21.09.2012, 09:26 Арифи во Вашингтон се сретна со Филип Гордон
На средбата со помошникот државен секретар се разговарало за ероатлантските интеграции, спорот за името и за состојбите во владејачката колиција
Вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи вчера во американскиот Стејт Департмент имаше средба со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон и со помошникот заменик државен секретар Филип Рикер.
Арифи по средбата изјави дека со Гордон разговарале за ероатлантските интеграции, спорот за името и за состојбите во владејачката колиција, при што Гордон изразил силна поддршка.
- Јас бри��ирав за процесот на дијалог на високо ниво со Европската унија и што е многу важно американската администрација максимално го поддржува овој процес и искажаа задоволство од резултатите што сме ги постигнале. Разговаравме и за други прашања, за стабилноста во регионот и за внатрешните прашања како односите во владејачката коалиција. Секако дека за претставниците на американската администрација кои ја следат Македонија е јасна комплексноста на односите во коалицијата, но во принцип максимално ја поддржуваат стабилноста на институциите, стабилноста на државата и секако даваат поддршка на секој процес што ќе не приближи поблиску до ЕУ, изјави Арифи.
Вицепремиерката најави дека Македонија од САД ќе добие поддршка и за ефектуирање на очекуваната нова препорака на Европската комисија за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. |