Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
02.03.2012, 17:51

Мислења

Суштината на Путин

Михаил Касјанов

Путин нема ништо што може да им понуди на Русите покрај својата вулгарна, изветвена реторика

Само малкум��на, најмалку од сите Владимир Путин, кој на 4 март планира да се врати на претседателската функција во Русија, можеа да замислат минатиот декември дека Русите, првпат во 20 години, ќе се разбудат и протестираат во десетици илјадници против власта. Спротивно на востанијата од Арапската пролет, движечка сила зад тековните протести не е сиромашната и обесправена, туку растечката урбана средна класа на Русија. Тоа е важна разлика, за историски, успешна демократска транзиција која отсекогаш барала политички мобилизирана средна класа.

Добро образованите и успешни Руси од средната класа излегоа на улиците за да добијат почит од хиерархијата на Кремљ што е извалкана со измами и корупција. Последна капка што ја прели чашата беше бесрамниот фалсификат на парламентарните избори во декември, кои го зајакнаа чувството на граѓаните дека режимот со презир се однесува кон нив. Русите се особено навредени од арогантниот третман на Путин кон функцијата претседател како таа да може да биде „позајмена“ на сојузници – како сегашниот претседател Дмитриј Медведев – и вратена назад кога и да посака. Но, и покрај големите протести во Москва, Санкт Петербург јасно е дека, милум или силум, Путин ќе помине уште шест години како лидер на Русија.

Што за Русија би значел уште еден претседателски мандат на Путин?

Безбедно ограден од вистински политички натпревар, Путин не може да се врати во Кремљ како „претседател на надежта“ како што се претстави себеси во 2000 година,. Тој повеќе не личи на Путин „националниот лидер“, кој во неговиот втор мандат вдахна нов живот во државата и ја предводеше земјата кон економски бум.

Значи, кој може да биде третиот Путин? Како ќе ги употреби огромните овластувања што му се доделени на рускиот претседател во политичкиот систем во кој нема реални проверки и баланси? Предизборните монолози и написи на Путин сугерираат застрашувачки одговор: неговото претседателствување ќе се темели на искрено погрешно толкување на структурата на современите меѓународни односи, пазари и демократија и ќе биде движено од неговиот неконтролиран месијанизам. Апелите за либерализам коегзистираат со статистичка догма и адутите за бомбастичен популизам се однесуваат на комплексност и тешки избори.

Всушност, Путин нема ништо што може да им понуди на Русите покрај својата вулгарна, изветвена реторика. Тој повеќе не ги согледува проблемите со кои се соочува неговата земја и поради тоа нема идеја што е потребно да се направи. Ниту, пак, има некаква загриженост за штетата што неговото беззаконие го навестува за иднината на Русија. Третиот претседателски мандат на Путин ќе биде воден од инстинкт и желба наместо владеење на разум и воздржаност.

Секако, Путин ќе го почне својот нов мандат со најискрени зборови за обнова, развој, демократизација и казнување на корупцијата. Тој би можел да понуди мали симболични гестови, како дистанцирање на себеси од навредливи политички и медиумски личности или покажување попустливост кон оние што ги затвори поради тоа што му се спротивставија. Но, сево ова би имало за цел задржување на политичката моќ наместо нејзино реформирање.

Всушност, од Кремљ во последниве години доаѓа многу благороден говор за слобода и модернизација. Но, без политичка волја за имплементирање на неопходните промени, таквите ветувања се однапред осудени да останат само тоа. Проблем е тоа што начелото за слободен и фер натпревар што е карактеристика на развиениот свет е подривачки на руската држава што Путин ја гради – држава што се темели на интеграција на власта и бизнисот.

Како резултат на тоа дури и ако наеднаш и чудесно се појави волја за промена во денешен Кремљ, незаконитоста на целата федерална влада ќе направи да биде невозможна ефикасно креирање политика.

Никој не треба да биде измамен од отстапките што ги прави Кремљ. Руските либерали нема да добијат ништо од компромитирање на нивната совест и благословување на третиот мандат на Путин. Како и предходно, тие во замена нема да добијат вистинска власт и секоја можност за искрени промени од постојната структура на моќ ќе остане минимална. Всушност, чекорите од властите за омекнување на јавното мислење ќе продолжат да бидат придружувани од зголемениот притисок на опозицијата и организации на граѓанско општество.

