Број 3611  среда, 22 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Тим на омбудсманот ќе штити од полициска тортура

22.06.2011, 15:52

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска го промовираше тричлениот тим, кој ќе работи на полето на превенцијата од тортура и друг вид на свирепо, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.

Членови на тимот се: Аница Стојковска, Мерита Алиу и Донче Бошковски.

Тимот е формиран согласно измените на Законот за Народен правобранител. Законот предвидува тим што ќе врши превенција во сите установи и места каде што луѓето се или можат да бидат лишени од слобода.

„Сакам да ја информирам јавноста и да упатам апел до сите установи и институции и сите други места за лишување од слобода дека ќе се вршат најавени и ненајавени посети во време кога ќе оцени тимот за превенција, при што органите согласно Уставот и факултативниот протокол се должни да им г�� овозможат следното: без претходна најава да го испитуваат постапувањето кон лицата лишени од слобода. Да можат слободна да вршат избор на местата што ќе ги посетат и да имаат пристап до сите документи и информации, како и слободно и без присуство на службени лица да разговараат со лицата лишени од слобода“, образложи Мемети.

Според него, многу е важна отвореноста на институциите, при што Мемети упати апел до сите органи на високо ниво да го прифаќаат тимот за превенција, бидејќи, како што рече неговата работа е за доброто на граѓаните и на општеството.

Овој тим е формиран по назначувањето на Омбудсманот како национален превентивен механизам за заштита од тортура во согласност со Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура.

Со денешната промоција воедно е означен и почетокот на работата на овој национален механизам.






#
Статијата е прочитана 946 пати.

Испрати коментар

Од: тим за откривање на вистината
Датум: 22.06.2011 17:05:06
аирлија нека е работата, ова е уште една демократска стапка НАПРЕД ! но, дали овие луѓе ќе имаат и пристап во канцелариите на портпаролот и министерката на МВР = во врска со криењето на вистината за полициската бруталност над починатиот Мартин ???
Од: ivo
Датум: 23.06.2011 00:04:09
Dobro e sto NP raboti! No,poveke preferiram sistemi vo koi ima CAR! Zosto?! Pa eve vaka: Koga gragjanite se bunat za nekoi zezakonitosti na upravata ili za nefunkcioniranjeto na institucionalniot sistem ,instituciite se branat na nacin sto sekoj po nesto ke "amortizira", ke kaze deka trebalo vaka ili onaka...! Tamu kade sto ima Car, rabotite se pojasni. Carot moze da kaze, dokolku sogleda kriminal vo instituciite :" Mamiceto burzujsko - hohstaplersko" ! Vo takva situacija ,jasno e deka Carot se stava na strana na narodot koj e ugnetuvan , vo odnos na korumpiranite i burzujski institucii! .... Barem taka e vo teorijata! A mozebi sum ucel od stari knigi za sistemite na upravuvanje so drzavite!?Pretpostavuvam i demokratijata funkcionira?!

Најди! во Утрински
Насловна
Филип се исправи во Битола
Александар и Букефал се споија со Скопје
Печатено
Им се вкрстија патиштата на Бранко и на Љупчо
Славата, митот и крвта на ВМРО (20)
Охридскиот договор не е перфектен, но треба да се спроведе
Граѓаните со душа ги чекаат субвенциите за стан
Сопругот не смее да е љубоморен на моите филмски партнери
Евтина ешерихија
Под старателство на татко и' до крајот на годинава
Соочување со денешнината
Македонската економија ќе порасне за три одсто
Нова надеж за болните од Алцхајмер
Сликарите, музиката и книгите
„Балканот не е мртов" на 8. Works in Progress во Карлови Вари
Африканската ренесанса и македонската преродба
Конститутивната седница на Собранието в сабота
Карикатура
Превентивни мерки за заштита од високите температури
Стил
Онлајн вести

"""