20.12.2012, 11:14 (ФОТО) Мис Америка е најубавата жена на Универзумот
Оливија Кулпо ја врати круната на Мис Универзум во САД после повеќе од една деценија пауза
Оливија Кулпо, 20 -годишна студентка од Бостон синоќа е избрана за Мис на Универзумот на големото финале оддржано во „Планет Холивуд“ во Лас Вегас.
Во конкуренција на 88 убавици од сите земјите во светот, титулата за убавица ја понесе Оливија Кулпо и така САД ја врати круната на Мис Универзум после повеќе од една деценија пауза.
Како што и налага традицијата на овие натпреварувања, Оливија беше и повеќе од изненадена кога разбра дека жирито ја избра токму неа во следната година да ја носи лентата за најубава жена во Универзумот, па и заплакала.
Симпатичната Американка која за себе во претставувањето рече дека е „бубалица“ опс��дната со свирење на виолончело, имаше и мал бакзус, и на сцената се препна од свечениот фустан, но судиите тоа не и го забележаа.
Ден пред големото финале, жирито веќе го состави списокот на 16 најубави девојки, а обложувалниците големи шанси им даваа на претставничките на Јужна Африка и Еквадор, но тие не се најдоа ни меѓу првите три.
За прва придружничка избрана е мис Филипини, Џенин Тугонон, додека втора придружничка е мис Венецуела, Ирене Софија Есер Кинтеро.
|