20.12.2012, 10:28 „Монд“: Депардје станува Црногорец?
Актерот спомена три земји во кои можеби ќе добие државјанство - Белгија, Русија и Црна Гора
Познатиот француски актер Жерар Депардје, кој во последните денови предизвика бројни полемики во јавноста поради одлуката да се пресели во Белгија и планира да се откаже од францускиот пасош, би можел наскоро да стане црногорски државјанин, објави парискиот весник „Монд“.
Францускиот актер веројатно ќе добие државјанство на Црна Гора, пренесува црногорскиот печат, повикувајќи се на „Монд“.
Депардје најави дека ќе се откаже од државјанството на Франција, како што појасни, поради тоа што не е задоволен од даночната политика во земјата.
Актерот спомена три земји во кои можеби ќе добие државјанство: Белгија, во која како што наведе има куќа, Русија, чиј претседател наводно веќе го поканил, како и Црна Гора, во која, според него, има пријатели и бизниси.
Во Црна Гора се` уште не е потврдено дали информациите за Депардје се веродостојни. |