Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
25.06.2012, 18:06

Инјекции за смирување, уцени и тајни агенти

Ексклузивни извадоци од првата автобиографска книга на Љупчо Георгиевски. Георгиевски вели дека за сегашниот премиер Груевски бил врвен министер за финансии но дека бил скаран со сите министри во тогашната влада. Македонија ќе беше подобра ако наместо Глигоров му дадеше шанса на Петар Гошев, тврди во својата книга поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Издавачката куќа Лекс Легис наскоро ќе ја даде во продажба првата автобиографска книга на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски, во која тој низ прашања одговара за најважните политички и животни моменти од неговата кариера. Авторот, чие име нема да стои на книгата, вчера ни' потврди дека книгата е авториризирана од Георгиевски кој раскажува досега за јавноста непознати детали врзани за неговата личност и за некои моменти од поблиската политичка историја на Македонија.

Во книгата Георгиевски открива дека запалил свој роман пред 5-6 години бидејќи, вели, бил напишан на антихристијанска основа. Вели и дека Владимир Голубовски сакал да му направи пуч и дека тоа било причината за неговото отстранување од ВМРО-ДПМНЕ во раните '90-ти години. Открива и дека името ВМРО-ДПМНЕ дошло откако Драган Богдановски го дал името ДПМНЕ, а Георгиевски и Борис Змејковски подоцна го ставиле префиксот ВМРО. Околу долгата коса која беше неговиот имиџ во тој период вели дека бил инспириран од Роберт де Ниро во филмот „Мисија“ и од сликарот Алберт Дирер.

Георгиевски вели дека „бил шокиран“ кога на првите повеќепартиски избори во 1990 година ВМРО-ДПМНЕ освоиле 39 пратеници. Открива дека со Доста Димовска првпат се сретнале преку издавачката куќа „Алфа“ која му печатела роман за кој одлучувала комисија чиј член била и таа.

Одговарајќи на прашањето за политиката на почетокот на '90-тите години, тој вели дека Македонија денес ќе беше подобро место за живеење, ако наместо Глигоров му се дадеше шанса на Петар Гошев кој му се допаднал затоа што бил „првиот комунистички лидер што прави отпор кон Југославија“.

Георгиевски тврди и дека Глигоров во тој период го кршел Уставот бидејќи два и пол месеци не го давал мандатот за премиер кој му следувал на ВМРО-ДПМНЕ која на изборите во 1990 освоила најмногу пратенички места, и дека го одбил предлогот Александар Лепавцов да биде премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. „До атентатот Глигоров беше и претседател и премиер, што беше спротивно на Уставот“, вели Георгиевски. За првиот премиер Никола Кљусев, вели дека бил „играч на Глигоров“.

Георгиевски вели дека Албанците во тој период била подготвени да земат учество во владата и со двајца министри од нивните редови. „Одбивме, и тоа е мојата најголема политичка глупост што сум ја направил досега“, вели тој.

За Борис Змејковски вели дека се богател додека бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и дека тој како претседател на партијата немал увид каде одат партиските пари со кои располагал Змејковски. Открива и дека потсмевот и иронијата што ги упатувала СДСМ кон необразованоста на Змејковски, го олеснило неговото отстранување од функцијата генерален секретар.

Георгиевски тврди дека и покрај сите гафови на политиката на СДСМ од 1994-1998 година, гласачите се' уште му биле наклонети на Црвенковски и дека доколку не направела ВМРО-ДПМНЕ коалиција со Васил Тупурковски, СДСМ можела пак да ги добие изборите. Во оцената за Црвенковски во тие мигови, Георгиевски го опишува како „способен оратор“.

Во врска со конфликтот 2001 година кога Георгиевски беше премиер вели дека тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски бил манипулиран, но не кажува од кого, а за себе вели дека бил лажен од Доста Димовска. За време на конфликтот во 2001 година Георгиевски вели дека бил толку напнат што по масакрот крај Вејце морале да му дадат инјекција за смирување.

Георгиевски се жали и дека неговите блиски соработници генерално во периодот од 1990 - до 2003 кога го напушти кормилото на ВМРО-ДПМНЕ, биле во врска со тајните служби.

За назначувањето на Филип Петровски за конзул во Њујорк вели дека се случило затоа што тој почнал да му прави „ситни уцени“. Открива и дека по заминувањето на шесте пратеници со Борис Стојменов останатите пратеници почнале да го уценуваат а четворица му побарале по 100 илјади германски марки (50 илјади евра, н.з.) за да останат со Георгиевски. Не кажува дали им биле дадени парите.

Открива и дека во 1999 година бил повикан во Белата Куќа каде Медлин Олбрајт побарала Македонија да дозволи напад на копнените сили на НАТО врз режимот на Милошевиќ од нејзина територија, на што тој дал согласност, но потсетува дека до тоа сценарио никогаш не дошло. Вели и дека во тие критични моменти Арбен Џафери „не се сложувал“ со присуството на косовските бегалци во Македонија и дека заедно извршиле притисок врз Хашим Тачи тие да се вратат на Косово.

Вели и дека при една посета на Љубе Бошкоски на Хаг се сретнал со Слободан Милошевиќ со кого разговарале петнаесет минути откако овој дознал од Љубе дека Љупчо доаѓа и сакал да се види со него. Открива и дека со Зоран Џинџиќ разговарале за размена на територии меѓу Македонија, Албанија и Косово.

За Борис Трајковски вели дека „немал капацитет“ да биде претседател, а неговата победа на претседателските избори во 1999 година ја нарекува „пирова победа“ на ВМРО-ДПМНЕ. „Глигоров и Црвенковски имаа капацитети за шеф на државата додека Трајковски и Ѓорге Иванов немаат“, вели Георгиевски.

За Груевски вели дека бил врвен министер за финансии но дека бил скаран со сите други министри во владата. „Јас тоа тогаш не го знаев“, вели Георгиевски. Тврди дека Ганка Цветанова и Љубе Бошкоски сакале да бидат лидери на ВМРО-ДПМНЕ по објавата за неговото повлекување во 2003 година. Вели и дека за време на неговиот судир со Груевски по неговото доаѓање за лидер а Георгиевски почесен лидер, Трајко Вељаноски постојано доаѓал во кабинетот на Георгиевски. „Се сомневам дека тој тогаш му бил шпион на Груевски и затоа е денес награден со толку висока функција“, вели Георгиевски.

Тој открива и дека Борис Трајковски барал од него да лобира кај Груевски уште еднаш да го кандидираат за претседател за втор мандат но дека "Груевски не сакал ни да чуе" за такво нешто.

За некогашниот коалициски партнер Васил Тупурковски вели дека е "ОК како човек но дека е скаран со работата". За себе, пак, открива дека сега живее во стан на Водно и дека први соседи му со Борис Стојменов и Зоран Ставрески.

Давајќи политички оцени за сегашните случувања Георгиевски низ разговорот со авторот на книгата вели дека „Македонците се најголеми фалсификатори на балканската историја“ и дека „ќе си го проколнат мајчиното млеко што се откажаа од Свети Климент и Свети Наум“. (С.К.)


Статијата е прочитана 9350 пати.

Испрати коментар



Авенијата на Киро Глигоров
Македонија и Косово треба да си помагаат
Каде ќе тече „Јужен поток“
Кумановска порака од Црвенковски до Бучковски
Битката за имињата на улиците ја смени адресата



makedonoid, 26.06.2012 01:07:18
Po prezentiranive izvadoci od knigava bi trebalo da e dobra osnova za prosiruvanje na bugarofilskata ideja pomegju makedonskata intelegencija od najgolemiot borec za nezavisna makedonija vo ponovata istorija
pile, 26.06.2012 01:25:49
Георгиевски вели дека за сегашниот премиер Груевски бил врвен министер за финансии но дека бил скаран со сите министри во тогашната влада.Za da nosis ocenka za necija rabota treba da imas renome priznaeno i dokazjano ili mnogu vidlivi postignati efekti vo periodot koi nemozje da se osporat ili oblasta na poznavanje na nositelot na ocenkata da bide barem slicna ako ne i ista za pravilna ocenka. Vaka filozof ocenuva ekonomist,vo vreme na negov premierski mandat a ocenuvaniot Minister za trgovija-finansii, koga se prodade Okta i istiot Minister ne se odzva na rocisteto vo London i R.Makedonija go izgubi sporot,vo vreme koga se prodade Telekom a na teren imavne konflikt,cii granati koristese Makedonskata artilerija i od koja godina proizvedeni kolku plateni,dodeka Vladata barase proglasuvanje na voena sostojba.Kakvo e ovaa vrakane kon minatoto, toa za Georgievski e bolno,kade e sega so svoeto iskustvo da pokazje deka nesto razbral od politikata, neli opoziciski front se formira, vo koi Op
Vasi, 26.06.2012 02:08:33
Bugarin si e Bugarin? Priznaca amerikanci, priznava Albanci priznava se drugo osven Makedonci! LjuBcho.........ako si bugarin bidi bugarin no ne kazuvaj za nas makedoncite deka sme falsifikatori..........ti ubavo ja rezira vojnata vo 2001 no sega sakas vtor mandat za da ja podelis makedonija? Sram da ti e
miki, 26.06.2012 05:47:47
Груевски бил скаран со сите министри од тогашната Влада?????? А со кого денес Груевски има добри релации, еве да кажеме со земјите од непосредното опкружување??? СО НИКОГО......
pameten, 26.06.2012 05:55:52
Ljubcho e najdobroto shto is se sluchilo na Makedonija. Prv sfati deka so decenii se vodi gragjanska vojna i deka pobedata na ednata opcija- bugarofopskata- ne mozhe da bide zasekogash i deka e potrebno nacionalno pomiruvanje. Sfati deka najgolemiot rizik za identitetot e povrzuvanjeto mu so falsifikati. Mora silno da mrazish se bugarsko za da gi negirash Bugarskite koreni, da veruvash vo fantastichni objasnuvanja i nakraj koga razberesh deka na S. Kliment i sw. Naum nikogash ne im teknalo deka se MAkedonci da se otkazhesh od niv i da barash koreni vo Antikata. Ljubcho ja gledashe katastrofata, no ne mozheshe da ja sprechi.
Miki, 26.06.2012 08:41:26
Georgievski seuste e najkontoverzniot no i najharizmaticniot lik na Makedonskata politicka scena! Patriot, bugarofil, poet, kradec, vizioner, labav so nervite..?? Mozebi seto ova zaedno, no edno e fakt - koga na prviot miting na VMRO-DPMNE stoevme na sitniot skopski dozd a snajperistite na UDBA i Kukanjac(za tie sto pamtat) ne nisanea od Risticeva i Na-Ma, Georgievski bese toj sto bese na binata so mikrofonot, zavitkan vo plava najlon-kesa, vo rakata!!! A najgolemata greska mu e sto ne go procenil dobro ovoj segasniov, koj ne ograbuva do koska i uste postrasno - ja ubiva istorijata i dusata na ovoj narod!
граѓанин, 26.06.2012 09:31:01
Си дава за право јавно да оценува дали некој е добар или не. Добро можеби им бил шеф на луѓето што сега им дава оценка, но не значи дека има умствени и духовниспособности добро да оцени некого. Поготово во политиката каде што најнеискрените и најнечесните најдолго опстојуваат. Нека и остави на историјата и на самиот народ да ја оцени работата и на Киро, и на Борис, Кљусев, Никола и на сите други вклучително и него. Само што тој е свесен како народот го оценува па сега со книгата сака да исчисти дел од совеста. Од негов агол може и голем дел од податоците во книгата се точни, но не сум сигурна дали ги опфатил и деловите кои се поврзани со неговото супер брзо богатење. Е да, многу е полесно да се зборува за негативностите на другите а да се мижи пред своите.
Картел, 26.06.2012 10:41:37
Најискрениот и најдобриот политичар што Македонија некогаш го имала!
Гоце - Амстердам, 26.06.2012 12:16:23
ТОЧНО ТАКА !! ИМЕТО ДПМНЕ ГО ПОСТАВИ ГОСПОДИНОТ ДРАГАН БОГДАНОВСКИ КОЈ ЗА ПРВ ПАТ ГО ИЗНЕСЕ ВО АМСТЕРДАМ 1988 Г. КАКО ИМЕ НА ДВИЖЕНЈЕТО ЗА ОСНОВАНЈЕ НА .. ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО .. ПАРТИЈА КОЈА КЕ ГИ ОБЕДИНИ МАКЕДОНЦИТЕ ОД ДИЈАСПОРАТА ЗАЕДНО СО МАКЕДОНЦИТЕ ОД ТОГАШНА СРМ ДА ЈА ПОСТИГНАТ ЦЕЛТА ,НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА.
Slagja, 26.06.2012 12:42:37
Ovaa kniga mora da se procita. Ovaa licnost ima mnogu somnitelno minato i od sekogas sum sakala da doznaam nesto poveke, odosto sum slusala od mediumite ZA OVA LETO ke mi bide za DOMASNA ZADACA... :)
perica, 26.06.2012 12:52:13
Lele kolku zimanje-davanje so Branko si imaat.Kakva kombinacija ke bidat Branko-premijer, Ljubco -pretsedatel.
cobe, 26.06.2012 13:42:59
Кој се откажал од Свети Климент и Свети Наум???? Јас не, тоа може да го сторат само ВМРО-вските Антички тупамароси кои лошо ќе завршат.............им се гледа крајот...........
vatra, 26.06.2012 13:44:08
me interesira dali vo avtobiografijata pishuva kako bash toj stanal lider na VMRO DPMNE i nachinot na koj to licno se zbogati. Vo avtobiografija ne se vadi prljaviot vesh samo na drugite, dali ima nesto i za negoviot prljav vesh?
Иво, 26.06.2012 13:50:33
Не заслужува да му биде читана автобиографиата на овој предавник .Бугарин , срам за македонскиот народ . Нека си ја продава оваа книга во бугарија и така се признава само Македонија не ја признава .
Nikola HA8 9LR, 26.06.2012 13:54:09
Ajde ve molam, ako saka nekoj da mi objasni, koj e ovoj lik ?, mislam, zosto bi trebale da mu citame biografija ??
Branko stoimenov, 26.06.2012 14:13:51
Edinstveniot lider na vmro vo rm koj bil dosega i kje ostane toa e Ljupco Gorgievski site drugi sharlatani koi kje se prikazuvat sega i ponatamu kako lideri na vmro kje gi snema na politickata scena.
boro, 26.06.2012 14:20:17
a Kiril i Metodi ?
Деjан, 26.06.2012 14:28:11
Македонскиот Воjвода !!!
Dejan, 26.06.2012 15:23:04
Gresese, no ima doblest da priznae deka gresel. ja saka makedonija, so site nejzini doblesti no i MANI. Se iskrivokolcivme so lagite! Loso e koga gi lazes lugjeto no najloso e koga se lazes samiot sebesi !!!! iskradovme identitet, i napravivme modifikacija i nasa konzervativna verzija na segasnosta! Svetot ni se smee.....Ljupco respekt, ja kupuvam knigata, milo mi e sto si iskren, no nemoj da si igras so doverbata na svojot naprod - prostuvame no nikad ne zaboravame, zatoa vnimatelno!
R N-B, 26.06.2012 15:34:40
Od izvadocite na knigava nema da ni e sosema mozno da ja soznaeme celata igra na LjuBco, bidejki ne znaeme,dali ke ni kaze se za sebe ili nekoi raboti ke *zaboravi*.Ne bi bilo loso da se potseti i na toa deka koga zboruvase za Petar Gosev kako iden Pretsedatel vo edno PRVO VREME iako ne gi saka komununistite, a posle, mavna so raka!Smetase verojatno deka PGosev ke moze polesno da go manipulira! Isto e receno i za albanskite partii deka ke mu bidat za PRVA upotreba. Tupurkovski , ne dovagashe vo predvid, bidejki previse intelektualec i normalno ke odi so SDSM.Na direknoto prasenje* dali negovata partija e probugarska*.? odgovori so NE, a *dali toj licno e probugarin*? isto taka odgovori so NE i dali toj e probugarin.Vetuvase poubava idnina so nego i VMRO...Za zal,se vide kade ne odnese vo 2001god!Ovoa bese receno na 28(29) maj 1998! Tocno deka ke imavme poinakov zivot vo MK.; veke ke bevme podeleni ,preseleni ili prilepeni kako nalepnicite na avtomobilite na grckata granica...
patriot, 26.06.2012 16:24:10
spored moeto mislejne gospodinot Ljudco Georgievski.bese najdobriot premier vo.makedonija i se nadevam i go molam gospod pak da dojde.na vlast.I za kraj eden golem pozdrav od mene do gospodinot Georgievski i kako da kazam ednostavno sum negov obozavatel
do Ljubco, 26.06.2012 17:20:52
Ne se otkazale Makedoncite od Sveti Kliment i sveti Naum.No ne se otkazuvaat i od antikata i ja neguvaat bidejki i taa e del od makedonskata istorija.Juzniot sosed krade istorija i saka da ni ja zeme antikata,a istocniot sosed saka da gi prisvoi sv.Kliment i sv.Naum koi nikogas ne pripagjale na istocniot sosed.Nasite sosedi se falsifikatori na istorijata.
Ајван Доктор®, 26.06.2012 17:21:07
Најпрвин сликарот се вика Албрехт Дирер,а не Алберт!Податокот дека Змејковски се богател повеќе наликува на онаа „држете го лоповот“!„Бизнис“во еден свој број наведе дека Георгиевски и неговото семејство тежат повеќе од 100 милиони евра со куќи и станови во Благоевград,на брегот на Черно Море,на Флорида,на Малдивите,а го спомнуваа и Дубаи!Познато е дека фармата „Белимбегово“ја присвои неговата сопруга!Прашање е од каде,кога се знае дека местото премиер му беше прво вработување!Сега ми е појасно кој ги испишувал графитите „Гошев-премиер“низ градов!
OD CITATEL, 26.06.2012 17:38:19
daj neka kaze grujo i kompanija kolku imaat zaraboteno dosega ane dago otrgnuvaat vnimanieto so ljubco koj sepak ima doblest nesto da kazi nekase zamislat koga cemu dojdi krajot na vladeejneto
Karadzule, 26.06.2012 21:27:38
Grujo e skaran i so samiot sebe. No najstrashno e shto ne ispokara so site, kako odnadvor, taka i od vnatre.
ilija, 26.06.2012 22:55:12
Секоја чест за тебе војводо.Ме радува што си се уште многу популарен,за разлика од твојот поранешен министер за финансии,кој дал некое си интервју за Канал 5 кое е објавено на една интернет страница,и нема ниту еден коментар зборува се.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 21°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Состојбата во нашата кинематографија е таква што ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели режисерот и сце...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македонија има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |