Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Фељтон Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Време Хороскоп Што прават денеска
На прво место
17.07.2008, 18:37

Опозицијата го напушти Собранието

ВМРО-ДПМНЕ излезе со став дека одлуката на СДСМ за напуштање на Собранието е притисок врз судската власт

Жаклина Хаџи-Зафирова

Опозицијата вчера го напушти законодавниот дом, крајно револтирана поради апсењето на потпретседателот на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, Зоран Заев, кој се товари за злоупотреба на службената положба поради трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Нервозата во Собранието, СДСМ ја изрази уште во почетокот на собраниската седница, кога лидерката на оваа партија, Радмила Шекеринска, најави дека нема веќе да учествуваат во работата на Собранието поради диктаторското однесување на власта.

„Трендот на уништување на сите оние кои поинаку мислат продолжува. Ние не сакаме да бидеме соучесници во ова убиство на демократијата. Сакате апсолутна власт и диктатура? Продолжете да си ја терате во ова Собрание“, им порача Шекеринска на пратениците, непосредно пред да го напуштат Собранието. Според неа, постојат две причини за апсењето на, како што рече најуспешниот градоначалник, а тие се да се прикрие формирањето на владината коалиција со ДУИ и политички да се елиминираат кандидатите за лидер на СДСМ. Кон ваквата најава за напуштање на Собранието, се придружија и ЛДП, НСДП и Нова алтернатива, по што ВМРО-ДПМНЕ излезе со став дека одлуката на СДСМ за напуштање на Собранието е притисок врз судската власт. Со излегувањето на опозициските партии од собраниските клупи, законодавниот дом практично остана без опозиција. Но, тоа не ги спречи пратениците од владејачката партија и понатаму да носат закони по итна постапка.

Лидерката на СДСМ, Радмила Шекеринска, го оквалификува апсењето на Заев како политички случај, со што се докажало дека Македонија станала полициско-партиска држава. За случајот таа контактирала и со шефот на државата, Бранко Црвенковски, кој, според неа, бил изненаден од ваквата манифестација на моќ и сила. СДСМ за апсењето ги известил странските амбасади и меѓународните организации кои се занимаваат со правна проблематика.

„Сега целото внимание нема да биде врз изборот на владата, туку врз флагрантниот случај на уривање на правната држава. Втората цел е да се испрати порака до сите дека е многу опасно да ти го спомнат името како кандидат за претседател на СДСМ, а не дај боже да станеш претседател на СДСМ“, рече Шекеринска на брифинг со новинарите, додавајќи дека МВР и претходно му поднела кривична пријава за истиот случај, па му се извиниле.

Претходно, од собраниската сала Шекеринска коментираше дека власта со апсењето се обидува да го одвлече вниманието на друга страна. „Затоа, повторно на спектакуларен начин со камери и каубојски трикови е уапсен градоначалникот на Струмица и потпретседател Заев. На ВМРО-ДПМНЕ одамна им пречи што тој е дефинитивно најуспешниот градоначалник во Македонија. Им пречи што постојат луѓе на локално ниво кои покажуваат дека централната власт работи лошо. И затоа мораа да направат нешто да го спречат таквиот тренд“, рече лидерката на СДСМ, Шекеринска, од собраниската сала. Таа рече дека власта има проект да апси луѓе од СДСМ и потсети на судските процеси што се водат и за вториот потпретседател на СДСМ, Јани Макрадули. Шекеринска потенцираше и дека кога таа била кандидат за лидер на СДСМ пред две години била бомбардирана со соопштенија дека ја злоупотребила службената должност и украла странски пари, а била обвинета и за случајот „Мајкрософт“.

„Целта е да не постои опозиција, а таа што постои да се крие по дупки. Тешка е одлуката што ја носиме, но тоа е единствената одлука која ќе ја натера власта да избере или ќе тера тврда и видлива диктатура и за тоа ќе сноси последици или ќе го преиспита своето однесување“, смета претседателката на СДСМ, а на новинарите им порача: „Нас не' испоапсија, сега вие сте на ред!“

Лидерката на СДСМ вели дека е „извадена од кожа“ поради СМС- порака која им била препратена, наводно, од портпаролот на МВР, Иво Котевски, а во која се вели дека „Заев веројатно ќе има проблеми околу аспирациите за лидер, бидејќи утрината е уапсен“. Во партијата им била препратена и втора СМС-порака, исто така, од портпаролот Котевски, во која стои дека пратеникот на СДСМ, Станковиќ, ќе треба да му заблагодари на Заев што му го отстапил пратеничкиот мандат и имунитетот. „Ова е преседан, вакви пораки да испраќа портпарол на МВР. Ако нешто најмногу ме ’извади од кожа‘ тоа се пораките на портпаролот. Некој се апси, а некој си прави забавен алманах“, коментираше Шекеринска.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ на продолжението од седницата го искара претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, бидејќи и' дозволил на Шекеринска да ја злоупотреби процедуралната интервенција. Најавата на Шекеринска дека ќе го напуштат Собранието, според Бонева, е притисок врз судската власт и истражните органи.

„Законодавниот дом треба да работи независно и да ги остави другите власти во државата да си ја тераат работата како што прилега на демократска држава. Единствена политичка партија која си дозволува да прави притисок врз судската власт и другите власти во Македонија е само СДСМ. Тоа го видовме кога Бучковски беше во суд, а тие го блокираа судот, го видовме и во Комисијата за деловнички и мандатно-имунтетни прашања, а сега и од собраниската говорница,“ им порача Бонева на пратениците во собраниската сала. Таа рече дека Шекеринска искажала тешки квалификации „кои не прилегаат на партија која се нарекува демократска“.

Потегот на СДСМ ќе го следат и другите партии од опозицијата. Собранието ќе го бојкотираат ЛДП, НСДП и Нова алтернатива.

„Ова што се случува денеска е страшно“, изјави Андреј Жерновски од ЛДП, кој смета дека апсењето на Заев е срам за земјава. „Ова не е Македонија што ја познавам. Ова е друга Македонија во која владее режим, во која секој политичар, секој новинар, секој граѓанин што не се согласува со политиката на Груевски ќе биде малтретиран од МВР“, изјави Андреј Жерновски од ЛДП. Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ чекале да замине делегацијата од Советот на Европа од земјава за да го уапсат Заев. Според Жерновски, малтретирањето од страна на власта почнало само три дена по изборите кога ЛП била истерани од нивните простории.

Според Горан Мисовски од НСДП, спектакуларното апсење на Заев укажува дека на ВМРО-ДПМНЕ не и' е важно функционирањето на правната држава и заштитата на основните човекови права. „Очигледно е дека Груевски побара мандат од 61 пратеник токму за демонстрација на сила и моќ“, рече тој.

Ѓорѓи Оровчанец од Нова алтернатива смета дека Собранието прераснало во нотаријат на владејачката партија, односно само за одредена политичка елита. „Собранието веќе не е врвна законодавна установа, туку стана само еден сегмент на техничка верификација на желбите на една политичка елита“, истакна Оровчанец, додавајќи дека постои тешка политичка криза во која нема дебата и затоа е ирационално да се поставуваат какви било прашања во однос на македонското општество кога одговорите се однапред познати.










Статијата е прочитана 2066 пати.


Испрати коментар



Заев и соработнците ќе се бранат од слобода
Фуере- Парламент без опозиција не е Парламент
Струмичани во шок по апсењето на градоначалникот Зоран Заев
Црвенковски- Политичка пресметка со неистомислениците
Градоначалниците од СДСМ ќе ја напуштат ЗЕЛС
Масовен протест поради апсењето на Зоран Заев



Sergej - http://www.otpor.net.tf, 18.07.2008 00:10:04
Odlukata e pravilna! Neka Go ostavat Grujo da Si igra so ogan! Se nadevam deka SDSM se na dobar pat da se opametat i da stanat vistinska opozicija! A mesto za opozicija vo "partalmentot" - nema! Sveti Grujce Nepogresiv toa ne go "dozvoljava". Toa e sprotivno na Negovite Sveti Fasisticki Dogmi! E pa sega SDSM, izlezi od Kukata na zloto pa sploti se so Narodot! Ponudi mu vistinski, demokratski socjalizam! Toa treba da go ocekuvame od gospoga Sekerinska, taa e na visoka funkcija vo Socijalistickata Internacionala!
dimitar, 18.07.2008 00:11:02
Абе луѓе, ВМРО има апсолутно мнозинство, опозицијата се двајца без тројца. Голема работа ако го напуштиле парламентот.
razocaran makedonec, 18.07.2008 00:15:33
Dobro, ke ni se sluci li nesto ubavo ovaa godina ili ne????? Ima li nekoj voopsto pamet od ovie sto "ja vodat drzavata?" Predlagam vo idnina bez lekarsko uverenie nikoj da ne moze da vleze ni vo parlament, a za ministri i premier muabet da ne pravime!
goran, 18.07.2008 00:42:03
Ova e fasizam!razbudu se Makedonijo zosto tvoite najgolemi neprijateli imaat ovcja koza i toa se laznite patrioti kako Gruevski!zaev za premier!
реален, 18.07.2008 00:42:46
Одличен потег, право политичко однесување! Оставете ги да воведат едноумие. Пиноче веќе почна. За кратко време ќе свати македонскиот народ што ова значи во реалноста, само тогаш ќе биде доцна, Македонија ќе потоне во балканската кал.
makedonec, 18.07.2008 00:50:19
vi se molam dosta so komentari ako ne sakate site da ne ispoapsat
realna, 18.07.2008 00:50:48
Kako ne vi e sram taka da zboruvate za vlast so legitimitet.Zosto nikoj od Vas dragi moi ne najde mesto da napise nesto za covekot koj ke lezi za site 2.000.000 makedonci vo Hag, a sega zboruvate za Zaev.Mozebi i ne e kriv, ama prestanete so pritisok na "vasite" sudii pa neka se dokaze vo postapka.Site gragani vo ovaa drzava se isti bez razlika dali pripa gaat na politicka opcija i se funkcioneri.Ako go blokirate sudot i pravite pritisok pravete go za site gragani.Bez selekcija dami i gospoda od SDSM.Lugeto koi baraat zemjisteto da im bide vrateno ili plateno ne se pomalku vazni od vasite clenovi.Vo univerzumot sekoj si go dobiva toa sto mu sleduva.Pozdrav i se nadevam deka ovaa poraka ke dopre do site!!!!!
emi, 18.07.2008 00:53:58
grujo trgna vo ofanziva.Ke unistuva se sto ne misli kako nego.Covekot izgleda ne samo sto ne ucel ekonomija,tuku i istorija nema nisto procitano(mu ja poklonuvale ocenkata).Ako cital barem nesto ce znae sto go ocekuva vo idnina.Jas da sum na negovo mesto strav ke me fati.Istorijata se povtoruva.Golemite lideri kako nego zavrsuvat kako golemi luzeri.
Goce Viena, 18.07.2008 01:08:15
onie koi ne rabotat i netreba da zemaat plata a ministerot za finansii tie zastedeni pari na ime plati da gi prenameni za socijalcite,dosta i e na sekeroska primanje na plata bez pojavuvanje na rabotno mesto sankcii mora da ima itoa najostri
Мима, 18.07.2008 01:11:42
Сакам да го прашам Адолф Груевски(кој се третира како премиер кој носи преродба во Македониј��), кој е следен градоначалник-Аце Коцевски?Затоа што на ,,господинот" премиер му пречат успешни луѓе како што гледам,па си го тргна Заев,а следниот -да сме здрави и живи да видиме со што ке го ,,натовари".А велешкиот градоначалник е токму таков и плус не е од неговите фашистичко-терористички редови.Токму така се покажува премиере силата-удри по успешните,удри по тие што работат за доброто на народот,КОГА НЕ МОЖЕШ ДА БИДЕШ КАКО НИВ
Goran od Bitola, 18.07.2008 03:41:50
Sekoj ke go dobie toa sto go mzasluzuva
Daniel, 18.07.2008 03:44:02
A sto ako Zaev navistina e vinoven?Cekajte prvo da izlezat faktite na sud pa posle "davajte otpor prema vlasta".Zosto ne bevte vaka agresivni koga se uapsi gradonacalnikot na Aerodrom?Inaku samo za potsekjanje-dali znaete ili dali cuvte da bide uapsen nekoj od famozniot OKTOPOD?Se se zavrsi so ukor.E pa taka lugje nie Narodecot gubime-nikoj drug.Site kradat a nie si pitame za leb.A ako uapsat nekogo-togas zosto go uapsile.Svesti se narode!!!
Filip Vtori, 18.07.2008 04:27:18
Grueski nikoj ne go izbra da im gleda niz prsti na Mafijasite .Obeca zatvori i misla treba da pobrzas posto dojde vremeto sekoj sto jadel kraden med da jade po gazot i stap.Nema opravduvajne dali nekoj bil Gradonacalnik ili direktor pa da ne se sudi i nekoj Ulicari da sprecuvet sudot da si ja vrsi svojata rabota .Zosto mene ne me pritvorija ili nekoj posteni.Izgleda ovde nekoj se plasi dane utre i nego ce mu zvecnet lisicite pa Grueski go vika fasist Pinoce ili neznam sto .Dali treba da raspisi konkurs koj povece ce ukradi nagrada da dobie za sposobnos sto ukradil.Grujo nemoj da zapiras narodot toa od tebe go bara ,ostavigi ovie ovde sto se placet izgleda i tie se zasegnati pa navodno za Zaev se plaset za niv utre dane mu praet drustvo.
Nancy, 18.07.2008 05:31:03
Mozebi gospodinot Zaev nee VMROec i i zatoa e uapsen istiot slucaj go imase i vo 2001 god. koga Lubco i Arben bea vo koalicia a sega malku izmenetoGrujo i Terorist Ahmeti.
Boshko, 18.07.2008 06:07:56
Koga Grujo porachuvashe da se gradat novi zatvori ne vi li beshe jasno deka ke bide zatvoranje za site ne isto mislenici so DPMNE.E sega toa e. Ete go Grujo i cela negova vlast ke pravi shto saka a za demokracija i opozicija nema mesto vo Makedonija.Koj ne misli kako Grujo Nadvor od Makedonija
Цезар, 18.07.2008 07:15:32
Предлагам да се прифати барањето на СДСМ за да се вратат во Собранието. Нека Собранието заседава и нека донесе Резолуција за прогласување на невиност на Заев. Да живее демократијата!
nekoj, 18.07.2008 07:21:17
bre bre bre isfrurtrirani sdsm-ovski komentari... samo gledam sepak ima troshka nadezh vo vas:))) samo napred nadezhda posledna umirashe neli?! :P
ace, 18.07.2008 07:29:14
ke dodadam u koja bilo zemja jaka nema opozicija pozicija, ako stanuva zbor za kriminal ! Apsurdno e da komentiraat sds radmila da ne mu stoea nad glava gps da ne mu instalirale pod kamerski nadzor 24/7 da ne im bil .Moze da recat ok ke vidime sudot sto ke kaze a moze i toa e mnogu ! Zatoa inace ima razlicni institucii sud policija armija doktori .
jovan, 18.07.2008 07:49:46
A sega site vie sto pisuvate komentari koi ne se vo soglasnost so ideite na ovaa vlast ke snosite odgovornost. Ednostavno ne ste lojalni na drzavata.(edno malo covece sedi i gi proveruva site meili od koja adresa idat). Ako ne si lojalen na vlasta ne ja sakas drzavata. Ako ne si lojalen na sefot ne ja sakas kompanijata i ne si podoben. Ete jas posle 25 god. rabota vo edna golema kompanija veke ne sum podoben. Ne e vazna strucnosta i znaenjeto vazna bila lojalnosta taka vika sefot.
Gorgi, 18.07.2008 07:55:18
Ostavete go de deckoto so picinja da si igra premier sto ne go ostavite , ete da ne mu smtate ama i ostavete go ovoj GLUP makedonski narod da vide kako e koga e OVCICKA neka mu mani deckoto eden bric pa ke se svestat mozebi i ke pobaraat sami smena.Sramota i od mediumite ne znaat sto pobrzo ke kazat pogotovo Latas na sitel velese nikogas nema so DUI koalicija , ako imate nekoj kontakt od toa gnasa makedondka ve molam pratetemi.
Набљудувач, 18.07.2008 08:02:46
Ова дпмнеовциве јадат ли јадат трици. Само пилешки мозок може да испили дека напуштање на Собранието е притисок врз Судот. Им се измешале работите, па, нивните јавувања на Судии (со барања, читај: закани), во својство на делегат во Собрание, го поистоветуваат со легитимната политичка одлука да се напушти Собранието.
Atanasija, 18.07.2008 08:49:11
Ova sto se sluci so gradonacalnikot na Strumica i site onie koi gradat,a da ne go prasaat g.Gruevski bese za ocekuvanje.Se sekavate:po onaa dolgotrajna sednica na Sobranieto ,koga SDSM barase interpelacija od g.Gruevski,toj im poraca-za site da znaeme:vie zboruvajte si,jas ke si rabotam kako sto znam.I,si znae kako da unisti se okolu sebe,za da ostane sam,pa taka i najpameten.Ova mi lici kako vo vicot,koga edna zena odi na pust ostrov,za da bide najubavata.Vo pustelijata sto ni ja sozdava toj sto znae-ostanuva da e toj najpametniot.Dobro e sto SDSM se povlece od Sobranieto zasto ne saka da bide pokritie za ona sto e nedopustlivo da se pravi,a se pravi,no ,od moj aspek i ne e:povlekuvanjeto ne e pobeda tuku dopustanje prostor za nasilnikot da napreduva.Kade ova ke ne donese ne sakam ni da pretpostavuvam
trajan, 18.07.2008 08:59:14
Ako Crni Grujo saka da pravi spektakli i da se slika neka pocne od sopstvenite redovi pa neka ja apsi Alarova,general Mitreski sto pravi kanalizacija vo Kuckovo so parite sto nezakonski gi zema od gradjanite na Gorce so zgolemeniot danokot na imot od 0.5%, a ne go resava problemot so ulicata 4 ti juli.Grujo neka pomine bez pridruzba po glavnata ulica za Tetovo pa ke vidi koga ke stigne.Sega na red se za apsenje i brkanje od rabota site vlenovi i simpatizeri od SDSM i drugite koi mislat poinaku od nego, zatoa sto toj veti novi 15000 VMRO-ovci da se vrabtat iako se nepismeni i kupuvaat diplomi od privatnite univerziteti koi se otvoraat vo sekoe selo.
Баба Ката од Секулицу, 18.07.2008 09:05:02
Ја, баба Ката од Секулицу, портпарол и виши научни сарадник новофоримраног “Института за Астрофисику и киселу воду“, овлашќена сам испред Научног савета за домаќу и светску начну јавност да кажем следеќу изјаву. У Секлуцу и околна села примеќене су некакве ТРОЈКЕ које скитав ноќу ки баба Наста околе плотове. И затој наш научни пројекат “К’КО МОЖЕ САМОХРАНА МАЈКА ДА СИ КУПЕВ ЧЕТИРИ СТАНА И ДВЕ ГАРАЖЕ ДОК ЈОЈ ЈЕ СИН МИНИСТАР ЗА ФИНАНСИЈЕ„ стављамо га у мраз код бата Стојанча, он једини у село има фрижидер. Даље дада Стамена и стрина Трајка, виши научни сарадници, кажу да смо старе и да не допустимо да нас џабе возе куде судије и у Шутку и да има пуно тема за наш научни рад. Предлажу уместо овој пројекат да научно обрадимо следеќу тему: УТИЦАЈ ПОРТОКАЛОВЕ БОЈЕ НА ПУБЕРТЕТ МИШЕВА У СЕКУЛИЦУ И ОСТАЛА СЕЛА. Тема била еколошка и много здрава. И с’с туј тематику да наступимо у Брисеу и цеу свет и да докажемо како наши мишеви немају везе с’с грчке мишеве. И да су својвремено апостол Лука и Павл
Pero, 18.07.2008 09:36:33
Taka i Vi treba, bidejki vo 2002 g.ne gi apsevte za "OKTA", NPK (celiot tim koj sega zazemaat ministerski funkcii i dr.odgovorni raotni mseta)!
sonja, 18.07.2008 09:36:59
realnosta e taa se apsat samo od sdsm a od vmro ne kako mozeme da bideme realni ikorektni koga na site im brkate vo ocite kako trn.
Мане, 18.07.2008 09:49:33
Програма за уништување се‘ што е вредно во Македонија, во 100 чекори, проширена и надградена! Bye bye democracy, welcome back totalitarianism.
Do Boneva, 18.07.2008 10:15:22
Госпого Бонева наместо да ни зборуваш што е тоа независно судство кажи ни колку свој народ роднини,пријатели и сопартиици имаш запаслено и колку станови имаш во Скопје и како ги спечели парите кога те знаеме каков голтар беше заедно со машти.
Biljana, 18.07.2008 11:05:25
СМС пораки од владина институција -Министерство за внатресни работи прака информација на медиуми. Дали таков начин на информирање со таква содржина одговара на дигнитетот на едно Министерство?? Не можам да поверувам. А портпаролот го видов пред некој ден на пазарење. Изгледа пристојно момче и не знам колку му одговара таков стил на однесување со таков вокабулар.
Slavco, 18.07.2008 12:50:45
ocajni ste!!!
bobo, 18.07.2008 14:15:40
Sto se glupirate bidejki od politika bas nikoj nisto ne razbravte ,toa tie kako da serviras na nekoj stranec rucek vo restoran toj ve prasuva na svojot jazik a vie mu odgovarate na vasiot i sto ste se razbrale nisto pa vaka i vie sto pisuvate ovde koga nemate veza,procitajte kako vo sveot se vodat tie politicki igri,zamisli si samo primer Obama vo SAD zbral 58 miljardi dolari pari od onei koi go finasirat naizbornata trka pa tojne treba da bide presedatel ,pak zatoa ke vi recam podaleku od politika inaku treba da stanete Mafiozi a vo svetot e obratno mafijata e nadvor od politikata, toaa da se sluci i kaj nas ke vidite kako Makedonija kako sonceto od vergina ke sjae a vaka samo tone.zosto Mafijata e vo politikata
makedonka, 18.07.2008 14:48:02
Ako platata na Sekerinska e sporna togas ke moravte vo parlamentot da mu ja odzemete i na vasiot bivs lider so bugarski pasos koj se skri vo Bugarija da ne odgovara za kriminalot i da ne gi kaze iminjata na negovite soucesnici,mozebi ke mu ja odzemevte i na vasiot koalicionen partner Arben Dzaferi koj niednas ne se pojavi vo parlamentot ili pak sega ke se pokazete heroi pa ke mu ja odzemete na segasniot partner Ahmeti koj isto taka ne doadja vo parlamentot,no toa ke vi odi tesko mora da ja kriete koalicijata so onie koi do vcera gi vikavte teroristi.Pocituvana realna i ostanati od kolektivitetot koj dobi mnozinstvo no za ekonomsi posilna Makedonija i bogat narod a za kriminalot i korupcijata ostavete gi sudiite da rabotat pod uslov da ne izbirate sudii so eden mesec staz vo sudstvoto no so podobna partiska kniska i podobna kumovska vrska,eden den seto ovaa ke vi se udri od glava pa mnozinstoto ke bide malcinstvo sto togas i kade mozebi vo Bugarija kaj stariot lider
Tode-Minhen, 18.07.2008 15:32:40
Pa narode, ova na opozicijata ne mu e prvpat. Taka ne se gradi drzava.Opozicijata nema mnozinstvo vo Sobranieto, pa nemaat druga alternativa, no samo beganje.
17.07.2008, 19:37

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Магла

Вторник
Ведро
Макс: 5°C, Мин: -3°C

Среда
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (41)
Разговор во шест очи.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
(ФОТО) Светот ја пречека Новата 2013
Милиони луѓе се собраа за пречекот на Новата година 2013 на плоштадите ширум светот...
Времеплов на оптимистот
Кога луѓето се навистина оспособени, тие ќе почнат да ја користат дигиталната технологија за да воведат промени во свое ...
Ексклузивно - Готвам, значи постојам и сум сакана
Хрватката Ана Угарковиќ, авторка на готвачкото ТВ-шоу „Кај Ана“, е естет со префинет вкус за храна...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Фељтон | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Време | Хороскоп | Што прават денеска |