Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
04.03.2012, 14:35

Мислења

Дезинтеграцијата на Ахмети

Ивор Мицковски

Реалните состојби во Македонија се во целосен конфликт со идеолошката платформа на ДУИ

Постоеше некогаш Демократската унија за интеграции и нивната идеолошка платформа која е експлицитн�� содржана и во името на нивната партија. Денес, од тоа име, а уште повеќе од таа политичка партија - нема ништо. Ниту има нешто демократско, ниту пак има некаква унија што асоцира на соживот и помирување, ниту пак има некакви интеграции, биле тие внатрешни или пак надворешни, кои се насочени кон евроатлантските институции. Истото што важи за Македонија, се' што важи за ВМРО-ДПМНЕ, важи и за Ахмети и за ДУИ.

Македонија на Груевски и на Али Ахмети станува се' послична, односно нивниот начин на владеење станува се' посличен, ако не и идентичен. Она што до пред неколку години беше недемократско владеење само на Груевски, го зарази и Ахмети. Она што беа различни идеолошки пристапи и ставови околу евроинтеграциите, соживотот и напредокот, денес се паралелни националистички платформи кои се движат во иста насока - целосна изолација, тотален внатрешен раздор и конечно, пропаст на Македонија.

Очекуваниот неуспех на Македонија во мај во Чикаго, дополнително ги катализира ваквите заклучоци. Песимизмот на Груевски и дефетизмот на Ахмети околу напредокот за Македонија, говорат за власт која нема друг концепт освен да продолжи со тендерската коалиција, со криминалното и со недемократско владеење, додека земјата се' повеќе економски пропаѓа, меѓународно е изолирана, а внатрешно е се' повеќе поделена со драматичен пораст на меѓуетничките тензии.

Сега се отвора суштинската дилема околу ДУИ. Ова се последните шанси ДУИ да одговори на прашањето дали вистински се грижи за евроатлантските интеграции или се грижи само за тендерската коалиција со Груевски и за сопствениот рејтинг, кој се' повеќе е загрозен од можната коалиција Османи – Тачи. Тие двајцата заедно веќе се приближуваат и се на добар пат да имаат повисок рејтинг од ДУИ. Ахмети почнува да ја плаќа цената што и нему самиот, но и на неговите, премногу им се услади дружбата со Груевски. Од друга страна, поради фактот што луѓе на ДУИ ги презедоа ресорите за одбрана и за евроинтеграции уште повеќе ги става во пат- позиција. ДУИ влезе во сценариото на Груевски во кое тој им го одзема оружјето, како дел од коалицијата, да испраќаат критики до македонската страна за евроатлантскиот застој. Воедно, таа поранешна улога на ДУИ, можеби, некогаш ја задоволуваше меѓународната заедница, но сега притисокот е еднакво голем и врз нив поради фактот што ДУИ раководи со клучни евроатлантски ресори.

Расипаната плоча на лидерот Ахмети дека застојот во евроатлантските структури може да произведе економски проблеми и меѓуетнички тензии од политичка флоскула прерасна во политичка реалност. Сега, кога сето тоа се потврди, Ахмети може да направи мала инверзија и да почне да зборува дека поради економската катастрофа и меѓуетничките тензии доживуваме застој во евроатлантските интеграции. И така во круг, како и да свртиме нема да погрешиме. Но, Ахмети тука нема што повеќе да каже, затоа што за таа штета и самиот придонесе. Залудни се сите овие декларативни заложби на поранешните интегративци, кога и тие самите станаа кло(в)нови на Груевски.

ДУИ има само една опција и еден излез од кашата. ДУИ мора да се прекрши и да застане на страната на иднината и на прогресот. ДУИ не може да го дели колачот со ВМРО-ДПМНЕ, а во исто време да се бори за евроинтеграциите. За такво прекршување, на Ахмети не му е потребен Чикаго. Не му треба уште еден национален пораз во кој жртва е и албанскиот етникум за да сфати дека доколку ја продолжи дружбата со Груевски, се става себеси пред свршен чин, каде што ќе нема повеќе простор за маневар.

