Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.09.2012, 17:04

Актерка го тужи режисерот на „Невиноста на Мухамед“

Синди Ли Гарсија го обвини Накула Баселеј Накула дека ја измамил да настапи во филм „полн со омраза“

Американска актерка која се појавува на аматерската антиисламска видео снимка што предизвика протести низ муслиманскиот свет го тужи осомничениот режисер на филмот. Синди Ли Гарсија го обвини Накула Баселеј Накула дека ја измамил да настапи во филм „полн со омраза“ за кој била натерана да верува дека е филм за пустинска авантура. Таа, исто така, бара судска наредба за „Јутјуб“ да го повлече филмот.

Видеоснимката синхронизирана на арапски јазик предизвика општ гнев поради исмејувачкото портретирање на пророкот Мухамед.

Филмот „Невиноста на муслиманите“, снимен во САД, предизвика протести на Блискиот Исток, Северна Африка и дури до Шри Ланка, при што некои демонстрации се претворија во деструктивни и насилнички безредија. Четворица Американци, меѓу кои и амбасадорот Крис Стивенс, беа убиени во напад врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија.

Според Гарсија, во сценариото што го добила не се споменувал пророкот Мухамед, ниту, пак, се споменувала религијата. Таа тврди дека добила смртни закани откако видеоснимката беше објавена на „Јутјуб“ и вели дека нејзината поврзаност со филмот го нарушила нејзиниот углед.

Во судското жалба, поднесена до Вишиот суд на Лос Анџелес, Гарсија наведува измама, клевета и намерно нанесување емотивна болка.

Адвокатите на Гарсија тврдат дека промените во дијалогот постпродукцијата ја претставиле во лажна светлина. „Гарсија имаше легално заштитен интерес на нејзината приватност и правото да не изговара зборови на омраза или да биде прикажана како човек полн со предрасуди“, се наведува во тужбата. „За време на снимањето или на сцената не се споменуваше ’Мухамед’. Не се упатуваше на религијата, ниту, пак, имаше какви било сексуални содржини за кои знаела Гарсија“, се додава во тужбата.

Накула негира дека е „Сем Басиле“, псевдоним што го користи личноста која ја објави видеоснимката онлајн. Тој се крие откако изјави за американските медиуми дека бил менаџер на компанијата која ја помогна продукцијата на филмот, но американските претставници сметаат дека тој е режисерот.

Накула беше обвинет за измама во 2010 година и требаше да плати надомест од над 790.000 долари. Тој беше ослободен во јуни 2011 година со одредба да не пристапува на интернет или да користи псевдоними без дозвола. Властите го сослушуваа минатата недела дали прекршил кој било од тие услови.

Досега „Јутјуб“ ги одбиваше барањата на Гарсија да се повлече филмот, се дознава од тужбата, иако го блокираше прикажувањето во Саудиска Арабија, Либија и Египет. „Тужбата не е кршење на првиот амандман ниту правото на Американците да кажат што мислат, но бара навредувачките содржини да се повлечат од интернет“, се нагласува во жалбата.

„Гугл“, кој ја поседува „Ју тјуб“, го блокираше филмот во Саудиска Арабија, Либија и Египет. Портпарол на „Јутјуб“ соопшти дека ја разгледува тужбата и ќе се појави на суд. (Би-Би-Си)

Револтот се сврте и против „Мекдоналдс“

Џакарта - Гневни поради филмот „Невиноста на муслиманите“ во кој се навредува пророкот Мухамед, Индонезијците денеска ги продолжија протестите во третиот по големина град во земјата Макасар.

Американските конзулати во градоовите Макасар и Медан се веќе затворени.

Демонстрантите палеа автомобилски гуми и го принудија ресторанот за брза храна „Мекдоналдс“ да прекине со работа. Подоцна влезот на ресторанот е прекриен со транспарент: „Ова мора да биде затворено како симбол на нашиот протест поради филмот ’Невиноста на муслиманите‘“, создаден во САД“.

Конзулатот на САД во главниот град на провинцијата Суматра, исто така, е затворен.

Американската амбасада во Индонезија издаде соопштение за своите граѓани дека дипломатско конзуларната мисија во Индонезија ќе биде затворена во текот на утрешниот ден, за кога се очекуваат поголеми протести. (МИА)


Статијата е прочитана 1646 пати.

Испрати коментар



Груевски вети дека ќе се раздолжи со стопанството
Платите замрзнати, пензиите ќе се зголемат
ДУИ во координација со Албанија за прославата на Денот на знамето
Битолчанец извлечен од бездна на Пелистер
Лекарите прво ќе протестираат, па ќе преговараат
„Опел“ одбележа 150 години, но не му е до славење
Самарас му пиша на Груевски и ги одби средбите
Арачиновци фалсификувале евра
СДСМ бара нов ребаланс на буџетот
(ФОТО) Појадок на Камениот мост
Иванов - Каква Македонија ќе создадеме, таква и ќе имаме
„Златна зора“ отвори канцеларија во Њујорк
Меркел и Оланд сакаат посилна Европа
Возачкиот испит ќе се полага електронски
Филмот „Невиноста на муслиманите“ можеби не постои?
Иванов на Генералното собрание на ОН во Њујорк
Солунското пристаниште се промовира во регионот
Едно лице загина во сообраќајка на патот Прилеп-Битола
САД не извршија доволен притисок врз Грција за спорот со името
Исчезнатиот Охриѓанец пронајден мртов
Нема отпуштања во администрацијата
Се модернизираат 16 училишта
Земјотрес во Охрид
Денеска пристигнува есента
Маж со секира уби четири, а повреди 13 деца во Кина
Нападнат белгискиот премиер
Македонските мировници не биле во опасност во Кабул
Mакедонската полиција ќе се вози во „шкода јети“
Откриени се прилепските бомбаши
СДСМ - Политиката да не се меша во образованието
Маљас прогнозира притисок од ОН, САД и ЕУ
Преговори, па името е нереална опција
Земјоделците ќе си менуваат ниви за поголеми парцели
Британски министер му се извини на полицаец за навредите
Турците разочарани од интересот за соработка на нашите бизнисмени
В понеделник предупредувачки протест на лекарите
Заразените закрепнуваат, уште еден сомнителен случај на западнонилска треска
Македонија очекува почеток на пристапните преговори до крајот на годината
Околу 6.000 компании од Солун го преселиле бизнисот во Бугарија
„Блиц“ го препорачува Охрид за есенски одмор
Хрватска отпушта 20.000 буџетари
Kонференција за е-Демократија во Охрид
„Парада на гордоста“ на шести октомври во Белград
Се истражува „руската врска“ во убиството на Литвиненко
Ветераните денеска на Марш на мирот
Арифи во Вашингтон се сретна со Филип Гордон
Кризата продава државен имот во Грција
Тридецениска соработка на Скопје со Нирнберг
Лани 302.000 лица побараа азил во ЕУ
Тодоров - Судот мораше итно да постапува
Аризанов - СДСМ води дволична политика за земјоделците
Милиони отштета за бели дробови од пуканки
Страв од глобална криза за храна
Хрватски пилоти ги извлекле македонските војници во Кабул
Еврозоната во септември влегува во рецесија
„Џонсон Мети“ доби А-интегрирана еколошка дозвола
Исчистени делови од коритото на Вардар
„Дуна iStore“ изработен по дизајн на „Епл“
Прва жртва на западнонилска треска во Македонија
Нови тајни разговори меѓу Македонија и Грција?
Потполковник на АРМ ќе настрадал од заскитан куршум
Тајната снимка го нагризува рејтингот на Ромни
Судот одлучи лекарите да не штрајкуваат
Владата ќе отвора градинки во руралните средини
Македонскиот правосуден систем станува поефикасен
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Бил Гејтс се` уште најбогат Американец
Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Почнува предвремениот откуп на тутун во кутии
ДУИ блокираше владин закон
Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 13°C

Понеделник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (7)
Грубата смена на аѓутантот, генерал Рапо. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |