Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
02.03.2012, 17:48

Поглед

Клопчето „Телеком“

Сања Наумовска

Повторно сите молчат за аферата „Телеком“. По неколку прес конференции со испукани ќор-фишеци од партиските штабови на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ пак сите заборавија на поткупот на нашите политичари. Нема новини во истрагата, изведување докази, следење трага, или пак отворање нови правци во истражувањето на случајот.

Американската администрација на почетокот на годината се обиде да ни' ги отвори очите. Излезе извештај во кој е документирана долгогодишна истрага кај нас и во САД. Се појавија конкретни имиња, податоци, факти, докази.

Но, нашите институции и понатаму грчевито се трудат што посилно да мижат. Јавното обвинителство одамна го кажа своето а тоа е дека нема(ат)докази за поткуп. А, од друга страна „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“ со спогодбата за плаќање огромна отштета во САД, за да не се отвори кривична постапка, пред сите нив и пред сите нас, се обидоа да си ја ишнат мувата од капата.

И покрај тоа, ништо од ова не е доволно за кај нас барем да почне да се разговара на оваа тема. Црна Гора ќе отвори парламентарна истрага. Црногорските медиуми се полни со изјави од тамошните политичари кои бараат расветлување на аферата, а како што покажаа, подготвени се да дискутираат за тоа и во парламентот.

Би дискутрале и нашите политичари, тврдат самите. Ама, нема кој да отвори расправа, нема кој да прашува, ниту пак кој да одговори на прашањата.

Молчат политичарите, молчат компаниите, молчат и институциите. Никој не ни помислува на граѓаните. Кој треба да ги заштити? Кој треба да се грижи за нивните права? Дали некој ќе ги обесштети за огромните нереални суми кои ги плаќаа за еден импулс во фиксната и мобилната телефонија? Ако продолжи молкот на институциите, ниту едно прашање нема да добие одговор.


Статијата е прочитана 9731 пати.

Испрати коментар



Точка на Хаг
Петта брзина
Суштината на Путин
Ќе биде ли забранета опозицијата?
Урбанизација на охридски начин



Bravo, ovaa afera ne treba da odi vo aut, 03.03.2012 00:22:39
Pred se bravo za smelosta da ja aktuelizirate ovaa korupcija za koja site molcat i SDSM i DPMNE. Gospodinot bivs premier, nema vreme od pisuvanje petparacki kolumni za vasiot vesnik, za toa kako se setal na utakmicite vo Nis i Bgd, (popatno koj mu gi drzel predavanjata na fakultet za tie dve nedeli)javno da kaze dali i kolku zemal kako potkup. Isto taka i DPMNE treba jasno da kaze dali e za pokrenuvanje istraga, inaku i nim ne im se cisti racete. No, i Bucko i Gruevsaki treba da zaat deka za godina dena SAD ce gi objavi i iminjata na makedonskite politicari, ako pred toa ne go napravi Vikilis.
jovan, 03.03.2012 00:46:39
Uste edna lekcija od hipokrizija. I tie i tie ke molcat, zabivaat glava vo pesok, i odvreme navreme ke si prefrlat po nekoe obvinuvanje. Rezultat? Pojeo vuk magarca.
лела димова, 03.03.2012 06:38:24
super e tekstot, drzete ja temava otvorena i istrazuvajte poveke ,za periodot 2004 -2006 Bucko premier Minco zamenik-premier i klucen covek vo ajduklukot vo ovoj mega skandal, kosta trpkobski direktor na AEK , javnosta bara IMINJA konkretna odgovornost, mislenje na agencija za perenje pari, mislenje za finasiski transakcii na posocenite preku Kipar, da se ispita ulogata na Ivica Bocevski koj e glavniot kurir pomegu gore navedenite incelnitevluge od D.T i magar telekom ( ostvareni sredbi vo skopje,solun,budimpesta ,london!!) za se ima traga samo barajte uporno , za kraj po prevzemanjeto na vlasta vo 2006 eden visok funkcioner na dpmne za ova pisuvase najmalku vo pet kolumni vo toj period PREBARAJTE ( stanuva za Z.T) .
Ванчо, 03.03.2012 09:08:05
Граѓаните на Р. Македонија преку нерелните цени во мобилната и фиксната телефонија ќе ја платат казната од 95 милиони долари. Сигурно Дојче телеком и Маѓар телеком нема да платат од своја сметка.
mene, 03.03.2012 11:00:27
Nezahvalno e da se diskutira na ovaa tema zatoa sto blagodarenie na nasite mudripoliticari na site strani ne kradat!
zaboraveno klopche OKTA, 03.03.2012 12:01:15
Klopcheto Telekom e golemo ama klopcheto Okta e ushte pogolemo, pa nishto. Ne udara po dzebot toa klopche sekoj den, ama i vie novinarite, go zaboravivte
Гоце, 03.03.2012 20:27:13
Г-ѓо лела, прекрасно звучи вашата приказна, целата опозиција во гуша до кал од оваа афера, а власта ништо не превзема. Нешто како да не штима тука, или...?
Зевзекмен, 04.03.2012 10:26:55
абе волкот го изеде магарето...си плати дојче телеком казна на УСА и сега што...неможе да го осудиш само тој што земал мито а не и тој што дал (посебно што давателот тоа мито си го вкалкулирал)...исто и за ОКТА, приватизација со ЕУ држава... ако беше некоја нон-ЕУ компанија замешана во приватизацијата на ОКТА, Телеком, па и ЕВН, други реакции ќе беа... иста песна има и во Хрватска со ИНА, унгарските мокници се заштитени, накрај и Санадер ќе го пуштат со дебело обештетување за притворот...така е кога сме робови на ЕУ и западот...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Претежно облачно

Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Среда
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |