Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
05.06.2012, 22:28

Нови правила за прислушување

Министерството за внатрешни работи веќе нема да биде клучен играч во следењето на комуникациите

Горан Адамовски

Министерството за внатрешни работи веќе нема да биде клучен играч во следењето на комуникациите. По критиките на Европската комисија, Владата предлага измени, кои утре ќе бидат на јавна расправа во Собранието. Суштинската измена е во тоа што место досегашната пракса обвинителот да ја доставува наредбата за следење до министерот за внатрешни работи, кој потоа одредува човек да ја спроведе, сега барањето може да се проследи до старешините во МВР, Управата за финансиска полиција или Царинската управа. Исто така, доколку бидат прифатени измените, барање до судот за донесување наредба за следење на комуникациите, Обвинителот освен по своја иницијатива, може да побара и по предлог на надлежните во МВР, Управата за финансиска полиција или Царинската управа.

Ова се дел од измените во Законот, кои се во согласност со европските закони и, всушност, се поттикнати од критиките во Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија за 2011 година, во кој беше констатирано дека „директната вмешаност на министерот за внатрешни работи при одобрување на следење, останува во сила и Законот за следење на комуникации допрва треба да се измени“.

Претседателот на собраниската Комисија за следење на комуникациите, Тито Петковски, ги поздравува предлог-измените, со кои, како што вели, практично ќе бидат изменети 99 проценти од одредбите на стариот закон.

„Суштината е во усогласувањето со препораките од ЕК, како и усогласување со новиот Закон за кривична постапка“, објаснува Петковски.

Според него, со новите измени многу попрецизно се говори за следење и снимање телефонски разговори и друг вид комуникации, како и за начинот на постапување, чување и користење на доказите набавени преку овој начин, а ќе се надминат определени проблеми констатирани при практичната имплементација на овој закон.

„Се зацврстува контролата на законитоста“, тврди Петковски.

Начинот на кој сега се спроведува законот и истражните мерки што се применуваат, честопати беа критикувани во јавноста, поради стравувањата од можни злоупотреби. Доколку бидат усвоени измените, новиот Закон ќе стапи на сила на 26 ноември 2014 година (освен за кривичните дела за кои е надлежно Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал), бидејќи надлежните сметаат дека се' уште е рано државава да зема обврски за хомогенизација со европските закони.


Статијата е прочитана 1009 пати.

Испрати коментар



Триумфалeн кич
Груевски задоволен од посетата на Шведска
Никола Попоски на ручек со амбасадорите
Предизборен амбиент на годишнината од изборите
Црвенковски не издал државна тајна, вели Шврговски
МАНУ со нови академици - ќе бидат ли молчаливи и тие?
Пијавици за олигарсите
Судење на момчето што ја уби девојката
Стразбур пресуди



девичанецот, 06.06.2012 10:35:12
Најлесно овие пробвлеми си ги решава пензионерот Б.Ц. Ќе му нареди на Џоле, дај ми 1000 страници материјал од прислушкувањето и одма ќе си ги добие.
P.Petar, 06.06.2012 10:56:55
Dali ovie novonaznaceni lica nema da bidat KODOSI ??

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Вторник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |