Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
29.06.2012, 14:02

ВМРО-ДПМНЕ: Почна финалниот пад на Црвековски и Георгиевски

Според партијата, вчера се случило промовирање на една природна коалиција меѓу двајца луѓе кои имаат исти вредности и ист морал

Со вчерашната средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-Народна партија започна финалниот пад на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, оцени денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, вчера се случило промовирање на една природна коалиција меѓу двајца луѓе кои имаат исти вредности и ист морал.

- Овие двајца луѓе се лицето и опачината на сите падови на духот и моралот кај сите граѓани на нашата земја. Овие двајца се лицето и опачината на сета болка и разочарување кај граѓаните од политичарот и вулгаризирање и спротивност, на се она што еден политичар треба да го претставува, морален и одговорен човек, кој работи за граѓаните и државата, истакна на прес-конференција Зоран Ставрески, член на Извршниот комитет на партијата.

Тој нагласи дека овие двајца политичари се директно одговорни за сите стратешки грешки во минатите 20 години и оти таа одговорност никогаш нема да биде заборавена од страна на граѓаните.

- Вчера на едно место ги видовме сите оние луѓе, кои политиката единствено ја гледаат како алатка за свое лично богатење. Коалиција на интерес. И тоа не партиски, туку чисто личен. Со единствена желба да се дојде на власт и ништо повеќе, рече Ставрески, додавајќи дека од денес започнува политичка борба меѓу два концепта за Македонија.

Едната, рече Ставрески, онаа на Љубчо и Бранко, од времето на транзицијата, од времето на шверцовите на нафта, цигари, од времето на мрачната приватизација во која 200 илјади луѓе останаа без работа, од времето на менувањето на името, менувањето на знамето, од откажувањето од македонските малцинства во соседните земји, од идеите за поделби на државата, но и на територијални организации, а другата е онаа Македонија која што се бори со макотрпна работа за својот прогрес, за својата иднина, која што е трудољубива и која што е принципиелна.

На вчерашната средба, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ, не биле одговорени многу работи. - Само слушнавме дека разликите ги оставиле на страна. Тие можат колку сакаат разликите да ги оставаат на страна, но народот нема да ги остави нив на страна. Туку ќе им покаже и тоа директно и недвосмисено каде им е местото, и дека не ги прифаќа овие демагогии, и вакви бизнис коалиции, рече Ставрески, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со проекти и реформи за доброто на граѓаните.

- Остануваме посветeни на реализација на проектите и реформите и она што ќе донесе подобар живот за граѓаните. Убедени сме дека со оваа коалиција дефинитивно изборите ќе ги добиеме и тоа убедливо, потенцира Ставрески на денешната прес-конференција во Прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ.


Статијата е прочитана 1331 пати.

Испрати коментар






mile, 29.06.2012 14:38:24
Можда се тие олицетворение на мрачното минато, ама вие со Груевски сте олицетворение на уште помрачна иднина за Македонија........
Kiro, 29.06.2012 15:00:57
A so takvite kako toj na slikata le padne celiot natod, poleka no sigurno.
Иван, 29.06.2012 15:04:21
Од небо се гледа тој дебакал на БЦ и ЉуБчо што ќе им се случи на следниве избори . Незнам само од каде оваа идеа да прават коалиција они двајца кога до пред некое време неможеа да се поднесат . Срамота стварно го прават народот глуп .
Кемал Ататурк, 29.06.2012 15:16:16
Mnogu go cenam Branko kako intelekt no nemozaam da svatam kakvi strteski greski pravi od 2004 g, navamu (vo 2004 zaednoo so pretsedatelskite da sprovedese i vonredni parlamentarni izbori ke j arasturese DPMNE i moze sega Gruevski ke bese nesto kako Manasievski, potoa Hari Kostov za premier pa sega Ljubco katastrofa) no on si znae a nie si trgame
Gajver, 29.06.2012 16:36:26
Е луѓе мои. За да човек седне на маса со својот најголем непријател навистина е потребна голема храброст и решителност. Овие двајца со ова ја покажаа својата големина. Браво и само напред.
GOGO, 29.06.2012 18:34:42
e kume kume ti li zboris ne postoi covek sto zivee podobro od vremeto koga tie ja vodea drzavata.
Petre, 29.06.2012 18:57:11
Abre Makedonci,uste davate vnimanje na oni sto ja prodavaat nasata tatkovina? Kako oni dvajca mozat da izlezat na mejdan! I na dvata mu treba to sto Alexander Veliki mu napravil na Filotas vo Asia. Ne gledate sto ni pravat negovite najgolemi prijateli na granicata? Mi et stram od onoi dvajca,i od narodot sto gi poderzava!
Dimitar Josifoski, 29.06.2012 19:24:32
Ееее! Другарчe и Господинчe, како му се местите на народов Македонски, со еден удар за се што сте му направиле на двајцата да Ви врати. Мислам дека ќе бидете на изборите потопени, од народот кој сега го повикувате (не Ви е заборавено). Голема храброст е ова што го правите. Секоја чест, ама само на храброста.
 
     


Site Meter


 
Време
Скопје, 31°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |