Факелот пречекан со снег во Лондон
Пристигнувањето на олимпискиот факел во Лондон донесе многу немир на лондонските улици кои вчера сосема неочекувано осамнаа покриени со снег. Повеќе од 10 лица се уапсени поради предизвикување немири за време на 50 километарската патека на факелот низ лондонските улици. Повеќе групи луѓе јавно протестираа поради насилството кое Кина го спроведува над окупираниот Тибет, и лондонската полиција имаше полни раце работа.
Лондон инаку е домаќин на следните Олимписки игри кои во 2012 година ќе се одржат во овој град, и затоа актуелните власти на оваа земја не сакаат да влезат во отворена војна со Пекинг. |