Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
05.03.2012, 19:07

Мислења

Кој го брани името

Слободан Најдовски

Србија и Косово ја принудија Македонија да бара компромис за излез од статус кво состојбата

Пред неколку година пишував дека актуелнава власт ќе моли за прием на Македонија во ЕУ и НАТО под референцата БЈРМ. Ги издржав критиките на пријателите и на познајниците кои среќавајќи ме на битолски Широк сокак ми укажуваа дека не сум во право и дека злонамерно ја критикувам власта. Тие мои пријатели беа убедени дека власта го брани името и ќе бара прием во ЕУ и во НАТО само под уставното име.

Деновиве при нашите средби сите тие одбегнуваат да разговараат на оваа тема. Тешко им е да прифатат зашто претседателот на државата и премиерот дури и' се лути на меѓународната јавност што во Чикаго, на самитот на НАТО, не не' канат под тоа до вчера за нив срамно решение. Се подзамислуваат на револтот на претседателот Иванов, кој ги подискара САД и генералниот секретар на НАТО зошто не ја почитуваат одлуката на Меѓународниот суд во Хаг и не ни овозможат влез во евроатлантските асоцијации под привремената референца. Но, камоли среќа да не' прифатеа и под референцата, ама ни ставија до знаење дека тој воз го пропуштивме.

Многумина побрзаа овој дипломатски пораз на македонската владејачка гарнитура да го оправдаат со констатацијата дека дури сега САД и Европа го покажале вистинското лице и бараат од нас да го смениме името. Значи, пак некој друг ни е виновен. Но, сите тие треба да имаат на ум дека до 2006 година за меѓународната јавност не беше проблем напредокот за зачленување во меѓународни организации под референцата БЈРМ. Тој проблем се појави подоцна. Може да се спори дали е тоа резултат на антиквизацијата во државава, дали на неконзистентната меѓународна политика на Владата или може да е поради дволичноста на македонските политичари од власта, кои едно зборуваат пред странците, а друго пред домашната јавност. Можеби е и нешто сосема трето, но се изгуби довербата кај меѓународниот фактор за наше евроатлантско интегрирање под привремената референца. Тоа е голема загуба за македонските граѓани. Лажната слика што сакаше да ја продаде власта, дека се посветени на решавањето на наметнатиот спор со Грција, не помина кај странците. Никој повеќе не им верува дека со приемот во НАТО под БЈРМ ќе се продолжи со решавањето на спорот за името. Со таква политика само се влезе во шемата на Грција, која не е заинтересирана за поскоро решавање на спорот.

Но, било како било, сега сме исправени пред нов предизвик. Што би рекле старите вмровци - сега и на врапчињата на гранките им е јасно дека мора да се реши спорот со Грција. Ако и понатаму ЕУ и НАТО се наша ориентација, компромисот е неизбежен, макар и разумен, колку и да е болен и колку да сме во право.

Тоа им е јасно на политичките елити и затоа во овој момент ниту една политичка опција не застанува зад ставот дека нема промена на името. Сите тие се разликуваат само во презентацијата пред јавноста. Политиката за името на актуелната власт, предводена од ВМРО ДПМНЕ е стерилна и конфузна. Во последно време упорно бараат можност за понатамошна употреба на референцата БЈРМ за вклучување во ЕУ и во НАТО што веќе е неизводливо. Всушност, тоа значи одлагање на проблемот и отсуство на подготвеност за решение на спорот, но не и стратегија да го одбранат уставното име. Тие ода��на пред странците, според нивните изјави, се залагаат за изнаоѓање компромисно решение, кое води кон ново име колку тоа да го обландираат во целофан дека се за зачувување на уставното име. Бога молат само ако може во нивни мандат да не се решава спорот. Тоа е сржта на нивната политика, а се' друго е само замајување на домашната јавност.

Опозицијата, која од власта и нивните медиуми е обвинета дека е предавничка, свесна е за крајно влошената меѓународна положба на државата. Прагматички гледа на состојбите и знае дека зачленувањето под БЈРМ е загубена битка, а одлагањето на прашањето дополнително ќе ја влошува нашата преговарачка позиција. Затоа се залага за изнаоѓање решение по предлог на власта, и тоа колку што е можно побрзо. Како никогаш досега му даде целосна поддршка на државниот врв на патот за излегување од ќорсокакот.

Во Македонија моментно не постои релевантна тврда десноориентирана, би се рекло и националистичка, политичка опција која застанува против каква било промена на името, без разлика на последиците. Вмровската икона од деведесеттите, Љупчо Георгиевски, дури нуди и конкретни решенија за име на државата. Неговиот став, намерно или случајно, и' помага на власта за да ја омекне реакцијата на најтврдокорните граѓани и ќе му овозможи на актуелното државно раководство да бара оправдување дека, наводно, останале сами.

Политичките партии на македонските Албанци гледаат отстрана на проблемот со името, иако една раководи со клучни функции во државните институции. Тие се чувствуваат растоварени од решавање на овој проблем иако одвреме-навреме покажуваат заинтересираност, а ќе реагираат само по инструкции од странците.

Остануваат единствено граѓаните кои се' уште веруваат дека не е се' загубено и дека на референдум ќе го одбранат името. Но, дали ќе има и референдум? Последните настани со спогодбата помеѓу Србија и Косово говорат дека меѓународната заедница не е расположена за вакви прашања да има референдумско изјаснување, познавајќи ги навиките на Балканците. Сигурни се дека доколку имаше референдум, ќе беше неуспешен и во Косово, а особено во Србија. Затоа и кај нас, дали со референдум или без него, решението на спорот за името нема да биде воодушевувачки примен од македонските граѓани, но ќе се бара начин како да се протне, а да не се доживее како пораз. Така ќе биде ако сакаме во ЕУ и во НАТО.

Во сложената ситуација најгласни ,,бранители” ќе бидат дел од медиумите или нивни аналитичари, кои со стимулирање на власта во нејзината политика придонесоа да се најдеме во оваа состојба. Ќе бараат начин како да се ослободат од одговорноста за соучесништвото во креирањето на поразената политика.

Политиката на власта го доведе македонскиот народ до ѕид и во ситуација никој повеќе да не може да го одбрани името, ниту, пак, да го влечка решавањето во недоглед, без штета на нашите интереси. Поради таа политика, јасно е дека кој и да е на власт, има можност само да бара решение и начин како да биде тоа со помали лузни. Речиси сите се приближија на ставот дека треба да се бара решение кое нема да засега во идентитетот и да се одреди опсегот на употреба на новото решение. Но, прашање е кој да ја повлече ногата.

На дежурните критичари ќе им кажам дека, како и огромниот дел на Македонци, не сум за промена на името, но цената на политиката која последниве години не' натера во изолација ќе ја платиме. Не треба да се губи времето со убедување на јавноста дека почнувањето на дијалогот со ЕУ е замена за почеток на преговорите. Македонија нема друг излез освен седнување на заедничка маса на сите домашни политички фактори, изготвување заедничка стратегија и барање решение за спорот со Грција. Србија и Косово со постигнатото решение едноставно ја принудија Македонија да бара компромис за излез од статус кво состојбата. Треба да се покаже мудрост и да се преземе активна улога со предлагање на решенија, при што зачувувањето на идентитетот на Македонецот нема да се доведе во прашање. Се' друго води кон неизвесност, во непознат правец и популизам.

(Авторот е поранешен пратеник)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде моќен и влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат некои од нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на друга политичка личност или личност од која ��ило сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 6322 пати.

Испрати коментар



Борба за гол живот
Трет пат Путин
Близината на Далечниот Исток



jovan, 06.03.2012 00:53:08
Taka e toa vo politikata i megunarodnite odnosi. Ako se zavrknis, ne ocekuvaj pomos. Ke te pritiskaat uste poveke, i nikoj nema ozbilno da te svaka. Nie za zal se zafrknavme i toa debelo. Im dadovme sansa na onie koj ne sakaat da postoime da ne dokrajcat, a na dobar pat se i da uspeat. Do dusa nie im pomognavme, kolku mozevme, a so obzir na toa kolku i kakvi sve gluposti ne napravivme, mozat najmnogu nam da ni zablagodarat. Se nadevam deka nekogas, kad-tad, nekoj luge ke odgovaraat za ova vo koe ne vturnaa.
Kasno e chedo bozje, 06.03.2012 00:54:50
Ova seushte ne e doprelo do svesta na patriotite. Tie seushe veruvat deka svetot se vrti okolu Makedonija i treba da ne molat za vlez vo tie asocijacii, a ne da ne ucenuvaat. Plus, ja pobedivme Grcija vo Hag, a bogami i vo Litvanija. A EU i NATO, kako veshtachki tvorbi, samo shto ne se raspadnale. I uporno go toa verglaat, zaedno so ,,sopstvenite uspesi,,. Vece stana banalno i za deca, a podanicite mu se i ponataka poklonuvaat. I se taka dodeka ne ja zagubi vlasta. Togaj Grujo ce vidi shto patrioti imal okolu sebe. Ama ce bide kasno, tokmu kako i sega so samitot vo Chikago.
zxcvghujiop, 06.03.2012 01:09:27
Tocno e deka vo Makedonija nema politicka opcija so hrabrost jasno i otvoreno da kaze: nie ne sakame da bide promeneto imeto i ke go branime so site sredstva i seto znaenje. No ne e tocno deka postoi neizvesnost. Duri eksplicitno e kazano sto se bara:ime so geografska odrednica( i taa se znae-Severna) za sevkupna upotreba. Samo sto i za taa opcija nema politicki faktor koj ke kaze:dajte ni poddrska da formirame vlada i nie ke go prifatime toa resenie koe ke gi otvori vratite na idninata na Severna Makedonija vo NATO i EU. Rabotata e tolku prosta i ednostavna. No i ednite i drugite se nekako so glavite vo pesokot i cekaat nekoj tret da presece. A tretiot-narodot se krsti na sopstvenata svest i kultura deka nema da potklekne.
Lbero, 06.03.2012 02:33:58
Dane bese sdsm i dcrzava ke nemavme demek vie za se ste vo pravo.Prvo bjrm e vase maslo koga vmro cvrsto stoese protiv promena na imeto vie ja kodosevte drzavava nasekade po svetov dojdoa izbori ve napravija parce.E pa golem analiticaru kazi kavo ime da nosi drzavava ajde ti bidi kum, tvojata partija e poznata po sekakvi ostapki. gruevski rece slednive pet godini nema resenie za imeto. koj kogo laze tuka
toso, 06.03.2012 03:53:22
Slobodane, Srbija i Kosovo se nadvor od EU, vo ednakvi pozicii, pa im bese lesno da se dogovorat. Kaj nase Grcija e clenka na NATO i EU i ne ucenuva, nisto ne gubi ako ne se resi sporot, nikoj ne ja uslovuva. No ajde neka izleze od EU pa neka i postavat uslov za povtorno vleguvanje da go resi sporot so Makedonija togas ke nema erga omnes. Osven toa vo Bukurest nie prifativme da vlezeme pod referencata no Grcija ne se slozi i ne blokira. Licno mislam deka EU I NATO ne se edinstvenite alternativi, mozeme i sami kako i stotoci drugi zemji vo svetot i taka ke go zacuvame ustavnoto ime.
USA, 06.03.2012 03:54:17
Бенџамин Нетанјаху деновиве е во посета на САД. Со спротиставени политички убедувања меѓу него и Обама, со најголема почит изјави дека негова обврска број 1, е суверенитетот на Израел и негова одбрана. Нашиот суверенитет доаѓа со донесувањето на Уставот во кој пишува Република Македонија. Што да се зборува???
pameten, 06.03.2012 06:35:24
Tochno e deka Gruevski dotera drzhavava do dzid, no e e tochno deka nema reshenie bez shteta za nashite interesi. Kako kazhuvat Kinezite sekoja kriza e i mozhnost. Ne samo za reshenie na sporot so Grcija e potreben katarzis. Razmisluvanje za identitetot, za istinskata vistorija, za vrednostite. Identitetot od SFRJ e odamna gotov, Antikvizacijata ne dotera do dzid. No istorijata ne pochnala nitu vo 1944, nitu vo 2006.
Ставете си го компромисот ..., 06.03.2012 07:55:13
Би сакал некој од тие „Македонци“, кои се компромис околу името и идентитетот, да кажат за каков компромис се залагаат и тоа да му го кажат на Македонскиот народ во лице. Зарем треба да се прекрстиме само за да добиеме еден ДАТУМ? Можам да замислам што ќе бараат грците од нас кога ќе треба да влеземе во ЕУ.
bitola troa skolovan, 06.03.2012 09:35:27
Znaci vidofme koj sme i sto sme na bojnoto pole na medjunarodnata politika a demek ni trebase 20 godini da razbereme.Ete vo kakvi vodi plival pokojniot Kiro Gligorov i so koi ajkuli imal rabota.Go anatemisafme kako predavnik a ocigledno bez taa odluka deka ke ne nemase.Ajde sega vneseni vo OON od predavnikot , ne znaeme kako ponatamu pa ke kazuvame kako ne ne saka nikoj.Toa mozese i Kiro da go kaze no sepak morase leb da obezbedi za narodecot i seuste ova suvo lebce sto go jade ovaj narod e iskljucivo od tie togasni odluki a ne od site posle nego.Vo Bitola velat ERBAP covek,a za zal imame nekoj skoroevici , patnici niz partiskiot sistem so diplomi koi se stampaat kako vo bivsa Jugoslavija vo Pristina i tezime od magistri i doktoranti koi doprva go otkrivaat svetot.
seirdzija, 06.03.2012 10:13:43
Interesna e sporedbata na komentatorot USA,hm..Usa ne se sporeduva so nekoj na koj ne si mu ni do kolena,za razlika od nas Evreite od pustina napravija OAZA,a nie od OAZA ja opustevme Makedonija.Iako ne go sakam SDSM,od seto videno moze da se kaze deka vladeeja mnogu poodgovorno,za razlika od ovie od DPMNE koi gi dozivuvam kako BANDITI koi ni ja rasturaat drzavata...
Mark, 06.03.2012 10:51:45
Severna Makedonija voopsto ne e los ni problematicen predlog! Ova takanareceno ustavno ime poleka se pretvora vo fetis za profesionalnite patrioti i alibi za kradcite sto nikako ne sakaat vo EU i NATO, ke gi uapsat! A obicniot narod samo moze da dobie od evrointegraciite i da pocne da zivee normalno kako i negovite evropski sonarodnici!
Велешанин, 06.03.2012 12:15:43
Кога ке го смениме името тогаш ке има влез во НАТО и ЕУ.Владата на Груевски ова нема да го стори.И опозициjaта во Македониja е србоманска и она нема ништо да направи.Досто со србоманштината во Македониja.Иднината на Македониja e во ВМРО - НП начело со Лjубчо Георгиевски.
od Avstralija, 06.03.2012 13:41:39
Dosta so pololizmot na DPMN da se vrati Ljubcho !
Трпе, 06.03.2012 15:10:55
Камилата сакала рогови и без уши останала.Тоа е нашата лажнопатриотска блада.Ним им е поубао да не држат во резерват.Така сите ке бидеме со наведнати глави пред нив.Тие не само што не лажат туку и не крадат.Гладен народ нема сила да се подиспраи и да вика.ни фалат уште бункери на границите да ни изградат да не случајно некој побегне од ова убаина што ни ја нудат.Но народот сам оваа си го напраи.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Облачно

Среда
Врнежи од снег
Макс: 6°C, Мин: 0°C

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |