Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Бостон со рекорден пресврт во однос на ланската сезона

„Келтите“ славеа над Шарлот и стигнаа до 61:15 во победи во регуларниот дел од НБА

Бостон во саботата настапи без својата ударна тројка, но и без неа успеа да го подобри рекордниот пресврт во однос на регуларниот дел од минатата сезона во НБА, славејќи лесна победа од 101:78 над Шарлот. Кевин Гарнет и Реј Ален се одмораа, а Пол Пирс беше дома за да го прослави раѓањето на својата ќерка во петокот, но тоа не ги спречи „келтите“ за да си ја обезбедат предноста на домашниот терен на стартот од плеј-офот.

„Кога би можеле да напишете водич како да се стигне до предност на домашниот терен, тоа веројатно би изгледало вака“, изјави тренерот Док Риверс откако Леон Поу постигна 22 поена и забележа девет скока во шестата победа на Бостон во низа. Емека Окафор прокнижи 17 поени и осум скока за Шарлот, кој со овој пораз е елиминиран од трката за разигрувањето за титулата.

Селтикси, кои добија големо засилување во Гарнет и во Ален по завршувањето на ланската сезона, веќе додадоа 37 победи на минатогодишните 24 и им остануваат уште шест натпревари од регуларниот дел. Со тоа тие го урнаа рекордот на Сан Антонио од сезоната 1997/98, кога „мамузите“ од резултат 20:62 во претходната сезона стигнаа со 56:26 во дебитантската година на Тим Данкан во НБА.

Бостон, кој има скор од 33:6 во победи пред своите навивачи, обезбеди и предност на домашниот терен низ плеј-офот, вклучувајќи го и евентуалниот седми меч од големото финале, ако стигнат дотаму.

„Конечно знаеме дека, ако стигнеме до последната средба сезонава, таа ќе се одигра во Бостон“, изјави Риверс. „Тоа е добро“.

Други резултати од саботата: Денвер - Сакраменто 115:118, Кливленд - Орландо 86:101, Филаделфија - Атланта 85:92, Њу Џерси - Торонто 99:90 и Чикаго - Вашингтон 87:99.

Резултати од петокот: Торонто - Шарлот 100:105, Атланта - Филаделфија 104:109, Вашингтон - Мајами 109:95, Детроит - Њу Џерси 106:87, Мемфис - Голден стејт 86:117, Њу Орлеанс - Њујорк 118:110, Јута - Сан Антонио 90:64, Милвоки - Индијана 101:105, Феникс - Минесота 117:88, Лос Анџелес Лејкерс - Далас 112:108 и Сиетл - Хјустон 66:79.


Статијата е прочитана 67 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Факелот пречекан со снег во Лондон
Локомотива се повлече од теренот во Неготино
Ем фудбал без пари ем нема гледачи
Кебеде победник на маратонот во Париз
Со галоп до шест милиони долари во Дубаи
Најефикасна сезона за Горан Пандев
Кирил Дојчиновски на кормилото на Вардар
Рој пчели нападна 30 ��аратонци во Јапонија
Русевски победник во Фраскати
Шалке 04 на второ место
Роналдињо за 20 милиони евра оди во Милан!
Други лиги
Реприза на „Емирати“, Венгер пак вика по судиите
Порто ја освои 23. шампионска титула во Португалија
Триумф на Серена Вилијамс во Мајами
Двоен триумф на Ферари во Бахреин, Маса прв
Охриѓани го добија трилерот во Градски парк
Ќе бидам подготвен за Олимпијадата