04.03.2012, 17:47 Поглед
Недостасува уште Бен Хур
Наум Котевски
Градските власти, дефинитивно, имаат натчовечка способност ментално да не' шетаат низ историјата. Последната ингениозна идеја во нашиот напатен Вардар, чии солзи не може да се видат од големото количество вода, покрај три жални врби да ��е „засадат“ и два сплава во форма на античките бродови галии, јасно кажува дека најзагрижените за метрополата не сакаат ништо да заборавиме од долгата и богата светска историја. Итро, од центарот на барокот, не' потсетија на битката кај Лепант (1571 година), која е една од најголемите поморски битки во кои галиите продолжиле да бидат користени како главна поморска сила.
Патем, симултано, ни кажаа дека бродовите кои се бореле во војните што ги воделе древна Персија, Грција, Картагина и Рим може може да бидат и угостителски објекти. Штом можело со нив успешно да се војува, може во нив успешно да се кркаат и колбаси. И тоа пред МЕПСО, а карши МНР - заштитени од струја и странски влијанија.
Филмот (во кој недостасува уште Бен Хур), кој ни се прикажува во време кога Стојанче Агелов од Достоинство замина во Сомалија да брка гусари за пари, е уште поинтересен кога се знае дека со нив 10 години ќе управува извесната фирма „Фаланга“. Тоа значи дека ако некогаш имавме една навивачка група што го носеше името на прочуената Александрова воена единица, а во поново доба доживеавме обединувачка фаланга, сега стануваме и временски сопатници на „Фаланга“ која е газда на егзотични меани.
Нашите претпоставки велат дека сопствениците ќе немаат проблем со гости. Причината е јасна - тука никогаш немало недостиг од гусари. И тоа не со едното, ами со двете затворени очи. Во таков мрак се наоѓа и опозицијата и граѓанскиот сектор, кои внимателно го слушаат Алан Форд како без иронија им вели: „Подобро е да испаднете будали отколку од воз“.
|
|
Статијата е прочитана 1369 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 05.03.2012 00:19:15 | Brodot e verna kopija na splavot (konkursot bese za splav) so koj Voinot na konj doplovil do zemjata na hunzite. Vnatre ce ima vosocni figuri na site zivotni koi sto tuka bile skloneti za vreme na potopot. Originalot, koj sto ce se sklepa idnata godina, ce se cuva vo Muzejot na zrtvite na socijalistickoto samoupravuvanje. |
| jovan, 05.03.2012 00:53:41 | Si igraat so istorijata kako niv im odgovara. |
| cd, 05.03.2012 04:32:52 | jas licno mislam deke e cista zaguba !!!!!! no sum zgresil i porano se nadevam deka pak ke pogresam |
| ben hur paljurski, 05.03.2012 05:58:34 | naumce, naumce, se gleda deka ne pratis dovolno televizija. pa neli HORHE izleguvase pred ambasadorite so FANFARITE od ben hur. mu fali samo edno tendzere za sarmi na glavata kako slem. znaci se e na mesto. zabavata moze da pocne. |
| P.Petar, 05.03.2012 07:46:14 | Osven bornite kocii na Ben Hur fali i edna piramida za da se zaokruzi celiot proekt!! |
| Lud i zbunet, 05.03.2012 09:39:05 | Ova cirkuzijada ja nema ni vo detska gradinka. I tamu imaat malku od malku razum.i serioznost. Ovie idei mozat da se rodat samo vo eden poznat zdravstven objekt vo Demir Hisar ili vo Bardovci.Srbite vikaat : To ti je kada lud j.... zbunjenog? |
| генерал миди, 05.03.2012 10:23:49 | Хахаха, абе невидени будалоќи направија овие ееееј... |
| sime, 05.03.2012 10:43:03 | No coment. |
| Arman makedon, 05.03.2012 10:53:05 | Инаку за оние што не знаат зборот фаланга не е име за некоја воена формација туку на старомакедонски односно армански (влашки )
БУКВАЛНО значи направи го долго глаголот фа доаѓа од фацере што значи сторување - правење а ларга(широко или далечно) или
лунга што значи долго и не е ништо друго туку наредба односно војничка заповед кока подоцна добила значење на формација на војската на Филип и Александар.Исто како што Аминта значи победник или освојувач Пира жена му на Македон Пламенка,Пердика
коњска грива, Букефал вилична муцка Херкул (железен) Хераклеа (железен клуч)
Спартак (рушител или разурнувач и т.н.
|
| ben hur, 05.03.2012 12:45:45 | Kakov narod /glasaci / takva vlast.Baravte gledajte.!1 |
| diaspora 123, 05.03.2012 13:18:45 | bas ,ubav komentar... za arman makedon prasanje. arman ili makedonon... ne moze dva karpuzi..ili toa i li toa.. |
| Oskar, 05.03.2012 13:44:18 | Prema gradonacalnikot na Skopje ova e splav a jas ovde gledam trokatna zgrada vo forma na gusarski brod, a kako nasiov Vardar e bogat so voda, ke treba da se napravat pozamasni temeli. Sto se ovoj narod mora da trpi od nasive opstinari. Po sto i prvi pat baram bezbedni; trotoari, parkinzi, ulici, velosipedski pateki, cist grad, so pristojni kontejneri. Ako ne ste znaele, gospodo opstinari, ova e vasata prva obvrska, se drugo moze da ceka ova nikako. |
| Арман минтимену (паметен Влав), 05.03.2012 13:50:58 | Арман , не пишувај, глупости , ќе ни се смејат и нам,како на Македонците!Каква врска има јазикот (грчки) на античките Македонци со латинскиот?! Глаголот Facere е латински, како и потеклото на зборот lunga (longa на латински! Исто се однесува на останатите грчки имиња.Посмешен си од портокаловите вмроиди! |
| Арман измислува нов јазик, 05.03.2012 15:40:50 | Βουκεφάλας Boukephalas на грчки значи „волова глава„ |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Облачно
|
Среда
Мешавина од дожд и снег
Макс: 6°C, Мин: -1°C
|
Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
|