05.06.2012, 22:07 Судење на момчето што ја уби девојката
Во прилепскиот суд вчера продолжи судењето на 27-годишниот Даниел Крстески од Прилеп, обвинет за убиство со умисла на 19-годишната девојка Ангела Димоска во јануари годинава. Вешти лица од Психијатриската болница Демир Хисар дадоа мислење дека Крстески имал дисоцијално растројство, бил во алкохолизирана состојба и имал низок праг на толеранција. Стравот што го чувствувал обвинетиот во претходните 20-ина дена поради заканите од обезбедувањето во едно кафуле, поради што на црно купил пиштол, нема никаква врска со чинот на убиството на девојката. (МИА) |