Број 3611  среда, 22 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Граѓаните со душа ги чекаат субвенциите за стан

Половина од ратата за кредит за купување стан или половина учество за заем што ги вети ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните бараат да се реализира што побрзо

Соња Маџовска
Сања Наумовска


Граѓаните ги чекаат субвенциите за купување стан на кредит, бараат оваа мерка што ја вети ВМРО-ДПМНЕ пред изборите колку што е можно побрзо да се реализира. Банкарите се убедени дека државната помош при купување стан или куќа ќе предизвика огромен интерес, но велат дека претходно треба детално да се договорат условите. Градежните компании, пак, очекуваат исто како и за граѓаните од државата субвенции за да можат да понудат поевтин квадрат до 900 евра.

Кредитот за стан е убедливо најстрашен, велат граѓаните. Сепак, и покрај стресот, 90 отсто од становите се купуваат на кредит. Тој се отплаќа со год��ни, и сумата што и се враќа на банката е двојно поголема од онаа што ја позајмиле. „Четири години сум во брак и живеам под кирија. Доколку се оствари ветувањето на Владата, веднаш ќе аплицирам за ваков станбен кредит, бидејќи досега немавме можност да обезбедиме доволно средства. Мојата и платата на сопругот не стасуваа за отплаќање станбен кредит, според ратата што ни ја пресметуваа банките со високите камати. Се надевам дека оваа мерка брзо ќе профункционира и дека услов за да се добие ваква можност нема да биде партиската книшка“, вели една скопјанка, која со сопругот и со двегодишното дете живеат во стан од 47 квадратни метри, за кој плаќаат месечно кирија по 150 евра.

ВМРО-ДПМНЕ во „Манифестот“ вети, а лидерот на партијата Никола Груевски веќе најави дека од крајот на годината на граѓаните ќе им плаќаат по половина рата од кредитот за стан, или половина од учеството за заемот. Ќе се субвенционира половина од месечната рата за период од 5 години за кредити со максимален износ до 50.000 евра. Кредитот може да биде наменет за изградба или за купување куќа, или за стан.

Продажната цена со пресметан ДДВ не смее да надминува 900 евра за квадратен метар. Каматата на кредитот во првите 3 години не смее да биде поголема од 4,99 отсто годишно. Според овие најави, ако се направи груба пресметка, за кредит од 50.000 евра може да се купи стан од 55 квадратни метри, под услов квадрат да чини 900 евра.

Ако отплатата е на 30 години, месечната рата ќе изнесува 268 евра, од кои 134 евра ќе ги плаќа државата во првите пет години. Во втората опција наместо отплатата на ратата, државата ќе даде половина, или 25.000 евра како учество за кредит во изградба или купување стан или куќа.

Главниот проблем е што моментно банките не нудат станбени кредити со толку ниска каматна стапка, сепак, тие велат дека оваа идеја треба детално да се подготви за да биде прифатлива и за нив и за граѓаните.

„Како идеја, владиното субвенционирање на станбени кредити за население или за компании се применува во голем број земји во светот и во регионот за задоволство на клиентите. При одбирање на моделот за субвенциите, потребно е да се оцени колку тоа ќе влијае врз забрзувањето на економскиот раст на државата и како тоа ефективно да се реализира. Конкретниот начин на субвенционирање во Македонија треба детално да се анализира и да се договори меѓу банките и Владата, и да се подготви понуда што ќе биде прифатлива за сите инволвирани страни“, објаснуваат од Стопанска банка.

Според градежниците, продажна цена од 900 евра за квадратен метар за новоградба во Скопје не може да се постигне без помош од државата. За да се постигне цената под 900 евра за квадрат, а да се задржат сите норми за квалитетна изведба на објектот, државата мора да субвенционира, на пример, со учество во делот при купувањето на државното градежно земјиште, велат инвеститорите.

Градежните фирми моментно не се подготвени да ги намалуваат цените на становите, особено во главниот град. Најголема пречка на која посочуваат е високата цена по која го откупуваат градежното земјиште, која со голем процент учествува во трошокот со изградбата на зградата.

„Многу зависи дали земјата ќе се откупи за едно, десет или двесте евра за квадрат. Тоа во најголем процент ќе ја одреди и цената по која ќе се продаваат становите“, велат во „Адора инженеринг“.

Намалувањето на цената на квадартот, особено во Скопје, секако ќе го зголеми интересот на граѓаните за купување нови станови, за разлика отсега, кога понудата е многу поголема од побарувачката, велат во градежните компании. Еден квадрат во нов стан во Скопје чини од 950 до 1.500 евра.

На цена се и енергетски ефикасните згради во кои се вградуваат нови еколошки технологии што ја искористуваат сончевата и геотермалната енергија. Нивната цена, велат инвеститорите, во никој случај не може да се спушти толку ниско, бидејќи кај нас државата не нуди никакви поволности за фирмите што инвестираат во енергетската ефикасност. „Граѓаните се свесни дека за неколку години ќе им се исплати тоа што квадратот го платиле поскапо, на сметка на тоа што секој месец прават заштеда на 20 до 30 проценти од енергијата. Сепак, од друга страна, пак, ако сакаат да купат ваков стан, нема да можат да ги искористат поволностите околу отплатата на кредитите што сега ги најавува Владата, велат градежниците.

Малку поевтин стан, од 1.200 до 1.300 евра за квадрат може да се купи во Дебар Маало, Центар и во Црниче. Од 950 до 1.000 евра, пак, чини стан во Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и во Ново Лисиче. Квадратен метар во Охрид се продава од 1.000 до 1.200 евра. Пониски се цените во Струмица, од 700 до 750 евра за квадратен метар. (С.М. - С.Н.)

Стан на кредит според сегашните банкарски услови



60 квадратни метри 1.000 евра квадратен метар

цена 60.000 евра

учество 20.000 евра

кредит 40.000 евра

камата правата година 6,25 отсто,

останатите променлива 7,43 отсто

месечна рата во првата година 246 евра

месечна рата останатите години 272 евра

отплата 30 години 99.420 евра

Кредит плус учество 119.000 евра



Кредит со субвенции од државата



55 квадратни метри 900 евра квадратен метар

цена 50.000 евра

кредит 50.000 евра

месечна рата 268 евра



Државата треба да даде 25.000 евра за учество или ќе плаќа 134 евра од месечната рата во првите 5 години


