Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Македонија
02.03.2012, 17:28

Струмица ќе биде како Бразил и Аргентина

Гасот ќе потече во април и ќе им заштеди по 300.000 евра годишно на институциите за греење

Маја Томиќ


Струмичани ќе бидат единствените во земјава што нареднава грејна сезона ќе работат и ќе се топлат на гас. Веќе е завршена 13-километарската гасоводна мрежа и се' е подготвено за старт на таканаречената виртуелна гасификација, по примерот на Аргентина, Бразил и повеќе европски градови. Деновиве пристигна опремата од Аргентина, а привршува адаптацијата на сите објекти што ќе бидат приклучени на овој енергенс. Гасот треба да се пушти низ системот во почетокот на април, а во меѓувреме треба да се изврши експертска контрола на апаратурата од Машинскиот факултет и да се добие лиценцата од Регулаторната комисија за енергетика. Гасифицирани ќе бидат сите компании во и околу градот, што ги има повеќе од 200, како и сите јавни и локални установи, а домаќинствата ќе можат да се приклучуваат од јуни годинава. Пластениците и оранжериите во Струмичко ќе го користат гасот подоцна, в година, во втората фаза од проектот за гасификација. Досега за овој проект се потрошени 1,6 милиони евра, средства обезбедени исклучиво од буџетот на Општината.

„Тоа е целосно наш проект, откако повеќе од две години не успеавме од Министерството за финансии да добиеме позитивно мислење за кредитирање од Светска банка. Гасоводот, всушност, ќе биде виртуелен, кој се вградува во случаи кога не постои гасоводен систем во земјата. Тоа значи, ние ќе го набавуваме гасот од Петрич, Бугарија, кој е оддалечен од Струмица 54 километри. Потоа ќе го компресираме во специјални контејнери и ќе го транспортираме до градот, каде што во посебни станици ќе го декомпресираме и ќе го пуштаме низ градската гасоводна мрежа“, вели гордо градоначалникот на Струмица, Зоран Заев. Тој додава дека веќе се адаптирани приклучоците на сите фирми и институции, корисници на гасот, за што се потрошени 300.000 евра. Над 90 отсто од нив досега ја користеа нафтата како енергенс, а 5 отсто се грееја на дрва.

„Гасификацијата ќе биде голема придобивка за градот. Не само што ќе имаат бенефит локалните корисници, туку таа ќе привлече и голем број на странски инвеститори. Веќе за април е најавено отворање на 16 нови компании во новата индустриска зона, кои ќе бидат лоцирани на простор од 400.000 квадратни метри и во нив ќе се вработат 1.200 лица. Од нив шест компании се странски, меѓу кои германската „Конкорд фуд“ за сушено овошје, турската „Ксерокс“ за компјутерски материјали, „Ла Мексикана“ за преработка на кафе, фирма за производство на кроасани, па предилница и бојачница... Дополнително, има најава за уште четири странски инвестиции во друга индустриска зона во Струмица“, нагласува Заев.

Што се однесува до приклучувањето на домаќинствата, зависно од нивниот интерес, ним ќе им се донесат гасоводните цевки до објектите, куќите или зградите, а нивна ќе биде инвестицијата за приклучокот која ќе ги чини меѓу 600 и 750 евра и понатаму ќе остане во нивна сопственост. Доколку едно домаќинство реши, наместо струјата и огревното дрво, да го користи гасот како енергенс за греење и за топлење вода, како што посочува Заев, ќе може да заштеди годишно и до 500 евра. Додека оваа заштеда за фирмите изнесува околу 600 евра. А, приближно 300.000 евра ќе биде годишната заштеда за јавните и локалните институции во Струмица кои повеќе нема да ја користат нафтата за греење.

„Што е многу важно, гасот е поевтин енергенс од нафтата, чија цена постојано расте. Тоа е еколошки чисто гориво и е обновлив, природен енергенс. Голема ќе биде придобивката и за земјоделците. Производителите на зеленчук за греење на оранжериите и пластениците користат по 500 кубни метри дрва за површина од 1 хектар и треба во зима да ложат и по три пати во текот на ноќта. Со гасификација на пластениците од една страна земјоделците ќе имаат едноставен начин за топлење на производите, а истовремено ќе се намали и уништувањето на шумите“, нагласува Заев.

Корисниците ќе го плаќаат гасот со припејд-картичка. Со струмичкиот гасовод ќе управува фирмата „Струмица - гас“. Локалниот гасовиден систем е така проектиран да може да се приклучи кон гасоводната мрежа што е дамнешна замисла на повеќе влади и еден ден би требало да се изгради низ целата земја.

Инаку, Македонија троши околу 800 кубни метри гас годишно, а гасифицирани се околу 30 фирми во Скопје и во Куманово со гасоводот кој влегува на македонско-бугарската граница кај Деве Баир. Во Куманово наскоро ќе има тендер за набавка на уреди за користење на гасот и во домаќинствата, за што постои голема заинтересираност кај граѓаните.


Статијата е прочитана 5176 пати.

Испрати коментар



Зограф му подари 200 книги на Бигорски
За поправка на мост на Брегалница 230.000 евра
Анализите на крв поскапија пет пати
Фоторетровизор



Boris Stankov, 03.03.2012 00:10:51
800 metri kubni?godisno?
viksa, 03.03.2012 02:59:54
To Care, site sakame vakvi proekti
USA, 03.03.2012 05:16:31
Одлично. Се надевам ќе се зацрта мрежата за во иднина при копање да се избегне оштетување и евентуални експлозии.
KAMENICA, 03.03.2012 08:14:58
Golemo bravo za Zaev, e stvarno Grujo moze voda da mu nosi.Dodeka Zaev pravi nesto sto blagodet ke imaat site,Grujo pravi spomenici za da ispere pari.Za proektot se potroseni 1.6 milioni Evra,a skulpturkata na spomenikot na Aleksandar zema honorar 3 milioni Evra.I posle Grujo ne krade.E makedonce,makedonce????
mile, 03.03.2012 08:18:52
И за ова Груевци ќе го прогласат Заев за арамија и манипулатор.............Бициклистички се спрема за Пресс.............Ќе каже дека Заев ја украл идејата од Програмата во 100 чекори......
od ostrijot, 03.03.2012 09:22:38
bravo gospodine zajev samo napred sega se vidi koj saka toj moze.
sime, 03.03.2012 09:54:27
Na Makedonija i trebaat lugje kako Zaev.
sega, 03.03.2012 10:29:32
Pretezno sum kriticki nastroen i sekogas kritikuvam mislejci deka taka ce bideme po motivirani da gi popravime greskite.Mecutoa za ovaa vest nemam komentari i kritiki samo pofalbi i prodolzete taka ,faktot deka ste vo opozicija i deka vlasta e protiv vas kako persona ,siguren sum deka ve pravat posilen i samo taka prodolzete.Veruvajte vo pravdata........
Трпе, 03.03.2012 10:56:48
Градоначалниците од редовите на владеачката партија треба да одат на обука кај градоначалникот на Струмица.Ама ним им е лесно ем цицат од буџетот ем се фалат.Па нели тие се мали,тие не знат како да ги распоредуват средсвата,на деца се им се допушта.
anti-patriot, 03.03.2012 12:05:02
bravos,bravos bravos,nema so drugo da dodadam,na ova treba da se ogleda premierceto ni i negovata klika ,a ne da glumi ekonomist i da gradi potemkinovi sela i da ne tesi deka poskapuvanjeto na strujata bilo normalna rabota,od nego se ocekuvase da ja gasificira cela makedonija i da ni ja namali energetskata zavisnost,a ne da otvara teniski igralista vo vevcani i po makedonskite sela.cestitki do strumica,strumicani i gradonacalnikot zaev
Vancho Strumica, 03.03.2012 12:31:57
Ja nema druzinata na feliks da komentira, Zatoa pak koga treba da izigravat patrioti prvi se. Ajde lazni patriotchinja sakam da go slusnam vasiot komentar.
ZRZE, 03.03.2012 14:28:06
Samo takvi luge mozat da i pomognat na Makedonija,da gi podrzime vo nivnite programi koi se realni i najvazno se ostvarlivi.
Дедо Никола, 03.03.2012 15:19:27
