Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
25.06.2012, 17:36

Кумановска порака од Црвенковски до Бучковски

Според лидерот на СДСМ, нелогично е некој да се занимава со демократизација на опозицијата во моменти кога таа влегува во решавачка битка

Александра М. Митевска



Повеќе пораки до Владата, но и до квазиопозицинерите, како што ги нарече, упати лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, од бината на плоштадот во Куманово, каде што партијата го одржа четвртиот митинг од проектот „Работно лето“. Црвенковски не го спомна со име Владо Бучковски, неговиот некогашен близок соработник и поранешен премиер и лидер на СДСМ, ама тој јасно може да се препознае во дел од говорот на опозицискиот водач.

„Она што на многумина не им е јасно е кои се мотивите на некои квазиопозиционери, кои токму во овој период кога државата пука по сите рабови и кога влегуваме во решавачка битка, сметаат дека главно прашање е како да се реформира СДСМ“, рече Црвенковски. Потоа, тој понуди три опции: „Секој што сака да ни се придружи е добредојден, ама без пазари и уцени. Ако овој и ваков СДСМ не ви се допаѓа, формирајте партија. А ако не ви се прифатливи овие опции, тогаш имате сериозен проблем да објасните за кој, всушност, работите“, рече Црвенковски, кој претходно порача дека СДСМ никогаш повеќе нема да се оддалечи од народот и да демонстрира ароганција, туку дека ќе биде народна партија.

Бучковски, кој подолго време зборува за непосредни внатрепартиски избори, вели дека се препознал во обраќањето на Црвенковски. Како одговор, тој нагласува дека никогаш нема да биде со ВМРО-ДПМНЕ, туку дека ќе се бори, како што вели, за демократизација на СДСМ во рамките на партијата. „Неколкумина сме кои гласно говориме за политиките на раководството на СДСМ, иако повеќемина не се согласуваат со нив“, вели Бучковски.

Од СДСМ велат дека пораката на Црвенковски не била упатена на лична адреса, туку дека е општа, како што наведуваат, за сите оние што се обидуваат во изминатиов период да ги збунат граѓаните, без разлика дали нивниот мотив е пазар со СДСМ или затоа што се уценети и под притисок на власт. „Не може никој да биде ем опозиција ем близок со власта. Сега е вистинскиот период за чиста ситуација, во која точно ќе се знае кој и' мисли добро на Македонија, а кој се обидува да седи на два стола.

Во услови кога власта ги злоупотребува сите механизми за да се пресмета со опозицијата, не постои оправдување за самопрогласената улога на ’опозиција на опозицијата’“, велат од СДСМ.

Социјалдемократите викендов во Куманово ја промовираа кандидатурата за трет мандат на актуелниот градоначалник, Зоран Дамјановски, кој важи за близок пријател на Бучковски. Дамјановски првпат беше кандидиран, а потоа и избран за градоначалник во 2005 година, кога на чело на СДСМ беше Бучковски, кој тогаш токму од Куманово ја почна кампањата за локалните избори. Поранешниот сдсмовски лидер и сега смета дека Дамјановски е добро решение и вели дека му посакува да победи по трет пат. „Црвенковски не може да ме скара со Дамјановски. Меѓу нас има долгогодишно пријателство и цврсти врски. Но, не се проблем кандидатите на СДСМ за градоначалници, туку начинот на кој се промовираат политиките на партијата. Плурализмот во ставовите е она што го разликуваше СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Бучковски.

Во изминатите седум години, СДСМ помина низ повеќе турбуленции и смени на кормилото, кои се одразија и на релациите внатре во партијата. Несогласувањата меѓу Црвенковски и Бучковски почнаа да излегуваат на површина во 2006 година, кога СДСМ ја изгуби власта, за во периодот потоа нивната комуникација да доживе неколку осцилации топло-ладно. Во меѓувреме, Бучковски ги изгуби сите позиции во партиските тела, а во очекување на новите локални избори недоразбирањата меѓу некогашните соработници повторно се засилуваат.


Статијата е прочитана 3353 пати.

