Број 3611  среда, 22 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Екон��мија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Филип се исправи во Битола

БИТОЛА - Плоштадот „Магнолија“ вчера се закити со споменикот на Филип Втори. Основачот на Хераклеја Линкестис, кој три години стоеше во задниот дел од општинската зграда, конечно, се исправи во срцето на Битола. Вчера изутрина, пред 7 часот, започна поставувањето на споменикот на мермерниот постамент што е дел од еден комплекс на површина од 100 квадратни метри.

Филип Втори е прикажан со прстот вперен кон народот и заедно со постаментот е висок околу осум метри. Во непосредна близина на споменикот локалната самоуправа изгради и фонтана со штитови, која во вечерните часови функционира низ синхронизирана музика и светлосни ефекти, со што привлекува дополнително внимание на Широк сокак.

Но, за поставувањето на споменикот на античкиот крал немаше никаква најава од Општината. Исклучок се само неколкумина новинари што за настанот би��е информирани ноќе, околу 2 часот, со СМС-порака. Другите медиуми случајно разбраа за намерата на Општината.

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, пред споменикот примаше честитки од граѓаните, но не сакаше да даде изјава. Кревајќи раменици само кусо рече дека се' е кажано. „Немам коментар, настанот зборува сам за себе“, рече тој.

Талески не сакаше да прецизира ниту кога свечено ќе биде откриен споменикот, дали ќе се совпадне со Денот на независноста, 8 Септември, за кога е најавена свеченост во Скопје за споменикот на Александар Македонски. Во исто време останува непознато колку пари ја чинеше Општината споменикот на античкиот крал.

А битолчани од рано утро со внимание го следеа поставувањето, едни воодушевени и горди на споменикот, а други разочарани, негодуваа.

„Многу е убав, ја заличи Битола. Ова е многу добро за историјата на нашиот народ. Одамна требаше да биде поставен, овој човек го основал градот. До каде ќе не' однесе оваа Влада, фабрики треба да отвора, а не да гради споменици. За среќа, се' уште не јадеме бронза“, беа најчестите коментари од насобраните граѓани.

Велешанецот Ангел Коруновски е автор на скулптурата. Филип Втори е негов втор споменик во Битола по неодамна поставениот „Ангел“ посветен на бранителите од 2001 година. Споменикот на Филип е висок 3,60 сантиметри, тежи еден и пол тон. Лиен е во бронза во работилницата „Станишиќ“ во Нови Сад.

Коруновски објаснува дека Филип го прикажал како голем државник, а не како воин. Цел му било да се покаже дека тој е првиот крал што го обединил народот на овие простори.

„Битно ми беше овој споменик да има порака. Затоа Филип Втори има дијадема, а не капа. Разиграниот коњ прескокнува карпа, тоа е симбол на силата. Важен е и естетскиот момент. Фигурата на Филип Втори не е во природна големина. Значи, во издолжена форма што дава многу убав ефект. Совршена убавина“, објаснува Коруновски. Тој тврди дека проектот, леењето, вклучително и неговиот хонорар изнесува околу 115 илјади евра.

Во отсуство на официјални податоци, колку чини постаментот од мермер, фонтаната и другите елементи, опозицијата пресметала дека општината потрошила над 600 илјади евра. Вчерашното поставување на споменикот не помина без критики од опозицијата во Советот. А претставниците на власта се задоволни од реализираното.

„Се виде дека тоа што споменикот стоеше три години зад општинската зграда не било вина ниту на опозицијата ниту на новинарите, туку на Владата. Сега падна наредба од централата. Но, очигледно Брисел е иритиран со ваквите постапки. Светска банка и ММФ не даваат кредити за изградба на споменици, туку за развој на државата. Лош е тајмингот кога се поставува споменикот, бидејќи сега имаме поприоритетни теми за решавање“, изјави Горан Милевски од ЛДП.

„Па, ова навистина станува збор за судир на концепти. На едната страна Европа и меѓународната заедница, а на другата страна ВМРО-ДПМНЕ и Македонија како заложник“, изјави Томе Наумовски од СДСМ. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 2488 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 22.06.2011 00:17:59
Od komentarite na bitolcani mozese da se cue edno golemo razocaruvanje, kic, nacionalizam. Ako e toa mislenje na pogolemiot broj bitolcani navistina zalosno.
Од: Трпе
Датум: 22.06.2011 00:19:40
Сигурно Аце Бабачкиот не е испилен од јајце,мора да има и татко.Само не е сигурно дали ние ке имаме татковина.Филип го обединил народот,но нашиот водач го разделува на наши и ваши.А што му е и баш гајле.Бизнисот мора да му цвета.Ако Лубчо постана како секој обичен бизнисмен.Овој сегашниот мора да биде нешто поеќе.
Од: trpe od gradsko
Датум: 22.06.2011 00:36:49
Uzivajte vo spomenikot na Filip i na jadenje i na rabota ne mislite...interesno 3 dena posle e se po staro...a vie narode makedonski gledajte vo spomenikot uzivajte vo nego i nema da mislite na jadenje i rabota...Imase 300 priririteti spomenikot ke ni dade rabota i pari za prezivuvanje...
Од: Goran Bitola
Датум: 22.06.2011 02:00:18
Gradonacalnikot na Bitola Vladimir Taleski-Dvojce cel mandat se zanimava so raboti od oblasta na kulturata: dve kulturni leta, Magaza, Bitolska Opera, filmski grad, Manakievi Sredbi....., taka da ne e cudo postavuvanjeto na spomenikot. Samo ne se daleku vreminjata koga vo povece navrati gradot Lerin go narekuvase Florina, verojatno nadevajci se na nekoja grcka donacija. Kako ce go sredi ova so Grcite ce vidime.
Од: СП
Датум: 22.06.2011 07:06:09
За разлика од другиот Филип во Скопје, овој ми се допаѓа, навистина е убав споменикот, нека уживаат Битолчани.
Од: do hejterive gorni
Датум: 22.06.2011 08:07:36
Samo prodolzete so omrazata kon narodot i so vasite sonista deka toj gi mrazi spomenicite kako sto gi mrazite vie. EEEj pred dve nedeli imavme izbori i se vide sto mnozinstvoto saka. Ne gi stavajte na vase konto glasovite za Ljube i Ljubco.
Од: Tashko do Goran od Bitola
Датум: 22.06.2011 10:24:43
Ti decko ne si od Bitola stom pisuvas so "ch"mesto "kj" ti si Prilepcanec !!!
Од: читател
Датум: 22.06.2011 10:51:46
До: Од: do hejterive gorni Битола има поважни проблеми од Филип и ќурот, постаментот де, на кој е поставен. И Битола има поважни личности од Филип од поновата историја што го вградиле својот живот за оваа Македонија. Зошто да нема споменик на Пецо Гудовски, командант на ослободителните единици што ја ослободиле Битола? Ама кому ќе објаснуваш? За жал во Битола граѓанското јадро е разбиено од т.н. „маџари“. Луѓето пред камера од страв од репресија ќе речат дека им се допаѓа. А фонтаната две години не усепаја да ја пуштат асално, гречка во програмирањето била...Ќе да е грешка во умот на властодршците...
Од: Iliya DIMOVSKI (Belgija)
Датум: 22.06.2011 11:53:20
Konecno se vrati Filip II vo svojot grad! Za site lugje koj mislaat deka historiski spomenici ne se vazni deka tie ne vi davaat hrana, vi preporacuvam da posetite gradovi kako Pariz, Rim i drugi. Tamu ke vidite deka pokraj historiskata vrednost i gordost na narodot, ke se razvie turizmot (koj nosi poveke pari!). Ovie proekti (kako "Skopje 2014") se golomi investici na dolg termin. Bravos na gradonacalnikot, umetnicarite i tehnickiot tim! Pozdrav od Belgija.
Од: Petre
Датум: 22.06.2011 13:07:09
Ajde ednas nie da postavime prasanje , zosto grcite zabranuvaa da se izgovori Makedonija do pred 1989, a potoa se zivo i divo preimenuvaa vo Makedonija. Da gi ostavime ako tie sakaat da imaat pokraina koja se vika Makedonija,no sepak imeto na nivnata drzava e Grcija , dodeka nie sme drzavata Makedonija. Sto se odnesuva do nasite petokolonasi , me raduva faktot deka ostanaa malku i se brojat na prsti iako laat so zaripnat glas. Od nikogas nemalo dovolno pari ne samo vo Makedonija , tuku i vo site drzavi, a toa ne znaci deka treba vo kal da gazime i da ja zanemarime bogatata makedonska istorija. Dosta bese da se kitime so ovoj /onoj kameni most od trusko . Site ovie spomenici ke ostanat za narednite genaracii kako del od nasata slavna istorija.
Од: BT
Датум: 22.06.2011 13:35:35
Bitola kako grad so nabogata istorija zasluzuvase dosta pogolem spomenik koj e i prv od vakov tip, vo sporedba so toj vo Skopje i vo metri i vo vrednost e mnogu mal. Inace da kazam za tie sto se grizat za potrosenite pari za spomenikot, ako ne se napraese spomenik tie pari nemase da izlezat na videlina vaka barem nesto se gleda.
Од: marina
Датум: 22.06.2011 14:15:05
Neka napravat vo Ohrid vakvi spomenici od ovie anticki Makedonski teroristi ke vidat tvrdokornite makedoncijna koj im e gospod na niv onoj so rogovite i opaskata. Ke ja svitkaat opaskata pod noze i ke mu se molat na spomenicite ili na kamenjata bronzeni. Od kamenja vo vid na krstovi i lugje, konji, lavovi i se po red Sv. Pavle ne cuval, a denes se vrti vo grobot negov vo Rim. Boze pomozi od lugje sto obozavaat BOG napraven od COVECKI race. Da mozese covek da go izvaja Bog ke sednese na prestolot negov. Zabludenite Makedonci od mok imaat son da Makedonija rakovodi so svetot. Ova e zelbata na onaj so rogovite ili so krunata zlatna. A na nas Makedoncite ni bil i ke ni bide bog toj sto e na parite. Aleksandar ili Filip si sonuvale za prestolot od gornion, a nie gi gledame ko ikoni. Zalnoto e sto zaradi ova sme stradale 2400 godini, i uste tolku ke stradame. Danok vo krv za gospod od Makedoncite.
Од: mimi
Датум: 22.06.2011 14:18:58
Sortata na gnui koja zivee ovde , ednostavno po greska ima nesto sto se vika drzava, koja sigurno ke ja zagubi vo narednuiot period bidejki ne ja zasluzuva.
Од: Кузман
Датум: 22.06.2011 16:58:36
Браво за споменикот, браво за делото на авторот, браво за Македонците што сеуште постојат после милениуми на притисоци, прогони и убиства. Има некои меѓу нас кои сеуште збунето кукаат и чекаат на друг за лични потреби, не разбрале дека треба да се плукни в раце и да се работи и заедно со своите околу себе да се гради, не да се бара кривица во друг за све. Македонија треба јасно и гласно да каже дека е Македонска, што нема врска со грчко како што сака грција да ги испреврти работите. грција вреди исто колку и Македонија и време е да се соочи со реалноста посебна самостојна Македонска нација.
Од: Nestor
Датум: 22.06.2011 17:08:08
ubav e, ama mene poveke mi se dopađa na Dvokolka, kako na zlatnicite što e prikažan... zdravje da dojde Filip i vo Ohrid.... a mislam deka vo Skopje dosta beše samo 1 spomenik od makedonsko-helenskiot period, baška Skopje si ima Justinijan od Skupi...
Од: Rade
Датум: 22.06.2011 17:15:48
Jas se gordeam , a za drugite !!! nivno pravo. Cestitki za Bitola i Makedonija
Од: Od fakelaki
Датум: 22.06.2011 20:47:03
Stoe razlikata da se ivestira vo istorijata i turizmot ili vo veliu i bc da ne plakaa porez i da placka kako SvidMilk i paezina ili nadez. Vi kaza Narodot Makedonski sto sakase na 5 juni Malce za lopovite mnogu za Narodot...............
Од: goki
Датум: 22.06.2011 20:55:29
Marina: idi vi di doktor. Ti treba profesionalna pomos :(
Од: kika
Датум: 22.06.2011 21:40:44
ako go sakaa Filip neka go namesteja vo Herakleja.Saat kulata sto bese obelezje na Bitola go izgubi svojot sjaj.Ama za ovie pustikuki nisto ne e vazno .Vazno Talevski od socijalen slucaj stana gazda so kuki i taksi vozila sto vozat za nego a glupiot del od bitolcanite neka mu slukaat.Ne znam na sto se voshitija .A spomenicite vo gradskiot park sto gi zapustija duri i sakaa edno vreme da gi trgnat.Site se izfrustruirani i lecat kompleksi,SRAMOTA
Од: Riste
Датум: 22.06.2011 21:40:57
Do kosmopolitot "Hari": Sigurno i nie da go smenime naseto ime vo Tunguzija i toa nema da vi smeta.
Од: od faktor x
Датум: 22.06.2011 22:15:48
na kutriot makedonski narod mu godi da zivee vo mizerija ama so spomenici na kredit od mmf.cestito neka ni se na site spomenicite novi podarok od glasacite na gruevski.ovoj spomenik mu vredi eden cel nov mandat,i ke gi ima uste poveke i poveke.koga veke se pronajde modulot za pobeda na izbori vo makedonija.dodeka imalo ovci ke imalo i volna
Од: Djoko
Датум: 22.06.2011 22:30:57
Јаден македонски народ. Единствен пример во светот да еден народ подига споемници на соседен народ од кого со векови бил угнетуван и под негово културно, а сега и политичко влијание.Со право Грција може да каже дека еве до каде се и денс простира Македонија, каде жто се подигаат споменици на грчките великани.

Најди! во Утрински
Насловна
Александар и Букефал се споија со Скопје
Печатено
Им се вкрстија патиштата на Бранко и на Љупчо
Славата, митот и крвта на ВМРО (20)
Охридскиот договор не е перфектен, но треба да се спроведе
Граѓаните со душа ги чекаат субвенциите за стан
Сопругот не смее да е љубоморен на моите филмски партнери
Евтина ешерихија
Тим на омбудсманот ќе штити од полициска тортура
Под старателство на татко и' до крајот на годинава
Соочување со денешнината
Македонската економија ќе порасне за три одсто
Нова надеж за болните од Алцхајмер
Сликарите, музиката и книгите
„Балканот не е мртов" на 8. Works in Progress во Карлови Вари
Африканската ренесанса и македонската преродба
Конститутивната седница на Собранието в сабота
Карикатура
Превентивни мерки за заштита од високите температури
Стил
Онлајн вести

"""