|
|
|
|
|
|
Скопје
Конститутивната седница на Собранието в сабота
22.06.2011, 13:34
В сабота напладне ќе се одржи конститутивната седница на новиот состав на Собранието на Република Македонија, беше договорено на денешната работна средба во Кабинетот на актуелниот претседател на Парламентот Трајко Вељаноски. На истата седница ќе биде избран и новиот претседатал на Парламентот.
На средбата присуствуваа пратеници од коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, од ДУИ, ДПА и НДП, како и Љубисав Иванов-Ѕинго, кој како најстар пратеник треба да претседава со конститутивната седница.
На дневен ред ќе бидат четири точки и тоа избор на верификациска комисија, потоа верификација на мандатите, како трета точка е избор на членовите на Комисијата за избори и именувања и четвртата точка ќе биде избор на претседател на Собранието.
До петок, до крајот на работното време, партиите треба да достават предлози за членови на Комисијата за избори и именувања која треба да достави предлог за избор на претседател на Собранието.
|
#
|
Статијата е прочитана 364 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 22.06.2011 16:09:03 |
|
E, kakvo konsdtituiranje? Spored Sitel, samo SDSM za kampanja vo A1 potrosil 20.000.000 Evra. Ako e tocno tvrdenjeto na SDSM deka VMRO-DPMNE potrosil kaj svoite mediumski partneri mnogu poveke, toa se uste dvapati po tolku iljadi evra! Za drugite aferi, vo vrska so izborite i finansiranjeto , javnosta e samo delumno zapoznaena! ...I da se slozime deka site "preuvelicuvaat" , sumata koja e realno potrosena e mnogukratno povisoka od oficijalno prikazanoto pred instituciite! Ako e taka, izborite i mestata vo Parlamentot " se kupeni" vo finansiski korumpirani zdelki! ? Ako e taka, treba da se ponistat! ...Ili netreba!? |
|
|
|
|
|
|
|
|