Со галоп до шест милиони долари во Дубаи
Според очекувањата галоперот Карлин од САД е победник на 12. издание на најголемата трка на светот - Дубаи светски Куп, која што се одржа на патеката долга 2.000 метри на хиподромот „Над ал Шеба“ во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Џокејот Роби Албарадо (35) од Лујвил од Кентаки, убедливо ги надмина големите ривали, Ирецот Џон Патрик и Арон Гридер. Албарадо го освои големиот златен пехар кој е тежок приближно четири килограми и најголемиот дел од шесте милиони зелени банкноти предвидени во наградниот фонд.
Победничкиот коњ на големата трка во Дубаи зад себе има кариера долга четири години. Неговиот досегашен најголем успех беше триумфот на „Прикнес стејкс“ и „Бридерс купот“ во САД, каде што во 2007 година е прогласен за најдобро грло на годината. На неговите сопственици досега овој коњ им донесе 8,8 милиони долари. Од него повеќе освоија само легендарниот Цигар (9,9) и Скип Авеј (9,6) милиони долари.
Коњот Карлин веднаш беше вратен во Њујорк, каде што треба да биде сместен до затворањето на карантинот, од каде ќе биде испратен на хиподромот „Киниленд“ во Кентаки. Инаку, Дубаи Купот по традиција преивлекува огромен интерес кај љубителите на коњичкиот спорт во светот. Покрај главната трка, во „Над ал Шеба“ се одржаа уште шест многу интересни трки. Шеиците за најуспешните учесници - галопери обезбедија награден фонд од неверојатни 21,25 милиони долари.
на трибините се собраа нешто повеќе од 50.000 гледачи, а целиот спектакл изобилуваше со неверојатни лајт-шоу ефекти, и многу други настани како што се неверојатната Арапска ноќ во пустина, доручен со ѕвездите и многу други слични работи. |