Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
04.03.2012, 17:49

Мое ќоше

Тројно убиство во Гостивар

Ерол Ризаов

Најужасните пораки се: и јас би го направил истото, тоа е сердарот, новиот херој...

По двојното убиство во Гостивар се случи уште едно злосторство. Убиена е меѓусебната доверба. Убиен е гласот на разумот. Ширум се отворени вратите на нетрпеливост и ксенофобија. Социјалните мрежи на интернет експлодираа од реакции на поддршка на полицаецот со насилничко досие, кој уби двајца граѓани во банална расправија. Осудите на крвавиот чин и повикот на воздржаност, судска правда, присебност и толерантност се изгубија во лавината на милитантни пораки полни со навреди и јазик на омраза. Болните умови ги искористија можностите на информативните мрежи да ја испратат најужасната порака: Тоа е сердарот, новиот македонски херој, голем јунак и патриот, човекот што не го чувал кубурот за тешки времиња, веднаш да му се отвори жиро-сметка да се собира финансиска поддршка за неговото семејство. Прочитав голем број пораки со содржина од која се крева косата на глава: и јас би ги убил, жалам за загинатите, ама и јас би го направил истото, Тетово, Гостивар и Дебар се под албанска окупација... Претходниот ден на мирните протести на граѓаните Албанци во Гостивар медиумите јавија дека имало извикувања „смрт на Македонците“ и скршени излози на дуќани и продавници на Македонци.

Ете ова е грдата, мрачна страна од убавото лице на Македонија, која се гледа само кога крвта зоврива, но која загрижува до болка, од која секој разумен стравува за сопствената иднина и на своето семејство и на својата татковина. Кога сето ова ќе го видите и прочитате со свои очи, просто на човек му излетува од уста каква Европа, каква европеизација, какво НАТО. Длабоко сме потонати во балканштина, во шовинизмот и во тешка омраза.

Како и при сите вакви драматични и крајно чувствителни настани прва гине вистината. Првото официјално соопштение дека полицаецот пукал во воздух откако бил нападнат од четворица насилници пред очите на својата ќеркичка, нанесе огромна штета и предизвика огорченост во јавноста. Таа монструозна лага требаше да прикаже дека се работи за нужна самоодбрана на сопствениот живот и на животот на својата ќерка. Кој да му верува на второто соопштение дека немало никакво предупредување и пукање во воздух, дека загинатите не биле вооружени. Тоа што полицаецот бил конфликтна личност и двапати осудуван за насилство и тешка телесна повреда и загрозување на човечки живот со опасно орудие при тепачка тоа веќе никого не го интересираше. Во зовриениот котел тоа стана небитен факт.

Уште неколку работи се посебно загрижувачки. Мошне видлив и индикативен е односот на провладините медиуми. Таму нема јасна и недвосмислена осуда на крвавиот чин. Се објавуваат ексклузивно сведоштва на сопругата на полицаецот, небаре тој е жртвата, интонацијата е со видлива албанофобија и јазик на омраза, во подбуцнувачки стил и со ниски страсти. Од друга страна забележливо е отсуството на албанските реакции на социјалните мрежи. Тоа само го потврдува сознанието на еден албански аналитичар изнесено неодамна дека Албанците веќе не се информираат од македонските медиуми, дури ни од тие на албански јазик. Главниот извор на информирање на Албанците во Македонија е од медиумите во Албанија и во Косово. Тие се индиферентни на полемиките и настаните не само од политичкиот живот, секојдневјето, културата, спорот, туку и во шоу-бизнисот и забавата. Едноставно тие во македонските медиуми не препознаваат обраќање до нив и нивниот интерес и не им веруваат.

Единствена околност која дава искра надеж е дека, сепак, оваа наезда на интернет не е глас на мнозинството, туку на оркестрирана мобилизација на етничка и верска основа. Внимателното препрочитување на интернет- реакциите во врска со гостиварските настани покажува дека истите луѓе кои се јавуваат како адвокати на власта за секој текст кој е критички насочен кон власта и нејзините политики овојпат се главните пропагандисти и поддржувачи на сердарот и новиот македонски херој. Дури и изјавите на премиерот Груевски и на министерката Јанкулоска со осуда на убиството, иако и двајцата јавно кажаа дека станува збор за банална расправа, не можеше да го сопре стампедото предизвикано од првото лажно соопштение кое е типичен производ на ова време. Кога работите излегуваат од контрола се јавува бумеранг-ефект.


Статијата е прочитана 5942 пати.

Испрати коментар



Светска банка за нов свет
Недостасува уште Бен Хур
Инциденти посакуваа вмровци
Дезинтеграцијата на Ахмети



Predavnik, 05.03.2012 00:26:36
Erole, i jas gi chitav komentarite, ama neshto drugo zakljuchiv. Ne samo patriotite, nego i predavnicite i neutralnite, apsolutno site makedonci, koi se inache zalostivi po priroda, ovoj pat namesto da zalat za izgubenite zivoti, policaecot od Gostivar go dozivea kako makedonski Gavrilo Princip. Zoshto Erole? Mnogu si umen i sovrsheno ja poznavash makedonskata realnost, a gi imash i informaciite, pa bi mozel da ni dadesh adekvaten i kvaliteten odgovor na ova prashanje. Odnapred, blagodaram. Pozdrav!
xdcfghjik, 05.03.2012 00:34:37
DUI definitivno blefira. Inaku SAD i EU ne se tie sto nalozija vo sekoja vlada albanska partija nitu so ohridskiot diktat, tuku vo mnogu navrati i izjavi kazale deka nemora da ima albanska partija vo vladite, no otkako videa deka nema razum, demokratski kapacitet i drzavosposobnost, stanaa pragmaticni pa i uporni participient da bide nivniot pulen DUI. Znaci ne treba neumesno i nepromisleno da se zaplasuva narodot deka ako se glasa i namerava vlada bez alb.partija se pravi nesto protiv zapadot ili nedemokratsko. Eve ja Bugarija-imase ucestvo na turska partija vo vladata so BSP, pa vo segasnata nema i Bugarija ostana ziva i clenka na EU. A za ishodot izvesno e deka sdsm ke potone a od radikalizacijava ke niknat nekoi treti opcii nezadovolni i od servilnosta na DPMNE. Albancite treba sami da si ja preslusaat nivnata muzika koja bese celo vreme kamuflirana a izleze na delo vo Gostivar a so nozot nad anonimni i nevini vo Skopje definitivno si gi dokaza divite akordi.
jovan, 05.03.2012 00:51:27
Ne e nikakva orkestrirana naezda. Samo se ukazuva deka podolg period nekoj postojano izigrava zrtva, dodeka so sekiri napagaat policija, tepaat po avtobusi deca, nesmees kazna da im pises za neregistrirano vozilo...... a se pravat masovni protesti, se rusi i krsi koga ke se sluci vakov nemil incident. Ostanuva ona hipoteticko prasanje. Kako ke bese ako bese obratno? Ke bea li nedostapni so godini kako onoj koj go ubi ona nevino dete vo Tetovo na kosarkarsko igraliste. Go kriea bezmalku 10 godini. Ke protestiraa li i togas ako bese policaecot ubien? Zatoa, Pravda i Zakon za sekogo. A bidejki ovde ne e taka, pa zatoa ni se slucuva omraza, odmazda, nedovrba......dodatni incidenti.
mme, 05.03.2012 00:54:13
Erol, reakciite sto gi citiras od eksplodiranite socijalni mrezi se reakcii na tvojot ednostran tekst vo petokot za izvesen Gringo sto puka prv... ili taka nesto. Te molam vozdrzi se od dijagnozi za bolni umovi, barem dodeka ti plasiras selektirani vistini za nevini goloraki momcinja zrtvi, preminuvajki preku dva - tri samara i nekolku tupanici pred oci na 9- godisno dete i drsko odreduvanje koj kade moze da parkira.. Najperverzno vo celeiov slucaj e sto tokmu Ti samiot na krajot od prikaznata, treba da ispadnes zrtva na omrazata na govorot. Izvezbana taktika na manipulator so dolg staz!
EU, 05.03.2012 01:06:58
Za zal gospodine Rizaovski gavolot odamna ja odnese segata vo Makedonija.Da ne se zalazuvame, definitivno postoi dlaboka podelenost, i, sto e uste postrasno, omraza vo Makedonija. Glavno prasanje sto se nametnuva e koj i zosto go nametna ova oti generacijata rodena okolu 50-te /- ne se mrazese. A omrazata im bese strana i na nasite tatkovci i dedovci.
Vancho, 05.03.2012 01:07:51
Ami da ne ti beshe imeto Erol ke komentirashe drugachije.Prvo chovekot sigurno ne pukal od zadovolsto vo tije mladi Hulgani za koi mozam so sigurnost da tvrdam.Zashto Plitok chovek predizvikuva Konflikt,Da napadnesh chovek bez motiv Erole Probudi se zashto dojdi ovde vo Zapadot pa nije ke ti gi objasnime postapkite po koi vladee zakonot Self Defenc.Shto se odnesuva za Verata shto ja meshash vo sluchajov samo da ti pojasnam da ni vo edna od dominantnite religii na Balkanot ne se drzat na osnovnite verski nachela:Ljubi go blizniot kako samiot sebe si i tova go nema,nemalo i nema da go ima bez Reforma vo Religijata kako i Pojedinechno.Pravoslavna,Islamot i Katolicizmot so vekovi vojuvaat i nemaat shto da ponudat duhovno osvn Nacionalizam koj nosi Mrznja.
Libero, 05.03.2012 02:03:14
Covekot go stitel sopstvenoto dete.vidi gi reakciite na siptarite, e pa Erole i jas bi go napravil istoto bez razlika dali se makedonci ili albanci,fizicki go napadnale mu go skrsile nosot i sto sakaat sega.
Albanec, 05.03.2012 03:08:23
Problemot ne e vo nastanot, takvi raboti se slucuvaat, posebno kaj nas Balkancite. Za toa si imame obvinitelstvo i sudovi koi treba da gi reshavaat. Problemot e vo nacinot na koj instituciite gi tretiraat ovie nastani.Vo konkretniot nastan po inercija zastanaa (i ushte go pravat toa) vednash zad policaecot bez razlika na faktot shto e sluzhbeno lice i treba (lo) da znae shto i kako, deka ispukalo 15 tina kurshumi, deka ima dosie i istorija na upotreba na oruzhje pri vakvi tepacki i sudski postapki protiv nego, deka ima svedoci koi velat deka ladnokrvno pukal itn...Koga zatajuvaat instituciite, stapuva na sila neofrmalnosta I ova sozdava jaz i potreba na grupiranje po enticki linii i branenje na svoite. A covecnosta, moralot, pravdata, dobroto i zloto se najdalecnitie covekovi vrlini vo nashiot ni Balkan vo takvi okolnosti! Ne naucivme ednash ako ne za nas samite, za idnite generacii da ne ostavam mracna idnina!
Bogomil, 05.03.2012 05:14:21
И на врапчињата им беше јасно дека ќе се случи тоа што навистина се случи - да еруптира гневот, омразата, нетрпеливоста, поделеноста - и сето тоа на меѓуетничка основа. Во Гостивар и пошироко под нозете се стави одговорот на прашањето Кој е виновен. Во вжештените глави доминираше единствено гневот дека тој што го потегнал орозот на пиштолот не е Албанец и е од немуслимански табор. А некои новинарски коментари, вклучително и Вашето прво реагирање, заличија на оние по повод настаните во А-1. Дуи подоцна, сите, освен владините трубачи, сфативте дека играта била поинаква од онаа што првично ја наслика полицискиот телал. И на страниците од весниците не треба брзоплето да се пука во една насока. Таквите истрели, доколку не ја имаат најпрецизно откриено целта, оставаат рани и многу сериозни последици.
