Ќе бидам подготвен за Олимпијадата
Јао Минг по операцијата реши да се врати Кина и да го продолжи лекувањето со традиционалните методи
Најдобриот кинески кошаркар центарот Јао Минг вчера потврди дека ќе биде подготвен да му се стави на располагање на кинескиот кошаркарски тим на Летните Олимписки игри кои ќе се одржат во Пекинг, по тешката повреда на ногата, поради која тој беше приморан предвреме да ја заврши сезоната во НБА лигата.
Центарот на Хјустон Рокетс, кој веќе еден месец се наоѓа на рехабилитација, по операцијата на стапалото на левата нога, изјави дека сигурно ќе се најде на олимпискиот турнир.
„Сигурен сум дека нема да ја пропуштам Олимпијадата. Почнав да работат сложени вежби, и засега, се' одлично функционира. Повеќе не чувствувам никакви болки во ногата“, изјави Минг за дневникот „Чајна Дејли“. Овој одличен кошаркар веднаш по операцијата реши да се врати во неговата земја и да го продолжи лекувањето со традиционалните кинески методи, и покрај противењето со ваквата негова одлука на американските лекари.
„Не треба да се прават паники по ваквата моја одлука. Тврдам дека нема никакви лоши моменти врзани со моето здравје, и сега не треба да се прават никакви компликации. Во Кина ваквите медицински рецепти успешно се користат веќе илјада години“, изјави Јао Минг, НБА центарот по чија повреда многумина веднаш го отпишаа од учеството во кинеската кошаркарска репрезентација за Олимписките игри во Пекинг. |