Нормално, откако градоначалникот ги набилда своите банкарски сметки до Марс, Струмица барем ќе стигне до Бразил и Аргентина. Ех Утрински весник, само продолжете да ги величате оние кои што земјава ја довлечкаа до просјачки стап, па после ќе се чудите кога ќе се сведите на локален весник наменет за Заев и неговата багра...
Taka se raboti, 03.03.2012 16:49:09
Bravo za Strumica! Nie vo Skopje ke si plakame skapo parno i ke sedime vo temnica koga site ke pocnat da se toplat na struja. Parite treba da se trosat da se podobri zivotot na gragjanite, ne za ukrasi. Da prasam nadvor od temata no povrzano so trosenjeto pari, dali nekoj se vozel po patot Resen Ohrid i tolku li nemame pari da gi zakrpime dupkite na vreme i da stavime zastitna ograda da ne pagaat kamenja po patot i da ne se zagrozuva zivotot na patnicite?
kandidat, 03.03.2012 16:51:02
kolku e transferot na Zaev za da bide gradonacalnik na Negotino. Za eden mandat se ke napravi. pozz
OLD GERMANY, 03.03.2012 17:04:51
Da ne pomislite deka namerata mi e da go kritikuvam GO-Zaev!Bidejki i sum rodena od Strumica ali 45 godini ziveam vo Germanija,slobodno iskazuvam bes da pocrvenam.Ako eden gradonacalnik sto go ima mandatot i poverenieto od negovite gragani negovata zadaca e da raboti vo pozitiva za tie gragani,a premierot si ima druga zadaca i zato ve molam pred da gi sramnuvate sverite izmegu dvajcata prvo pretumacete go dobro.Drugo za Gasovodot toa ke go pokaze vo idnina kako ke funkcionira i kakvi ke bidat financiite toa e mnogu rano sega da se proceni.Barem Zaev se trudi i taka treba da bide i vo site ostanati Gradovi vo Drzavat.Bidete site pozdraveni a posebno i redaktorite od vesnikot Utrinski.
vapski, 03.03.2012 20:00:51
delata zboruvaat poveke od zborovi, odsekogash bilo i ke ostane taka... ne me interesira od koja partija e ako nekoj donese gas u kriva palnaka delcevo i potoa prodolzi niz cela makedonija... treba barem da se poslusha.. sorabotuva ili konsultira za nekoj raboti... ja bi....
Realist, 03.03.2012 23:17:15
Cestitki za lokalnata vlast vo Strumic,pa neli i opozicijata e vlast,od kade zemaat plata,ili toa im eizgovor za da ne rabotat,Do gos.Zaev Zorane,neka tvojot iden proekt pod hitno bide odpadnite vodi na Strumica,napravi referendum i ako site ziteli na Strumica dadat po nekolku Evra veruvam deka ke se napravi,se dodeka ne se napravi toj projekt Strumickoto pole ke smrdi na fekalii od strumicani.
ODNADVOR, 03.03.2012 23:21:42
Edno golemo zasluzeno bravo za Gospodinot Zaev. Za nego cuvme prv pat, za vreme na izbornata kampanja, na skopskiot ploshtad koga od sobranata masa se slusase ritmicnoto Zoki, Zoki...Toa bese znaci onoj Zoki kogo za srekja na strumicanite,pokasno go spasuvaa od nezakonskoto priveduvanje poradi brojnite ljubomorni neprijateli nemu licno, kako i na opoziciskata- SDSM.Strumicani sekako se srekni so vakvo rakvodenje, so ovoj nekogas mal grad.Ne popusto i eden drug opoziciski gradonacalnik, se sretna so uspesheniot Zaev . Ne bi bilo loso, toa da go storat i drugi ,bez da se gleda i zameruva, nivnata politicka oboenost. Najkorisno za oshtetenite skopjani bi bilo, ako Koce K, namine i pogledne vo Strumica kako i sto se gradi vo nekogash provinciskiot grad, so kogo kurazno i hrabro rakoodi mladiot Zoran Zaev! Vistina, od site onie korisni gradbi,Z Z nema vreme da go natovari polostadot so nadgrobni spomenici. Prodolzete Gospodine Zaev da go sakata svojot grad kako i do sega.
Tale, 03.03.2012 23:55:45
Ovoj proekt treba sekoj razumen covek da go pozdravi, a vlasta neka uci sto e konkreten proekt koj sto go podobruva zivotot na graganite.Vo sprotivno ke si prodolzi da trosi pari na muzei,spomenici, fasadi i reklami.
dany, 04.03.2012 00:22:22
komplimenti za dosegasnite i ponatamosnite proekti!!!-moram da napisam,- koga sakame da go pofalime najzasluzniot covek ili ekipa, ne mora sekogas da se navleguva i da se napagjaat politicki partii ili poedinci.Znaci treba da bideme gordi na ubavinite i napredokot koj sto se pravi vo nasata DRZAVA i blagodarni na uspesnite licnosti nezavisno od koja partija i da se.BRAVO ZA SITE USPESI STO SE PRAVAT VO MAKEDONIJA !!!!!!
Strumicanec, 04.03.2012 04:24:13
Bravo za Zaev...Dokazano e toa deka e najuspesen gradonacalnik vo Makedonija i posiroko...Strumica e Eden od Najubavite Gradovi vo Makedonija..... Samo poraka do Zaev:Kanditirajte se za povtorno za Gradonacalnik na Opstina Strumica..
strumica, 04.03.2012 07:12:25
Kamenica......Zaev go investira toa od svoi pari i od parite na strumickite oligarsi. Toa e mafijaski biznis. Toa e negov privaten biznis. Mnogumina od vas mislat poinaku zatoa sto ste naivni.
doc, 04.03.2012 08:53:33
Otkrivte toplata voda.Vo Bulgarija 70% od gradovite sa gazificirani ot desetki godini.
jimmy1, 04.03.2012 11:21:55
Cestitki do Zaev, ova e nesto najdobroto za strumicani, golemo BRAVO. Dodeka Zaev trosi da izgradi nesto za narodot Grujo kopa dupki i gradi spomenici. So parite sto dosega Grujo gi ima potroseno za spomenici ke se gasificirase cela Makedonija ama siroti Dedo Nikola ne go gleda toa, mu trebaat novi naocaro po moznost potokalovi. Dedo Nikola sto si go gubis vremeto da go citas Utrinski sto navistaina e kazuva vistinata za sve i sesto, odi citajsigo tvojot Vecer, slusajgi Milenko i bunbarite. Dedo Nikola, ke vidis kolku ima ukradeno tvojot Grujo stom mu zavrsi mandatot koga ke klisne vo Ceska kade sto gradi stanovi, hoteli i skrivnici. Ako navistina si dedo onda taka ti pominal zivotot, nisto ne si sfatil.
xdcfghujikol, 04.03.2012 15:31:58
Dobro gradonacalnikot na Strumica se snajde na mal prostor fudbalski kazano i so kapitalot steknat od proektot za trgovskiot centar sega ima moznost da raboti. Velam na mal prostor bidejki ne treba da se zaboravi deka sdsm forsirase striktno zjapanje vo zapadot i potpolno isklucuvanje od istokot. DPMNE pak bese zaslepena od sdsm vo bezocnata borba za prevlast. I dokolku ne posocev(pred strumickiot proekt) deka dodeka sdsm ceka gasifikacija od SAD cela zap. evropa vklucuvajki i VBritanija koristat ruski gas pa pragmaticno i prakticno bi bilo klirinskiot dolg od Rusija da se naplati so gasifikacija. I taka ke bide i Strumica potoa ke se prikluci na taa mreza. No inicijativata i proektot zasluzuvaat pofalbi bidejki vladata zaostana.
cd, 04.03.2012 16:12:14
zamislete sds da ima uste 20 vaka sposobni luge ???????
Goran-USA, 04.03.2012 17:07:09
Ova e smesno duri i komicno,800 metri kubni gas.Jas samo za zagrevanje na mojot dom koristam okolu 400 do 500 metri kubni gas.Pred da ostavite bilo kakov komentar zaprasajte se kolku ke cini gasot sose trasportni trosoci ,plus dodajte gi trosocite za dostava do domakinstvoto,pa DDV,i na kraj onie 700 eura za priklucok.VERUVAJTE MNOGU LESNO SE PRODAVA VETER I MAGLA.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Облачно

Среда
Мешавина од дожд и снег
Макс: 6°C, Мин: -1°C

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |