Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Реприза на „Емирати“, Венгер пак вика по судиите

Арсенал и Ливерпул одиграа 1:1 како и во ЛШ, а тренерот на „топчиите“ смета дека пак не бил досуден пенал

Вториот чин од трилогијата во изведба на Арсенал и Ливерпул завршен е со идентичен резултат како и првиот пред неколку дена во Лигата на шампионите (1:1). Херојскиот пресврт на Арсенал во мечот со Болтон, кога со 10 играчи успеа да ја надокнади негативата од 0:2 и да слави со 3:2, би можело да се покаже залуден.

Со осум промени во однос на составот со кој истрча на „Емирати“ во ЛШ Рафаел Бенитез јасно кажа дека пласманот во полуфиналето од ЛШ е апсолутен приоритет, бидејќи во Премиерлигата нема реални шанси за подобрување на пласманот. Шанса доби Питер Крауч и ја искористи - постигна феноменален гол во првиот дел.

Од друга страна, над Арсен Венгер стоеше императивот победа, но сепак, и тој се одлучи да почне со втор состав. На клупата беа Хлеб, Адебајор, Ван Перси, Клиши....

Некои од нив влегоа во вториот дел, но израмнувачкиот гол на Бенднер падна во моментот кога играше вториот состав. До крајот и едните и другите влегоа во тотално отворена игра. На едната страна влегоа Жерар и Торес, на другата Хлеб и Адебајор по што се создадоа неколку шанси, но не падна гол. Така на крајот може да се случи Ливерпул да биде тимот кој ќе му ја расипе сезоната на Арсенал. Со овој бод „топчиите“ се' повеќе се оддалечуваат од борбата за титулата. Сега главен противник на Јунајтед е Челзи, кој славеше на гостувањето кај Манчестер С. со 2:0. Лондончани имаат два бода помалку од Јунајтед, а Арсенал пет. Згора на тоа „бебињата“ вчера требаше да го одиграат мечот со Мидлсборо.

„Во мојот мозок работата не е завршена. Мора да победиме во сите шест меча до крајот. Не влеговме онака како што треба во овој натпревар. Тоа се случува често кога се вакви важни натпревари во прашање. На крајот пак бев разочаран затоа повторно бевме оштетени за еден пенал. Имаше фаул над Фабрегас. Тоа јасно се виде на снимката. Може да го победиме Ливерпул на „Енфилд“ во ЛШ и мора да се фокусираме на тоа“, порача Венгер.

Резултати: Арсенал - Л��верпул 1:1, Астон Вила - Болтон 4:0, Блекбурн - Тотенхем 1:1, Фулам - Сандерленд 1:3, Манчестер С. - Челзи 0:2, Њукасл - Ридинг 3:0, Виган - Бирмингем 2:0. Табела: Манчестер Ј. 76 (-1), Челзи 74, Арсенал 71, Ливерпул 63, Евертон 57 (-1), Портсмут 53 (-1), Астон Вила 52, Блекбурн 51, Манчестер С. 49, Вест Хем 44 (-1), Тотенхем 40, Њукасл 38, Сандерленд 36, Виган 34, Мидлсборо 34 (-1), Ридинг 32, Бирмингем 30, Болтон 26, Фулам 24, Дерби 11.


Статијата е прочитана 148 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Факелот пречекан со снег во Лондон
Локомотива се повлече од теренот во Неготино
Ем фудбал без пари ем нема гледачи
Кебеде победник на маратонот во Париз
Со галоп до шест милиони долари во Дубаи
Најефикасна сезона за Горан Пандев
Кирил Дојчиновски на кормилото на Вардар
Рој пчели нападна 30 маратонци во Јапонија
Русевски победник во Фраскати
Шалке 04 на второ место
Роналдињо за 20 милиони евра оди во Милан!
Други лиги
Порто ја освои 23. шампионска титула во Португалија
Триумф на Серена Вилијамс во Мајами
Двоен триумф на Ферари во Бахреин, Маса прв
Охриѓани го добија трилерот во Градски парк
Ќе бидам подготвен за Олимпијадата
Бостон со рекорден пресврт во однос на ланската сезона