Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
31.10.2011, 17:34

Парното поскапи за 8,5 отсто

Корисниците на топланата „СкопЈе север“ Ќе добиЈат најголемо поскапување од 13,29 проценти

Маја Томиќ



Од денеска поскапува парното за корисниците на „Топлификација“ за 8,42 отсто, а за оние на „Скопје север“ за 13,29 проценти, пресече вчера Регул��торната комисија за енергетика. Оваа одлука, односно новите цени, ќе важат до крајот на годинава, а потоа ќе следи нова пресметка на трошоците на „Топлификација“ и најверојатно и нови цени.

Поскапувањето, како што се наведува од РКЕ, е резултат на зголемувањето на цената на природниот гас за 19,6 проценти во четвртиот квартал од годинава, што предизвикало зголемување на трошоците за производство на топлинската енергија. Топлинските компании побарале уште поголема цена. Според поднесените барања до РКЕ, „Топлификација“ побарала зголемување од околу 13 проценти, а „Скопје север“ за околу 15 проценти.

Скопјани се револтирани бидејќи мрзнат од почетокот на грејната сезона. Најавуваат масовно исклучување од овој вид затоплување за кое плаќаат цела година, а не се стоплени. Згора на се', цената постојано расте и последното покачување е трето оваа година.

„Живеам во стан од 70 квадратни метри и не сум воопшто задоволна од греењето на ’Топлификација‘. Кога ќе станам за на работа смрзнувам и вклучувам греалка, секое утро. Како може парното да се вклучува во 7 часот наутро, а посебно што се млаки радијаторите и воопшто не се стоплува станот во текот на денот. Направив пресметка дека со новото покачување ќе плаќам 50 евра месечно цела година. А, за 600 евра годишно немам намера да се смрзнувам и да се топлам онака како што сака ’Топлификација‘, па решив да го откажам ова греење и да се топлам со директни грејачи вклучени на постојните радијатори. Пресметав дека ми е поисплатливо месечно да плаќам и по 100 евра за струја, но барем ќе се греам јас кога сакам и ќе ми биде топло“, вели Д.М. од Скопје, жителка на Аеродром.

Друга, пак, сограѓанка веќе решила и од минатиот месец е исклучена од ова греење. „Јас го исклучив парното затоа што половина станари од мојата зграда се исклучени од лани и мене автоматски ми пораснаа сметките за парно за 10 до 20 проценти. Но, попусто ги давав парите, затоа што ѕидовите се ладни и не можевме никако да се згрееме. Смрзнавме. Сега се затоплуваме на струја и сме стоплени. Пресметавме и дека ќе имаме пониски трошоци за греење доколку плаќаме само неколку месеци во грејната сезона, а не цела година како досега“, нагласува В.П. од Кисела вода.

Од „Топлификација“ појаснуваат зошто корисниците плаќаат повисоки сметки доколку дел од станарите се исклучат од парно греење.

„Секој граѓанин плаќа одредена месечна сума за парно-греење, во зависност од квадратурата на станот, но сметката му е поголема доколку во зграда од 20 станови, на пример, 10 се исклучени, а 10 се корисници на топлинска енергија. Бидејќи, од една страна мора да се плаќаат редовните трошоци на ’Топлификација‘ за инсталацијата, за разводните уреди и слично, тоа е заеднички трошок што се дели подеднакво на бројот на сите корисници во одреден објект и од тоа ќе зависи и висината на нивните сметки. Не е исто ако станува збор за 10 корисници, при 20 исклучени станови, и обратно“, појаснува Методија Стојчев од топлана „Скопје север“.

Тој додава јасно, доколку се исклучени од греење корисниците од сите соседни станови, автоматски е поладен и станот што користи парно, иако се испорачува еднаква топлинска енергија како и претходно. Така што, доколку сите станари што продолжиле да се греат побараат да им се испорачува поголема температура на топлинска енергија, тоа автоматски ќе значи дека ќе им се наплатуваат и повисоки сметки.

На новите цени на парното вчера реагираше Либерално-демократската партија. Таа поднесе жалба до Комисијата за жалби од областа на енергетиката со која бара да се укине новата одлука и да се сопре трендот на понатамошно поскапување на парното.

„ЛДП најостро реагира на најновата одлука на т.н. независно тело Регулаторната комисија за енергетика за последното покачување на цената на парното греење. Разбирливи се и очекувани реакциите на граѓаните кои оваа есен, покрај ладните радијатори, добија и уште еден ладен туш од ’Топлификација‘“, се вели во соопштението на оваа партија. Според неа, едно семејство кое досега месечно плаќало по 2.000 денари за парно, отсега ќе треба да плаќа по 2.300 денари, а на годишно ниво 27.600, а тоа значи дека од тенкиот семеен буџет ќе треба да се издвојат 3.600 денари повеќе.


Статијата е прочитана 1040 пати.

Испрати коментар



Велес во очај, има ли држава да му помогне?!
Охридско Езеро депо на старо оружје
Реваншизмот го остави Берово без 10 милиони денари
Казни за веледрогерии или производител на лекови и до 10 години затвор
По евтин лек дури до Јапонија
И уште нешто
Законот за млади повлечен од процедура
Партијата Достоинство прва ја поткрепи Декларација на ОМ
Приватните универзитети остануваат без студенти



Izgor ceni za siromasno naselenie, 01.11.2011 01:29:23
Zitelkata od Aerodrom veli deka za stan od 70 kvadrati po nova cena bi trebalo da plaka 3.000 den mesecno, a nie dosega po stara cena plakavme za stan od 75 kvadrati 4.600 denari. Toa znaci deka kaj nea zagrevanjeto na 1 metar kvadraten ke cini 41 denar, a kaj nas bese 61 denar (Centar), a so poskapuvanjeto plus i za toa. Me interesira kakvi se tie со директни грејачи вклучени на постојните радијатори i dali tie funkcioniraat otkako ke se odvojat radijatorite od cevkite. Dali so gasifikacija bi se ovozmozilo poevtino greenje i ako e taka sto se ceka?
poposka, 01.11.2011 08:35:48
se pretera mora nesto da se prevzeme namesto toplifikacija da gi stimulira redovnite korisnici taa bas se pravi da se otkazuvame.vo mojata zgrada se mnogu otkazani i cenata mi e mnogu povisok a amoi prijateli so pogolema kvadratura plakaat pomalku.kade da se zalime???!!!
Sara, 01.11.2011 09:45:28
Da gi izvadime rozevite ochila shto ni gi dade Gruevski i da ziveeme vo realnosta. Pa vakov scotski zivot nema ni vo AFRIKA. Moja celosna podrshka za LDP, a ima li druga opozicija?
Nikola, 01.11.2011 09:57:53
Na Toplifikacija i pominuvaat site baranja kaj Regulatorot, oti Toplifikacija go vraboti tatkoto na ministerot Todorov koj e covek pred penzija, ama za toplifikacija toj bil neophoden kadar!?
ce-de, 01.11.2011 10:01:27
Problemot so AD Toplifikacija datira uste od vremeto na SFRJ i nikoj ne moze ili ne saka da go sopre samovolieto na ova bivso javno pretprijatie.No da odime po red, ostanuva nejasno koj im dozvoli na vrabotenite vo JP Toplifikacija da go privatiziraat,bidejki toa bese vo sopstvenost na gradot Skopje,odnosno negovite gragjani.Ponatamu kako moze da se tolerira tipicnoto monopolsko odnesuvanje na Toplifikacija koja prakticno pravi sto saka koga ke im kefne ja pokacuvaat cenata na greenjeto i dosega ne pametam nekoj pat da im bilo odbieno baranjeto za pokacuvanje na cenata.Kako moze regulatornata komisija da odobri pokacuvanje na cenata, na kompanija koja raboti profitabilno,odnosno so dobivka,deli dividendi a akciite im kotiraat na berzata.Ova e nadvor od sekakva ekonomska logika.!Dali nekoj od nadleznite proveril kakvi se uslugite na Toplifikacija,,se pridrzuva li firmata do pravilnikot za isporaka na toplinka energija ili najlesno e pokaci ja cenata,a gragjanite koj gi esapi.!!
Zacuden, 01.11.2011 10:01:27
Ova e neverojatno, nieden novinar da se osmeli da prasa a kamo li da napise STO SE SLUCUVA SO GASNATA CENTRALA TE-TO? So nejzin start trebase da go zgolemi kapacitetot na greenjeto za 50% i da ja stabilizira cenata? Pa ako ova ne e vazno za gragjanite togas sto e?? Nekakvo embargo na informacii za Te-To kako da e taen nuklearen objekt?!?
milan, 01.11.2011 11:03:39
Vlasta namesto da kupuva vrbi za ukrasuvanje/ako e toa tocno - po se izgleda tocno e/ parite da gi investira vo gasifikacija no pritoa da ne se karat vladata i investitorite koj ke lapne pogolem del od kolacot.Ako pomine linijata po ulica stanarite sami ke go vnesat gasot vo zgrada. Na primer vo Anglija gasot e vnesen vo stan imate protocen bojler i niz celiot stan toplina i topla voda.za gasot ima merac i kolku potrosis tolku plakas.No nie sme daleku od Anglija, ama slusam i vo Hrvatska go vovele toj dobar sistem.Na nas barem meraci na radijatorite neka ni montirat .No neznam toplifikacija verovatno ceka da se isklucime site pa sami neka se great.
Drvar, 01.11.2011 11:44:00
Vo zivotot sum se greel na se. Odgovorno tvrdam deka i pokraj novata cena, parnoto e seuste najeftino i najefikasno resenie. So struja ne se gree cel stan, a so drva uste poloso. Momentno se gream na drva i za 12 kubika placam 600 evra. Kolku li samo rabota, prljavstina i trosoci, a celiot stan ne mozes da go grees. Plus vo startot te ukradat za 1-2 kubika. Ne sum od toplifikacija i najmalku sakam da branam razno-razni paraziti, ama realno se e skapo. Edino da greeme edno sobiche i da setame po stanot so kebinja na sebe.
xavid, 01.11.2011 13:58:53
LDP trebase da se pobuni koga BRANKO mu ja POKLONI toplifikacija na HAGIMISEV namesto da bide gradsko pretprijatie so subvencionirani ceni,no...lakomosta na nekoi nema granica a parite vo grob ne se trosat.
Smrznat, 01.11.2011 20:19:10
Toplifikacija dobiva od RKE se sto saka zaradi toa sto na Svetlana clen na RKE soprugot e direktor vo Toplifikacija. A prethodniot pretsedatel na RKE e postojano nagraduvan od Toplifikacija. Firmata ima uzasni dolgovi po banki, kamatite ne moze da gi plaka. TE TO e promasena investicija. Vo ebropa ne postoi zemja vo koja eden subjekt ima duzina firmi na koi si fakturira trosoci. Vo Skopje plakame od 15 den po m2 do 120 den po m2. Nema nikakva logika. Nema utvrdena metodologija. Firmata zarabotuva mnogu poveke osven pokazanite pola milion evra dobivka. I taka natamu. A nie site smrznati. Ova ako ne go objavuvate barem forvardirajte go do avtorkata na tekstot
ДА ЈА ОКУПИРАМЕ ТОПЛИФИКАЦИЈА, 01.11.2011 22:58:21
Хаос. Иста зграда со три влеза. Во два цената е 40 ден за м. кв. а во едниот 53ден. Секој месец по 700 ден повеќе. Годишно 10.000 ден. П.С. КАМПАЊА. Од граѓани новинари медиуми служби. Стоп на монополот. Стоп на делење дивиденди од нашите пари. А вработените цели фамилии. Стоп.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Облачно

Петок
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 4°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |