19.03.2012, 17:16 Се проблематизира прославата на албанското знаме
Опозицијата не се согласува државата да го финансира јубилејот на симболот на независноста на Албанија
Стогодишнината од албанското знаме да се тргне од програмата за одбележување годишнини на значајни настани и личности, бараат пратениците од СДСМ. Тие, на денешната седница на собраниската Комисија за култура, ќе се обидат со амандман да интервенираат во првичниот список на значајни настани и личности, што е договорен пред околу еден месец.
Опозиционерите сметаат дека нема потреба да се одделуваат пари од државниот буџет за прослава на едновековниот јубилеј од албанското знаме, особено ако се има предвид дека државата, пред неколку месеци, не ја одбележа 70-годишнината од исполнувањето на македонската химна.
Вториот аргумент на опозицијата е дека не треба да се долева масло на меѓуетничките несогласувања.
Функционери на ДУИ од поодамна најавија дека од буџетот ќе се одвојат средства за повеќе манифестации во Македонија, по повод 100-годишнината од независноста на Албанија и албанското знаме. Иако од Владата го негираат тоа, едновековниот јубилеј на албанското знаме се најде во програмата за одбележување значајни настани и личности, што ја носи Собранието.
СДСМ предлага од програмата, за која парламентот ќе расправа оваа седмица, да се избрише и 100-годишнината од именувањето на Мехмет Паш Дерала за прв министер за одбрана на Албанија. Наспроти аргументацијата на ДУИ дека Дерала потекнува од Македонија, поточно од селото Градец, опозицијата посочува дека, сепак, станува збор за министер на друга држава.
Пратеничките групи доставија повеќе амандмани за дополнување и промена на првичниот предлог за одбележување важни годишнини. По критиките дека во програмата за оваа година се фаворизираат настани и личности од историјата на Албанците, на сметка на значајни датуми за македонската култура, пратениците ќе се обидат со амандмани да ги покријат пропустите.
И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ предлагаат да се одбележат шестдеценииските јубилеи од објавувањето на првиот роман на македонски јазик „Село зад седумте јасени“ на Славко Јаневски и од првиот македонски филм „Фросина“, во режија на Воислав Нановиќ, а по сценарио на Владо Малески. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, пред околу еден месец, гласаа воздржано за предлогот на колегите од опозицијата - јубилеите од овие два значајни настани за македонската култура да се додадат во програмата. Но, овој пат, се предомислија, така што постои можност програмата да се надополни со годишнините на првите роман и филм на македонски јазик. (А.М.М.) |
|
Статијата е прочитана 1646 пати.
|
Испрати коментар
|
|
NEDOTAMNI, 20.03.2012 02:22:36 | A be imate um ili ne,kako moze da slavime vo nasa drzava stranski znaminja i godishnini bilo albanski,meksikanski, germanski itn.Ako sakaat samite da si doniraat pari neka si slavat,nema problem.Ova nema nikakva smisla -zivees vo Makedonija,slavis stranski(Albanski) svecenosti. |
| Nekoj, 20.03.2012 08:49:31 | Jas predlagam da go slavime i Gauk, noviot pretsedatel na Germanija, i voedno ministrite i premierite na cela eu.A isto taka, i da pocneme da gi slavime i site amerikanski pretsedateli, od pocetok, uste od kaubojsko.Proslava na UCK isto taka, i toa vo centarot na skopje, doaganje zadolzitelno od site kraevi na makedonija, i paganje vo delirijum od uspesite na albancite na kosovo.Isto taka da gi slavime site turski pasi od turskite serii, a na Taci da mu podigneme spomenik vo centrite na site gradovi i sela vo makedonija, i da mu se poklonuvame zadolzitelno bez prigovori vo interes na sozivotot. |
| pameten, 20.03.2012 09:14:21 | Postoi nereshliv problem. Golem del od gragjanite na R.M. sakat taa da bide delumno Albanska drzhava i Albvanskoto zname da bide element od nejzinite simboli. Tie prifakjat imeto Makedonija dokolku (kako nashit epred 100 godini) go sfalkjat kako etnichki neutralen geografski pojm, vo koj shto Albancite se vazhen element. Makedoncite sme soochgeni so dvoen poraz. Nadvor nema da dobieme monopola vrz imeto Makedonija. No dokolku vo samata Makedonija mnozinskiot etnos dobiva monipola na imeto Makedonci, ushte bez ednostaven simbol (nekoi skakat lavcheto, drugi petokrakata, nekoi veruvat deka sonceto od Kutlesh e vistinskiot sombol na Makedonia, drugi narekuvat nacionalnoto zname ventilatorot i t.n., Albancite se demakedonizirat i kje sakat paritet za nivnite simboli. Albancite imat ushte dve drzhavi, nie sme vo konflikt so nashite mozhni strateski sojuznici, so koi nekogash ne povrzuvashe lavcheto! |
| Proslavi na znaminja., 20.03.2012 10:23:06 | A koga ce se orgnizira vo Makedonija i proslava na srpskoto zname, pa hrvatskoto zname ,pa slovenskoto zname, , pa bugarskoto zname , turskoto znamebidejci vo Makedonija ziveat pripadnici i na ovie nacionalnosti?Da vo komsiluk zivee i edno semejstvo od Liban , pa redno e proslava i na libanskoto zname.Za makedonskoto zname ne mora da se sekirame., ako se najde termin dobro, ako ne i onaka gokoristat za ogrev vo Kosovo vo Tetovio i Gostivar. |
| el toro, 20.03.2012 11:17:21 | Ova sto se slucuva vo RM e bez presedan i spagja vo rubrikata,veruvale ili ne ,od poznatiot Ripli.!!Covek da se krsti i da se cudi. |
| evropa, 20.03.2012 12:06:13 | ova pored mene znaci vo makedonija ima drzava vo drzava t.e. mala albannija vo drzava makedonija ako ova nee fakt togas sto e? |
| dobro utro, 20.03.2012 13:54:00 | SDSM konecno se razbudi? Me interesira dali navistina go mislat ova sto go zboruvaat, ili sakaat samo da fatat nekoj glas, pa koga ce dojdat na vlast, pak da im bidat marioneta na DUI. |
| Mudrec, 20.03.2012 14:04:20 | Mislev nikogas nema da gi poddrzam SDS, ama za ova 100% gi poddrzuvam. Ovaa lakrdija mora da prestane, ne stanuva zbor da slavime albansko ili bilo kakvo tugjo zname. |
| do pameten, 20.03.2012 17:37:05 | Imeto Makedonija sekogas bil etnicki poim i koga nemalo drzava.Na primer Ermenija e etnicki poim,a i koga nemalo drzava tamu,koga bila samo oblast,i togas bilo etnicko.Monopol vrz imeto Makedonija nadvor imame samo ni Makedoncite.Svetot osven sto ne priznava so ustavnoto ime,koga ke go cujat imeto Makedonija se odnesuva na Republika Makedonija.I oni sto ne priznaa so BJRM go upotrebuvaat vo komunikacii samo ustavnoto ime nase.So nisto ne go povrzuvaat juzniot sosed so naseto ime Makedonija. |
| Марко, 21.03.2012 00:51:49 | И Андреј Љапчев од Ресен бил министер во Бугарија и Никола Пашиќ од Тетово бил министер во Кралството СХС, ај и нив да ги славиме. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 12°C
Облачно
|
Петок
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 4°C
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 5°C
|
|
|
|
|
|