albanec od makedonija, 05.03.2012 06:10:01
edno treba makedoncite da svatat deka albancite nemaat voobsto nisto protiv makedoncite no imaat protiv vladata i politikata nivna nacionalisticka na site vladi dosega vo makedonija.Kazuvate za osudi za gluposti deka albacite ne odgovaraat.Koj makedonec odgovori koga se zapalija dzamiite vo prilep, koj makedonec odgovori koga javno na TV se gleda rakometarski igrac na republika makedonija koj zima pari od albansikot narod gi pcue albancite so nacionalisticki pesni, toa se slucuva jas ni nikoj nemoze da se zanimava so poedinci ima takvi i albanci i makedonci.No vlatata treba da ja spusti topkata da gi osudi a ne da se pravi deka necula i nevidela ili da gii podrzuva ili gi opravduva.Toa e mizerija a na toj nacin samo se siri omrazata kaj nacionalnostite vo makedonija.Toa go znae vladata i namerno toa go pravi.Ne e ova slucajno se e dobro izplanirano odnapred.Samo na toj nacin ke mu se kaci rejtingot na dvete partiii na vlast i ke gi sokrivaat krazbite sto gi pravaat
pameten, 05.03.2012 07:07:42
Sozhivotot so Albancite e nemozhen. Kolku pobrgu se dojde do federalizacija i potoa podelba, povekje zemji kje se apasat za Makedoncite. Za vreme na Ljubcho i Dosta, kje se spaseshe se do Grupchin (a Makedonija duri mozheshe da dobie Pustec). Patriotite se okazhea predavnici, koi shto go izgubija Chair. Nema potreba da se gradi Berlinski dzid. Prosto jasni granici - dobri sosedi.
Nikola, 05.03.2012 08:04:43
Da, vece i albancite ne reagiraat javno po mediumite! Tie imaat svoe scenario koe ce go pokaze vremeto. Kolku poloso vo Makedonija, tolku pogolemi sansi za realizacija na toa scenario. A bidejci, i Gruevski, i Jankuilovska, ja sozdavaat podlogata za toa scenario, i tie rabotat na nego!
analiticar, 05.03.2012 09:01:35
kako prvo,porealen komentator dade albanecot nego ovaj erol koj se povikuva na razum a i sam znae kako e vo gostivar,tetovo,i dali nekoj tamu postuva zakon i pravo.Ja kaze seta krvna slika na policaecot a za ubienite ne kaza ni na koj fakultet zavrsija,uste da kazese deka policaecot e zel kerkamu za ziv stit,a ona deka napagacite nemali pistoli i da e taka treba da se najde vo rublikata veruvale ili nenataki vo komentaro pisuva deka sega na fam..na poli..kako da mu cvetaat cvekina.i da zaklucam i ti novinarce se informiras od tuga stampa.
Toso, 05.03.2012 09:22:50
Erol, Erol, Ocigledno malku ti gi istegnale usite za prethodnoto pisanie. Ama pisi nekolku zbora i za cetirite cvrkinja koi go precizvikaa incidentot. Ko se, so sto se zamivaat, dali imaat dosie, dali se ova - ona... Aj zabrisi gi naocarite i gledaj poarno. Ostaj gi provladinite mediumi, pa ti neli si nezavisen, pro opoziocionen, pro ova, pro ona novinar
nekoj, 05.03.2012 09:26:14
Do Albanec: jas sum Makedonec no se slozuvam so tebe deka ovie raboti treba sudski da se resavaat, a kaj nas odma eden cel narod protiv cel narod. A pak treba da se zivee zaedno.
Mudrec, 05.03.2012 09:38:03
Erol, aj bidi malku i samokritichen. Go osudi policaecot deka ubival za nisto vo tvojata prethodna kolumna. Ne ti tekna deka so toa ne sskash nas Makedoncite? Jas ostanuvam na toa sto go rekov deka i jas bi postaplil taka i toa ne e voopsto strasno.. Ako nekoj me maltretira dodeka sum so decata i ako imam pistol ne e bitno dali nasilnikot e albanec ili bilo koja druga nacija.
seirdzija, 05.03.2012 09:44:41
Sto ocekuvas da se sluci Erol?,pa pogledni si ja tvojata fela sto praite???Dali vece ima nesto normalno vo ovaa drzava?Mislis deka samo so standardot sme prvaci vo mizerija vo Evropa??Moras jasno i glasno,precizno i nedvosmisleno sekojdnevno da poracuvas deka ovaa vlast mora pod itno da si odi sose svoite plateni novinari,zatoa sto slucuvanjata se proizvod na nivnoto pogresno i lopovsko vladee i deka BRANITELITE NA IMETO KE JA IZGUBAT I DRZAVATA,A TAA NE E NIVNA!!!TAA E NASA, NA SITE NAS!!!
Sozivot= bratstvo edinstvo, 05.03.2012 09:45:30
Se povece mislam deka Ljubco , iako ne mi e mnogu simpaticen , deka e dobar vizioner i vo nekoi raboti i predlozi imal pravo. Ponekogas e mozebi dobro dvajca sosedi da se razdvojat vo mir otkolku da se delat so nozevi i krv.Ovaj propagiran i vestackji imitiran sozivot ne odi i me potsetuva na onaa floskula : bratstvo edinstvo , pa go vidovme toa bradstvo i edinstvo i vo Bosna i vo Hrvatska i na Kosovo , a eve sega i kaj nas.
skopjanec, 05.03.2012 09:54:11
do vancho...zosto ti vancho ne gledas realnosta pa gledas samo toa sto tie servirano od latas i negovite sorabotnici..zosto ne gledas na alsat tv..tamu da go slusnes svedokot sto bese na nemiliot nastan koga gi odvoil toj bese albanec pa gi razdelil bez razlika dali policaecot bese makedonec..toj ja kaza vistinata ama vistinata sekogas boli ...pa zatoa ja kriete ...toj koga gi odvoil toj otisol do svojot avtomobil i zemal pistolot i togas bez predupreduvanje pukal vrz niv prvo pistolot go vperil direkno kon svedokot i zaprasal koj me udril...i ako bil vo samoodbrana kako sto vie vikate zosto ne gi ranil vo noga ili bilo kade tuku celiot sharzher go ispraznil..toa lie oprdavdanie..vase..e dragi sogragani dodeka mizite pred vistinata nikogas ama nikogas nema da ima mir..
Itar Pejo, 05.03.2012 10:52:42
Da bev albanski nacionalist iskreno ce im zablagodarev na ovie patriotski komentatori. Blagodaren na niv i takvite Makedonija poleka poleka se dvizi kon srbsko-kosovsko scenario. Svetskite sili koi sto dignaa race od Makedonija ce dojdat do zaklucok deka ce treba da se deli. Toa i im odgovara na nekoi od patriotite: etnicki cista Makedonija makar i pomala. Ce bide lele majko koga ce razberat kade vo toj slucaj ce bide granicata. Vo Skopje VMRO i DUI vece ja crtaat: ce treba samo da se premestat vosocnite figuri i spomenikot na tatkoto na Voinot na konj.
девичанецот, 05.03.2012 11:02:45
Почитуван Ероле, Од грешка во грешка влегуваш.
sime, 05.03.2012 11:25:17
Moram da priznam deka komentarot na potpisaniot albanec za mene e vistinata. Nacionalizmot i omrazata koi ni se nudat mnogu se opasni.
мирце, 05.03.2012 12:04:00
Би требало да дојде време, да се зборува за луѓе, но не за припадници. Би требало да се знае, дека во традиционалниот ментален едукативен систем, човекот се формира во субјект со ограничен концетуален систем. Тој нема слободата да делува и се однесува слободно, туку дејствува според императивите на научено од овторитетот на едукаторот. Затоа што наученото му е пренесено како догма. Луѓето се формирани како масовни луѓе. Тие реагираат по резонот на масата, но не и по резонот на сопствениот интелект. Мора да дојде време, кога луѓето ќе се изградуваат како идентитети и ќе живеет и одлучуваат по сопствениот резон искуства и знаења.
komentator, 05.03.2012 12:23:19
Gospodine Erol dosega ja imavte sekogas mojata pocit vo vasite kolumni i s0 zadovolstvo gi citav ovaa za zal samo go procitav naslovot...Kako pisuvac na kolumnata navistina ne e na mesto da gi komentirate komentatorite bilo vo poz.. ili neg.. konotacija---Ovie komentari se izliv na cuvstva koi se vo napliv vo ova turbolentno vreme koga edna iskra gori vo ogin i covek nema granica vo povedenie---Podobro bi bilo da se vozdrzat novinarite od vakvi kolumni i da ostavat zakonite i pravoto da rabotat vo polza na site gradani na nasata zemja....!!!
Vesso, 05.03.2012 13:25:13
Nikoj ne opravduva ubivstvo.Dali e bas taka,deka policaecot ednostavno se raspukal vo nevinite nevooruzeni mladi luge.Tekstopisecot postojano povtoruva deka policaecot bil konfliktna licnost.Imase i drugi tvrdenja za ovie mladi cetvorica.Deka se pripadnici na mafijata i sakale da go zaplasat policaecot.Koj znae sto e vistina.No mi smeta sto Erol sekogas zazema strana,kako da toj gi ima site informacii.Duri si zema za pravo da tvrdi deka ne sme Makedonci.Sepak denes ne e komunizmot,koga bese zabraneto izucuvanje na antickoto minato i ne daj boze posocuvanje na nekakva vrska so starite makedonci.Ama Erol i drugariote mu, se uste sakaat taka da ostane.A za ovoj slucaj,da pocekame od nadleznite da se utvrdi sto bilo.I da ne se povtori.
Леонид, 05.03.2012 13:32:36
Почитува Ризаов, ги почитувам Вашите ставови и идеолошко партиската обоеност, сосема е нормално секој од нас да има определна идеологија и да застапува определни ставови. Во однос на текстот се би било во ред ако не живееме лажно братство единство, а видовме како истото заврши во СФРЈ. Соживотот е флоскула, само попатна станица до разграничувањето, и покрај сите отстапки под пристисок на ткн меќународен фактор и покрај мирољубивоста на македонците, се повеќе е јасно дека црвената линија на толерантноста е помината. Сведоци сме на агресивно национално фундаменталистички терор и обид за претварање на Македонија во џамахирија. Погледнете ја само низата од минариња од Кумново, преку Скопје до Струга, па толку џамии нема ни во Саудиска Арабија. Целта е национално и верски да се исцрта територија на поделба и тоа ќе се случи. Се друго е самозалажување, тој процес е отпочнат со рамковниот договор и нема враќање назад. Све друго е илузија, мислам дека и на Вас ви е сосема јасно.
Mapkoc, 05.03.2012 13:40:02
Се плашам дека уште многу пати ќе го гледаме „веќе виденото„, тоест за ништо да бидат одземени животи на недолжни луѓе, за потоа „институциите на државата„ тоа да го осудат, да пролеат крокодилски солзи, и така до следниот случај. Такви солзи, чинам, пушти најважниот човек на „институциите„ - г. Груевски. Ама не гледам да спомнал промптна суспензија на можно одговорните во системот, и итна постапка за расветлување на трагедијата. Со што, Премиерот, би демонстрирал чувствителност и одговорност. Без тоа кој може нему да му верува, освен неговото слепо етничко „стадо„ - неспособно да види каде му е насочена татковината.
До Мудросерот, 05.03.2012 13:44:55
Не знам зошто некој би ме навредил мене како Македонец, ако осуди убиец , кој и пред тоа бил проблематичен!Среќа наша што немаш деца , инаку таквите како тебе би ја уништиле Македонија!
kilimili, 05.03.2012 14:06:37
abe samo gi citam komentarite i se cudam zarem e mozhno vakvi komantari da se i sparatat ne da se drzhi strana tuku realno da se sogleda nastanot se slucuvalo makedonec da ubie makedonec ili obratno i shto vaka li ke se reshi rabotatata tuku so ubavi zborovi ihhhi kolku sekojdenvni kavgi ima i da se zavrshat na ovoj nacin shto ke bide od makedonia,i sum siguren deka ovi lloshi komentari gi pishuvat istite lugje vo site mediumi se se vrti vo krug kako vo radio taka i na tv itn.
Pjotr, 05.03.2012 14:29:41
Samo naiven covek moze da zboruva za nekakov sozivot.Makedoncite se 11 god. pod albanski teror i normalno e deka poleka ke puka filmot.Nemaat Makedoncite bolni umovi tuku im puka filmot.Akcija-reakcija.Ubiecot vednas bese uapsen,ke bide i osuden.Zosto togas bea oni srednoskolski protesti vo Gostivar?Sto sakaa?Zosto krsea makedonski dukjani?Zosto nikoj od niv ne e uapsen,zosto se zastiteni kako beli mecki,zosto se nad zakonot?
Mark, 05.03.2012 14:43:51
Pa pa paa, kakvo salto mortale kaj kup patrioti?! Sega i Leonid,(a i Breznjev he he) se svesni deka Makedonija ke se deli?!? Pa tie antickite majcini do skoro na Solun ke odea?? A sega-e pa aj bar malku od ova da spasime, bar Kumanovo da ni go ostavat?? Vmrovskiot kretenizam doagja do poln izraz-galama do nebo pa kvicenje kako udreno kuce...A mudrecot i ponatamu ke pukal-a jas pak velam-serko...
media, 05.03.2012 16:02:21
Ако сите овде знаат, дека Македонците со албанска националност повеќе им веруваат на косовските и албанските медиуми, зошто никој од овде не се обидел да ја прати пораката до нив преку тие медиуми? Пораката мора да допре до нив, на било кој начин. Дека секој провоциран настан може да заврши со несакани последици. Освен ако ова не е намерно провоцирање.
Внимателен читател, 05.03.2012 16:06:51
Браво, за сите што се подготвени да земат пиштол и пушка во раце и да делат правда по улиците. Од една страна велат дека не може заедно да се живее со Албанците и со многу џамии, црквите не пречат, а од друга страна велат дека никогаш подобро не функцинирала власта и системот. Половина Македонија била под окупација, ама тоа не е причина да се дели валста со Албанците и да се даде амнестија на воени злосторници. Господа патриоти полицајци - силеџии убиваат луге на улица. Тие не гледаат националност и вера. Мартин Нешковски го убија на плоштад во близина на највисокото раководсво на ВМРО ДПМНЕ. Два дена криеја дека гу убиле. Тогаш направија клуб на обожаватели на убиецот на Мартин. Сега му правт чест на Сердарот. Далеку ке стасаме.
Zacuden, 05.03.2012 22:18:27
A kako go objasnuvate vcerasniot slucaj koga cetvorica mu zabija noz na decko samo poradi toa sto slucajno se udrile so ramo? Od kaj nozot kaj nevinite decki (ne e bitno nacionalnosta) i sto ako toj sto mu zabile noz slucajno bil - policaec koj ne e na sluzba???
Stole od dijasporata, 05.03.2012 22:45:54
Erole dragi, Te molam ne driblaj ponatamu. Dzaba e se sto pisuvas, tuku najdi nacin za borba i za DEKRIMINALIZACIJA(DEKRIMINALIZACIJA) na albanskiot element vo Makedonija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Претежно облачно

Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Среда
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |