19.12.2012, 12:47 „Фолтин“ концертно со „Антитело“ во МКЦ
Концертот ќе се одржи в петок (21 декември) во 21 часот во Младинскиот културен центар
Битолскиот бенд „Фолтин“ в петок (21 декември) во 21 часот во Младинскиот културен центар концертно ќе го промовира новиот албум „Антитело“. Дваесетминутниот материјал е снимен во студиото на Мите Димовски, „Тра ла ла“, а е издаден под капата на МКЦ.
„Антитело“ е приказна на секој индивидуалец што ја носи во себе идејата за слобода во општествени рамки. Тој индивидуалец е „Антитело“. „Антитело“ е албум на слободата, но и на детскиот сон. Оној сон што го носиме во себе од деца.
Новиот материјал на „Фолтин“ се појавува по пауза од речиси пет години, има шест песни од кои четири стандардни и две пократки форми со поинаков израз и вкупно времетраење од 17 минути.
Цената на картите за концерт��т во претпродажба е 250 денари. По настапот во МКЦ, „Фолтин“ ќе го промовираат материјалот и во клубот „Стефано“ во Кичево (22 декември), а потоа ќе следуваат промоции и во други градови. |