#
Статијата е прочитана 2906 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 22.06.2011 00:31:34
Znaci moze da se iskombinira da ako se najde stan od 50 000 evra kupecot toj stan ce go cini samo 25 000. Toa nigde vo svetot go nema. Koga ima takvi merki lugeto dobivaat po 2 do 3%. Ama drzava sto ima najgolem spomenik na Aleksandar Makedonski moze da deli stanovi po pola cena. Kade ce najde pari? Pa od triesetipette milijardi odsteta od Grcija sto im gi veti Premierot na Egejcite.
Од: Новинарска математика
Датум: 22.06.2011 01:45:15
Кога веќе сте вложиле толкав труд во пишување на текстов и сигурно уште повеќе во пресметување, добро би било предходно и да сте прочитале што пишува во Манифестот. Владата во втората опција планира да субвенционира половина од УЧЕСТВОТО кое е задолжително кај станбените кредити, а не половина кредит. На 50.000 со учество од 25% тоа е 6.250 евра. А и цената на квадрат на станот може да е и повисока од 900 евра, но субвенционирањето ќе се пресметува до 900 евра.
Од: ??
Датум: 22.06.2011 04:52:26
Навистина ми се допаѓа владата да сака да помогне, но никако не разбирам, нема да ја зголемат социјалната помош и да им го вратат правото на истата на оние што ги избришале заради некакви минимални приходи што ги примиле, нема да градат повеќе станови за социјалните случаи, уште не е решен проблемот на голем број стечајци, некои луѓе немаат здравствено, не нашле начин уште поактивно да се борат против невработеноста, туку решиле на ваков начин да им помогнат на тие што имаат пари?! Некои од нив ќе купувале и станови по цена над 900 евра квадрат, некои можеби и луксузни, и ним да им помага? Навистина не ми е јасно.
Од: goran
Датум: 22.06.2011 06:17:09
sakat da vi gi soberat parickite sto gi imate doma. nema da dobite stan. i ke bidete ucenuvani i pod zakana. so tie pari sami ke si napravite kuka.......
Од: Cudna novinarska matematika
Датум: 22.06.2011 08:31:43
Sosema e vo pravo komentatorot " Novinarska matematika" Dvete avtorki izgleda povrsno go procitale ili ne go svetile tekstot na predlogot iznesen vo "Manifestot" Tamu se spomnuva subvencioniranje na 50% od ucestvoto za kreditot i subvencioniranje na polovina od mesecnite rati vo prvite 5 godini. do vrednost na stamben m2 od 900 evra. Zatoa najprvo dobro procitajte go predlogot i pisuvajte jasno bez da stvarate zabuni. Nikoj ne kazuva deka ako kupite stan od 50.000 evra drzavata ce si subvencionira 25.000 evra . Tamam rabota. Ne sme Kuvajt ili Bahrein. Taa ce subvencionira do 50% vo ucestvoto za dobivanje na kreditot, a ucestvoto e obicno okolu 25% od vrednosta na kreditot..E sega pravete vistinska matematika.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 22.06.2011 08:45:54
Gi resivme socijalnite prasanja na graganite,ja opraviv me ekonomijata na drzavata,sega subvencii za stano- vi!.Koj ceka,ke doceka!?.
Од: Tina
Датум: 22.06.2011 08:53:41
Sepak jas bi sakala da ziveam deka ima drvja i treva i klupi i patista za prosetka, a ne vo takvi zastrasuvacki zoloski gradinki. Kako da Skopje nema zemja naokolu.
Од: toni
Датум: 22.06.2011 08:56:14
ma ne im veruvajte na ovie vmrovcive od vlasta,da zinat da ne izlazat,kakvi stanovi kakavi bakraci,se sto kazaaa se izlazaa!!!znajat deka ova nema da se ostvari,nema uslovi,go manipulirat samo obicniot covek kako i sekogas do sega.
Од: Pejo glupaviot
Датум: 22.06.2011 10:17:21
Cudna novinarska matematika ??? Ako iman 48 000 evra i zemam kredit od 2000 evra na pet godini kolku ce mi dade drzavata, spored Manifestot?
Од: matematicar
Датум: 22.06.2011 12:06:32
Pretpostaven primer: Jas kako investitor gradam zgrada so triessetina stanovi. Prodaznata cena ja limitiram na 900 evra m2. Naogam triesetina fiktivni kupuvaci koi zemaat kredit so 70 otsto ucestvo i otplata na 5 godini. Otkako taka cenata na kvadrat ja simnuvam na najmnogu 600 evra gi "preprodavame' stanovite po 800 evra m2. Lezet rabota. Da ne slucajno toa e i celta na ovoj poteg na DPMNE.
Од: маккедонец
Датум: 22.06.2011 15:31:10
мислам дека читателот под псевдоним математичар е во право,тука под превезот работиме 24/7 за народот пак се крие некоја манџа од кујната на жолтата зграда
Од: siloto vrti vrti i....
Датум: 22.06.2011 23:40:35
mislam deka citatelot - matematicar e vo potpolno pravoi deka toa se pravi samo za odredeni biznis grupi koi ja finansirale izbornata kampanja. i drugo taman i da e se tocno kako pisuva vo novinarskiot tekst. sto mislite koj moze da dobie takov kredit. odgovor e samo familijata i edno koleno podolu naj istaknati clenovi na vladeackata garnitura.

Најди! во Утрински
Насловна
Филип се исправи во Битола
Александар и Букефал се споија со Скопје
Печатено
Им се вкрстија патиштата на Бранко и на Љупчо
Славата, митот и крвта на ВМРО (20)
Охридскиот договор не е перфектен, но треба да се спроведе
Сопругот не смее да е љубоморен на моите филмски партнери
Евтина ешерихија
Тим на омбудсманот ќе штити од полициска тортура
Под старателство на татко и' до крајот на годинава
Соочување со денешнината
Македонската економија ќе порасне за три одсто
Нова надеж за болните од Алцхајмер
Сликарите, музиката и книгите
„Балканот не е мртов" на 8. Works in Progress во Карлови Вари
Африканската ренесанса и македонската преродба
Конститутивната седница на Собранието в сабота
Карикатура
Превентивни мерки за заштита од високите температури
Стил
Онлајн вести

"""