Во месеците по враќањето на Путин на претседателската функција многу нешта ќе зависат од граѓанското општество на Русија и лидерите на протестните движења. Русите мора да истрајат и формулираат збир од специфи��ни политички барања. Тие мора да инсистираат на реални и драматични промени – наместо на козметички подобрувања – на рускиот политички систем. Главна цел сега е залагањето за слободни и фер избори што на крајот ќе доведат до легитимна и одговорна влада.

Списокот со проблеми што ја мачат Русија е долг и нивното решавање повеќе не може да биде одложувано. Се' додека Путин е на власт, таа листа само ќе се зголемува.

(Авторот беше премиер од 2000 до 2004 година е лидер на опозициската Народна демократска унија и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)


Статијата е прочитана 768 пати.

Испрати коментар



Точка на Хаг
Петта брзина
Ќе биде ли забранета опозицијата?
Клопчето „Телеком“
Урбанизација на охридски начин



sime, 03.03.2012 12:13:51
Mozda pisatelot e vo pravo za Putin no vistina e deka posle Jelcin toj ja dovede rusija vo sostojba na svetska velesila.Dali demokratijata e pozelniot recept za sekoja drzava ne znam?
девичанецот, 03.03.2012 12:58:07
И повторно нема оградување од редакцијата. Па проектот Синдикејт е чисто проект што го возобновува фашизмот! Ете, овде нема ниеден добар збор за Путин, ама пак тој утре ќе биде избран.Народот ќе го избере. И секако, ќе биде: Народот е во право и кога греши, ама по нотите на Црвенковски, а не во права смисла онака какошто истото во оригинал го кажал Никола Пашиќ!
Saso, 03.03.2012 13:30:17
Bolni zavidlivci ne go ostavat Putin na mira, covekot koj za kus period ja izvlece Rusija od mizerijata vo koja ziveese za vreme na Sovetskiot Sojuz. A nie Makedoncite treba da pripazime i da rabotime ne samo Amerika tuku i Rusija na celo so Putin da ni stane prijatelska zemja i tamu 80% od nasite zemjodelski proizvodi da plasirame. Zatoa Utrinski treba vo idnina da vnimava koga prenesuva statii za Putin. Za mene Putin znaci silna Rusija.
алтернатива, 03.03.2012 15:17:21
А каква подобра алтернатива нуди стручњаков. Или уште не му кажале што да каже за ова?
Крис, 04.03.2012 02:01:27
Путин не ја издигна сам Русија, многу голем удел во тоа има Џорџ Буш со нападот врз Ирак и драстичното зголемување на цената на нафтата. Без високата цена на нафтата, Русија немаше да биде тоа што е денес, иако е далеку од толку идеална колку што некои ја замислуваат, тоа нека им е јасно на сите.
Vancho, 04.03.2012 02:29:22
Aftorot da se napije Ladna Voda ako toj je bil vo Makedonskata politikan gledam kolku Makedonija naprednala vo sve od 1990 god. pa do denes.Makedonija je Tazna slika kako i Srbija ,Kosovo,i site bifshi republiki koi beja vo bifsha YU.Vo svetot nigde ne je Med i Mleko nego Eksplotacija koj na kogo moze pa ke mu dademe Lazno ime Demo-Kratija da go teshime narodot i tova ti je Politikata.Golemiot gospodin Mihajlo bil premier vo opozicija na Demo-kratija nije koi ziveeme po 30 godini vo Kapitalistichki sistemi neznajem shto je on znajel.Ajde mali idi ispij ja svojata chasha so toplo mleko pa dojdi utre da razgovarame.Po vas EU-Klubot i Nato je Demokratijata no koga otide Makedonija pod toa Chadorche onda ste pod Kontrola na Noviot Svetski Poredok koj vi je Skrojen od Svetskite Bilioneri koi se vo Tajnite Organizacii pod komanda na Vatikan.Pa takvi ko Makedonija nikogash i ne se pitale nitu ke ja pitaat onije koi ja Matat Vodata na Svetsko Nivo koi Stvaraat Drzavi kaj posakaat i Rasturaat
mis, 04.03.2012 13:37:35
Bus i pomognal na Rusija so povisoka cena na naftata yatoa sto go napadna Irak?? A naftata od irak koj ja crpi, Rusija li?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: 1°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |