ovie ,,igraci-gubitnici,, sekogas ke trgnuvaat od pocetok, zasto ne dovedoa bukvalno do gusa vo l.j.a!!!!!!!!!!! |
| Трпе, 06.03.2012 15:31:42 | Ја знаат,ја знат ова игра само што нашите двајца врвни играчи се големи лутковци.Едниот сака се да биде по негово а другиот си ја уништи и кариерата слушајки го помладиот .Со нивната недораснатост и самобендисаност ја уништуват играта и на другите и тие кои се само неми посматрачи.Нашите лутковци не водат рачун дека може и да го уништат(раскинат)картончето на источно и западно на кое е нацртана патеката,не водејки сметка дека такво картонче во форма на РМ нема веке кој да произведе. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Слаби снежни врнежи
|
Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: 1°C
|
Петок
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 2°C
|
|
|
|
|
|