Затоа, ДУИ или ќе се откаже од својата идеолошка платформа – ЕУ и НАТО и ќе продолжи да седи во скутот на Груевски или, пак, ќе го зачува интегритетот на ДУИ и на Албанците како фактор за стабилност и напредок. Во спротивно, ниту евентуалниот пакет пензии за борците на ОНА, ниту евентуалното премолчување на ВМРО-ДПМНЕ пред преименувањето на улиците во Чаир, ниту амнестијата за хашките случаи, ниту каков било поинаков дил со Груевски нема да го извадат од калта. На Ахмети треба да му е јасно дека сите политички дилови со Груевски губат смисла пред општата катастрофа и мизерија во економијата, пред изолацијата на земјата и пред растечките меѓуетнички тензии. Ахмети е доволно искусен за да знае дека му истекува времето да го фати вистинскиот правец, инаку, во спротивно, ќе остане сам со Груевски наспроти обединетите граѓани на Македонија. Во таа смисла доби и јавно предупредување од никој друг, туку од неговиот најголем противник, Мендух Тачи, кој по средбата со американскиот амб��садор Пол Волерс, јасно му пренесе дека меѓународната заедница нема да дозволи Ахмети да биде единствената албанска алтернатива во Македонија.

Како што кажав на самиот почеток, реалните состојби во Македонија се во целосен конфликт со идеолошката платформа на ДУИ, со нејзините декларативни заложби, со самото значење на зборовите содржани во името на нивната партија. Сега ДУИ треба да одбере, дали е само дел, една промашена и потрошена партија во рамките на една катастрофална коалиција или е потрошена и штетна партија во целост и сама по себе. Најавите на ДУИ дека ќе ја преиспитаат својата позиција во коалицијата сега-засега изгледаат смешни и ја изразуваат сета нивна немоќ и заробеност. Сите клучни политики на кои се потпира рејтингот на Ахмети доживуваат колапс, а во исто време кој легитимитет го има ДУИ да го прозива ВМРО-ДПМНЕ за евроатлантскиот застој или за неажурноста на Јанкулоска околу случувањата во Гостивар, кога се подеднакво одговорни за општите состојби и за наелектризираната клима.

Од друг аспект, пак, некогашните интегративци станаа подеднакво добри манипулатори, како и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ и министерката Теута Арифи подобро и поупорно лажат и од вмровците околу најавениот мониторинг од Европската комисија. Тоа било скрининг, ама не се викало скрининг, тоа било отворање поглавја без да се почнат преговори. Кого мавтаат? По сите лажги и обиди за подметнување некакви паралелни преговори, по барањата влез низ мала врата преку неприфатени словенечко-хрватски рецепти или српско-косовски фазни формули, сега сакаат дополнителната контрола од ЕУ околу внатрешните работи, судството, медиумите, борбата против корупцијата и изборите, да ни ги продадат како некаков напредок. Тоа не е напредок, туку признавање дека на овие прашања Македонија повеќе не е нормална и демократска држава. Затоа, вицепремиерката нека не се обидува со креативни решенија таму каде што превладала катастрофалната и карикатурна политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓуетничката тензија е на недозволиво високо ниво. Ставот на професорката Мирјана Малеска најдобро ја доловува суштината. „Ако трагично убиство заради паркинг во Гостивар може да ја загрози безбедноста во државата, навистина со право можеме да се запрашаме: што сме правеле во меѓувреме? Со што, како приоритет, се занимавале Владата, политиката и политичарите?“ Одиме по тенката жица и таа кај и да е ќе пукне!

Во регионален контекст, Македонија, дефинитивно, станува последниот, ако не и откачениот вагон на патот кон ЕУ. Српско-косовскиот компромис е далеку од конечен, но е одличен почеток, доказ за една поинаква свест и за поинаква политичка мудрост и прагматичност. Ако Србите се освестија и сфатија дека мора да преговараат и да доаѓаат до компромис, тогаш не знам каков поголем мотив и подобар пример ни е потребен за и ние да се освестиме? Ова е добро прашање и за ДУИ, кој не знам како ќе му објасни на својот електорат дека албанскиот етникум во Македонија е осуден на изолација, на заостанатост, на мизерија, да биде последен, особено во однос на своите сонародници во Косово и во Албанија.

(Авторот е аналитичар од СДСМ)


Статијата е прочитана 2262 пати.

Испрати коментар



Светска банка за нов свет
Тројно убиство во Гостивар
Недостасува уште Бен Хур
Инциденти посакуваа вмровци



xcfghkol, 05.03.2012 00:39:32
DUI definitivno blefira. Inaku SAD i EU ne se tie sto nalozija vo sekoja vlada albanska partija nitu so ohridskiot diktat, tuku vo mnogu navrati i izjavi kazale deka nemora da ima albanska partija vo vladite, no otkako videa deka nema razum, demokratski kapacitet i drzavosposobnost, stanaa pragmaticni pa i uporni participient da bide nivniot pulen DUI. Znaci ne treba neumesno i nepromisleno da se zaplasuva narodot deka ako se glasa i namerava vlada bez alb.partija se pravi nesto protiv zapadot ili nedemokratsko. Eve ja Bugarija-imase ucestvo na turska partija vo vladata so BSP, pa vo segasnata nema i Bugarija ostana ziva i clenka na EU. A za ishodot izvesno e deka sdsm ke potone a od radikalizacijava ke niknat nekoi treti opcii nezadovolni i od servilnosta na DPMNE. Albancite treba sami da si ja preslusaat nivnata muzika koja bese celo vreme kamuflirana a izleze na delo vo Gostivar a so nozot nad anonimni i nevini vo Skopje definitivno si gi dokaza divite akordi.
Interes, 05.03.2012 00:52:22
DUI proba da go deli i povtorno ce go deli kolachot. Ama kolachot ne se vika vlast, nego Makedonija.
jovan, 05.03.2012 01:02:22
Ovaa takanarecena dezitegracija na Ahmeti e/ili ke bide/ posledniot pritisok vrz Makedonija, a toa e, prvo federalizacija, a potoa...... sekoj na svoja strana. Sto se odnesuva do potpaluvanje, Bosna ja potpalija so incident na svadba. Ovde moze da bide i na parking, vo avtobus, na stadion...... toa barem ne e tesko. Lesno e da zapalis. Tesko e da izgasis. A najtesko da go obnovis izgorenoto.
EU, 05.03.2012 01:47:51
Ama Ivor, so poveketo argumenti se soglasuvame, no nema potreba da gi tretirame nasite sogragani Albanci kako maloletni. Site sto stojat zad Ahmeti se istite ili slicnite sto stojat za Gruevski:ksenofobi, nacionalisti, zastanati vo vremeto i istorijata.
nacional-patriot, 05.03.2012 07:33:48
Vo DUI gledaat deka ogromnoto mnozinstvo Makedonci ne sakaat promena na imeto i ne sakaat po sekoja cena vo NATO i EU.Vo DUI se nemokjni nesto da pravat,pa zatoa mora da se pomirat so faktot deka ne moze Makedonija da prifakja zagrozuvanje na nacionalnite i drzavni interesi poradi clenstvo vo nekakvi organizacii.Dokolku izlezat od vladata nisto nema da postignat.Nitu promena vo stavot na VMRO-DPMNE,nitu promena vo stavot kaj Makedoncite,nitu ke mozat bez soglasnost na Makedoncite da smenat ime zaedno so SDSM.Samo ke go zgolemat gnevot na Makedoncite i na narednite parlamentarni izbori VMRO-DPMNE verojatno ke previ vlada bez DUI.Zatoa tesko DUI da izleze od vladata poradi tie opasnosti po niv.Na kraj na kraistata,DUI ke mora da im objasni na nivnite glasaci deka edinstvena vina za blokadata e kaj Atina.Ili ke pokaze lojalnost kon Makedonija,ili ke mora da se preispita postoenjeto na DUI.Maliot jovan neka znae deka opasnost od federalizacija ima od SDSM na vlast.I ne se vrakja na vlast.
Nikola, 05.03.2012 08:09:47
DUI ne blefira! DUI go realizira scenarioto za delenje na Makedonija t.e. za raznebituvanje na Makedonija. No toa e zaednicko scenario na DPMNE i DUI!
Brankica C., 05.03.2012 08:49:47
Zaklučok: DUI e loša ako e vo koalicija so VMRO, a DUI e mnogu dobra ako e vo koalicija so SDSM! Genijalno.
zrak, 05.03.2012 09:12:16
ovaj nasmeaniot da ne zgrese mesto sds napisa dui.a so komentarot na eu se slozuvam samo sto gi izostavi kriminalcite i razbira se SDS,se e isto,isti se isti igraci,a za narodot;o kako e lepo biti glup-valjamo se po prasini i nikoj od nas pojma nema da sme 20g vo PRASINA.sds-dpmne glasaj za koj sakas makedonija dobiva isto.
sime, 05.03.2012 11:04:34
Jas ne mislam deka vakvite politiki na vladeackite partii ke izmenat nesto vo makedonija,duri narodot im veruva tie ke vladeat.
девичанецот, 05.03.2012 11:06:11
Од ваков квазианалитичар, само вакви квазианализи можеме да очекуваме. Ништо повеќе. Жалосно е што за истите се прават трошкови.
Prijatel, 05.03.2012 12:27:24
DUI go pravi ona shto treba da go pravi, mudro molchi i ostava Makedoncite sami da se unishtuvaat a pritoa samata finanskiski jakne. Nagradata za ovaa mudra politika e Makedonija. Edinstveno shto im nedostasuva e obedinuvacka platforma so drugite albanski partii, koja isto taka doagja itoa so pomosh na makedonskite partii. Toa ke bidat referendumskite rezultati za promena na imeto (koj nema da pomine) koi ke se interpretiraat po izborni edinici. Ajt nazdravje federalna Makedonija od koja zapadniot del ke saka da vleze vo NATO i EU! Megjunarodnata ke ima golemo razbiranje za taa nova situacija.
Леонид, 05.03.2012 13:43:23
Господине мислител од СДС, идеолошката платформа на ДУИ е голема албанија и етнички чисти албански територии во Македонија, согласно на првите четири комуникеја на ОНА. ДУИ нема друга идеологија, како што немате идеологија ниту вие од СДС, ниту пак од владејачката партија. Вашата идеологија е да ги напикате партиските полтрони во државната администрација и да се докопате до државниот буџет заради лукративни побуди. Наспроти корумпираните македонски политичарчиња стои јасната националистичка аг��дна на ДУИ која се разбира е посилна. Незнам дали сакате како ној да ја пикате главата во песок, или се продавате пред меѓународниот фактор за некаква алтернатива (од македонците одамна имате црвен картон односно како антимакедонска опција сте суспендирани на неодредено време) меѓутоа суштината на работите ви е погоре објаснета.
Mark, 05.03.2012 15:03:47
Se soglasuvam so site od Centaro-nikoj nema ideologija osven DPMNE na celo so Najgolemiot Vodac ha ha ha! Mentalniot(i site potencijali) im stigaat do tamu-da zivee Nikolaaaa! Arno ama I Makedoncite i Albancite imaat vo najgolem del zdravi i pametni lugje-a nim im e jasno deka i DUI i DPMNE se dlaaboko zaglibeni vo grabez i deka mnogu tesko ke se resat za promena na stavot. E koga(mnogu skoro) ke zaigra stapot na SUMAROT-ke gledame smeski!
albanec, 05.03.2012 15:20:06
ne barajte od DUI (citaj Albancite) da ve izvadat od kallta shto sami ja sozdadovte. Vo situacija koga ekonomijata vi opstojuva od albanskite stranski doznaki i stoticite milioni suficit samo so Kosovo i Albanija mrzite sve Albansko, diskriminirate i za ubistva po parkinzi, da ne zboruvam za disckriminacija vo zdravstvoto, obrazovanieto, vrabotuvanjeto vo javna administracija koga veke 70 godini se dvizhime od 1- 10 % vo poslednite godini i ronite krokodilski solzi kako nekoj ve diskriminira a matematicki (ekzaktna nauka) proporcionalno sme daleku od zastapeni (da ne zbroam po vertikala) itn. i pak na krajot nasha pomosh barate? Hipokrizija par ekselans!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Облачно

Среда
Мешавина од дожд и снег
Макс: 6°C, Мин: -1°C

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |