Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Ретровизор Саботен магазин
Македонија
27.07.2012, 18:59

Дијаспората да го одврзе ќесето за Македонците во Грција

Еден од финансиерите на Пограничната средба на Егејците бара од иселениците да помогнат да се зачува македонскиот јазик

Битола - „Дијаспората да го одврзе ќесето и да им помогне на Македонците во Грција за да не се заборави македонскиот јазик“. Ова е пораката од осумдесет и тригодишниот Андон Шекревски, еден од најверните поддржувачи и финансиери на традиционалната Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, што секоја година се одржува во потпелистерското село Трново.

Шекревски е член на партијата на Македонците во Грција „Виножито“. Родум е од Овчарани, Егејска Македонија и не крие дека е печалбар од Германија. Пензионерските денови ги минува во својата вила во Трново и често оди за Овчарани. Разочаран е од тоа колку малку македонските здруженија од дијаспората вложуваат во зачувувањето на македонскиот јазик и култура.

„Отсекогаш или подобро кажано секоја година сум еден од финансиерите на средбата во Трново. Има и други што даваат пари, но, како што гледам помошта е многу мала. Треба повеќе, особено од дијаспората. Ако нашите раселени низ светот сакаат да се слуша македонскиот глас, јазикот, да се развива нашата култура, треба да го одврзат ќесето и да помогнат. Грците се плашат само од тоа да се зборува македонскиот јазик. Ама, за жал, без помош нема чекор напред“, вели Шекревски.

Како добар познавач на состојбите тој предупредува дека Македонците во Грција се' помалку зборуваат на македонски јазик. Третата генерација на оние што настрадаа од егзодусот не знаат ниту збор да изустат

„За жал, нашиот јазик веќе не се пренесува од генерација на генерација, туку се губи. Се' помалку се зборува македонски во Грција. За тоа се виновни бабите и дедовците, иако своите деца ги научиле македонски, внуците не го знаат јазикот на своите предци. Моите внуци знаат македонски, ама внуци на мои роднини само разбираат, но не знаат да вратат ниту збор македонски. Штетата е голема, децата можат не еден и два, туку и по четири јазици да учат“, се жали Шекревски и со доза на револт продолжува.

„Затоа велам многу лесно е да се одврзе ќесето и да се финансира нешто што е важно за Македонија. Треба да се свестиме оти губиме. За да можеме да се задржиме како Македоци, како јазик и да се прошириме, треба финансиска поддршка“, заклучува тој.

Иако според него не е спорно дека нашите од дијаспората издвојуваат средства за татковината и за помош на Македонците од егејскиот, пиринскиот и дел од Мала Преспа, сепак, смета тоа не е доволно, зашто очигледно не дава резултати. Напротив, вели дека во последните години се' почести и посилни се притисоците од грчката држава особено врз Македонците од Леринско и пограничниот дел. Не само на панаѓурите, туку властите веќе не им дозволуваат да пеат македонски песни ни на свадби, ни на крштевки.

„Грците тврдат дека нема Македонци, иако на панаѓурите во голем дел од населените места во егејскиот дел на Македонија слушаат како се пее и се игра македонски песни и ора. А, сега Грците што прават, ни велат играјте, свирете, ама немојте да пеете. Прават голем притисок врз нашиот народ. Дури одат до таму што ако во петок пред свадба нашите сватови пееле на македонски јазик, веднаш наредното утро ѕвони телефонот и пораката е испратена, играјте ама песни нема да пеете. Луѓето веќе се плашат“, објаснува нашиот соговорник, додавајќи дека токму тука, за да не се продлабочи проблемот, дијаспората треба да помогне да се зачува македонскиот јазик преку културата.

„Дијаспората треба да му помогне на ’Виножито‘ за Македонците во Грција да останат на нозе. Тој е најмирниот начин. Да се дејствува и да се лобира да ни се овозможи да зборуваме на наш мајчин јазик. Ако ни се дадат тие права да учиме и да зборуваме на македонски јазик, да имаме своја школа, тогаш Грците што ќе прават?“, прашува Шекревски и продолжува дека доколку „Виножито“ има финансиери, ќе може рамноправо со другите политички партии во Грција да излезе на избори и да си ги измери силите со политичките противници.

Шекревски не крие дека Македонците во Грција немаат помош ниту од Република Македонија.

„Не знам дали сега не' поддржува државата, ама знам дека п��ед повеќе години, како организација имавме испратено писмо до македонската влада да се помогне печатењето на весникот на ’Виножито‘ како и печатот на нашите во Бугарија и во Мала Преспа. Ниту еден долар, ниту едено евро не пратија, а што е полошо, не ни ни одговорија. За жал, Македонците не се единствени“, констатира Шекревски и нагласува дека останува нивната битка со грчките судови за изградба на Дом на културата во Лерин. (А.Б.)


Статијата е прочитана 1196 пати.

Испрати коментар



Велес има желба за туризам, ама нема хотел



jovan, 28.07.2012 02:25:41
*Третата генерација на оние што настрадаа од егзодусот не знаат ниту збор да изустат* Ova e i najgolemiot problem, a i najgolemata katastrofa. Ova ne se slucuva so Makedoncite samo kaj juzniot sosed. Dolgi godini ziveam povremeno vo Canada ili UK, pa toj problem e dosta cest pogotovo vo Canada.I pokraj toa sto vo Canada nikoj ne ti zabranuva da zboruvas i ucis Makedonski, sepak 3-4 generacija Makedonci ne znaa zbor Makedonski.Da ne zboruvame pa za onie koj se od mesan brak. Tie ne se ni custvuvaat Makedonci. Na ova treba drzavata malku po*agresivno*da poraboti, da gi potikne site rodeni vo stranstvo a se so Makedonsko poteklo da razmisluvaat malku poinaku. Licno imam rodnini ovde vo Toronto cii deca se vtora generacija i toa od majka i tatko Makedonci, a decata slabo zborat Makedonski, nemaat Makedonsko drzavjanstvo, a izjavite na roditelite se, ne im treba jazik koj go zborat milion luge na planetava i ne im treba drzavjanstvo od drzava vo koja nikogas nema da ziveat. Toa e tragicno.
Ајван Доктор®, 28.07.2012 09:27:46
„Грците тврдат дека нема Македонци,иако на панаѓурите во голем дел од населените места во егејскиот дел на Македонија слушаат како се пее и се игра македонски песни и ора.“!Како тоа „често оди во Овчарани“?!Па јас мислев дека им е забрането дури и да влезат во Грција?!И,ќе објаснат ли најпосле дечињата бегалци,како останаа нивните роднини таму,а нив „насилно“ ги „протераа“од таму?Она што треба да го знаат во дијаспората е фактот дека „Виножито“,како и СМК,се дел од здужението „Антички Македонци“,па добро нека размислат кому му ги даваат парите!
Коста Стоименовски, 28.07.2012 10:23:19
Во 1984 година случајно бев на приватен базен за пливање во околината на Торонто, сопственост на Украинци. Бев изненаден кога слушнав дека децата на базенот меѓу себе зборуваа украински! Нема сомнение дека овие деца беа трето или четврто „колено“ на Белогвардејците кои по Октомвриската револуција емигрирале во Канада. Значи овие деца украинскиот јазик го научиле од своите претци, бидејќи е исклучена секаква можност тогашниот Советски Сојуз да го финансира изучувањето на украинскиот јазик во странските држави, кога и во тогашната украинска советска република имаше третман на втор јазик! Децата на ќерка на мој пријател, која е мажен�� за Шпанец и живее во Шпанија, перфектно го зборуваат македонскиот јазик иако не го учеле во школо! Тоа покажува дека јазикот сепак зависи од патриотизмот, културата и образованието на родителите!
С.Малински, 28.07.2012 12:52:31
Небитница владее со Македонците и Македонството,најтрагичната тема над која треба сите длабоко да се замислиме доколку се чувствуваме Македонци.Нашиот опстој е дојден во најкритична фаза,се изгуби секаков критериум и гордост за припадност.Илјадници се ,,осознаваат како бугари,без ронка срам и почит кон предците кои некои од нив и животот го давале против тој бугаризам,сега неговите синови и внуци ги прогласуваат за ,,бугари .,,Нашата нај патриотска инајдемократска влада,подига споменици на најозлогласените џелати на Македонскиот прогресивен цвет,величајки ги врховистичките идеи.Овде во дијаспората, мајката ни ја расплакавте, преку владиците брат со брат не сакаме да се видиме.Дали наш приоритет треба да биде Вмро и владиката петре , или Македонија и Македонството?!.Одкако се наметнаа,, новите патриотски норми ние во дијаспората ги изгубивме сите културни центри кои вредат милиони долари и уште полошо,замре селаква општомакедонска активност.
Tanev, 28.07.2012 15:31:08
Da, se soglasuvam treba da im pomognime na Vinozhito, go molam vesnikot Dnevnik da zapri da go upotrebuva Grchkiot zbor „Дијаспората , koga imame Makedonski zbor iselenishtvo.
Mene, 28.07.2012 15:37:16
Do site nasinci od dijasporata: ve molam ne istapuvajte so kontradiktorni izjavi koi gi osporuvaat vasite postapki --- ednostavno smesni ste (ova ne vazi za G-din Sekrevski, tuku za mnogumina avtori na komentarite koi ke se prepoznaat vo moj komentar). Nemojte ve molam da pojasnuvate sto e ispravno na stotici kilometri od drzavata -- dojdete, pocustvuvajte go krkorenjeto na crevata, bedata i siromastijata, opstestvenata korumpiranost i nemokta pred sopstveniot zivot, dojdete dragi sonarodnici !!! Duri togas i samo togas ke dopre vasata misla do moite usi, a potoa ke razgovarame i za patriotizmot i za nacionalizmot dokolku miluvate!
Cento, 28.07.2012 16:11:51
Sekoj jazik vredi kolku eden fakultet. Jas zboruvam cetiri i sinmi zboruva tri a ima tri ipol godini se razbira i makedonski iako ziveam vo stranstvo. Drzavata nemozi da go nauci deteto moe da zboruva makedonski treba roditelite sami da si gi ucat makedonski ama kako da go naucat koga i samite roditeli od PRVA generacija zboruvaat angliski megu sebe.....
Spase, 29.07.2012 15:03:47
Ovie s pravite zborovi e sega e prasanje Koj e afektiran od seto ova CELA NACIJA MAKEDONSKA. Ako ne se svestime navreme dodeka ovaa e POSLEDNATA GENERACIJA sto mozi da go zacuva toj tolku baran nas Identitet a toj se zacuvuva so jazik ora pesni i tradicii na sve sto e prepoznatlivo makedonsko a posebno od drugite. Kade treba da se fokusirame SITE DO EDEN MAKEDONCI kade i da sme vo svet e Porakata.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Пто прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 21°C

Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Преглед на освојувачи на медали - 5.ден
По петтиот натпреварувачки ден 49 држави имаат освоено медали...
Цонга и Раониќ го одиграа најдолгиот сет на Олимпијадите
Пласман во третото коло на турнирот во Лондон обезбеди Французинот, откако го доби третиот и одлучувачки сет со невероја...
Литванка Меилутите стана олимписка шампионка
Рута Меилутите стана олимписка шампионка, откако патеката на 100 метри градно ја исплива – 1:05.47...
Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |