Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
05.06.2012, 22:35

Груевски задоволен од посетата на Шведска

Состојбите во Македонија и во Шведска, поврзаноста, сегашната и идната соработка меѓу двете земји и македонските аспирации за членство во ЕУ и во НАТО, беа тема на средба во Стокхолм на премиерот Никола Груевски со претседателот на шведскиот Парламент Пер Вестерберг на последниот ден од посетата на оваа скандинавска земја. Македонската делегација на средбата ја презентирала и бизнис-климата во државата, за што шведските домаќини биле особено заинтересирани.

Македонскиот премиер оцени дека посетата на Шведска се реализира во вистинско време, а таков став имала и шведската министерка за трговија Ева Бјорлинг. Според неа, тајмингот на посетата бил добро избран, затоа што шведските компании свесни за кризата во еврозоната бараат локации за инвестирање надвор од еврозоната каде што би се чувствувале побезбедно.

Комбинираната бизнис и политичка посета на Шведска, според Груевски, завршила успешно и постигнале повеќе од очекувањата. Покрај презентација на економските и инвестициските потенцијали на Македонија пред 60 компании, владината делегација на одделни средби со десетина од нив ги запознала со детали и одговарала на нивни специфични прашања поврзани со нивниот бизнис.

„Знаејќи ги овие информации што сега им ги даваме во однос на ниските трошоци за правење бизнис, ниските даноци, договорите за слободна трговија со сите држави на европскиот континент, стабилната монетарна политика што ја води РМ повеќе од 15 години и сите други податоци што ги добија навистина им прави еден сериозен интерес да ја посетат Македонија и одблиску да се запознаат со деталите за можностите за бизнис, како во целата држава, така и во технолошко-индустриските развојни зони“, изјави Груевски.

Груевски во Стокхолм се сретна и со својот шведски колега, премиерот Фредрик Рајнфилд, како и со министерот за трговија Ева Бјорлинг и со претседателот и извршниот директор на Шведскиот трговски совет Улф Берг. По Шведска, владината делегација замина за Финска, од каде што ќе замине во посета на Данска. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 216 пати.

Испрати коментар



Триумфалeн кич
Никола Попоски на ручек со амбасадорите
Предизборен амбиент на годишнината од изборите
Црвенковски не издал државна тајна, вели Шврговски
Нови правила за прислушување
МАНУ со нови академици - ќе бидат ли молчаливи и тие?
Пијавици за олигарсите
Судење на момчето што ја уби девојката
Стразбур пресуди



Itar Pejo, 06.06.2012 00:12:34
Mudri se sveganite! Nemaat doverba vo evroto pa nesakaat da investiraat vo evrozonata. Se cudele sto da pravat i ete ti go Gruevski koj se pojavuva vo praviot moment i im predlaga da investiraat vo denarzonata. Svedska e spasena!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |