Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
02.03.2012, 17:29

Белешка

Урбанизација на охридски начин

Веле Митаноски

Охрид - Што се крие зад неусвојувањето на нацрт-деталните урбанистички план��ви за градското јадро на Охрид? Беспоштедна меѓупартиска битка, заземање позиции пред претстојните локални избори или, пак, чиста трговија? Во тоа дека некој се грижи за градот и граѓаните, веќе никој не верува.

И, додека ВМРО-ДПМНЕ ја слави „победата“, градоначалникот Александар Петрески им враќа со обвинувања за политикантство, манипулација и заведување на граѓаните. Токму тој ги подгреа сомневањата за внатрепартиски пазари, дури и по прашања кои задираат и во заштита на Охрид како светско културно наследство.

„Од ВМРО-ДПМНЕ и не очекував да гласаат за предложените планови, ниту од советниците од ВМРО-НП, кои кажаа дека не гласаат бидејќи на нивни членови, сопственици на земјиште, не им се зацртани објекти во плановите. Ако во иднина им се нацртаат објектите, тие ќе го поддржат планот“, појасни Петрески.

Градоначалникот и без да сака ја разголи работата до крај. Тој неволно призна како до сега се одржувало советничкото мнозинство и која била цената. Дури и да се во прашање идни изборни контингенти, од аспект на интересите на „народњаците“ цената е превисока за градот. А, дека сите завојувани страни им намигнуваат на избирачите, се гледа и од изјавата на „победниците“ во оваа битка.

Дејан Паноски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, откако им се заблагодари на сите учесници во „борбата за правда и законитост, борбата за Охрид“ упати порака и до сопствениците на имотите вратени со денационализација, кои, „конечно, по години на манипулации, сега добија отворена можност да влезат во реална процедура на донесување реален урбанистички план, без нанесување штета на никого поединечно и на Охрид“.

Градоначалникот Петрески, пак, ветува дека нацрт-плановите за „Табана“ и „Ривиера“ повторно ќе се најдат пред советниците. Во меѓувреме, од Завод и музеј ќе побара изработка на нови подлоги. Но, тоа ќе биде само до половина изоден пат. Нему сега ќе му биде многу потешко да ја убеди јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира граѓаните, дека го опструира само за да не се покаже како успешен, дека навистина на просторот не се предвидени висококатници, освен еден објект зад хотелот „Ривиера“, како и дека е одговорен кога тврди дека за плановите имале комплетна согласност од надлежните институции. Јавноста сега од него бара одговор на прашањето како ќе ги придобие двајцата советници од ВМРО- НП да гласаат? Со вцртување маркички или на некој друг начин?

Од ВМРО-НП се определија да не влегуваат во конфликт со градоначалникот. Не му одговорија на обвинувањето бидејќи тоа и не им одговара. И досега вешто се пазареа, па добија и бенефити од поделбата на власта, меѓу другото и директор на ЈП „Нискоградба“. Засега одбраа да мудруваат, со апели за престанување на политичките игри околу урбанистичките планови. Гласале, велат, воздржано, зашто не претходела широка јавна дебата во која ќе учествуваат претставници на локалната самоуправа, на Управата за заштита на културното наследство, на Завод и музеј Охрид, како и експерти и граѓани на Охрид, во која ќе се расчистеле сите дилеми.


Статијата е прочитана 813 пати.

Испрати коментар



Точка на Хаг
Петта брзина
Суштината на Путин
Ќе биде ли забранета опозицијата?
Клопчето „Телеком“



sime, 03.03.2012 11:28:47
Jadna e ova drzava koga tolerirat vakvi odnesuvanja makar bilo od koja strana.Od napisov ne se gleda jasno koj ucenuva a koj kke usicari od planovite za gradba?
Jone, 04.03.2012 03:04:53
Duri sega pocnaja lugjeto da se zamisluvaat ama uste nemozat da svatat deka ohrid e zagusen grad . vo Ohrid i ponataka avtomobilite ke se parkiraat po ulicite i po trotoarite, stanbeni zgradi bez obezbedeni garazi ili parkinzi znaci se davale i se uste se davaat takvi dozvoli za gradba Vo centarot na gradot na mestoto na starata avtobuska stanica sto ke bese pokorisno da se izgradese katna garaza za potrebite na gradot koja ke bese i edinstven parking vo gradot ili ovie visoki zgradi lokalnite vlasti se odlucile za najlosoto. tuka kade beja inteligencijata novinarite opozicijata ili tie na koi ohrid nesto mu znacida da reagiraat sega e poveke kasno a nikoj ne inicira predvremeni lokalni izbori

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: 1°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |