Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
13.02.2012, 16:00

Изгор цени за снежни лопати

Зголемената побарувачка ја крена вредноста на лопатите за три, некаде дури и за четири пати

Дебелиот снежен тепих и мразот им го отежнаа движењето и им ги нарушија дневните рутини на скопјани, но истовремено солидно ги испразнија и нивните џебови. Снегот немилосрдно се таложи по тротоарите, дворовите, тендите, покривите, па нужноста од лопати навреме ја увидоа и добро ја искористија продавачите од земјоделските аптеки и на пазарните тезги.

Со зголемената побарувачка цените на лопатите рипнаа за три, некаде дури и за четири пати повеќе од стандардните суми. Во почетокот на февруари, кога почнаа првите позабележителни снежни врнежи, на продажните полици до пластичните лопати стоеше цена од 150 денари, а за поголемите и за лимените лопати се плаќаше по 200 до 250 денари. Сега цените буквално се вадат од ракав. Зимската идила се претвори во сезона за „сатарење“ на граѓаните. За набавка на сега веќе нужниот алат за чистење снег моментално треба да се издвои од 500, 600 до 800 денари, а некаде се „удира“ дури и до 1.200 денари.

Ваквото поскапување на своја кожа најдобро го почувствуваа дуќанџиите, кафеанџиите и газдите на фирмите. Законски се обврзани да

го чистат снегот и мразот од пешачките патеки, покривите и приодите кон своите објекти. Зашто, со Законот за јавна чистота, полицијата и комуналните инспектори имаат одврзани раце да пишуваат казни од 50, 500, до 1.000 евра за непочитување на пропишаните одредби. Но, лопати купуваат и граѓаните што мораат сами да ги чистат паркиралиштата за да ги ослободат своите возила, зашто, очигледно, надлежните не си ја вршат ниту оваа обврска. (Б.Ш.)


Статијата е прочитана 1999 пати.


Испрати коментар



Андрески бара Тодоровиќ да му ги исполни замислите за Универзитетот
Тодоровиќ чисти снег со чаша во рака

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 16°C

Четврток
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 16°C

Петок
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 14°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C

Недела
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Попрво ќе го поздравам Тито отколку што ќе заврши оставинската постапка
Јованка Броз лута на државата и на судот 33 години по смртта на Тито...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |