Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Кирил Дојчиновски на кормилото на Вардар

Еден од најискусните фудбалски тренери во земјава, Кирил Дојчиновски повторно се најде на кормилото на нашиот најтрофеен клуб Вардар. Дојчиновски со одлука на новото раководство на црвено-црните ќе го предводи тимот до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Во Стручниот штаб на Вардар ќе му помагаат Драги Сетинов и Јовче Џипунов. Црвено-црните добија и нов в.д. директор во Мирко Спасески кој ќе ја обавува функцијата до крајот на сезоната.

До помалку или повеќе очекуваната смена на кормилото на Вардар дојде на попладневниот тренинг во петокот кога новиот тренер им беше претставен на фудбалерите. Главната цел на новиот Стручен штаб ќе биде Вардар во годинашната сезона да избори пласман на европската фудбалска сцена преку Купот на УЕФА или Интер-тото купот, бидејќи шампионската титула за црвено-црните е загубена од поодамна.

Дојчиновски има големо тренерско искуство. Во земјава тој ги предводеше екипите на Пелистер и Брегалница Штип, а едно време беше прв тренер и на грчкиот тим Ираклис. Во неговата тренерска кариера Дојчиновски беше селектор на репрезентацијата на Салвадор. Дебито на клупата на Вардар, новиот тренер го имаше вчера на мечот со Цементарница 55 на Градскиот стадион во Скопје. Во исто време на спортската јавност во земјава и се обратија и поранешните вардарци поддржувачи на идејата за спас на Вардар, кои апстинираа на вториот прес на ИО и не се појавија на Собранието кое се одржа во „Холидеј ин“. Тие најавија дека ќе ги консолидираат своите редови и дека на најавеното Редовно Собрание на Вардар во јуни ќе се појават со свој претседателски кандидат и ќе понудат ново раководство на тимот кое ќе заслужува комплетната поддршка од јавноста и симпатизерите на црвено-црните. (Е.К.)


Статијата е прочитана 309 пати.

Испрати коментар

Од: Дебар Маало
Датум: 07.04.2008 10:20:25
Еден пропуст: ова вторпат К. Дојчиновски да го води Вардар. Првиот пат беше во екс-Ју по освојувањето на шампионската титула 1987.

Најди! во Утрински
Спорт
Факелот пречекан со снег во Лондон
Локомотива се повлече од теренот во Неготино
Ем фудбал без пари ем нема гледачи
Кебеде победник на маратонот во Париз
Со галоп до шест милиони долари во Дубаи
Најефикасна сезона за Горан Пандев
Рој пчели нападна 30 маратонци во Јапонија
Русевски победник во Фраскати
Шалке 04 на второ место
Роналдињо за 20 милиони евра оди во Милан!
Други лиги
Реприза на „Емирати“, Венгер пак вика по судиите
Порто ја освои 23. шампионска титула во Португалија
Триумф на Серена Вилијамс во Мајами
Двоен триумф на Ферари во Бахреин, Маса прв
Охриѓани го добија трилерот во Градски парк
Ќе бидам подготвен за Олимпијадата
Бостон со рекорден пресврт во однос на ланската сезона