Кебеде победник на маратонот во Париз
Цегаје Кебеде од Етиопија победи на маратонот во Париз, откако во последниот километар го остави зад себе Мозес Арусеи од Кенија. Кебеде мина низ целта по 2:06,37 ч., што е за само четири секунди послабо време од рекордот на трката што во 2003 година го постави Кениецот Мајкл Ротич.
Марта Кому од Кенија беше најдобра во женска конкуренција, триумфирајќи со време 2:25,29 ч. по возбудливиот дуел во финишот со Тола Воркнеш од Етиопија. |