Испрати коментар



Инјекции за смирување, уцени и тајни агенти
Авенијата на Киро Глигоров
Македонија и Косово треба да си помагаат
Каде ќе тече „Јужен поток“
Битката за имињата на улиците ја смени адресата



jovan, 26.06.2012 00:09:38
Nekoj koalicioni partneri na segasnava vlast, uporno se trudat da stvorat *svoe* SDSM kako bi mozele, vo slucaj VMRO da zagubi, expresno da se presaltaat vo *reformiraniot* SDSM. Toa e celata igra dragi moj, pa doprva ke gledame kupuvanja i potkupuvanja na razni opozicionerski experti, politicari... koj bi mozele da vlijaat na *reformiranjeto* na SDSM koe sega e pod vodstvo na Branko, a toa ne im odgovara.
pile, 26.06.2012 01:53:31
,,Сега е вистинскиот период за чиста ситуација, во која точно ќе се знае кој и мисли добро на Македонија, а кој се обидува да седи на два стола (B.C.) Nekoj mozjebi ne ljubi da sedi, ednostavno za dobroto na Drzjavata se stoi. Eve licno nesakam na nitu eden pa makar i osloboden stol da sednam dokolku na biroto pred nego treba da se dade soglasnost za kompromis so R. Grcija za ime Republika Makedonija (Skopje), kako sto se soglasija liderot na SDSM i liderot na DPMNE i so taka usoglaseni stavovi zaminaa za Bukurest 2008 godina.Kako gragjanite da ne bidat opozicija pa dali Branko ili Nikola bil na vlast, koj e sega kvaziopozicioner.A komparativni primeri za potreba od stoenje na lokalno nivo, posebno vo Kumanovo,mnostvo,a se stoi i na semaforite vo Kumanovo od 90-tite godini ama se stoi.
Kuca gori, Bule se cheshla, 26.06.2012 14:18:57
Se bi bilo vo red od strana na Buchkovski dokolku ne bi bilo toa shto e. Fakt e deka sostojbata e vonredna i da treba site da se splotat za pobeda nad Grujevski, pa posle ke mu ja mislat na vnatreshnite problemi. A najgolemiot problem (spored nego) ke se reshi avtomatski, bidejki na site im e jasno deka Branko saka da go makne Grujo i da si zamine od politikata, a Grujo sprotivno, da go pobedi i ponizi po sekoja cena, kupuvajci go i samiot Bule. A da go podsetime Bule deka tokmu toj barashe da se Crvenkovski vrati na chelo na partijata dodeka ne se raspadnala i da e Branko edinata lichnost shto moze da go spasi SDSM. So izborniot rezultat se pokaza deka bil vo pravo. Dokolku pobedi na ovie izbori, a ako se fer i ke pobedi, togaj bi bil apsolutno vo pravo. No tenkovite go oteraa na drugata strana. A zatoa treba i Gruevski da bide kaznet, bidejci dokazite se za kaznivanje ,a ne ucenuvanje.
VAP Skopje, 26.06.2012 14:28:40
Gospodata Buchkovski, Naskov i drugite kolumnisti toa shto imaat da go kazhat za demokratizacijata na partijata, reformite ili kritikite kon liderot mnogu poumno e da go storat toa doma (vo partijata) otkolku da si gi vadat valkanite alishta na videlina. Vprochem partijata treba da bide edno semejstvo koe problemite gi reshava doma, a ne odi po komshiluk i raskazhuva shto se sluchuva doma.
do pile, 26.06.2012 17:33:23
Branko se soglasi na Republika Makedonija (Skopje),a ne Gruevski.Branko ne sakase referendum i ne mu bese vazno mislenjeto na narodot,a Gruevski prifati referndum i znaese deka narodot ne saka Republika Makedonija (Skopje)i ne saka promena na imeto kako i toj samiot sto ne saka promena na imeto.Zatoa Gruevski ne prifati Republika Makedonija (Skopje).

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 20°C

Недела
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО ВЕСТ) Џамија - супермаркет
Од недела над 40 степени и многу висок УВ индекс
Во Македонија од недела под влијание на многу топла воздушна маса од северна Африка ќе биде претежно сончево и многу топ...
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |