Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
23.03.2012, 17:34

Едиторијал

Кодошите од 1944 до 2006...

Александра М. Митевска

Една неповолна и една поповолна вест примија од владејачкиот штаб сите оние што треп��рат при споменувањето на зборот лустрација - некои поради тоа што се плашат дека би можело да биде откриено нивното соработничко минато, а други затоа што стравуваат дека името би можело неправедно да им биде извалкано во процесот кој одамна скршна од основната цел.

Неповолната вест е дека уште повеќе се шири мрежата на лустрацијата, во која првично требаше да се ловат само евентуални поткажувачи на безбедносните служби што моментно се на државни функции. ВМРО-ДПМНЕ дојде до идеја да ја вклучи во проектот целата нација, така што секој поединец ќе може да побара да се испита дали некој друг бил поткажувач. Од проверка нема да се спасат ни олигарсите од времето на приватизацијата, која, нели, е проект за кој сите „заслуги“ му се припишуваат на актуелниот лидер на опозицијата.

Поволната вест е дека барем ќе се скрати временскиот опфат на лустрацијата, која наместо до 2019, ќе трае „само“ од 1944 до 2006. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека 2006 година е избрана поради тоа што тогаш почнал да важи Законот за слободен пристап до информации. Можеби по игра на случајот, тоа е и годината во која заврши владеењето на СДСМ или во која почна владеењето на ВМРО-ДПМНЕ - сеедно. Тогаш, веројатно, испариле и соработниците (од идеолошко-политички причини) од службите!?

Идејата да се лустрира социјализмот почна со добра волја и со политички консензус дека треба да се расчисти со неправдите од поранешниот систем и да се тргне напред. Првичната верзија на Законот за лустрација не го положи во целост тестот на уставноста, а во меѓувреме, поттикна улична потрага по соработници на службите. Следуваа корекции што ги донесе Собранието набрзина и среде опозициски бојкот, а со кои лустрацијата доби невидени размери, од аспект на нејзиното времетраење и опфатот на личностите.

Ефектите не беше тешко да се предвидат: она што требаше да значи прочистување од гревовите во минатото се претвори во расчистување на сметките со политичките противници во сегашноста, додека во заднина се случуваат работи од посуштинско значење за иднината...

Исходот, исто така, беше очекуван: Уставниот суд замрзна дваесетина члена од изменетиот Закон и повторно го навлече револтот на власта - до тој степен што сега се наметнуваат сомневања дека новиот предлог за уште поширок опфат на лустрацијата е реванш за судиите кои се дрзнаа да помислат дека можат да пресудат уште еден пенал!?

Не е тешко да се прогнозира ниту што ќе се случува понатаму доколку владејачката партија и нејзините коалициски партнери го искористат мнозинството во парламентот за да го протуркаат сосема новиот концепт на лустрација. Процесот што првично требаше да ги релаксира односите во општеството, веројатно, ќе стане уште помоќно оружје за потпалување на страстите во политичката арена и за подигање на адреналинот кај публиката, која ќе може да се нагледа сеир од досиејата што ќе се објавуваат на интернет. Опасноста од уставните судии, пак, дотогаш, веројатно, ќе биде неутрализирана. На дел од нив и така за неколку месеци им истекува мандатот, а подновениот состав се очекува да биде „поконструктивен“.

Единствено, тешко е да се предвиди до кога Томе Аџиев ќе биде на чело на Комисијата за лустрација...


Статијата е прочитана 1628 пати.

Испрати коментар



Заборавена надворешна политика
Изборна автократија
Автомобилска треска



jovan, 24.03.2012 00:17:45
Neznam sto tolku se diga panika sto i biznismeni ke bidat vkluceni vo lustracijata. Najverojatno novinarive dobija nalog da pisuvaat protiv lustracijata. Dali e fer nekoj zatoa sto kodosel i rabotel za sluzbite da dobie firmi i protekcii i da izigrava gazda, koj vo normalni uslovi ni za semkar ne go biva. Dali e normalno (vazi i do den denes) nekoj za 2-3 godini od totalen goltar da stane bogat biznismen zatoa sto dobiva tenderi, povlastici protekcii zatoa sto *raboti za nekogo*. So ovaa pojava i so takvite *vidni licnosti, politicari, biznismeni...* koj vo normalni uslovi bukvalno 5 pari ne vledat ( nekoj se i podprosecno intelegentni i bez skolo) treba ednas za sekogas da se rascisti. I ne samo javno da gi objavat. Nego seto toa sto go prigrabile, izele i ispile, da go vratat i platat. Edna cela generacija poradi takvite paraziti e unistena vo ovaa drzava. Na nekogo cela mladost, na nekogo celiot raboten vek mu se unisteni poradi takvite, koj nezasluzeno komotno ziveat vo ova drustvo
jimmy1, 24.03.2012 04:32:29
Jas predlagam da ima lustracija od 2006 god. pa do denes. Zosto se krijat ovie i baraat lustracija do 2006 god. zosto da ne bidat vkluceni i ovie 6 god. odkoga se tie na vlast. Ne deka ima nesto matno vo toa tuku ima TINJA. I uste Grujo ima obraz i da izlewguva da ne ubeduva ooops da ne lazi za ona sto nee taka.
P Petar, 24.03.2012 07:16:12
Dali nekoj vo socijalizmot ziveel podobro ili vo socijal-vmrovizmot bil tezok bogatas/nepravilno i nezasluzeno/,potpolno e NELOGICNO da se resava preku sistem na lustracija.Kade e finansovata policija,regularnata policija ,kade se detektivsko-razuznavackite organi i zakonski regulativi??Nekoj saka da ne zamajuva vo beskonecnost so brkanje vesterki.Tie pak sto sorabotuvale so drzavnite organi treba da se dokaze KOGO GO OSTETILE?? Pravo na satisfakcija imaat samo ostetenite koi treba toa i da go dokazat,vo sto drzavata treba da im pomogne! Treba da se verificiraat arhivskite dokumenti dali se VERODOSTOJNI ! Ne sum cul uste ,deka milion germanci se lustrirani zaradi nivnata sorabotka so Hitleroviot rezim! Treba Zakon i samo Zakon a ne magla i prasina bidejki dosegasnata lustracija potsetuva na bezcelna opstestveno-politicka masturbacija!!
Nikola, 24.03.2012 07:24:26
Za Jovan: A ako nekoj so kodoskite vrski na tatka si stanal visok funkcioner vo vlasta, shvercuva oruzje, droga ili devizi, ne treba li toj da se lustrira?
milan, 24.03.2012 08:13:18
Im preporacuvam na site vidni luge vo ova opstestvo da si zemat clenska karticka od DPMNE, ako sakat da kurtulat,pogotovo tie sto so trud go steknale svojot imot.Porakata na liderot na DPMNE, so drugi zborovi bi glasila Vidi siromasen narode ke gi gonime site bogatasi (razbira se od sprotivniot tabor) pa razmisli za kogo ke glasas. POZDRAV.
Повеќе ме интересира од 1991 до 2006, 24.03.2012 09:14:24
Најмногу ме интересира дали законски станаа газди социјалистичките инжењери директори кои имаа трипати поголема плата од просекот и ништо повеќе. Како станаа газди. Толку ли брзо мораа пола работници да ги остават на улици а своето семејство цело внатре во фабриките каде станаа газди и тоа нивните со високи примања. Мора да знам.
Istocna Makedonija, 24.03.2012 09:30:28
Procesot na lustracija kaj nas,tesko ke bide finali ziran,oti se temelime na selektivnost!Denes,edni, utre drugi ke lustriraat i obratno!A,kodosi imalo, ima i ke ima poln kup i od ovie i od onie.Nema ni- kakva precka da ne se lustriraat i oligarsite,ama povtorno bez selektivnost.Zalosno,kako da e vsa denot kodosenjeto vo nasiov mentalitet!
Mark, 24.03.2012 09:42:07
Vidi go ti Jovana dezurniot, go svrti sinelot he he! Od kriticar na glupostite vlasta stana apologet, ami kako?! I zatoa ne mu pagja vo oci deka halabukava e predvidena da se protega DO 2006, do vtoroto prisestvie na Pastirot(i ajduckata mu druzina of course)! Od togas navamu NEMA KODOSI, NEMA VALKANO ZBOGATENI, NEMA OLIGARSI?!? I deka podmolnata cel na mangite e da se prefrli se sto vredi vo nivnite kradlivi race! No ajde, ke vidime i drugo vreme, za godina, za tri, Bog e golem!!!
kuman, 24.03.2012 15:09:29
Ако си српски кодош – ти си патриот, ако те етикетираат како бугарски кодош – ти си осуден на смрт.
bezanec, 24.03.2012 19:17:13
Додека вмровците на чело со грујо се занимават со лустрацијата,гонење на луѓето од спротивната страна што не мислат исто со нив,албанците си ги зголемуваат своите барања и на крајот,додека се освестат вмровците отиде Македонија. Лустрацијата ми личи на поговорката„„Држи ми го копилето да се смајам на копиларката„„
EU, 24.03.2012 20:42:26
Prvo da rascistime so osnovni raboti. Kodosenjeto sigurno ne e pozitivna osobina, no osven vo vremeto na Inforbiroto ne pagale glavi zaradi pogresno ili poglasno kazan zbor. Isto taka, ovaa drzava i nejzinite gragani ne osiromasija poradi kodosenjeto, tuku zaradi predolgata tranzicija, nemanjeto demokratski kapacitet, nemanje pretpriemasko iskustvo, a pred se zaradi izborot na neiskusni i neodgovornite politicari od site partiski boi. E sega ili ke i pogledneme na vistinata vo oci, i, ke pocneme da ziveeme i rabotime denes i sega, ili ke go prespieme 21 vek.
Jone, 25.03.2012 05:25:49
Lustracijata e nametnata od ZAPAD i toa zadolzitelno opuletegi ocite malku i ne se klestete. Prirodno e SDSM da negoduva zatoa sto taa e naslednicka na komunistickata partija i od nejzinite redovi najmnogu ima oligarsi toa ne znaci deka nema i vo redovite na DPMNE. Vo nekoi zapadni zemji petokrakata so srp i cekan so zakon e zebraneta Gledate so otvoreni oce kako zapadot sproveduva globalna vojna protiv komunizmot i protiv zemjite koi se izvorot na taja pojava
Justinijan od Taor, 25.03.2012 10:38:05
Do EU.Vo 1967 tatko mi i dedo mi bea pod itno osudeni na po dve godini zatvor.Edinstveno sto razbraa od presudata,deke protiv vodele antidrzavna politika.Celiot imot na moite roditeli bese konfiskuvan.Denes ne moze da se najdat dokumentite i dignavme race .Jas sum roden 1948.Moite dve sestri se pomali.Mozes da zamislis niz kakov pekol pominavme.Ne bese problem samo zivealisteto.Majka mi ostana bez rabota.Kako drzavni neprijateli ,posle mnogu godini pak se vrabotija.Inspektorot glavniot svedok ,pokasno doagase kaj tatko mi i molese za proska.Ama i na nego mu naredile da izmisli nesto.Edinstveno e sto na nekoj ne mu se dopagal nivniot neprobol za sloboda na cela Makedonija.A tatko mi bese i partizan.Vo toa vreme eden bratuced na tatko mi go pragazi vozot,a negovipot brat uste na sremskiot front bil zastrelan od grb.Ne e tocno deka po inforbiroto bila demokratija.
branko, 25.03.2012 10:38:27
da nema nedorazbiranja zosto ne e zakonot do 2011 ako veke se odi na nova idea cisto korekno pa nikoj netreba da se plasi ako mu e cista dusata najmnogu se bunat tie sto gi cepka .
Ајван Доктор®, 25.03.2012 11:34:13
Од слободниот пристап до информации постои единствено хартијата на која е отпечатен законот!Занимлива е вчерашната изјава на министерката за внатрешни работи,која рече дека не може да коментира пресуди и одлуки на општински судови (се однесува на ослободувањето на членовите на„Balistët“),но од власта секогаш се чувствуваат повикани да коментираат одлуки на Уставниот суд!Повторно,нема да добиеме ништо освен политичка борба со неистомислениците,рамна на методите на најзакоравените тоталитарни општества,многу пострашни од оние против кои е усмерен ваквиот закон!Која е потребата да знам кој го обвинил дедо ми,кој е починат повеќе од 60 години,а да не знам кој ме опишал во полицијата како непријател на државата,кому му е забрането основното право на егзистенција?!
deko, 25.03.2012 12:23:44
Kakov i zakon da doneses za lustracia,ke ima sili koi sto so site sili ke se trudat da go osporat.Kodosite i denesnite bogatasi koi od kriminalnata privatizacija stanaa bosovi ke platat kolku treba samo da se spasat.Za zal kaj nas ima mnogu kodosi i oligarsi koi so kriminal se zbogatija toest skoro site denesni oligarsi se zbogatija so kriminal.90% od kapitalot denes vo MK e vo nivni race.Koga imaat tolku pari normalno ke platat mnogu novinari sto za niv ke ja odrabotat dobro javnosta i na kraj ke ne ubedat uste deka tie se od gospod dareni da bidat bogati a site nie siromasi.
skopjanec, 25.03.2012 12:31:09
Kaj nas ovoj bal nema nikogas da zavrsi.Sega cekajte potsetuvanje od Toplifikacija so baranje da kazete koj pri rekonstrukcija na stanot vnesol novi radiatori!A toa ne ke e kodosenje na komsijata?Pa pred godina-dve neli dobivme takvi smtki. A na vlasta i trebaat takvi kako Adzievski,Mirjana-lugje koi umeat da plivaat vo site vodi i site stilovi

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

 


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Облачно

Петок
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 4°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |