Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
05.06.2012, 22:29

Црвенковски не издал државна тајна, вели Шврговски

Јавниот обвинител се откажа од кривичен прогон, но остави можност за прекршочна одговорност на Црвенковски и МИА

Љубиша Станковиќ

Јавниот обвинител Љупчо Шврговски се откажува од прогон на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, и на новинската агенција МИА. Обвинителството не нашло ништо што би упатило на можноста Црвенковски и МИА да сториле кривично дело издавање државна тајна.

Клучниот аргумент на Обвинителството за нивно повлекување од натамошната истрага е тоа што на документот кој го презентираше Црвенковски немало печат со назнака „државна тајна“.

Обвинителот Шврговски појаснува дека документот од преговорите за името на себе имал ознака „строго доверливо“, а не класификацијата „државна тајна“.

И покрај откажувањето од кривичниот прогон Шврговски не исклучува друг вид на одговорност. „Овде, апсолутно, нема работа за Јавното обвинителство, но Дирекцијата за класифицирани информации може прекршочно да постапува“, изјави тој. Дали со ваквата изјава обвинителот Шврговски најавува нов развој на целиот случај засега е тешко да се претпостави.

Скопскиот јавен обвинител Марко Зврлески ни изјави дека до нив не биле испратени седумте страници од документите, кои, само еден ден по настапот на Црвенковски на дебатна емисија на телевизија Канал 5, беа објавени од новинската агенција МИА.

„Ние нема што повеќе да коментираме. Тоа што го изјави јавниот обвинител на Македонија е став кој ние само ќе го почитуваме“, вели Марко Зврлевски, чие обвинителство беше задолжено за проверка на наводите околу евентуалната кривична одговорност на Црвенковски и на агенција МИА.

Случајот со објавувањето на документот, кој датира од 2005 година и се однесува на понудени предлози околу промената на името, стана предмет на обработка истиот момент кога Црвенковски беше јавно обвинет дека објавил државна тајна. Јавниот обвинител Љупчо Шврговски минатата среда изјави дека Обвинителството ќе изврши проверка на обвинувањата. Тој најави и хипотетичка можност за кривична одговорност доколку се покаже дека документот е оригинален и дека со него била изнесена државна тајна. Но, Шврговски и во таа пригода остави можност за утврдување на автентичноста на документот и проверка на неговата класификација.

За објавениот документ со свое мислење излезе и претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Тој смета дека лидерот на опозицијата треба да си ги понесе последиците, поради тоа што открил документ кој бил класифициран како државна тајна.


Статијата е прочитана 1701 пати.

Испрати коментар



Триумфалeн кич
Груевски задоволен од посетата на Шведска
Никола Попоски на ручек со амбасадорите
Предизборен амбиент на годишнината од изборите
Нови правила за прислушување
МАНУ со нови академици - ќе бидат ли молчаливи и тие?
Пијавици за олигарсите
Судење на момчето што ја уби девојката
Стразбур пресуди



Ivan, 06.06.2012 08:30:05
Ѓорѓе Иванов има свое мисленје?
ФЕЛИКС, 06.06.2012 10:02:31
И предходно напишав да се нема откривање на државна тајна,што и го потврди г-дин Шврговски.Но ќе има друга одговорност и тоа пред електоратот на локалните избори.Ова самоупукување или местење пенал на политичкиот опонент кој ова максимално ќе го искористи,ќе доведе до Бихаќко постизборно раслојување и дистанцирање од лидерот илузионист.Да говориш во предизборие да ,,10 пати е подобар предлог,,она за негирање сопствена нација и јазик од предлогот договорен пред Букурешт е вистинска политичка катастрофа за партијата која претендира освојување на локалната власт.Очајничкиот обид на него и на неговите подржувачи да сето ова е фалсификат не помина.Од проста причина што сите медиуми во своите архиви ги имаат архивирани негативни написи за истото тоа за што тој се залагал.Едноставно нели царот повторно блеферски сам се разголе.
ema, 06.06.2012 10:18:21
Pa i za ocekuvanje bese deka nema da izdade drzavna tajna, nikogas nemal tolkava hrabrost
viki, 06.06.2012 12:42:51
Neznam za kakva drzavna tajna ovde stanuva zbor no, kolku sto me sluzi memorijata site tie informacii sto bea prezentirani na x/o od strana na novinarot i Crvenkovski bea poznati vednas posle pregovorite za imeto vo 2005 god. i javnosta gi znaese ovie detali. I drugo, edno e strogo doverlivo, a drugo e drzavna tajna. Mislam deka i samiot vrv toa dobro go znae. Kako i da e, se treskaat samo razno-razni gluposti so koi se zamajuva narodot.
perro, 06.06.2012 13:27:24
Horhe mislel be!
Do Feliks, 06.06.2012 13:58:33
Fekiks, ajde da se pogodile; baem eden den vo sedmicata( izberi koj den go sakash) da ne gi upôtrebuvas zborovite, *Bihacka* i *Iluzionist*, bidejki od upotreba na imeto, Branko,tvojata i vasa nokna mora,ne si vo sostojba da se otkazes. Kako gledame/ citame, bezbeli ne sakal da te igra vo SDSM, pa nikako toa da mu go prostis. Od druga strana, za ovoa tropanje kataden dobro si platen, barem ne si bez rabot kako nas obicniot narod bez partiska knishka,pa slobodno,do mila volja,*razmahuj po kolektivu*. Vistina dosaden si ni na site so tvoeto verglanje koe naskoro ke vi odgovori i na tebe i na onie kako tebe,*povratok na manivelata*!Ajde coveku, otkaci i odmori se od neinventivnoto poftoruvanje, pa i nie da zdivneme beztebe, pa mozebi i da te *pobarame*koga ke ni nedostiga tvoeto non-stop;*Bihacka, pa Bihacka..*!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 32°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 16°C

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |