Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
19.12.2012, 12:36
„Катализатор 33“ на Ирена Јорданова најсимнуван роман на „Амазон“



„Навистина се изнанедив, се надевав, ама никогаш не очекував дека токму ’Катализатор 33‘ ќе привлече внимание“, вели Јорданова

Романот „Катализатор 33“ на младата македонска писателка Ирена Јорданова деновиве беше позициониран на 35. место на листата на 100 најсимнувани романи на светскиот книжевен он-лајн продавач „Амазон“. Книгата на Јорданова пред тоа се најде и на 32. место, но бидејќи станува збор за он-лајн, листата на книги постојано се менува особено кога се работи за промоции на романи. Како и да е, ова е голем успех за Јорданова и, воопшто, за македонската книжевност.

„Катализатор 33“, во издание на „Или-или“, е втор роман на Јорданова, која во 2008 година дебитираше на македонската книжевна сцена со романот „Помеѓу“, кој, пак, се најде меѓу четирите најдобри за наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“.

На „Амазон“, инаку, поместен е и дел од текстот за романот на Јорданова, на критичарката Александра Јуруковска.

„Пред се', навистина се изнанедив, се надевав, ама никогаш не очекував, особено поради тоа што се работи за промоција на роман, а во светот, особено на ’Амазон‘, дневно има по илјадници промоции и не очекував дека токму ’Катализатор 33‘ ќе привлече внимание“, вели Јорданова. „Преводот на романот го работев со голема љубов, а најголема поддршка околу подготовката на текстот на англиски јазик имав од Џесика Манасиев и Натали Балард, која го лекторираше текстот“.

Корицата е дело на познатиот турски фотограф Метин Демирлеј, кој своите дела ги изложува насекаде во светот, а фотографиите му се откупувани од многу познати светски агенции. „Тој за чудо ми излезе во пресрет, бидејќи лично не се познаваме и неговата фотографија стана дел од корицата на англискиот превод на ’Катализатор 33‘. Околу објавувањето на ’Амазон‘ и сите технички детали потребни за да се комплетира процесот, најголема подршка добив од Георги Хаџи-Манев“, вели авторката.

Ирена Јорданова е родена во 1980 година во Скопје. Дипломирала на катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. (Т.И.)



Статијата е прочитана 1022 пати.


Испрати коментар



Пети Смит најавува уште една книга по наградената „Just Kids“
Евровизија 2013 со 39 земји-учеснички
Промоција на книгата „Атом и Ева" од Бранко Прља
„Трето полувреме“ не влезе во трката за оскар
Музиката на семејството Штраус ќе се слуша во Домот на АРМ
Електронскиот продуцент Б.АТЛ во живо на Канал 103
Жена му го измамила, па девет месеци живее на стебло
Македонците во златната средина на позитивци во светот
(ФОТО) Мис Америка е најубавата жена на Универзумот
„Монд“ - Депардје станува Црногорец?
Премиера на бајката „Грдото пајче“
(ФОТО) Монт Еверест во две милијарди пиксели
„Фолтин“ концертно со „Антитело“ во МКЦ



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: 0°C

Вторник
Сончево
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз-Титова Совладетелка (35)
Дали Јованка била параноик.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |